Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    За коректни односи со блиските, потребен е простор. Нема потреба од константно дишење во ничиј врат.

    Друго нешто, полоша ситуацијата никогаш не била.
    Ако има војна, како за во фабулозниот дваесет и први ( век), би била војна натехнологии.
     
    На marama, Salome, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Колку убави девојки, исцртале веѓи ко крем бананки...жално.
    На тоа ли ве учеа безвременски убавици како Одри Хепберн и Грејс Кели. :(
     
    На Ketchup, christinnn, Lady Phoenix и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Значи постење од еден до два месеци годишно за да си ги оправдате гревовите пред некој за кој не се знае дали постои е оправдано и о.к. , али да постиш цел живот, од милосрдие и емпатија спрема живи суштества, без скоро никаков личен бенефит е ненормално, несватливо и дебилно ?!

    Море мрш и вие!

    * Се однесува само на оние верници горе опишаните, а не на сите кои постат.
     
    Последна измена: 29 декември 2016
    На Ketchup, Lady Phoenix, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.320
    Полека но сигурно ја испраќаме 2016.
    Уште еден рестроспективен осврт на личните доживувања и впечатоци на секој од нас за истата.


    Пресвртната година во мојот живот, 2014, заедно со радикалната одлука од темел да го променам мојот живот, ги постави темелите на се што следуваше потоа.

    Предходната година, 2015, мислев дека е најсреќната во мојот живот.
    Раѓањето на мојата мала принцеза ги засени сите дотогашни помали и поголеми успеси кои сум ги постигнала. Никаква диплома и успех на професионално поле, патувања и посетени знаменитости или било каков материјален благодет не се споредуваше со чуството кога еден живот расте во тебе. Првиот плач и првата прегратка на мојата мала дадоа нова суштина и значење на мојот живот.

    Оваа, 2016, ја обележаа првите чекори, првите зборови и првиот роденден на мојата цуцулка.
    Свадбата со мм, колку и да беше скромно одбележена, за мене беше волшебна.
    Јас, тој, малата и едно срценце кое чука во мојот стомак :l:.
    Сите четворица бевме присутни кога го кажавме она фамозно ДА.
    Зарем има поубав начин да се обележи таков момент со својот сакан:inlove:.


    Истава ќе ја испратам во кругот на најблиската фамилија, заедно со мм, малата и мајка ми.
    Жената која не е само моја мајка, туку и мојот најголем херој и столб. Конечно после толку многу години нема да биде сама во новогодишната и божиќната вечер и заедно ќе ги споделиме овие моменти. Најсреќна бидејќи конечно успеав да и го подарам домот кој отсекогаш го заслужувала и што беше сведок на сите горенаведени моменти од изминатата година:sun:.

    Првиот ден од новата година е секогаш потсетник на годишнина од загубата на татко ми...но и симбол за нов почеток и нова надеж.

    На агендата за 2017 стои доаѓањето на свет на мојата втора принцеза.
    Мојата цуцулка ќе биде голема дада :$. Домот ќе ни биде збогатен со уште едно бебе, второ сонце, кое ќе не грее и радува.
    Да помине се во најдобар ред и жива/здрава да си ја држам во раце. Тоа е најголемата желба која ја имам, потоа и здравјето на сите останати.

    Второ би било градењето на нашиот дом.


    Желбите се повторуваат секоја година.
    Секоја година со надеж неубавите настани да ги оставиме зад себе и онаа наредната да биде онаа кога ќе доживееме кулминација на приватно и професионално поле.

    Здравје пред се, не само за себе туку и за своите најблиски. Спокојот, мирниот сон и внатрешен баланс, иако индиректно поврзани со многу фактори, се надевам ќе успее секој од нас успешно да ги долови и задржи во текот на целата година.

    Ви посакувам здравје, успех, среќа....се што ќе ви посака душата.

    Да имате за што да се радувате и да имате со кого да се радувате.:f:
     
    На Lilit, Ketrin.Moon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 54 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Чул те Бог.:hug:
     
    На Lady Phoenix, crazylady, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Не паметам од која далечна 2000 го читам ова катче како гостин, катче што ме исполнуваше до максимум влечејки позитива и многу добри поуки за животот. Со мерак ги читав поранешните и сегашните членки со високо квалитетни мислења и реченици и се чудев, да се чудев од каде толкава инспирација и мудрост кај младината.

    Денес ко денес сум горд член а уште погорда на тоа што читам и следам прекрасни жени, мајки, девојки па и дечки, на еден начин помалку или повеќе секогаш ми влијаат нечии судбини и извлечени поуки, некогаш и се замислувам овде за момент и си ги проширувам видиците кон светот.

    Какво е такво е катчето, впрочем и ништо на светот не е совршено а и ние не сме нешто совршени, убавината на човештвото е да се научиме дел од несовршенството да го прифатиме, дел да го промениме а дел да го избркаме од себе си.
    Едно нешто што научив во овој живот е фактот дека никој за ништо не ни е должен а најмногу од се сватив дека за се има решение само што поентата во истото е да се обидеме малку повеќе да не игнорираме и да раговараме, да решаваме и да бидеме искрени према оние кои ни значат.

    Оваа година после долги и долги години исполнети со солзи на перникот, со јадови, со желби и надежи безброј, со исчекување, со неизвесност и пред се со голема осаменост и енормно ништо јас застанав горда на себе си и на нас двајца пред аереодромот сама со еден голем куфер и зачекорив кон нашиот нов дом и нашата голема љубов што само кога ќе се сетам месеци наназад сето тоа ми изгледаше како патот на месечината јас го добив и никогаш повеќе не останав сама со себе. Уште поголема радост ми беше ова срценце кое неуморно чука во мене а ние од ден на ден се повеќе му се радуваме и го галиме се до исчекуваниот момент кога ќе го гушнеме во нашите топли раце.
    Што друго да посакам?!
    Не сакам ништо друго освен нормален семеен спокоен живот и детски џагор, неуморни денови и многу љубов и мир далеку од се.

    Оваа година навистина беше голем чекор за мене и за мојот живот, надополнет со безброј промени и прекрасни нешта, нешта што ги посакував години наназад а наместо тоа ќе добиев шамар и река од солзи.

    Не за џабе рекле дека надежта, желбата и пред се трудот што ќе го вложиме ќе ни дојде како сонцето после многукратниот дожд, и да, трепението, трпенито никогаш не ми беше јака страна, но баш кога се научив да го имам се си дојде на свое место.

    Сакам огромна елка, сакам сијалички и лскави насекаде, сакам прскалици, честитки и лампиони а најмногу го сакам моето душиче до мене да се радуваме на се тоа што го носи животот и новава година.
    Раката на стомакот и мешето се нешто незаменливо и непоправливо во мојот живот, љубовта и човекот кој е мое се да можам пак би го барала и под дрвјата и под камењата бидејки е сето она што ме исполнува и живеам истото.

    Ви посакувам во новава куп прегратки, куп љубов, огромни насмевки, благи погледи, семејни моменти и остварливи желби со многу труд и трпение, бидејки еден е животот како ние го креираме таков ќе ни биде и ќе го живееме.
    Борете се секогаш, секогаш за нешто повеќе и пред се за нешто што ве испонува и ве прави најсреќни на овој свет.
    :sun:
     
    На Giovanna, marama, kjukli и 35 други им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Јас само мора да си го раскажам денот...
    Се будам и глеам дека положила колешка што учела од прашањата само, пишував за тоа...
    Идам накај факс и се сопнувам и паѓам, среќа немаше никој да се изнасмее :D
    дојдов од факс, кафе расипав до креветот на ѕидот...
    заминав на факс, се вратив пак, решив ке прам јуфки, ставам тоа јуфките да се потпечат па после ставам врела вода и коа гледам тавчето пукнато |(
    Шефот не ми враќа на пораките на скајп, веројатно уште слави божиќ и се спрема за НГ којзнае, ама ја знам дека ми требаат уште проекти, јер ми требаат пари...
    Не знам како ке заврши денов. Се лошо нека иде уз тоа кафето и паѓањето.
    ___________________________________________________________________________________________
    Него, читам за старава година и новава што иде.
    Старава (2016) ми почна со здравствен проблем кој се реши по оперативен пат. Се у најдобар ред помина за среќа.
    Годинава ке ја паметам по тоа што за прв пат најдов физичка работа.

    Успеав да го скинам катанецот на една врска која не се движеше у ниеден правец, врска у која типот не ме гледаше у никаква иднина и по секоја цена ме тераше од него. Ќе ја паметам по брзото сечење на една личност од мојот живот кога сфатив кои му се намерите, а ми значел некад, ама више не... (ексот, нема кој др)

    Ќе ја паметам по емотивната бура у која се ронев до степен на прашина. Да, до тој степен се сронив, само прав бев од јануари до мај/јуни некаде... Тоа беше јака бура во која сфатив дека ми иде преродба, период каде што ке се родам одново, период за кој знаев дека ако не донесев одлука што ке ми го смени животот и животниот пат дека ке се разболам начисто. Болест очекував, да. Успеав и другите катанци да ги откинам од мене и да ја донесам одлуката на мојот живот, одлука која начисто ми го промени патот и која само ми донесе мир и љубов.

    Ке ја паметам по тоа што у последните месеци решив да се ослободам од некои limited-beliefs и да дадам шанса на луѓе кои не ми ја исполнуваат листата на критериуми но кои сепак ми даваат некоја позитива и среќа, дадов шанса на луѓе што ми даваат до знаење дека ете некој можел и да ме сака, и да ми прави да ми е убаво. Уште се борам со ова, и не знам што ке се случи ама нејсе, ова не би го направила старата јас, ко за промена пубаво е да знам дека постои и вакво нешто, ваква личност со која не знам како ке терам а ми дава позитива некоја на некој негов начин.

    Да, и ке ја паметам по мојата симпатија и слика за маж- плавиот, не сум го заборавила а и нема... ама не би да зборам за него сега, сепак.
    Ќе ја паметам и по тоа што скинав ланци и со една долгогодишна другарка, за која сфатив дека ми е само извор на негатива у животот.

    Што очекувам од новата? Искрено не знам, не сакам да мислам и не сакам да знам. За прв пат во животов не очекувам ништо. Нека тече се, онака лагано и у флоу. Со раширени раце ке ја пречекам. Тука сум, нека дојде.

    Само, за другите посакувам здравје повеќе, среќа и внатрешен мир. Сакам и мир у светов, сериозно, не сакам војни, политика и сл, нека прекине се тоа или нека иде у некој др свет се негативно што е, јас само на убавите работи ке си се фокусирам.
     
    На marama, Ketchup, christinnn и 18 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Денес ја видов најсељанка тип што може да биде.
    Вештачки нокти, не можеше ништо да извади од чанта со нив.Вештачки трепки, усните нацртани за да бидат екстра големи. Веѓи немаше и тие беа нацртани и замачкани со апла црно моливче. Фармерки со висок струк и чизми над колена.
    Изглед на ефтина сум и лесно се давам.... жими се кој ја видел нека кажи, неизбежна беше типката, за малце што не повратив.
    Јас знам дека многу девојки сакаат да се во центар на внимание, ама оваа претерала и тоа мнооогу.
    Инаку убав ден :)
     
    На Summerlover, joy1, Barbara90 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Со секоја измината година сме позвозрасни и помудри.
    Што и да правиме и што и да сме постигнале не сме ништо без најблиските.
    Поддршката и поттикот од нив се нашиот најголем успех.
    Омиленото место е онаму каде што комбинацијата од љубов, желби и здравица е добитна за сите заедно.
    Семејството е како гранки од дрво. Растат во различна насока, но имаат ист корен.
    Моментите што не можат да не скршат го вадат најсилното од нас. Зборовите што имаат моќ да ги разбрануваат емоциите не потсетуваат дека има некој што се грижи за нас и не сака.
    Во годината што изминува научената лекција ја означив со поука дека за се треба време и трпение кое не е лесно да се одржи, но кога знам дека моментот вреди, исчекувањето е поубаво и од самиот резултат.
    Среќата е во топлиот дом завиен во слатки насмевки.
    Во годината што доаѓа нека бидат задолжителна линија на вашето лице.
     
    На marama, Ketchup, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав вашите честитки и желби за новата 2017 и од сѐ срце ви посакувам да ви се исполнат!

    За во новата 2017 не планирам и очекувам ништо, што до сега не сум имала и добила.
    Не се каам за моите постапки и дела, ниту пак за ситуациите во кои намерно или ненамерно сум се нашла.
    Сите тие се дел од мене и ми помогнаа да станам човекот кој сум денес.

    Утре тргам уџум в планина и се враќам дури наредната година.
    Се надевам дека ќе ве најдам во добро здравје и расположение, а за друго - мало гајле, сѐ се решава :)

    Бидете ми поздравени, и среќна Нова! :l:
     
    На marama, Quuen, Ketchup и 25 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Во која тема и да влезеш само кавги.

    Одам да си гледам документарци.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Barbara90

    Barbara90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Ако не ги контролираш емоциите , тие ке те контролираат тебе ...
     
    На Quuen, Chica.Loca, fallenangel и 7 други им се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Каква ли магија има во елкава и сијаличките не можам да им се изнагледам...
    @danichap ми се насолзија очите:bow:
     
    На kjukli, Quuen, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Додека чекам да ми се симне епизода, читам сите веќе се опростуваат од 2016, уште два дена и збогум.
    Оваа година ја дочекав со неверојатен микс на емоции и случки. Всушност, исто како и 2017 едвај чекав да дојде, да полетам, да остварам се, да променам се. Не траеше долго, всушност траеше премногу кратко. За празниците лани поради одредени настани се соочив со една психичка состојба која ме бутна на земја, ме газеше, шутираше и ме остави да крварам сама. Звучи прилично драматично, но за прв пат во животот се соочив со таква состојба и не можам да ја заборавам.
    Оваа година доста си играше со моите чувства. Оваа година станав многу трпелива, многу разбирлива и некако кревка. Сакав да покажам љубов кон сите, и давав, навистина давав силно колку што можев, а сепак честопати завршував пак во истото ќоше сама. Знаете оваа година мислеше дека ме јача, но всушност направи да се чувствувам како едно мало беспомошно човече. Немав храброст да признаам што се случува и сеуште зборовите стојат како грутка во грло, ми ги парализираат прстите за да ни на хартија не се прелеат.
    Сите имаме контрола врз својот живот и толку ја наведнувам главата затоа што морам да признаам дека јас овој живот многу лошо го возам. Пред да звучи се толку депресивно, затоа што јас не сум депресивна драги луѓе, јас мојот живот го сакам, само воланот ми се лизгаше од раце на погрешни раскрсници и кривини. Колку и да мразам што на моменти ме преовладуваше тоа беспомошно чувство, годината што изминува научив колку многу можам да сакам, што лежи во моето срце и колку всушност сакам да давам.
    Годината што изминува ми помина во многу патувања, а за да ја завршам решив да се препуштам. Од која и да е причина, сакам да и покажам дека јас можам и дека со многу волја и ќе успеам. Билетот е купен, нема назад. (highfive)

    За наредната година си посакувам здравје, да ја баталам работата, да запознаам нови луѓе, да помогнам каде можам и полека и смирено да успеам да го победам исплашеното човече што лежи во мене.
    За новата 2017 година ви посакувам да бидете здрави, а потоа коцка по коцка да си го скоцкате животот :) Бидете храбри, сакајте се себеси, љубете и ве гушкам силно.
     
    На marama, Ketchup, lunicka и 19 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Случајно влегов во моментални посетители на форумов, и гледам моментално има 300 членови и скоро 900 гости :x се зачудив искрено пошто секогаш мислев повеќе се членови присутни..ама како и да е...ја отворам листата и ми покажува кој што гледа моментално.
    Гледам сите читаат или Сакам да кажам, или бараат филмови или во темата за 40ката :wasntme:
    Значи драги членови, пазете што пишувате пошто има 1000000000000 гости што го следат секој ваш чекор 8-|

    Драги гости, почитувана публико, повелете и зачленете се :bow:

    Се осеќам ко екпериментално глувче...ние пишуваме, а тие од страна гледаат и фаќаат забелешки...

    [​IMG]



    Може помеѓу гостите има некое младо и згодно момче, што сака активно да ни се придружи на форумов? М?
    [​IMG]
     
    На kjukli, Quuen, Ketchup и 20 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Има само една и единствена искрена, чиста, безусловна, безгранична љубов на светот. Љубовта кон нашите дечиња!
    Сакајте ги, гушкајте ги, галете ги, пазете ги.
    Само тие ќе ви возвратат во иста мера, ако не и повеќе, дупло, тродупло, безгранично!
     
    На kjukli, Ketchup, Arien и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Пред малку имав нервен слом бидејќи мислев дека случајно ми се избриша семинарската што ја правев 4 часа, почнав да урлам, да фрлам се околу мене, и почнав да плачам, за на крај да се сетам дека уствари ми беше зачувана во My Computes, а не на декстоп од кај што ми ја снема.
    :smoke:
     
    Последна измена: 29 декември 2016
    На kjukli, Ketchup, Chica.Loca и 16 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ти 2016, можеш да се преправаш како да не си постоела воопшто?
    Да знам дека можеш,тек тогаш ке почнам да верувам дека во 2017 може да се почнат некои работи од почеток.
    Во ред,ете и ке свртам нова страница ама книгата е секогаш иста.

    Доброо.
    Да речеме,надеж мора да се има.
    Имам. И знам дека се зависи од нас самите.
    Тук таму има и други влијаниа но стапчето е во нашите раце.
    Желбата ми е само една, ако има влијание она,колку повеке се посочиш кон одредено нешто толку се поголеми шансите тоа да се оствари.
    Здравјето.
    Да си спомнам успат и дека сакам хармонија и многу,многу љубов.
    И во мојот и во домот на моите.
    Добро,сакам и проширување на домот.

    А ти 2016 та,не дека немаше убави работи во тебе ама ми го распарчи срцето.
    Во секој смисол,на секој можен начин,посилно неможеше.
    Ако во комшика ти 2015 бев борец и се такмичев на повеќе рингови,чисто да ти кажам дека тогаш може не се борев за медали ами за животи,а медалите имам намера да ги освојам во другата ти комшика,2017.
    Само здравје.
    На сите.
     
    На Giovanna, marama, kjukli и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    4.190
    Пол:
    Женски
    Хармонија, здравје, љубов и мир.
    Само тоа ми треба во 2017.
    Се друго е таман.
     
    На Quuen, Ketchup, fallenangel и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Луѓенцава сите летнале на пред новогодишна забава,се споулави фб од фотографии ,како што тргна не ми е чудно и посленовогодишни да прават
     
    На kjukli, Chica.Loca, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.