Појдов друго да пишувам, ама еве... Човечката психа ме фасцинира, ме интересира кој како функционира, на што реагира највеќе, зошто се однесува ко што се однесува. Ко некој што треба првин да биде учител за животот, па потоа предавач, сакам 200% да вложам во децата. Да научам кое, какво е, па да им помогнам да се пронајдат себе. Се надевам. Премногу професори ја носат таа титула незаслужено. Гнили, подли луѓе што комплексите ги истресуваат на учениците, посебно послабите или помирните. Бев од помирните кога ме фати анксиозноста, добро знам. Кога одев на пракса, мерак ми беше една професорка што видов со сите да е еднаква, една. Другово „исполитизирано“, преку ѕидови се приметува кои им се омилени, а на кои ни името не го знаат. Еднаш седнав до едно мирно Ромче, кутрото се стресе книга кога му отворив. Тој пред него почна да ми се смее (типичен bully - мрсничко, добро облечено, кутивче и ранец со тракатаници), а госпожата ме гледа у стил што се мисли оваа, Мајка Тереза ли. Премолчив, ајде, тој 10 годишно дете е, ама затоа во репортот убаво си го искажав мислењето, менторката ми беше презадоволна, а госпожата лута, сум ѝ го чепнала угледот, од каде ми била таа компетентност да ја осудувам така од толку малку. Мразам јас Мајки Терези што глумат занес-потрес за глупости, ама кога се работи за угнетено дете, не ме чепкајте. Не се свесни овие господа колкава е улогата на учителот во развојот на детето. Може да го вивне во облаци или уништи. Што прочитав во колумна пред некој ден, не памтам од кој беше, но беше убаво пишал како сега родителите го оставаат воспитанието на професорите, а професорите со прст не мрдаат подалеку од материјалот. И генерациите оглупавувале. Епа... од кого да учат? Кој да ги упати? Да им поттикне интерес, да ги насочи да откријаат што ги интересира, м? И ми пречи. Ми пречи што нема никакви квалификации, тестови и проби, туку секаков морон може да се нарече едукатор. Подеднакво бескорисни се и овие мирниве, да не речам мутави, што не знаат една сложена реченица да состават, да воведат мир во клас, а не глас да кренат или да прозборат нешто надвор од планскиот час. Ах, леле!
Kolku i da gi izbegnuvas negativnite luge sekogas ke najdat nacin da ti se piknat vo zivotot i da ti go unistat denot
Одам преска до билетарата кај мене во населба, таму гледам 7-8 души насобрано. На дел не им беше јасно уште што се случува со новиве измени во ЈСП, нити пак можеа да си завршат работа со надополнување на картичките, уште помалце асално да се информираат. Доаѓам јас на ред, прашувам дали ми важи средношколската картичка за распуст, или треба да ја надополнувам, или пак да купам онаква од 150 денари за 5 возења. Одговорот што го добив - Не знам, ќе си прашате таму на железничка Добро ајде, отидов до железничка. Таму па 50 луѓе насобрано, тој од внатре упорно нешто вика сега смена е, и не пушта никого. Луѓево го прашуваат што, како, тој ништо. И ај сеа чекај да се информираш. Луѓево не можат една карта да купат. Да треба автобус да фатат, пола саат порано нека се појават на станица. А ако не си од Скопје, си дошол и немаш Скопска. а мораш да фатиш автобус, снаоѓај се како знаеш Сега на контролориве машала ќе им се погоди кога да влегуваат, да проверуваат. Ако не си земал карта, обезбеди си 150 денари да купиш во автобус ако не грешам. Или подобро такси фати си, побрзо ќе стигнеш а и поефтино, ако не користиш често автобус. Хаос се направи со ова.
Mi vikas navistina sum bila angel I gjavol vo edno , neli ti rekov cuvaj go I slusaj go angelot, ti ne. Vidi go gjavolot vo mene Sega, ne da molis sto sakas pravi ne ti vredi !!! So kofa um da se stavase Arno kje bese.
Утрешниот ден е многу поважен од денешниов. Доаѓа на полноќ многу чист....... Совршен е кога пристигнува и се сместува во нашите срца. Се надева, дека сме научиле нешто повеќе, од вчерашниот ден !
А тоа што само овој месец картите ќе се 150 за 5 возења, а од нареден истата цена за 2 возења? Па кај ќе се снајде некој што дошол од зорт во главниот град да заврши одредена работа? Прво оние билетари ги има тука-и-таму, кај ќе ги бараш, побрзо ќе стигнеш пешки. Второ, зошто некој да дава толку пари за 2 - 3 возења? Ужас.
Ме нервираат момците кои им пишуваат на рандом девојки во инбокс барајќи им телефонски број. Дами, ако се сложувате со мене, во ЛП пратете ми бројче така што ќе можеме да разговараме за ова прашање подетално
-20 степени од четврток и за виќендов ќе било Па ќе се измрзнеме тек тогаш Временце опрај се молимте што побрзо, више не те можам. Ах летенце мое најубаво златно, со душа те чекам да дојдеш
Вее снег, си лежиш на топло, мачето си игра со лампиони, јадеш салата и гледаш туторијали за шминка. И сфаќаш дека не ти треба ништо повеќе, нека остане вака како што е. Зимска идила.
Само и единствено мајка ми ме научи дека годините не се мерило за нашата среќа и насмевка на лицето меѓудругото кога се радуваме на секоја коцка од нашата руска салата, на китењето на елката, на различните лампиони лски и сијалички, на дедо мраз и снешко, на снегот, на музиката, на кифличките и на тортите и на секоја креативност кога станува збор за празник. Многупати ќе и речев.. Де де, што толку замарање, де де не си мало дете, не сме мали деца.. безброј пати и го имам изговорено. А таа само ќе ми речеше дека радоста е токму во малите нешта за нејзе и дека годините не и се важни кога станува збор за среќата во малите нешта а посебно празниците. И велев за кого? За што? А таа велеше лично и персонално за мене и за нас, за наша традиција и атмосфера. За наш продонес за убава мисла и чиста совест. И ден денес кити и се смее, прави и игра меѓудругото, се радува како мало дете на секој празник и делник и со мерак без мака секоја традиција ја прави онака како што научила и знае.
Некогаш се мислам на кој маж од мојот живот да му ја препишам особината која што ја имам, гневот што го чувствувам, комплексот што го лечам, копнежот кој го кријам, албумот кој го слушам или филмот кој го гледам веќе по три пати. Во ретките моменти знам дека сум јас, а не некој маж затоа што сум го идеализирала. Секогаш потребата за креативно созревање и конечна експлозија ќе ми биде поврзана со тој во кој скришум гледам или го посакувам. Како ме дефинираат тие, тотално не е фер.
СДК дека веќе ми е здосадено од тоа да ми пишуваат и да трчаат по мене момци кои се веќе зафатени Добро бе што ви е луѓе? Ако имаш девојка, тоа треба да ти значи нешто и не можеш да се однесуваш исто како што си се однесувал кога не си бил во врска. Ценете ги оние што ги имате покрај себе додека ги имате, зашто после плачете зошто сте ги изгубиле. Секоја девојка може да ве толерира до одредена граница, но кога веќе нешто е премногу па и глупава да е ќе ве откачи. Момци навистина размислете дали вреди да си расипувате врска за моментална привлечност што ја чувствувате кон некоја девојка. За да спиете мирно потребно е да имате чиста совест, воедно тоа беше и една од причините поради која мојот бивши беше вечно ненаспан.
Кога и да избегам подалеку од сивилово што ме опкружува, секогаш кога се враќам ме убива меланхолија. Длаби и длаби низ кожурецов... Поготово кога одам на планина. Душата ми се ситни на илјадници парчиња; ја сејам попат, надевајќи се дека наскоро ќе ги видам кокичињата што ќе изникнат. Дотогаш, ќе ги залевам со тешки солзи.
Deka e winter break i temperaturive ke bidat apla minusni ke se otepam od gledanje serii veke pocnav so maratonite