Седам во соба и слушам Cigarettes after sex- Keep on Loving you. Размислувам за нешто небитно. Онака, лабаво. Не сум го видела два дена. Дури се прашувам дали мисли тој на мене колку што мислам јас на него? Можеби. Не можам да бидам сигурна. Само знам дека не е премногу заљубен во мене. И тоа е океј. Можеби. Времето ќе покаже. Знаете што? И кога би ми рекол дека ме остава и дека сака да биде без мене, јас ќе му кажам дека секогаш ќе бидам тука за него, дека секогаш ќе може да ми каже кога му е тешко и кога нема каде. Секогаш Со ова ќе знам дека сум го дала најдоброто од себе.
Годинава тивко си заминува, а од неа за некој ден ќе ни останат само спомените. Да ги запомниме убавите моменти, а се што е лошо нека остане во минатото. Оваа 2016 почна со закажувањето на датум за свадбата. Почна убаво, се надевам така и да заврши. Имаше и падови, ама нека останат незабележани покрај сите убавини годинава. Само ќе си посакам ако следната година не може да биде подобра, барем нека ни биде како оваа. Најбитното од се е моето здравје и на моите најсакани. Еден пеколно топол ден во 2015 започна се, кога му го кажав првото ДА. Се повеќе сме сигурни дека сме го направиле најдобриот избор. Спокојот кој го чувстуваме кога сме заедно само ја потврдува нашата одлука. Борбата за подобро утре и напредување во кариерата ни крадат многу драгоцени часови, но се ближи времето кога ќе ја надокнадиме секоја изгубена минута. И покрај долгите и непреспиени ноќи чекајќи го, кога ќе ги погледнам очите кои живот значат, се ми минува во истата секунда. Се заборавам. Само му се насладувам во прегратките. Ако љубовта не може да расте, нека биде со истиот интензитет и следната и сите идни години кои се пред нас. Ја посакувам истата среќа на сите околу мене. Сакам да ги гледам среќните лица на моите.Кога тие се задоволни , јас сум уште повеќе. Си посакувам уште многу убави семејни моменти кои доправа не очекуваат. Моите најмили да ми останат во добро здравје. На вас драги мои најпрво ви посакувам тон здравје. Исполнување на желбите на секое поле во животот, многу насмевки и уште повеќе прегратки! Да ви се случи љубов како мојата, или работа која ја посакувате, факултет... што и да е. Само да ве исполнува и да ве прави среќни. Годинава што следи да ни ги исполни и душата и рацете!
Денес една пријателка ми рече... „По размислувањата што се треба да зготвам за новогодишната ноќ, знам дека иде Нова година“ Уффф, зар менито ни стана показател дека иде Нова година Показател дека 16-ката ке се замени со 17-ка? Каде отидоа оние години кога сите не „фаќаше“ новогодишна еуфорија, кога сите со нетрпение очекувавме да се поклопат стрелките на полноќ? До годините ли е? НЕ, не е до годините... Толку многу сме преокупирани со обврски на работа и дома, со мисли каква ке ни биде иднината во оваа наша мила татковина, со грижи за нашите најмили... што не забележуваме како деновите ни летаат!!! Не забележуваме мали ситници кои порано не правеа среќни... Пропуштаме моменти кои никогаш нема да се повторат!!! А, сите знаеме, само еднаш се живее... Затоа на 31-ви, барем на час, ке си ги соберам моите најсакани, ке си ги гушнам силноооо и ке им посакам желби какви што само мајка може да посака за своите деца Потоа нека одат да ја дочекаат Новата година со другари, пријатели, девојки... Јас со мојот сакан ке си останам дома, со вклучени сијалички на елката, со преполна трпеза и со музика која не потсеќа на некои години кога доагањето на Новата година ни беше празник...
Сум пишувала за комшиите и за тоа како знаат да бидат погласни. Сакам, не сакам се ќе слушнам. Сега не знам дали му е дел од предиграта и стварно се караат зошто слушам женски плач и машко викање. Се тепаат ли ? Леле бе ? Многууу незгодно :'( жал ми е за девојката...
Ќе ја искористам несоницата за да ви упатам вас и себеси по некоја убава желба за годината која ни предстои. Ќе почнам од себеси затоа што годинава себично ќе се ставам на прво место. Нека бидам здрава и трудот од сите овие години во 2017 конечно да се исплати. Сакам брак и бебе. Сакам разум за правилно да ги градам новите почетоци ки се пред мене. Вас, многу здравје, љубов и среќа. Нека оваа година ви се исполнат старите желби на кои сеуште се надевате, и новите за кои допрва ќе почнете да сонувате. Бидете насмеани од срце секој ден . Среќна нека е, убави мои ❤
Знаеш дека неко је отишао да доџе, кога до тебе стојат 11-годишни и пробаваат коректори за контури.....а ти до нив, мирисаш Бон Бонс Малиција Вака се осеќав Мери Крисмас енд а Хепи Њу Јиар еверуан
Ти благодарам на убавите зборови,се согласувам со све што напиша,за жал така е .Имај и ти убав и позитивен ден
Еднаш многу одамна, едно девојче доживеа преубава вечер. Датумот беше 31 декември 2015 година, немаше снег, но беше доста студено. Таа вечер бев доста возбудена, истовремено и нервозна и среќна, ја чекав годината за која немав поим како би изгледала. Измешани чувства, многу светла, музика, познати и непознати лица. Убаво ми беше, еднаш надвор од дома за Нова година, се чувствував посебно. 2016 година, како што веќе кажав, започна чудно и убаво. Навистина не се сеќавам на сопствените мисли, верувања и ставови во врска со животот пред да дојде летото, но знам дека често бев тажна, и често плачев. Мислев дека сум оставена на милост и немилост на овој живот. Веројатно верував дека имам проблеми, за кои не се ни обидував да изнајдам решение. Можеби ми беше полесно да воздивнувам и да бидам тажна отколку да се трудам да размислувам зошто не ми тргнува на добро во животот. Некаде при крајот на мај, ми беше смачено од училиштето и луѓето што секојдневно ги среќавав таму. И тогаш, се случи нешто необично. Тие денови често одев на заболекар. Времето беше многу топло. Читав ваши постови во Феминско младинско ќоше и наидов на мислење на членката Lilianna. Девојката зборуваше за мотивациски говорник, што и помогнал да го промени животот на подобро. Можеби не од тој ден, но тоа лето јас станав друга личност. Одговорив на многу прашања за кои мислев дека нема одговор, ги сменив мислите, станав помирна, бев посреќна. 2016 за мене беше неочекувано изненадување, со оглед на тоа што го открив вистинскиот Бог, дознав која сум јас и зошто сум овде и сфатив дека имам моќ да ја креирам својата вистина и својата иднина. Многу важна година за мене, мислам дека ќе ја паметам секогаш, зашто за мене беше почеток на нов живот. Бев истовремено доста збунета, по еден одговор следуваа уште 100 прашања, имаше и тешки периоди, и лоши мисли и конфликти со самата себе. Но јас веќе знаев. Ги знаев клучните работи што секогаш ме креваа од дното. А 2017 ќе биде најубава година. Зашто знам дека зависи од мене.
Ќе бевме сега по дуќани, по маркети, ќе си поклоневме традиционално нови паричници. Па ќе ја правевме заедно традиционалната торта со урми. Ќе го слушавме Бочели, па Тоше, ќе потпевнувавме и ќе месевме кифлички. Дада ќе 'полудуваше' за фустанот и штиклите Ќе трчкаа и внуци. Тато ќе правеше фотосесии. Кое е најубавото прашање на светот?? - мамооо? А одговор? - кажи мило! Фалиш мамо!!! Неизмерно фалиш!!! Место да си кажеме " живели", ќе турам вино крај твојот мермер. Место да ме прегрнеш, ќе ја погалам твојата слика. Ме гледаш ли од негде?? Ме чуваш од таму?? Уште една година без тебе
Татко ми ме изненади со подарок, ми оставија наследство од нив. Ме изненади утрински неочекувано. Сакав да споделам со вас
Ја сум дефинитивно таа шо се брука сегде ама баш ради тоа сум и најсмешната у друштвото. Не знам како успеав денес да се обрукам до толку шо келнерот у кафич ненамерно го удрив по гз. Значи пропаднав у земја денеска. Нема искачање кога не се иам избрукано и сите ме памтат по такви глупости...
Вреди ли? Вреди ли за една вечер, чекајќи да дојде полноќ, да се убиеш од пиење - буквално? Вреди ли после тие 3 литри пиво, 2 литри вино и малку коњак, вреди ли да го фатиш воланот и да возиш во смрт? Вреди ли алкохолот што го пиеш за да прославиш за на крај ти да убиеш некој? Сето тоа само затоа што е Нова година. Вреди ли?