Животот е еден и единствен. Ние продолжуваме да чекориме секој по својата патека опсипана со здравје, среќа, љубов и успех. Во деновите што претстојат задолжително понесете си го вашето сонце кое ќе ви ја затопли душата и тогаш кога ќе почувствувате непријатен студ. Поттурнете ги огорченоста и револтот за да се чувствувате добро во сопствената кожа. Спакувајте си оптимизам во мислите за нов почеток на започнатите работи. Верувајте во себе за да го постигнете возможното во ситуации кога ве обзема невозможното. Подгответе се за предизвици што можеби носат ризик. Простувајте им на другите затоа што заслужувате мир. Смејте се, дарувајте прегратки и бидете свои меѓу останатите. Сакајте ги блиските и споделете ги моментите со нив достојни за одбележување. Нештата што најдобро знеме да ги правиме најубаво ни прилегаат. Среќна Нова 2017 година
Од лани не сме се виделе хаха Ајде и официјално среќна Нова Година На сите здравје, среќа и љубов да ви донесе, а најблиски и саканите да се секогаш покрај вас Ете помина фамозниот дочек сега одиме со нови сили, за нови и позначајни победи. Јас си ја спремив торбицата и одам на сонце, малку снег и мнооогу чист воздух Многу сакам вакви собири со драги личности од поширока фамилија, посебно ако се дојдени од странција... Покрај другото, може тие ќе платат хехе Туку... Петарди Зошто постојат? Кој ги измислил тие сељачки производи? Прво не знам зошто некој ги купува, а дефинитивно не знам колку тррба да се ретардиран за да ја пукаш петардата во рака фраер си? Не... Сељачиште големо си Во комшии има еден сељак со 8мо одд, што нема патарди туку бомби кога ќе ја фрли, цела куќа се тресе кај нас, а замисли тој дома има 3 месечно бебе Алооооо коњу? Ми иде да му излезам и во газ да му ги набутам петардите нека му расцвета тоа газиштето дебело Ајде убав ден, и убава и бериќетна година на сите!
Среќна нова година на сите Најпрво ви посакувам здравје, среќа, љубов, а останатото се ќе си дојде по ред. Уживајте во првиот ден од 2017, а и во сите наредни денови
Среќна Нова дечки! Ќе ви посакам многу здравје, многу љубов, многу насмевки и да бидете исполнети секој ден од 2017!
Ви посакувам пред се исполнета година, година во која ќе бидете водени само од убави чувства и мисли, година на успеси, среќа и љубов. Денес ја испишувате првата страница од новата книга, па направете ја да биде вредна за паметење Среќна Нова на сите
Среќна Нова година! Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, парички и секс. Годинава ќе ја помнам по убави работи, немаше лоши кои би останале врежани во сеќавање. Го запознав него, најдов малку подобро платена работа, па си приуштив неколку мали задоволства, на мајка ми и се исполни желбата за едно патување, сестра ми се вери и очекуваме принова. Задоволна сум, среќна сум иако ми фали уште едно малку за да бидам исполнета. За нареднава година посакувам пред се здравје за сите, да сме живи и здрави. Посакувам неколку патувања со Џејми, да ни се исполнат заедничките, но и индивидуалните соништа. Малата да биде невеста како од нејзините соништа, а бебуш да ни ги грее срцата. На мајка ми и посакав многу здравје, среќа и насмевки, затоа што сите почнаа конечно да забележуваат насмевка на нејзиното лице, па нека продолжи тоа. За секоја измината година велиме дека едвај чекаме да помине, а наредната да дојде. Годината сама по себе не носи убави или неубави мигови, едноставно животот поминува, понекогаш е добар, понекогаш суров, но ништо не може да не одмине, кога тогаш мора да се случи.
Среќна нова година ☺! Здравје пред се годинава, мене ми треба ептен многу, насмевки и радости на сите и молба до дедо мраз и господ од мене само да се врати старата јас позитивна и полна со енергија.
Умреф значи, морав да реплицирам ( да не речам цитирам ). На тема петардиве и газот, вчера еден дечко на другарка ми кажа дека не носел жижици, туку петарди, на што јас му реков дека ако пукне една, у гз ќе му ги ставам другите. Дечково се насмевна , мислеше чоекот се зезам. Само му упатив еден поглед, и му реков дека не се зезам, туку стварно. И така немаше петарди и оваа нова годинаааа...
Вчера си поминав убаво,иако веќе ја нема онаа еуфорија од порано за нова година,но сепак со одбрани луѓе и луѓе кој ви значат во животот неможе лошо да си помине човек. Во новата 2017 ке ви посакам,повеќе здравје,среќа,љубов,и успех во она што го работите и сакате. Чувајте се и ширете позитивна енергија,сакајте ги најблиските и својте родители,радувајте ги. Имајте убав ден
СРЕЌНА НОВА НА СИТЕ,ИМАЈТЕ ЗДРАВЈЕ ПРЕД СЕ,МИР,ЉУБОВ И ХАРМОНИЈА ВО ДОМОТ,ПАРИ И МНОГУ РАЗБИРАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ...
Ајде и јас да не останам покусо, среќна нека ни е на сите оваа 2017 И најмногу од се` ви посакувам здравје и љубов, зашто се` останато може да се купи !
Само јас знам колку се обидувам да останам прибрана и да не покажам колку ме погодува отсуството на татко ми овие денови. А ме погодува, многу. И само за момент, некаде помеѓу сите искрени и оние нашминкани насмевки, солзички ми заматуваат поглед борејќи се да не се стркалаат по лицево и ме издаваат... Вчера шетав во една од тврдините која ми е едно од поомилените места тука. Додека го проверував мобилниот, дм ме сликал. Ме донесе дома и се врати да земе нешто за ручек, па чекајќи ја храната што ја нарачал ги разгледувал сликите. Иде дома ми го дава мобилниот и ми вика има една многу чудна слика од тебе, погледни убаво. Што да видам.. јас, застаната како светец некој и слабото сонце ми исцртало ореол околу глава. Сликата напраи да се чувствувам многу непријатно. Мајка ми и свекрва ми мислат дека е нешто убаво... јас само сакам да ја заборавам. Ако не ви пишам некое време, да знаете дека нешто ми се случило... Го добив првиот подарок од свекрвица. Си се прерадував. Пола е нејзино дело, а баш тоа многу ми значи. Обична лимена кутија од парфем од дм, ја има исцртано и претворено во право уметничко дело. И домашни плетки. Шалче и капче и топлинки и знам колку се обидуваше да ми погоди вкус. Другата половина the body shop takes the credits. Многу талентирана женичка е. И црта ептен убаво. Ми вика дм да сум одела кај неа да ме учела да цртам, па ќе сме продавале онлајн. Јас на час по ликовно, дрва со линијар цртав и полусонце на десниот горен ќош од листот можда ми е најголемото ликовно остварување, тој очекува да уметник станам... Нека си мисли.
Наминав само да ви посакам на сите Среќна Нова година и се најубаво во неа.Сите желби кои ви останаа неисполнати да ги исполните, сите оние работи кои не сте имале храброст да ги направите , да соберите сила и да ги исполните, животот е прекраток за да се каеме за пропуштените шанси. Мене годинава ми почна ептен грдо, ако продолжи со исто темпо, пиши пропало.Прво во кафаната каде што бев на иста маса бившиот и оној што го сакам со поубавите половини. Ајде, не ме здоболе тоа толку колку што ме уби тоа што мачорчево ми замина од дома, цел ден го нема.Овие нека кршат глава, само тоа нека ми се врати оти се убив од плачење.Малечко е, 3 месеци има, ќе смрзне надвор без јадење, само.И на крај краева нека го вдомат некои, само да знам дека го нема некоја кола прегазено.Толку се приврзав за него, сега да беше до мене ќе ми спиеше во скут дури пишував на фемина, или ќе стоеше на биро и ќе пратеше во кој правец оди стрелката од маусот за да и се фрли, или ќе спиеше на печка и повремено ќе го ѕирнував и ќе му се смеев дури лежам оптегната на фотелја.Ќе го гњавев и скокоткав, и како награда ќе си добиев гребани искасани дланки, после тоа ќе следеше пеење од моите како не ме личи таква да шетам и да не го оставам да ме греби, јас ќе речев ако, не ми пречи си го сакам.Ми фали премногу, уште не можам да си повервувам.Нека се врати само живо и здраво, друго ништо не сакам. Се што сум сакала во животот или воопшто не доаѓа, или кога најмногу ќе се приврзам за него ме напушта..