Чао 2016. Како што можам да заклучам на повеќето им била лоша година, па јас се чудам зошто, шестката била ѓаволски број. Малце да се нашалиме, најголемо влијание врз нашиот живот имаме ние самите. Но ете некои работи се посилни од нас и едноставно се случуваат како на пр загуби на нашите блиски. На сите ви посакувам пред се сила зошто ќе ви биде потребна да ги издржите овие тешки времиња, љубовта нека ве води и да и пркоси на тагата. Да ги остварите вашите цели, имајте големи соништа, тие ќе ве направат големи, а и го заслужувате тоа. И секако здравје за се тоа да го остварите. Мирот нека се насели во срцето на секој. Секогаш посакувам и помислувам на оние што немаат деца, ниедна повеќе да не тагува толку и што побрзо да ви се наполнат рацете на сите. Им благодарам на феминките што ми пружија утеха и ми се најдоа за разговор кога ми беше тешко.Исто и на сите други, форумов ми ја враќа вербата дека има добри луѓе спремни да се внесат целосно во проблемот и да помогнат. Во последно време изгубив волја да пишувам поради некои мои проблеми се повлеков во себе и одалечив Ветувам ќе бидам поактивна и ќе му пружам рака на секој. Моите цели за 2017 ги поставив, запишав на хартија и сликовито ги представив. Ставам крај на сите стравови и грижи, ги заклучувам како воопшто да не постоеле и спремна сум за нов живот повеќе од било кога. Едноставно доста ми е од грижи и несреќи за кои и највеќе јас бев виновна со деструктувните мисли. Промената ја започнав ја продолжувам и понатаму до исполнет живот. Среќа Нова феминките, најубаво да си поминете вечерва каде и да бидете, битно убаво да се чуствувате и да ја пренесете таа енергија во 2017 <3 <3 <3
Кога се менуваат години две, нека ви донесат сѐ. Секоја желба што во срце ви се кова, нека ви ја исполни годината нова! Среќна Нова Година!
Па, драги мои, претпоставувам дека е време да се придружам во странициве креативно испраќање на старата и прекрасни редови полни со убави желби за новата година... Книгата со број 2016 не можам да се пофалам дека ја испишав со многу конкретни моменти за паметење и исполнети некои нови, револуционерни цели - всушност, би ја опишала на прв поглед како една од помонотоните години. Но сепак, освен новите пријателства, ситни среќни моменти и редовните мали успеси - кога ќе погледнам наназад чувствувам од оние поапстрактни промени и достигнувања, извесно созревање и напреднување на креативноста во споредба со она што сум била лани. За годинава ќе си посакам секако здравје, љубов и успесите на факултет да продолжат како досега, и позитивни промени кои потоа би се претвориле во убави спомени. На сите вас ви посакувам сè најубаво... Со најубав помин вечерва да ви почне исполнета и среќна година во која ќе се радувате и ќе посакувате убави желби не само на празници и родендени, во која ќе си посветувате убаво поминато време и внимание на себе не само за викенди... едноставно секој ден да ви биде исполнет со убавини и позитивна енергија што ќе ја споделувате и пренесувате наоколу. На секој чекор да нè следат љубов, креативност, толеранција... а сите немили моменти и горчина да ги оставиме со затворањето на задната корица на 2016. Среќна Нова година луѓенца!
Сакам да кажам дека ... не знам што посебно сакам да кажам .. Во однос на дочекот на новата година сум баш кул. Така почесто се води дискусија повеѓу оние кои се под голема еуфорија и они кој се кул или што би рекле ладни во тој поглед. Али секој претпочита она што му годи. Јас во овој случај сум онака кул. Не се чувствувам посебно ниту се приморувам да бидам таков. Но еве се прашувам, зошто ? Ми доаѓаат пар причини: Нема нешто посебно да се прославува. Тоа е само еден чекор за влез во новата година. Општопознато е дека прославувањето е акт за некаков успех. Прославуваш 10ки на факултет, дипломирање, кога ќе се роди внуче, кога ќе фатите спортска, кога ќе си одбележите долгогодишни здрави врски итн итн. Не знам само за дочеков на НГ што е поводот ? - Најверојатно од Македонска гледна точка уште една година успешно преживување. Повеќето очекуват за време на дочекот тие 12тина саати славење, музики и 300 чуда да се опијанат, изглупираат да се издуваат на некој начин што е и океј.. Но зошто тоа не се прави почесто ? Зошто вчера не пуштавте гласна музика, зошто вчера не се смеевте за вчерашниот ден ? Поради тоа што на мене нели се ми е рамно не изостанав да го направам тоа и вчера и денес и утре итн. Така да сетоа тоа птославување ми е малце извештачено. Ако мислите дека тоа е начин на вистинско славење на нештата и дека тоа ќе ве направи повесели сте се утнале. Да не ја заборавиме 3тата и најбитна причина која е во мислите на мнозинството, "Ја испраќаме старава катастрофална 2016 година и не сакаме никогаш да ни се повтори повеќе" Чекај еве ја испраќате, а како ќе ја започнете 2017та ? Што тоа вас ќе ве промени, само временската распределба на годините кои содржат 365 дена ? За да очекуваш промена треба да размислиш испланираш и издејствуваш за тоа да се случи. Некои истажувања велат дека 92% од лугето не ги исполнуваат своите годишни цели. Така да мене не мее чуди и 2017 да ви биде Epic fail исто како што на 31ви Декември во 2013 ја испраќавте 2013 како што ја испративте 2014,2015, 2016та. ( има многу објаснувања ама во корист на времето кое го користите за подготовки да не ви одземам. ) П.С. Читко не е толку негативен. Иако оставете ова што го кажав јас, прославувајте си убаво, правете го она што ве прави вас да се чуствувате убаво и да бидете весели. Па и прославата со повот затоа што се нема посебен повод е и повод по самото себе. Уживајте и се најдобро. Среќна Нова година 2016та. П.С. Сега користам GoogleChrome и затоа поракава ќе стигне на време ПозЗ3³ ®
Аливидерчи 2016 ! Нема да коментирам каква година беше , се плашам ... Но вечерва ке славам за твоето заминување и све што ке однесеш со тебе ! Нова 2017 година , нови 365 дена , нови 365 шанси за успех , за љубов , за нов почеток , за убави мигови , искористете ги максимално , и Срекна нова 2017 година на сите феминки , ви посакувам све нај нај
Замина уште една година. Година што дефинитивно ми го промени животот. Тоа дека децата менуваат сѐ, не е само некое клише, туку е жива вистина. Годинава сите мои интереси и потреби беа ставени во мирување за едно друго суштество. Ми се отвори еден нов свет, колку нови информации, читање, истражување, зашто одлучив дека сакам да бидам родител што носи свесни и информирани одлуки, а не зашто сите така прават или зашто моите така ме изгледале и еве ништо не ми фали. Сакам да израснам физички здраво, но и емоционално стабилно дете, спремно да даде, пружи и прими љубов, да биде среќно и насмеано. Ама не е лесно... Многу борби си истерав со самата себе, некои ги добив, некои ги изгубив, живот, тоа е. Маж ми вика слатки ни биле маките, за мене некогаш беа такви, некогаш само маки, со големо М. Ама знаеме зошто поминуваме низ сито и решето на крајот. За 2017 се надевам дека долгогодишни планови конечно ќе се исполнат, се надевам дека здравјето ќе продолжи да не служи, дека семејството ќе ни остане цврсто и силно. На сите други ви посакувам прво здравје, а потоа љубов, љубов, љубов... Љубовта ги топли срцата, љубовта е двигател, љубовта е сѐ.
Среќна Нова феминки и феминковци.Кај и да сте,со кого и да сте,бидете весели во душа. Доаѓа нова надеж за сите нас со секоја година,2017 нека биде најубава.
Да си пишам и јас тука за последен пат годинава За мене 2016? Па да речам најобично ми помина, како и секоја друга година. Ама сепак ќе ми останат некои настани во сеќавање, иако не можеби толку посебни. Годинава ја запознав најмилата личност од тука , го запознав и него , потоа посетата на преубавите Прага и Дрезден. А лоши настани скоро и да немав 2017 ќе ми биде тешка, особено првите 6 месеци. Најбитно за мене во новава година - правилниот избор на факултет. Епа дечки кому му беше лоша годинава, од утре нека биде подобро, кому му беше добра, нека биде уште подобро... На сите ви посакувам убав помин вечер, 2017 нека ви започне најубаво, и цела година да ве следи среќа и успех, сите следни 365 дена. HAPPY NEW YEAR Спојлер Кому ќе му остане руска салата, нека ме викне
Ајде да пишам и јас за последен пат за оваа година. Јас повеќе се радувам на Бадник, Божик, отколку за Н.Г. За мене Н.Г е обичен премин од една во друга година. За една година постари.. ништо друго. Сакам што побрзо да си оди 2016, не беше добра и убава година во целост. Ќе ја паметам по една голема лоша случка, што ми го промени животот.. и за која ќе ми биде жал до крајот на животов. Во 2017 дајбоже да биде сè подобро. Искрено се надевам на поубава година. Поздрави од Виена
СДК Стaрaвa гoдинa некa си зaмине,нoвa пoдoбрa дa дoјде.Спремaм вечерa,сигурнo и пoвеќетo oд нaс,кoј кoлку мoже дa си дoзвoли.Имa тaкви кoи се среќни,зaљубени,бoгaти,имa и oбрaтнo,имa семејствa сo семејнo нaсилствo,сo прoблеми сo дрoгa,aлкoхoл,нa кoи денoв им е кaкo секoј ден,имa децa,луѓе кoи се пo бoлниците.Некa немa тaкви.Дa пoсaкaм вo нoвaтa гoд сетo oвa дa гo немa.Живoтoт и тaкa е еден и крaтoт,зaштo секoј дa не гo пoмине убaвo. Дa не дoлжaм,нa сите им пoсaкувaм,здрaвје,среќa,пaри,и дoлгoвечнoст oд целo срце.Некa биде светoт пoдoбaр.
Дај бе вие од туѓина што веќе ја дочекавте 2017 пишете ни дали е поубаво сега? Да знам дали да се дотерувам вечер или да одам по уште алкохол? Овие последни страници беа најубави за читање. Толку многу желби во малку редови. Дали некого зафатила новогодишна еуфорија или не, на крајот на денот, сите имаме желби за подобро утре и на сите срцето ни бие во тој ритам. Ви посакувам на сите добро здравје, за вас и на вашите најсакани. И најтешкото за постигнување, навечер пред да затворите очи кога ќе се потсетите кои сте да бидете многу среќни! Секогаш борете се и избирајте среќа. Зошто на никој нема да му биде гајле ако не сте. Сите вие прекрасни створења, се што си посакувате за нова година, јас ви посакувам дупло! На здравје
Соншти после 10 години те сонував. На сон бев среќна, бевме заедно, не сакав сонот да заврши. Се разбудив.. пробав пак да заспијам ама не можев да го продолжам сонот. 10 години те немам видено. Не живееш тука. Велат имаш семејство сега. Некоја друга е на местото каде што можев да бидам јас. Само да беше поинаку.. да бев похрабра.. да не летав во облаци.. да ме побараше повторно. Да познаеше дека зад моето однесување се криеше страв од вистинска љубов, неискуство, страв од ново, од убаво. Ах само да знаеше колку ми значеше.. колку ми значиш.. 10 години без тебе, 10 години во секој нов барам нешто твое, не сакам да се препуштам да не се вратиш, да не ме побараш. Ми велат зар уште ти е во мисли. Јас му велам не во мисли ами во срце. Го кријам длабоко, никој да не го најде. Па ни јас. Со она малку што остана сакам други.. Сакам.. зар можам после тебе. И вечерва на полноќ ќе си посакам себе си среќна нова. Сама. Со полно луѓе околу мене а сепак сама. И ќе ти ја посакам сета среќа на овој свет.
2016 лошо почна, така и продолжи да тера па затоа не ни очекував некој добар сјаен завршеток. Толку брзоплета, безначајна година одамна сум немала. За непродуктивноста па да не зборам. Се затвори едно место, место кое долги години ми беше втoр дом, во кое вложив премногу труд, љубов, пари и нерви. Оставив дел од мене таму и од затварањето не успеав да пркнам на тоа поле. Пола година без него. Фали ненормално ама терам напред со насмевка. Само заради чувството дека припаѓаме еден на друг и длабоко во срцата и двајцата си го знаеме тоа. Па ме утешува некако тој факт, ме смирува... Друг не ми се пушта во животот, не се чувствувам спремна за такво нешто. Бегам како споулавена ако некој малку повеќе ми се приближи. И не од страв, од немање желба е. Годинава убава ја направи само раѓањето на една прекрасна бебушка. И тоа што оние за кои живот давам се здрави, живи, сите на број. Тоа си го посакувам не само за 2017-та, туку и за сите наредни години. Од срце ви посакувам на сите вас убав помин вечерва, да бидете со тие што сакате... живи, здрави, насмеани и од убавини и љубов глава да не можете да кренете цела наредна година!
Последниот ден од годинава ми ја донесе најважната лекција. Се пожалив како последниве денови ми се прилично лоши но на крај сепак ја заокружувам годинава со убави мисли и чувства. Лекцијата што ја научив е следнава: често се жалиме како некои нешта во животот се тешки и мачни и тука грешиме. За тие нешта треба да бидеме благодарни. Тоа се всушност нашите најдобри денови. Ценете го она што го имате пред животот да ве научи да го цените она што сте го имале!
Последен пост во темава за оваа година. Ке ви посакам убава и мирна ноќ,каде и да одите најубаво да си поминете,не си ја мачете душата со многу пиење,напијте се со мера и уживајте со најблиските. Во новата 2017 год ви посакувам,најмногу здравје,среќа,љубов,успех. Чувајте се драги форумџии
Дојде внука ми, сите ја знаат на рецепција па и кажале која соба сум.. Уште на врата тропа и збори... Ауууу ми кажаа ти уште не си нашминкана? - не.. Лелеее, нема да правиш фризура? - не! Аааа нема да носиш фустан? - не, ќе носам панталони и кошулка! Аууу дадо ма.. Не те дружам денес, како да не си ни од фамилија Што им е на луѓево за една Н.Г прослава се притресуваат како за свадба?! Сдк Се чувствувам како падната од Марс а уште не сум почнала ни да пијам Убав провод дами и господа
Годино 2016,едвај чекавме да дојдеш ,да донесеш новини,убавини,љубов,успех...а сега сите чекаме да ти го видиме грбот.А тоа ти е улога да дојдеш и да си заминеш,зашто се е минливо. Беше горда,беше горчлива,ме плескаше со грижи за здравје ,за ќерка ми,за мене ,за мама,со грижи за опстанок,..ми даде зрак на надеж,па ме поткопа,...имаше тука и таму по некој убав нежен момент на кој сигурно ќе се сеќавам во иднината.Ме болеше,ме научи да сакам повеќе,да подлабоко плачам и поквалитетно живеам... А сега ,оди си.Не знам дали некогаш ќе те спомнам ,но знам дека си секогаш во мене.Ме направи за една година повозрасна,имам и некој брчка повеќе,некој килограм помалку...како и да е ,ти заврши мисијата.
2016 ми помина генерално убаво. Сепка не сакам да зборувам посебно за овие 365 дена, кој се дел од нашиот живот. Едне живот имаме и треба га до живееме квалитетно. Најбитно е блиските луѓе да останат покрај нас и да ги служи здравјето. Другот се е дел од животот. Тоа смислата на животот. Да имаме цели, да се бориме, да паднеме и повторно да станеме и да продолжиме понатаму. Среќна сум што сум опкружена со позитивни луѓе, кои ги сакам и ме сакаат. Што целите во животот полека ги постигнувам, што секогаш има за што да се борим, што секогаш одам чекор напред, а не се враќам назад. Ви посакувам на сите што изминатава година сте имале неубави моменти набрзо да ги пребродите и да продолжите понатаму посилни од било кога, и да не се разочарувате на првата препрека. Застанете размислете направете нов план и продолжете понатаму.Исфрлете ги лошите и негативните луќе од вашиот живот, за да не ви прават препреки во остварување на целите. И се разбирам ви посакувам пред се здравје и среќа, се останато е битка која ќе се бориме да ја добиеме. Среќна нова 2017 година
Ситно..ситно.. За неколку часови ја испраќаме старата година.. Новата дочекајте ја со широки насмевки и полни срца. Отидов да се спремам имајте убава вечер