"First success, then sleep" e моето мото годинава. Али можеше да се прекрши традицијата, па годинава да ја стартувам без херпес на уста. Клучен збор: можеше.
Толку многу труд се посветува да се биде различен, а зошто? Сериозно, ко некој што цел живот има потешкотии да си го најде местото во светот, не ми е јасна модата да се биде различен, дури и по цена на глупирање. Не може сите да бидеме интровертни, неразбрани и срамежливи, мора некој и да е од оние девојчињата што вриштат додека зборуваат и носат шљокици. И тоа е океј. Затоа што никој не е толку посебен ко што мисли. И тивки има еден куп, и девојчиња што читаат книги, и гејмерки и оние што идат по дискотеки. А може да е една личност што ги прави сите тие работи.
Најповеќе за животинчињата. Исто така и за растенијата, на пример цвеќенцево во саксија што ми е некако ми се натажува со пукањето петарди и се наверднува така како овенато па после празниците пак се крева. Ама си викам добро е од една страна пошо така наведни се исправи се си го зајакнува стеблото No pain no gain П.С. Комшииве имаат џукелчиња дома што лаат нон стоп. Ептен ми е интересно со петардиве кога лаат без потреба. Нека ги збудалат сопсвениците, така им треба. А па што да прават кученца, не знаат да разликуваат петарди и некој друг појак звук. Леле како ѓаволесто се смеам, не знам што ми е
Не сакам да пишувам вакви работи но морам да кажам какви сте бре вие луѓе што убивате невини души.Зошто бре зоштоооо.Ниедно парче на светот не е повеќе мирно.Кај да одиш може да си загинеш од чиста мира.За каде сме бре ееееејј.Секој ден само нови бројки на загинат невин народ.Какво племе сте бе ВИЕ ИСИС, од каде се насадивте .Незнам тоа е страшноооо.....
Сега кога ке видат дека си пишувала две мислења едно по друго, а си можела да редактираш - одма ке има
Си седиш мирно дома, надвор од кафич слушаш пуштена музика, одеднаш почнува да дрма прозорот, рипаш во паника мислејќи дека е земјотрес , а всушност само од гласната музика.... И ова не еднаш, неколку пати веќе ме вади од памет. Трауми имам уште од тогаш очигледно.
За добро утро, за малку поинаков почеток на новата работна година, и за да си кажете себе „ те сакам“ на еден поубав начин....
Јас не знам како живеат луѓе без никакви обврски во животот. Еве трет ден слободна и веќе почна склет да ме фаќа.
Од вчера почнаа контролорите на јсп да пишуваат новогодишни честитки,луѓето незнаат и не се упатени за новите електронските картички кој коштаат 150 денари 5 вожњи,и едвај чекаат контролорите да фатат некој за да го соголат,вчера во еден автобус на разлика од 10 станици влезе двапати контрола,а повеќето луѓе кој не се возат често во автобус,кога им кажа шоферот дека треба да платат 150 денари за картичка,се симнаа од автобус и продолжија за жал пешки на овој студ.
Јас го мислам, а он со девојка ми доаѓа на гости Мене драги мои луѓе да ви кажам, убаво ми е. Овој викенд наполнив батерии, поминав време со добро друштво, а временцето од прекрасно поубав збор да му најдам пак нема да го доловам. Се опуштив, мислам дека тоа е вистинскиот збор, се опуштив и уживав. Сега едвај чекам да ја видам мојата сродна душа, се мислев да и напишам едно доооолго писмо, но емоциите ќе и ги пренесам усно...и со цврста прегратка. Многу е важно да имате човек кој и покрај се ќе чекори покрај вас, понекогаш ќе ве влече под рака и секогаш ќе биде спремен да го прилагоди својот чекор на вашето темпо. Ама да знаете дека тоа мора да биде обострано, во спротивно ќе ви се лизне низ раце, затоа што љубовта мора да се надоградува, затоа што на љубовта мора постојано да се работи. И цвеќе да е, без грижа умира зарем не? И благодарам, затоа што и покрај се' секогаш прави да се чуствувам дека вредам. Те сакам Б. и ти благодарам за се'. Драги мои луѓе, посакувам да ги отворите срцата и да го отворите умот. Изградете пријателства со луѓе од различни националности, вера и раса, издигнете се над стравот од различното и омразата од непознатото. Сите сме најпрво луѓе, а потоа се останато. Јас почнав обратно. Добро утро, за мене работно денес Среќна нова 2017 година. Среќата не доаѓа сама, колку побрзо го сфатите тоа, толку побрзо ќе се направите себеси среќни. Ви праќам љубов
Меркам еден капут од Marks & Spencer откако сум тука. Изговор ми беа оние 100 еура што му ги тутнав на брат ми, да му се најдат во Италија за Нова Година, иначе ќе можев да си го купам. Вака брат ми, ми земал не еден, туку замислете дури 2 магнета за фрижидер Ма не ми е жал, знам дека нему му требаа парите повеќе од мене. Парадоксот во животов ми се состои во тоа што сметам дека не можам да си дозволам капут од 120 еура, ама затоа пак ќе дадам 200 за куп непотребни ситници, со таа разлика што не сум ги дала тие пари од еднашка. А секако сум ги дала.. и во краток период. И сум можела да го купам капутот или што и да е што тогаш баш сум го сакала...ама.... Нејсе, сдк толку ми се свиѓа капутчето и толку е "јас", што ноќеска дури сонував дека сум го украла. И така малку сега ми е срам од сонот. А веќе ги потрошив парите, па сега дефинитивно не можам да си го дозволам со последните што ги чувам за пат дома. Многу брзо ми поминаа овие 2 недели. Како и секогаш кога сме заедно. Во четврток си идам дома и повторно одбројување денови до следното видување. Уште од сега ми недостасува. Аххх..
Ќе направам грешка и со денови не сум мирна. Што совест ќе имаа оние што секојдневно се однесуваат лошо и гајле си немаат...
koga sum nastinata mrazam. a novata god ja vidov so krenat pritisok i ne mozev da disam. hepi faking new year! ako taka mi e ovaa god, poarno da ja prespijam. nekogas mozam da prekutam nekogas mislam deka ke umram od nervoza. kako stanav vakva ne znam? koga?
Прв работен ден годинава. Работата си ја сакам, работната атмосфера не. Добив понуда за во странство, повторно. Првиот пат се размислував и имав многу дилеми, како ке се снајдам, како ке останам таму сама и колку ке ми фалат моите. Сега по втор пат воопшто не се мислам, сакам да одам, само не знам како да го соопштам тоа, ни дома а ни овде на работа. Секогаш ми било непријатно кога треба да оставам работа и најтешкото да се збогувам со луѓе. Овој пат ме чека прекуокеанска земја, стравот и возбудата се поголеми од предходно. Не знам што ке биде, само знам дека одамна се залагав за ова и го посакував и сега сум на чекор кон остварување а сепак нешто како да ме мачи. Само се надевам дека ништо нема да ме предомисли овие месеци пред тргнување. Го знаете она чувство помешано со страв, еуфорија, адреналин, и милион мисли во секунда? Е така некако ми е мене, ме заболе желудник од возбуда зашто на нервна база ми е он ниту јадев од изутрина, ниту нешто ми се прави. Само ми се мечтае, и тоа за нешто веќе остварливо.
Пред да им се насмеете на луѓе што веруваат во Дедо Мраз сететесе дека има луѓе што веруваат дека запад се бори за мир, слобода и човечки права..
Бевме во студена просторија...ама баш многу студена...внатре без најдебела јакна, шал и капа нема шанси да седиш. Така седевме додека се затопли местото. Сите се тресат, камен ладно, -50 степени буквално да ти замрзне мозокот и крвта, и само ја гледам една мајка како го вади шалот од врат и со истиот ја покрива ќерката. Го прибра девојчето поблиску до неа, главата и ја стави кај неа на рамо, а со шалот и ја покри цела глава и скоро цел грб. Ете си реков што ти значи МАЈКА. Не и е битно дали таа ќе настине, дали и студи, дали и замрзнала крвта, туку битно и е на детето да му е топло и да е удобно наместено И одеднаш ми се врати филмот дека и јас кога бев помала, истото мајка ми го правеше за мене (и сега прави, ама барем сега сум свесна и ја карам за да не се жртвува толку). Патувавме еднаш со воз, внатре немаше греење, камен ладно. Седиме така, јас мала се тресам, сите се тресат и одеднаш таа ја соблече јакната и на мене ја стави...ме покри со неа... И викав да ја земе ама таа е поголем инат од мене, ми викаше дека и било топло пошто си носела и друга блуза под неа Не знам дали некое дете може некогаш да им се оддолжи на своите родители за се што направиле за него/неа. Како родител што има сила да помести и планини за своето дете, мислам ниеден херој од приказните тоа не може да го направи.