Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава "денес е почеток на нов живот" и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
Неκа Хρистовото восκρесение внесе светлост во сеκој дом и не благослови со веρба, здρавје, ρадост, љубов и сρеќа, и κаκо што Исус ја победи смρтта таκа неκа ги победи и зависта, љубомоρата и алчноста во сеκој човеκ. За многу години благословен и весел Велигден. Хρистос Восκρесе
Христос воскресе!!! Среќен празник и за многу години нека ни е. Уживајте заедно со своето семејство во празничната атмосфера.
Tопла и весела семејна атмосвера, полна со многу љубов. Eх што убав ручек зготви мајка ми, сум се прејала, па плус торти, колачи... Oбожавам празници, па и временцето се погоди, сончево, топличко... за мерак. Христос воскресна!За многу години, нека ни е празникот.
Нели има тема за Велигден во Религија ? Мора ли овде да се полни темава со исти та исти постови. Сфаќам дека е празник, убав празник, и јас го празнувам, ама навистина здосади, доаѓа некој празник и Фб и СДК ти доаѓа да не ги отвориш тој ден.. А, за Фб не ми се коментира. Да не беше, немаше да си честитаме, и немаше да се покажеме колку сме побожни. А, сношти наместо по Цркви, славеа по кафичи пијани. Ај, да не мрчам многу...
Спојлер сдк...Згора на се беше кога во црква сите носеа штикли 15 ка,минич.. не љубоморам ништо ама за во црква се знае што и како треба пс.цела улица покриена со лушпи од јајце.... малку и култура да се имаше
Тоа е, не знаеш дали тргнале за во јавна куќа или за во Црква... Сакам и јас да се дотерам, ама за во Црква се знае како се оди. Но, гледам дека на повеќето им е битно да бидат видени, меркани, покажани... А, не сфаќаат дека повеќето очи им превртуваат. ** Исто и јас каде бев имаше недоизедени јајца, лушпи, салфетки насекаде по земјата. А, за туркањето и немањето осет на луѓето (дури и на оние постарите) ај да не коментирам. Посакав да сум дома, а не тука.
СДК дека сношти си поминав одлично и сакам да ви посакам сите да ги помините овие празнични денови во добро друштво,атмосвера и расположение ...позз до сите феминки
Не се замарајте кој што кажал и што помислил,гледајте само вас да вие убаво,да бидете среќни и весели ... Среќна сум затоа што до мене го имам човекот кој што прави да се чуствувам преубаво,како виситнска дама Кажувајте те сакам секогаш кога ќе почуствувате ,не чекајте прилика. Тие се најубавите зборови кој што секој заслужува да ги доживее и да си слушне Нека ни е за многу години Велигден ,да сме живи здрави ... Ќе ве поздравам сите со http://www.youtube.com/watch?v=hmekxPur90Y Не бидете хејтери и не мразете ја песната. Затоа што оваа е и еднинствената која што е баш за овие денови... Имајте убаво попладне. Ве сакам
Сакам да кажам дека сум преплашена. Прв пат во животот сум во подолга врска, и прв пат навистина сакам. Се сметам себеси за силна личност, врз која машките имат минимално влијание. Ама сега е поинаку... Се е во ред со нас, ама сум смртно препрлашена дека ќе помини, дека нешто ќе го зафркни ова шо го имаме и дека ќе полудам ако се случи то! Сум преплашена оти прв пат во животот се чувствувам ЗАВИСНА од некој и РАНЛИВА. Мислам дека ако сака можи со еден збор да ме убие. И го мразам ова чувство! Го сакам, го обожавам ама морам да се научам и да се натерам дека јас сум индивидуална личност и дека без разлика на се, секој можи без секој ако мора! Само незнам како..........
Му кажувам на тато в црква горе се качив таму каде што пеат женскиот хор...и од таму гледав и слушав попот надвор како честита Велигден...И сега му кажував јас..абе тато дали знајш како народ вчера колку луѓе имаше? (а мислев надвор да кажам) Тато ќе се задавеше дека ручаме...после ми текна зошто се смее...Ѕвериште сум знам
Најрадосните денови во годината секогаш поминуваат пребрзо,како и сите моменти на среќа. Јас се уште се учам да бидам во сегашноста среќна да не мислам на иднината и на тоа дека секоја преубава секојдневица се претвора во трепетот на окото,во спомен. Бавно учам ама учам. На вас од се срце ви го посакувам тоа знаење. Ви го честитам празникот на победата на животот над смртта. На сите вас добри луѓе. И малку да ве насмеам. https://www.facebook.com/photo.php?v=10 ... =2&theater
Same here. Само што ова ми е 2 долга врска,но во првата врска ''тој'' воопшто не допираше до моето срце,некако се беше од навика или што знам.Ама затоа сега во вторава врска,дечко ми го сакам бескрајно,тој е моето се.Не можам да се замислам без него,а и не сакам.Се нервирам буквално за се од негова страна,а некогаш и навистина нема потреба.Мојот мозок си прави филмови,кои подоцна ме тераат да полудам.Толку се сменив како личност,станав навистина чувствителна,а исто ете до вчера машкиот род врз мене немаше некое влијание.Но,изгледа за прв пат сакам онака искрено.И тоа што велиш со еден збор може да те убие и мене истото ми се случува,понекогаш и солзи ми доаѓаат на очи.Ме иритира ова.Безпотреба некои мисли и чувства.Јас само знам дека го сакам со целото мое срце.
Не може. Не смее. Нема да успееш. Ти не си за тоа. Преку глава ми е од овие реченици. Имаат голема моќ, може брзо да те спуштат на земја и да ти ја урнат сета надеж што си ја имала некогаш. Често ги слушам. Често се разочарувам од нив. Не дека сум имала големи очекувања, туку едно вакво нешто, на никој не се кажува. Забранети реченици се тоа. Мора во се' да гледаме трошка надеж. Надеж за успех, надеж за подобро. Не е битно колку сето тоа изгледа нереално. А нереалното е очигледно и никој не го посакува. Убав ден. Малку внимание за себе, тоа е најдоброто што сум го направила од одамна. Ми беше потребен овој одмор, малку да расчистам главата. http://www.youtube.com/watch?v=7ldwDw27Pkg
Среќен празник. Христос воскресна,почитувајте, сакајте,помагајте. Почитувајте ги вредностите,негувајте ја хуманоста. На трепките,залепени соништа,а мене ме плаши помалку среќата речиси исто како и тагата.Јас желбите ги чувам во себе,ги бојам во илјада бои, ги посакувам и пуштам да го обојат небото. Јас љубам,и верувам во љубовта. Онаму каде што расте суровост вие посадете топлина. Купете насмевки. Крадете погледи,дарувајте прегратки. Тој се содржи во мене,јас го сретнав кога имав стаклена душа,тогаш распрсната. Ќе имаш и ти како и јас мал милион остатоци од љубови,но некаде те чека онаа која ќе остане да биде живот.