2016 ќе ја паметам само по убави работи. Срцето ми е полно со љубов и благодарна сум што во оваа година, конечно и јас дознав што е вистинска среќа. 2016 беше мојата година, и покрај тоа што многумина се жалеа од неа. Се надевам дека така ќе продолжи и во 2017. Не барам ништо друго, се` нека остане како што е, ќе бидам задоволна, зашто сега чувствувам дека имам се` што ми треба, се` што ми е доволно за да го сакам животот! Во Новата 2017 ќе ви посакам се најдобро, но најмногу здравје и љубов, зашто според мене, се` друго е споредно. И полека со чашката вечерва. Убав помин на сите
Мојата најголема желба во една слика.. Нека ви е среќна Нова Година сите кои ја славите, убаво да си поминете оваа вечер.
Не мразете никој, без разлика колку ви згрешиле. Живејте скромно, без разлика колку богати сте станале. Мислете позитивно, без разлика колку и да е тежок животот. Давајте повеќе, дури и кога ви дале помалку. Простете им на оние кои ви прават лошо и ќе бидете посреќни. Среќна сум
Ако можев да ги именувам годините, 2016 ќе се викаше СОЛЗИ! Така енергично го искинав календарот, ко да со него ќе ги избришам и болките кои датумите во него ги содржат. Го поставив новиот, го гледам и замислувам кои датуми ќе ги заокружувам ама за убаво само!
Ај и јас да не останам покусо и да се искажам за последен пат оваа година: Годинава што ја испраќаме, не ми ги исполни баш желбите и очекувањата(на личен план). Изгубив драги личности,штета што со ништо не се надоместува Посетив нови места,нови искуства,запознав прекрасни личности,кои ми се богатство, но и помалку прекрасни ,кои ми се лекција! Среќна сум што конечно научив поинаку да гледам и позрело да реагирам во одредени ситуации.Сфатив дека некои луѓе,едноставно не се вредни за спомнување,губење време и нерви.Само игнор (и кармата ќе си го направи своето).Само така помалку ќе се разочарувам.Истото важи и за љубовта. Секогаш го давам својот максимум,но... Аурата ми е таква или шо?! Погрешно ми се редеа коцките изгледа.... Но, и покрај се',верувам дека и јас ќе се усреќам со тој некој господин Еве,нека биде баш оваа 2017-та ! И за мене и за вас,посакувам да сме здрави,живи,среќни,сите фамилии на број (дури и побројни). Новата година да ни ги донесе сите нешта што со пари не се купуваат, а да имаме пари за се' останато На здравје!
Среќна и успешна нова година на сите, само убави мигови во неа и исполнување на желбите, многу здравје и љубов.
За 2016 се согласувам со постот на Бубаче, и не сакам ни да ја коментирам. А вас драги феминки, сите од Младинското Ќоше, од околу и преку 40 и сите мажиња на форумов, Во новата 2017 ќе ви посакам на сите во шампањ да се капите и новата кола да не ја слупате, Да околу вас биде се бело и вашите родители да не веруваат на муабетите од страна. Да ви биди турбулентно и да имате повици кои нема да ги одбиете, Сите добро да поминете, да раскинете со него/неа да имате име и презиме а и години. Во џебот да имате само девизи и совеста да не ве гризи. Да не спиете во морето на тагата додека тој/таа спие покрај други. Парче леб, перница се да делите на пола. Само убајни да ве следат, се она шо си имате замислено да ви стани реалност и да ве радува. Од срце ви посакувам СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
феминки, нека ви е најсреќна годината, само со убавини да сте ми исполнети, само за убави раб да пишуваме тука Ве сакам!
Феминки СРЕЌНА НОВА ГОДИНА да ми бидете живи и здрави , да имате многу успеси во новата 2017 година ❤❤❤
Како што е редот сега, да кажам: Среќна Нова 2017 година. Ете, ја дочекавме. 365 празни страни пред нас, на нас е како ќе ги исполниме и испишеме. Некој ќе продолжи како што знаел досега, друг со нови зборови, нов речник, некој со нов стил на пишување, некој со променет ракопис...но најважно е она што ќе го напише низ страните. Нека биде убаво. Уште многу нешта има за честитање овој месец. Прекрасни празници се пред нас. Јануари...месец на убави чувcтва, празнично расположение, топлина. Месец посветен на нашите сакани. Толку од мене во оваа прилика, чекам инфо за првороденото бебе да видам дали сум погодила кој пол ќе биде.
Среќа нова 2017 година,ви посакувам пред се здравје па,се останато Годинава што измина навистина беше прекрасна но,во исто време и тешка.Доживеав драстични промени,најдов вистински пријатели,патував,созреав.За жал,изгубив две драги личности и тоа дедо ми и чичко ми.Научив да се смеам низ солзи и да сфатам дека животот продолжува,од тебе зависи како ќе го живееш.Сега имам 365 празни страници за кои се надевам дека ќе ги испишам со среќа,убави моменти,дека ќе создадам спомени inlove: