Ако по денес годината се дефинира, ќе ми помине во секирање... Се надевам до вечер ќе се сменат на подобро работите. Планови...планови...планови.... Дај кажете како да го натерам дм да ги исчупи веѓите? Озбилно, ќе му се спојат уше малце, а мене тоа страшно ме нервира. Се засекирал ќе му растеле повеќе после тоа.. Пијам кафе и ги глеам јахтиве. Која смиреност и која убавина е тоа. Каде и да се завртиш - морска шир. Бесконечно тиркизно небо на земјава.. рај со отворени очи. После Сидари ја сакам Палеокастрица... да ви кажам само. Спојлер: Палеокастрица
Среќна Нова и од мене Ви посакувам на сите да сте здрави, живи, среќни, весели, повеќе позитивни помалку негативни А себеси си посакувам нов почеток, да не земам се при срце, да не сум волку осетлива, да не се оптеретувам со небитни работи, повеќе самодоверба
@Yowannty Хахах ме насмеа и јас го имав истиот " проблем" со веѓите до неодамна иии по долго убедување прифати ама под услов јас да сум му ги средела и од тогаш поголема мака си навлеков секоја недела со чупалица ми доаѓа, сам никако
Ако по денес се познава каква ќе ми биде годината блазе си ми! Шетање со дечињата, кафе, природа, долги муабетења со драги за срцево личности, шопинг со сестра, па ме пречека топло ручече дома
Шо сте го нападнале @ЕденЧлен бре луѓе? Зар само јас ја сфатив поентата на муабетот? За жал, изумреа времиењата на вистинските вредности, односно луѓето со чисто срце, вистинската,чиста љубов остана нешто, за што оние невини душички родени од погрешни причини, ќе учат на часовите по литература кога ќе го обработуваат Шекспир.
Морав да споделам една кратка и вистинска приказна за една девојка...Приказна, што главниот јунак лично ми ја раскажа... Некоја девојка била во турболентна врска со дечко насилник (2015 година). За среќа навреме се освестила, па за кратко време му раскинала. Веќе крајот на 2015 г. била слободна девојка. Не сакала да прославува Нова година, ама некако ја убедиле другарите и пошла онака без ќеиф. Во текот на ноќта се зближила со еден од другарите што и е цел живот пред нос. Ја освоил од прва...Сфатиле дека се заљубуваат еден во друг...Како што поминувале деновите, полека заборавила на бившиот идиот, а се повеќе се заљубувала во новиот. После неколку дена објавиле дека се во врска... После неколку месеци објавила дека е трудна... Пролетта била веридбата, а летото свадбата. Есента купиле стан, а зимата им се роди ќерка. 2017 г. ја дочекала со маж, бебе и нов стан Додека крајот на 2015 била во депресија и тажна...крајот на 2016 била на седмо небо. Зар е можно толкава промена да настапи во животот на еден човек, за само една година? Зар таа мислела кога била во депресии, дека следната година за дочекот на Нова година, ќе има сопруг и дете? Значи 2016 година нејзи и била WoW баш урнебесна...животот од корен и се променил... Верувајте и во невозможното... Нека оваа кратка и вистинска приказна, ви биде мотив и надеж дека утре е подобар ден... и верувајте дека чуда се случуваат и во ралноста, а не само во филмови
Некои луѓе завчера прославиле два пати нова година. Како? Полетале со авионот од Шангај во 2017 год. и слетале во Сан Франциско во 2016 год
Годинава изгледа ќе спијам многу ,ќе готвам ќе бидам невидена домаќинка но неспретна ,истурив кафе,и да се прошетам белки и вработам и тажна за трагедијата што ме сполета полани ,колку и да е лош човекот не заслужува таква болест и такво страдањеГосподи ти што не гледаш од небото,чувај не сите и не дозволувај веќе болка болести војни тага ,и за луѓето и за животните!
Ја завршувам годинава со небитни луѓе, пропаднати врски и други работи кои ми играаа важна улога во животот...Почнувам Нова Година, година која се надевам дека ќе ја исполнам со важни среќни моменти во мојот живот, и со луѓе кои ми значат многу повеќе отколку претходната година
Ако судиме според денов, цела година ке ми е со турбулентен пмс. А и со несвртување дома. Скопје чекај ме, утре доаѓам. Колку изедов срам ми е. Мајка ми онака срамежливо ми вика да не мешам толку со оглед на тоа што веќе месец дена сум на диета и ова е шок за организмот. Си дадов два три слободни денови да јадам што сакам и многу буквално го сфатив тоа. Ке уживам до вечер зошто од утре чао сокови, чао благо, тестенини не ми спомнувајте. Секој ден џогирање и орбитрек. Забава до бесвест.
Velat deka luge sto mrazat sneg mrazat i luge ....jas mrazam sneg ... coincidence i don't think so hahahhaha
За жал ваквите приказни се 1 во милион 99% од случаите ја немаат таа среќа Во секој случај, нека им е со среќа..
Дали се луѓево мамурни, ненаспани, депресивни, уморни од лудата новогодишна забава..или штооооо??? Каква никаква атмосфера има на форумов
Дека беше прекрасна, беше. И повеќе од тоа. Дека беше турбо, беше и те како. Големи промени. Дигнати котви и укотвувања, а душа нескротлива. Факт е дека многу работи ќе бидат исти. Секое мачкање очи за драстични промени се стаклени. Може само да се надеваме и трудиме за боље...тоа и ни останува. Едино гланц-ново нешто што од старт ме забоде в око беше мрежата на мобилните оператори на новогодишната ноќ. Браво. Додека можноста за комуникација ни се подобрува, некои контакти ни се разнишуваат, а други ни крадат насмевки. Некои насмевки се топли и чисти, некои се ради внимание кое не треба да ни прија... Календаров си врти листови, гајле си нема. Може да замолам да не брза? Периодов на неколку пати, повеќемина ми прокоментираа: ех да ти ги имам годините.. - НЕ! Све ќе дадам, душа ќе продадам, ама годините не ви ги давам. Среќна Нова! Со љубов, ваша М,
@JollyGirl може може При ставање на еден крај човек мора да биде радикален а при нов почеток рационален..... Првиот снег оваа година и првиот снег за мојата мала воопшто. Тоа беа радости. Ја натуткавме и наоблековме како мече. Ова оти со мајка ми ја шетавме, па нели, да не ни настине девојчето , и цупа цуп по ливадите кај мене зад куќа. Коњите на комшијата ни се и така атракација, па и денес беше фешта. Тие трчаат низ шталата, дете се стрчува накај нив, баба и трча по нејзе... а јас ко некоја успорена снимка едвај едвај се влечам и само викам од позадина . Козлињата и јарињата ги немаше денеска . Им студи надвор дали. Нив највеќе им се радува инаку. Има нешто смирувачко во пространите долини, во белите снежни покривки, во изолацијата која ја нуди природата...
Се враќаш накај дома во тивка зимска убава вечер осветлена од украсени тераси... и одеднаш те штрекнува звук ко во воена состојба Или пак дома си седиш релаксирано и од нечие уште бетер невоспитување истиов звук го слушаш од ходникот во зграда Петарди - единствено нешто што ми пречи во овој период околу празнициве... И јас се приклучувам кон апелите - исклучете ги од славењето на убавиве празници овие ризични и тотално бескорисни предмети, што не пружаат никакво задоволство и возбуда - туку само опасности и вадење од памет и на луѓето и на животинчињата околу вас!