При крај е годинава, м? Една од моите непродуктивни години, смотана, безобразна, безмилосна... Минатото зад мене. Се паметат само убавите мигови. Човек има два најбитни дена во својот живот. Првиот е кога се раѓа, а вториот е кога откривате зошто се родил. Знам веќе за кого и зошто постојам. Годинава ме научи... Зад нас 2016. Полека ја чекаме новава, 7ца убава бројка. На сите да ви посакам здравје, мир, спокој,љубов, среќа, а се друго само си ќе дојде. Правете добри дела.Давајте несебично љубов. На љубов со љубов ќе ви се врати. Му благодарам на Бога што ни еден ден не ме остави сама и беспомошна. И да не должам,имајте убава новогодишна вечер, каде и да сте!!
Ја гушкам мајка ми, откако во нервоза ми се истури и ме прашува - " Зошто ме прегрнуваш, кога сега те карав?" И одговарам - "Баш затоа, зашто сега најмногу ти е потребно". И ме прегрнува уште посилно.
Сакам да кажам дека 2016 година беше пресвртница за мене. Убаво рекле човек планира, но Господ решава. Планирав да студирам и работам, истовремено и напорно, но Господ ми го вкрсти патот со мојата вистинска љубов и ни го даде најскапоцениот подарок- животот во мене. На почетокот бев тажна бидејќи наеднаш немаше место и време за моите планови, но сега неизмерно му благодарам на Господ за оваа среќа која ја посакувам на секој. И така среќно и благословено ја испраќам 2016 и во 2017 само се нека биде добро и чекам да ја запознаам мојата најголема љубов, односно нашата, нашата малечка принцеза која татичко секој ден ја гали, и кажува колку многу ја сака и едвај чека да ја види и како ќе и купува гумени бонбони, бонитоп и ќе и става панделка на главчето. Ги сакам најмногу, Господе фала ти! На сите ви посакувам многу радосни моменти во новата 2017, бидете си важни сами на себе, бидете вие пред другите, бидете живи, здрави, вредни, верувајте во Господ и во себе и креирајте односно привлечете ја вашата среќа со вашиот позитивен ум. Ви посакувам напредок!
Што убаво се разболев во очи Нова Година.Немам сила од кревет да станам. А веќе уплатено, биче весело.
Морам јавно да ги пофалам од Тутунска за убавиот новогодишен подарок! Останата со неколку ситни денарчиња во новчаник веќе недела дена, убаво ми дојде да видам дека имам пари на сметка два дена порано и да можам бар мајка ми новогодишно да ја изненадам.
Јас сум искрена личност и си кажувам што мислам, ваше е како ќе прифатите. Ниту сакам да се прилагодувам на другите, ниту тие мене. Среќни празници на сите
Најлоша работа е кога на работа немаш работа Се загледав видеа на госпожа Илина, зборува за мотивација, успех и други с'ања и дека најбитно е во животот да се прифатиме самите себе си онакви какви што сме... а таа цела испеглана во фацата, а устата ко да ја каснало пчела, продаваш нешто во кое што ни сама не веруваш Да шкртнам и јас нешто за годинава Старава-ништо посебно, новава не очекувам ништо поарно од предходната Среќни празници
Среќни празници луѓе! Нека оваа 2017 ви се исполни се што посакувате! Ви посакувам спокој во срцето и душата, еден тон здравје и љубов
Велат водата миела се...зарем може да ја измие злобата на Душата, Мислите и Устата?!...Нe !..не може !..се што чувствуваме, мислиме и кажуваме...останува така како што е кажано , помислено и почувствувано...само покајување и неповторување на грешката ја чистат таа злоба..За да бидеш чист..треба да станеш ЧОВЕК !...
Офф каква Илина Ведран ја имам слушано... мотиватори сме самите ние, но доколку сакаш да слушаш мотициски говор слушај ја Ана Бучевич многу е подобра од Илина. и јас често ја слушам.
Зошто татко ми купи ајран во тетра пакување? За јас да помислам дека е млеко и да си напрам какао, ладно но и солено
Човек на 59 години ќе се разведувал од жена му. Не било љубав каква што замишљал на времето дека ќе проживее па штом и третото дете му пораснало, му завршила мисијата за бракот. Сеа и жена му и децата си ги брка од дома, за говедото да живее сам. Ало памет?!?! Љубов не живеел ко на филмови еј?! Женана цел живот му го дала, деца му родила, ’рмба ко чистачка за него сметки да му плаќа, на мајка му газот и го брише, ќути цел живот само за децата мирен живот да имаат, а тој од дома ќе ги бркал. Стока од човек, ни 2% да не си ги мисли децата. Ми се повраќа и ми иде жив да го запалам. Жал ми е што толку време делев воздух со таков човек. Гад.
Лелеее девојки неможам од возбуда да молчам сакам на сиот глас да ја искажам мојата моментална среќа Можно е конечно да се исполни мојата мечта да настапам како диџеј во дискотека Не сум одбиена едвај чекам да ме повикаат ЕДВАЈ!!!
Ми се случиле секакви глупи муабети да ми зборуваат таксисти, ама ова беше врвот... Почнуваме со возење....прво ме прашуваше дали сум студирала или работела... па како сум се викала (го излажав)...па ми кажуваше дека имал син Марко што бил 5та година на медицина....па ми го покажуваше на слика...па ми побара број за да сме се запознеле со Марко....па ми кажуваше дека цел живот се мачел за да го школува синот.....па ме прашуваше каде сум живеела...со што се занимавале моите... На последните 2-3 прашања не ни одговарав, ни пак го слушав, ни пак број разменивме...па може се сети дека е ДОСАДЕН и НАПОРЕН... Еј човеку, застанал да му бара девојки на синот...и тоа во такси Го брукаш дечкото...ко тој да е неспособен, па татко му ќе му брка девојки. Јас да бев на местото на тој Марко, да знам дека така ме резили мојот родител, па преку весник ќе се откажев Туку имам едно комшивче мало (1во-2ро одд) и тажно е цел ден зошто се распуштиле и немало да си ја гледа девојката на школо И го носел ранецот, и давал 10 денари да си купи ѓеврече, препишувал од кај неа домашна, заедно седеле на часови...а плус ќе му недостигала и другата девојка што му била резерва... Светот останува на младите...