Неκа оваа година биде најдобρата година за сите нас ви посаκувам на вас и вашите ближни здρавје.сρеќа,љубов,паρи, миρ,и сете желби да ви се исполнат во новата година. СΡЕЌНА НОВА 2017
Бравос бе @marama, само ти си ни посакала и секс (меѓу другото) у Новата година. На сите од форумов ви го посакувам истово, со инверзија на последните две желби од списоков. Среќна Нова!
Јас ви посакувам во новата година да бидете малку посебични, погласни во искажување на своите желби, поздрави, позаљубени и да не пукате петарди.
Оваа вечер ми е 100 пати подобра од минатата иако и таа ја поминав пред компјутер исто како и вечерва. Сакав да кажам дека како поминуваат годините Нова Година ми станува се пообичен ден... причината непозната.
Оваа година повторно ми се намали бројката на пораки, се намалија честитања, не добив подарок, повторно го чувствувам оној трепет на душа, исчезната е вистинската радост од срцето....ништо страшно, навикнав веќе на вакви пречекувања на Новата година...исти луѓе, иста трпеза, усилен напор да се направи позабавна атмосфера...безвезе. Не ми замерувајте што вака искрено од ова старечко срце излегува ова разочарување, воопшто од животот и промената на луѓето, но сакам да ви кажам дека тајната на опстанокот е во објективноста, во прифаќањето на некои работи каде што не можете да влијаете, не можете да ги промените...и кога сето ова нема да ви претставува мака, ете тогаш ќе ви биде среќна секоја година. Јас само ќе ви посакам сила и разум
@baba Rada Среќна и на тебе здравје пред се, некој чај за грло да ми препорачаш, ме "одра" грлото од сабајле.
Без разлика што правиш во животот треба да поседуваш цврст карактер,упорност и лојалност така ке бидеш успешна личност во секој сегмент во животот.
Бабе најголем подаρоκ е да си жива и здρава тоа деκа се намалил бρојот на честитκи неκа не те загρижува подобρо 10 честитκи од сρце одκолκу 100 лицемеρни атмосвеρата κај сите се губи со теκот на вρеме неκа не те загρижува тоа имај убава година со здρавје,сρеќа,паρи,и све што ќе посаκаш оваа година да ти се исполни и не не забоρавај еден живот живееме Сρеќна и беρиќетна 2017
Petardi? Zar ova ne vi e mal pokazatel sto moze da se sluci. http://www.telegraph.co.uk/news/201...ireworks-market-outside-mexico-city-injuring/
Еуфорија и убаво расположение не секогаш значи местоположба и одредена дестинација. Напротив каде се чуствуваме ние среќни и исполнети, каде да нам ни бие гласно и јако срцето а тоа може да биде и сосема обична соба и место. Она што значи се дарените емоции и љубовта, прегратката и насмевката .. се друго е мал милион аксесори врз нам за да биде подубаво или пак одредената навика низ времето. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА НА СИТЕ ви посакувам се што посакувате доколку истото го заслужувате, а најмногу здравје и човечност помеѓу луѓето. Еве ја Мојата глетка што беше најубава.. се надевам и вашата била одлична и еуфорична.
Кога ме напушти друштвото сите имаа друштво освен мене, кога ме напушти љубовта сите беа се заљубени околу тебе, кога немам пари сите имаат, кога се сите среќни јас сум тажен...И сето тоа ми се случува баш пред празниците, баш кога сите се среќни и се заедно секоја еб*на година.. Чувство кое ни на непријател не му посакувам да го искуси..
Немој да се секираш, тоа е многу честа појава при фотографирање кога се слика директен извор на светлина (како што било Сонцето во твојот случај). Не сум сигурен дали е поради дифракција на светлината или пак затоа што фокусот на апаратот бил наместен на тебе, па затоа светлината од позади така се направила.
Пρијателе битно е да си жив и здρав дρугаρи ќе најдеш (вистинсκи) исто и љубов а паρи ќе си спечалиш само тρоши ги со вистинсκи луѓе не со таκви лажни дρугаρи пρав дρугаρ и пρава љубов во оган се фρла за дρуг знам κаκо ти е сум имал таκво исκуство поздρав и не се сеκиρај
SDK deka nm ne gi sakam porakite za NG koi gi narekuvam "cirkularni pisma" a se od tipot: "koga zvezdata padna i koga nokjta se rodi..(pa teska poezija edno pola strana)..SNG vi posakuva...". Zosto da ne se bide originalen i svoj?!
Ако по утрото се познава денот, а по први јануар годината, тогаш, со оглед на денешниот инстаграм со руска и слатки, темите за диети ќе бидат доста активни годинава пак Ја дојадов мојата, ме чека чоколадото па креветот. Од утре, со нови сили, до нови диетални ветувања - од утре не јадам. Наздравје