Имам само една невозможна желба,која секој ден по сто пати си ја посакувам ама џабе е,нема да се врати мајка ми од небото,оној кој еднаш ке отиде таму горе веќе за жал не се враќа никогаш. Затоа сакајте си ги родителите,ширете им љубов,давајте им стимул во животот,затоа што еден ден кога ќе ги нема,душата ке ви се распарчи на милион парчиња,a срцето ваше нема да чука како што чукало.
Однадвор сум сум ок, а внатре во мене ми се плаче ми се вришти. Не е до годинава, оваа ќе пројде друга ќе дојде и пак се ќе биде исто. Ниту ми се слави, ниту ми се пишува. Во еден момент имам се и истовремено немам ништо. Тешко е. Како ли ќе заврши ова или со други зборови уште колку додека да ми пукне филм? Ниту можам да кажам на некого, а ако не се испукам ќе ме изедат од внатре. Ох .
Бидејќи ја затворија темата на девојчето, нели бе ви е срам што си играте мајтап и се исмејувате на нови членови? Ок не беше на место темата, ама посочи, пиши дека не е соодветна темата, оти сите со различни очи гледаме на проблеми, за некој се банални, за некој не...
Она ,,Абе 21 век е, се е сега дозволено, се е сега нормално" само неволји ќе ви донесе. Ако не сега, ќе сфатите еден ден, далечен ден. Но ќе сфатите. Од искуство кажувам.
СДК... кога за некого ќе речат дека ,,газел асфалт,, (градски човек бил) Да - газел, ама чии асфалт...на ЊуЈорк, Белградскиот, Скопскиот или на Росоман (без зла намера)
Како за краj на годината да си кажам што мислам. Општо беше катастрофа. Од лошо полошо. Ама некако ja изгуравме. Се надевам 2017 Ќе биде подобра. Имам сосема други планови со надеж дека Ќе се исполнат. Побаксуз година не сум имала досега. Што и да си замислам мора да биде поинаку. Од сега ништо не планирам, како Ќе покаже времето така.
Прилично лоша година, моите омилени познати личности си заминаа, државата ми пропаѓа, земјотреси кои ме држеа 2 недели буден, во обложувалниците само 50ки и 100ки внесувам а пенкала изнесувам, се здебелив некое килце али барем сум си среќен што фамилијата и пријателите сите се живи и здрави. Ама затоа 2017 година, леле таа 2017 година колку ќе биде пресврт , барем за мене и мојата околина, како сум ги наместил сите мрсни,дрски и убави работи да се случат во 2017... страв ми е кога ќе помислам
Е вака ја сакам темава, кога не може да се дочита крајот. Едно време како да беше замрена.. 2016 не ми беше убава година. Често плачев. Често бев тажна. Здравјево не успеав ни оваа година да го средам. На добрата страна не ми се дешаваше ништо посебно за да одржува некаков баланс. Во глобала, цела година беше моето неуморно обидување и покрај се, да се остане позитивен и да се стане секогаш кога животот ќе ме бутнеше на земја. И успевав секој пат. Сама. Ин јур фејс лајф Никогаш не сум ги сакала парните броеви (божем тоа има некаква врска, ама ете што знам, одбивни ми се) па едвај чекам 16-кава да се затвори и да отвори пат за 17-ката. Секоја година посакувам желби прво за сите други, па на крај за себе.. као..ако има, ако остане, као јас најмалку да заслужувам... секогаш јас последна... Е оваа година нема. Оваа година ќе бидам малку посебична и се ставам себе си на пиедесталот. Сакам мир бре! Хармонија сакам!! Толку од дедо Мраз, само тука нека ми помогне малку, за се друго сама ќе се потрудам, чесен пионерски збор! Имајте најубав последен четврток за оваа година
Фала ти,2016, што ме научи толку многу. Беше далеку од моја година, но ми одржа вредни лекции кои по потешкиот пат ми помогнаа да пораснам. Оваа година повеќе од било која друга, ја научив важноста да го ценам секој еден поминат момент со луѓето кои ги сакам, приоритет да ми биде да сум присутна во моментот и да наоѓам среќа во малите работи. Научив дека страдањето може да биде излечено со љубов- љубов од другите и, уште поизненадувачки, љубов кон самиот себе. Додека не се прифатиме и почнеме да се сакаме самите себеси(со недостатоци и се) никогаш правилно нема да можеме ни да ги сакаме другите, туку само сите негативни чуства ќе ги проектираме и врз нив. Слободата и исцелувањето доаѓаат само преку сомилоста и прифаќањето. Да бидеш позитивен не значи дека живееш со розеви наочари или пак дека си имал лесен живот, значи дека дека над се бираш благодарност. Тоа значи дека бираш надеж!
Сакам да кажам дека сум уморна многу. Ми се спие и сакам да се топлам под ќебенце. И ќе си легнам да знаете, да не ме мислите.
Денес е голем ден за нашата земја! Денес на јавноста и се обрати нашиот претседател Ѓ. Иванов после цела една година. Сега се обраќа, па за две недели ќе ги пречека дома коледарчињата и толку... си ја заврши работата за годинава пак ќе падне во зимски сон. Некои му се смејат, некои не знаат дека постои, а некои го споредуваат со фикус... Нема врска, тој е нашата гордост што може да го видиме само пред Нова Година и за Божиќ Фала ти што постоиш и фала ти олку што придонесуваш за земјава... Па и коледарчиња да се пречекаат е тешко и напорно... Земи си одмор колку што ти треба, лаву наш!
Уште еднa гoдинa се ближи кoн свoјoт крaј. Уште некoлку денa дo зaoкружувaње нa сетo oнa штo е 2016. Убaвa нa свoј нaчин, искуствo плус вo живoтoт, мнoгу лекции, мнoгу пoдеми, нo и пaдoви. Мене ми беше кoлку стреснa тoлку и убaвa... и сегa, кoгa ќе се зaвртaм нaнaзaд, сaкaм дa гo пaметaм сaмo убaвoтo. А не е мaлку. Уште некoлку денa дo сoсемa нoв пoчетoк, еден вид симбoликa, еден вид шaнсa дa пoпрaвиме нештo штo не ни се дoпaѓa. Дa се излезе oд мoнoтoнијaтa нa секoјдневиетo, и сo пoлни грaди дa се дише секoј нoв ден. Сaмo се нaдевaм декa 2017 ќе дoнесе пoвеќе љубoв и пoмaлку немири, пoвеќе чoвечнoст, a пoмaлку злoбa, пoвеќе oптимизaм, пoмaлку рaзoчaрувaњa.... a зa себеси и мoите нaјблиски ќе пoсaкaм пред се' здрaвје. А другoтo... сaмa ќе си гo купaм Нa сите ви пoсaкувaм се' нaјубaвo вo Нoвaтa гoдинa, дa сте живи, здрaви, љубени и среќни. Ќе ви пoсaкaм дa ви се oствaрaт сoништaтa, дa ви се испoлнaт нaдежите и срцaтa дa ви бидaт пoлни сo љубoв. Љубoв спремa себе, спремa ближните, спремa луѓетo. Дa стaне светoв пoдoбрo местo зa живеење. Среќни прaзници!
Прва Нова Година без баба ми,прв Божиќен ручек без неа, за прв пат ќе нема кој да ме милува по лице кажувајќи искрени желби,за прв пат годинава нема да вкусам парче од нејзината медена торта... Од друга страна пак среќна сум што не се мачеше,што замина среќна,што дочека да се израдува на свадби,што ги запозна новите внуци. Тешко ми е за дедо ми,иако не попушта во очи му се гледа колку му е тешко сам,колку му недостига... Живот...еден мора да замине прв. Оваа ми е и единствената лоша работа во 2016. 2016 ќе ја паметам по најубавиот ден во мојот живот,денот кога првпат облеков венчаница нема никогаш да го заборавам. Нема никогаш да го заборавам моментот како ме гледаше додека чекорев накај него облечена во бело,радоста и задоволството на нашите родители секогаш ќе ми биде во глава. Убавите денови поминати заедно,најважно ми е што решивме некои работи и се затворија некои сметки. Задоволна сум што целото семејство ми е здраво и што немавме сериозни проблеми со здравјето. Најважно ми е што во 2017 година ќе влезам со чиста совест,со сите платени сметки без никаков долг кон никого на било кој начин. Од 2017 очекувам да се случуваат уште поубави моменти и Господ да ми ги чува луѓето што ги сакам,за останато ќе се потрудиме самите да постигнеме.
2016 ми почна во солзи! ми го донесе најубавото и ми го одзеде најлошото И сепак, крајот го краси делото Си добив работа!!!
Затоа и ова срцево од потпис, нека не ти е скршено мила Силна жена си, прекрасна! ------------------------------ СДК Дека убавите работи навистина кратко траеле Спомените од тие работи, остануваат..
Јас ги одбројувам последните денови од најлошата година во мојот живот.Како да ако пишува 2017 магично ке исчезне се... Почна со едно преубаво фамилијарно патување далеку од овде.Авантура ,среќа за да по само два месеци ја изгубам подршката,столбот.Мајка ми си ја изгубив засекогаш.Болнички ходници,неизвеснот,кревање раменици...по тоа ке ја памтам оваа фамозна година. И кога за момент ке помислиш дека можебо тргнало на подобро добиваш уште еден шамар на другиот образ овој пат. Како и да е ништо неможе човек да промени во такви моменти,сем да смогне сила и да продолжи каде застанал. 2017 само здравје нека има другото ми е веќе небитно. И вам ви го посакувам истото
Првиот машки член си што сакам да го читам многу, незнам зашто ни самата, може поради тоа што делиме иста болка. Знам дека тие тешко, и дека се би дал за да ја вратиш назад, истото и јас го сакам највеќе, ама за жал неможеме. Е тоа боли највеќе. Имај убав ден
2016 година полека си ги спакува куферите и си заминува засекогаш. Оваа година ќе ја паметам само по раѓањето на моето внуче друго апсолутно ништо не се случи како и секоја година така и оваа. За 2017 година само посакувам здравје се друго ќе си дојде по ред. На почетокот на наредната година ќе одам за Германија и се надевам дека убаво ќе си поминам, да имам само убави спомени. Би сакала во наредната година да има повеќе промени, изненадувања но само позитивни А на вас ви посакувам пред се здравје, среќа и многу љубов...
Додека последните денови од 2016 изминуваат,јас тонам во неизвесност.Среќа не трае таа неизвесност толку долго и одговорот денес утре ќе дојде и каков и да е,добредојден е. Генерално, годинава што измина ми донесе многу убави нешта,нови авантури,видици,планови,надежи,но и реалност, на моменти сурова,на моменти убава.За една година постари,се надевам и помудри. За моите најблиски и за себе ќе си посакам да сме среќни.А среќа е кога сме здрави,сакани,исполнети,реализирани и сите на куп.Ќе посакам и многу соништа,тие се силата која не води напред. Истото ви го посакувам и вам.
Си отворив годишен хороскоп. Не дека верувам нешто посебно во хороскоп, ама што би рекол оној пред ДИК , за секој случај . Пишува дека дека наредната 2017 ќе ми биде најдобра во последните 10. Едвај чекам. Не дека претходната беше лоша, ама таа пред неа беше катастрофа, а и уште неколку уназад не толку добри. Беа тоа години на многу неубави настани, години во кои многу лутав, но пак се пронајдов. Ваква каква што сум, задоволна од себе. Знам дека имам се' да му се радувам на животот. Онаа болка, тага, разделби ме направија поцврста, посилна. Ме научија да ценам чувства, да ги живеам моментите, да бидам трпелива, да ги почитувам туѓите желби, избори. Ме научија да го ценам човек по тоа каков е, а не кој е. Стекнав пријателства, изгубив други. Многу различни луѓе поминаа низ моето секојдневие и од сите нешто научив, дури и од оние кои не би ги посакала пак во моето секојдневие. Една поговорка вели: Не му замерувај на зол и суров човек, којзнае што се во животот преживеал за да стане таков. Што знам.....сите животни искушенија, сите проблеми, премрежја ме научиле да имам само повеќе разбирање за другите, да не осудувам. Да се гордееш со својата дрскост и суровост.....погрешно. И да впериш прст во некого треба да бидеш достоинствен да го држиш така. Во Новата не сакам многу. Здравје за најблиските, уште повеќе заеднички моменти, заеднички радости. Изминатава се потрудивме. Немам материјални желби. Е да.....постојат уште два континенти на кои моја нога не стапнала, ама не се брзам, нека биде до крајот на животот, не мора оваа година Во Новата година влегувам спокојна, среќна,убаво е кога душата ти е спокојна, се' околу тебе поубаво изгледа, дури и она грдото. Не за џабе рекле, вредно е само она што можеш да го понесеш со себе кога заминуваш од овој свет, а тоа се спомените. Нареднава година ќе поработам на спомените.