Некој погоре имаше пишано дека му доаѓало сам лајк да си стави, епа и мене ми доаѓа да си манам сама еден лајк и плус некогаш кога ми е досадно, барам мои постови во СДК и си се смејам сама од себе Се сеќавам на тие смешни моменти што сум ги пишала и УРЛАМ низ дома Заклучок: Пишувајте си овде смешни ситуации и после ќе се се смеете сами...
За Новата Година не добив јас прва ниедна порака/повик за честитање, јас на сите им честитав во првите 15 минути и воопшто не се чувствувам лошо заради тоа.. Баш ми е мило што другите знаат дека сум се сетила на нив, сум ги помислила, од најблиски до не толку блиски другарки, и што е најважно - искрени ми беа честитките. Немаше некоја еуфорија околу оваа Нова Година, како и неколку години наназад, најверојатно зошто веќе пораснавме или? Но, не, не е само до мене и моите блиски, забележувам дека празничната еуфорија не е толку голема ни на телевизиите, немаше ни толку понуди за прослави оваа година, што знам.. Ми текнува пред едно 4 години два месеца унапред кога се договаравме со другарки за НГ, па правење чет-групи на фејсбук, расправање за место и друштво, кој што ќе носи. Леле, ми се чини ко којзнае кога да беше. Знам дека опнав штикла 10ка или 12ка, а не ни можев да стојам на нив, а денес не ни носам штикли, сукња, кошуЉа, тогашната Блу не може да се спореди со оваа денес, and amen to that! Друга работа, не разбирам зошто 14-15 годишни деца/тинејџери, во виртуелниот и реалниот свет, се заморуваат со теми за кои искрено не треба да се заморуваат на тие години, а и да сакаат не можат во целост да ги разберат, едноставно резервирани се за повозрасни. Се контраат и се расправаат со постари, се обидуваат да докажат некоја поента колку и таа да не е точна, пример од областа на политика, религија, љубов, ватевр... Најлошо ми е што се прават паметни и мудруваат, а едноставно не се достојни за тоа. Не сум јас многу постара од нив, ама кога ќе се вратам неколку години наназад, за такви теми кога не знам нешто ќе си се повлечам на страна, ќе дадам скромно мислење за нешто што навистина го знам, едноставно сум се "замарала" со детски работи, овој ме погледнал, ја него сум го погледнала, ми пишал па скокање и урлање тука од радост и така.. Не сакам да кажам нешто лошо, туку само сакам да знаат дека во тие години треба најмногу да уживаат и да не си ја преоптоваруваат главата со непотребни ситници, зошто ќе им дојде времето и за тоа, а тогаш се што ќе сакаат е да се вратат назад во времето. И сфаќам дека претрагично сфаќаат некои банални работи, си мислат дека сите ги напуштиле, и дека првата девојка што им била на 15 години е единствената љубов за нив, дека нема да раскинат, а нели сепак ќе раскинат... но, се тоа се случува и треба да се случува. Преку тие ситуации човек се очеличува, се учи, се подготвува за светот на возрасните, но во никој случај не треба да се сфати како крај на светот, ќе има уште мноогу такви љубови и пријателства, на се има крај. П.С Јас дека трета смена на форумот, па сега ќе ви мудрувам.
Животот е калдрма. Ако имав три животи,во еден сигурно ќе бев писател.Со перо ќе везев соништа,некогаш на хоризонтот те замислувам а толку невремиња дочекав. Ќе ти раскажев за утрата и ноќите.Ќе ти ја соголев душата,на црнила никогаш да не помислиш.Ќе ти пеев тивко,некоја одамна испеана песна,ќе ти читав некоја одамна напишана книга. Ќе ти кажев како го бркав времето,како на ноќта и ја ветив душата само да можам да пишувам.Ако имав три животи. И молчи и велам,оти со шепот раскажувам,а во далечината ја гледам надвиснала над градот,улиците и се дом.
Ако, нека снежи. Нека покрие сè што е црно и гнило. Нека ги покрие сите стапки во погрешна насока, сите фрлени автобуски карти, сите згмечени ружи, сите врисоци заробени во лисјата, кога никој не слушаше, освен тие. Нека ги покрие сите отисоци на погрешни места, во погрешно време, од погрешни луѓе. Ако, нека снежи. Барем за кратко, нека сè биде бело.
Она кога ќе си го заборавиш pass-от на се можно па мора нов профил да правиш.... Бај д веј Среќна нова, се најубаво и не само во 2017 туку цел живот среќа да ве следи Уште тука не честитав.. знам дека е 4ти ама западнав во зимски сон од нг па наваму. Ете тоа сакав да ви кажам во 3 ипол .. аа и сите што се будни да ги поздравам со песнава
А вам драги човечиња каде ќе ви оди душата со овие покачувања на цени за празници? Зарем не помислувате, оние богатите и така секако ќе имаат полна трпеза, ама зарем не помислувате на оние кои едвај ќе издвојат за да го означат барем денот? Бизниси на туѓи маки. И сме имале и сме немале, ќе го стискаш паричето во џебот од тезга на тезга да најдеш нешто поефтино, зашто сакаш и твоето семејство барем еден ден да се почувствува празнично. За другите денови.. барем нема да си гледаме едни на други на трпезите. Од секој денар плус во џебот, да не се наситите. А јас таква будалетинка, жал ми е за сите. Сите за лебот, ама ако немаш душа да се сетиш дека на некој лебот му го земаш, не заслужуваш сочувство. Овие добри вили, ги гледам собираат помош, поминуваат луѓе оставаат пари, храна, пакетчиња. Се е во ред, ама да не ги затворавте очите додека пред вас некое детенце со железни парички во рачето се мисли низ продавницата што да земе. Очи впиваат, очи сакаат, а една пара, ама вие ќе си бидете добри вили нели? Брат ми си оди за кратко, се чувствувам како да беа два дена. Потоа заедно со оваа најавена поларна зима изгледа се враќа сивилото. Нека е ладно. Во залетот заборавив да одморам, викендов ме чека филмски маратон.
Добро бе како не им е срам на нашиве продавачи на пазарите,а дојде Божиќ одма цените ги дигаат до плафон,па послем ке се сакаме како народ меѓу себе?никогаш нема да се сакаме како народ се додека,еден на друг си копаме гроб.
Κога вρедноста на луѓето κе ја сватиме и ќе почнеме да го саκаме и цениме туѓиот човечκи живот κасно κе биде,јас ρазбиρам деκа на сите ни се потρебни пρоκлети паρи но на неκој му се потρебни од повеκе за да κупи леб и да пρинесе нешто на маса посебно за пρазници било хρистијансκи или муслимансκи сигуρно тие пазаρџии нема да се збогатат со ρоκнати цени до плафон поготово κаκо што κажа за пρазниците
Сакам да кажам дека се чувствувам како идниот! Зошто? Затоа што цела ноќ кризирам за благо мислејќи дека немам И сега здогледав на маса гризната бајадера Ми се врати срцето на место
Знаев дека нешто се случило кога мајка ми ја нема да ми се јави цели 2 дена.. а и вртев и на неа и на брат ми.. двајцата ми одбегнуваа повици. Кога знаеш дека нешто се дешава, а јас далеку од дома.. а никој нејќе да ти каже.. неизвесност убива во тие моменти. И мислат дека така е подобро, а не е! Не сакам кога од почеток на година се дешаваат лоши работи, ама како велат постарите, нека минува само и лошото по тоа нека оди... Да не се повторат болнички ноќи никогаш повеќе.. на никого! ********************** Конечно преврна, па сонцето почна срамежливо да ѕирка низ завеси. Му го светнав станов посабајлечки, додека он е на работа, па раат да биде бар наредната недела дена, откако јас утре си заминувам. И сакам снег да ме пречека дома. Сакам чистина во душава и пред очиве. И понекогаш се чувствувам како да можам се да направам. И тоа ми е убаво провејување на психа, зошто јас и можам се да направам ако сакам. Сите ние можеме. Ако не си помогнеме самите ние на себе си... кој ли ќе ни помогне? Ок. Дајте ми само капки за нос и ќе го освојам светот! Добро.. откако прво ќе го допијам кафево.
^ Леле, скријте ја сликава дури не сум почнала да плачам. Озбилно ќе плачам. --- Страшно е кога ќе помислам дека постоиме една мала, незначајна фрaкција од времето. Дури и да го надминеме просекот на живеење од 70 години, тој период е пак толку безначаен. Уште пострашно е како си ставаме стравови кои не ни дозволуваат да го искористиме тоа време дури сме тука или го користиме на грди работи. Побогу, две-три генерации по нашата смрт дали ќе не памтат најблиските, а не други, ама неее, ние сега сме се уплашиле да не паднеме обидувајќи се, па да не се смее светот. Го боли светот за нас, и онака сите сеир фаќаме на сешто, и не дека ни е толку битно кој е и што направил, туку оти сме говеда и колку да се дешава нешто оти кај нас е досадно. Да си ги бркавме сите соништата ко што бркаме трач за туѓите, досега ќе бевме многу понапредни и посреќни. Али животишЧе...
Сакам да кажам....камо да можев да кажам, ама не е ова за кажвање......катастрофа. Не си ти човек бе, ја стварно не знам шо си. нечистивио не можи да ти се фати на малио прст бе! а онде верен христијан глумиш....Пу бе!!! Јзк да ти е!!! Како не ти е срам гнасо една, копиљак бе!!! Не распадна дома сите, е*ате!!! Остај ме мене ај, ама зарем не ти е жал за најдобрата, највредната и најневината жена??!!! Не си вреден ни за секунда од нејзиното внимание!!!! Јас поќе не ти зборам, одамна. Да можам би ти сторила неш најлошо за се досега шо ти имаш сторено, ама не си вреден за толку. Всушност, ич не вредиш. Така и ти мене вчера ме третираше, а и за мн друго наназад. Не разбирам како некои сеуште зборат со тебе како ниш да не е. Добро, некои од нив не ти го знат вистинското лице. Не ми се верува дека сме поврзани на тој начин на кој сме. Ама знај, за мене поќе не постоиш. Еднаш и засекогаш те отпишав од мојот живот!!! И знај дека постои карма, која вели дека се шо си сторил ќе ти се врати еден ден! Те мразам копиљак еден...
Оваа 2017 уште на почеток се покажа дека ќе биде доста поинаква од претходната година. Океј. Спремна за нови предизвици. Се чувствувам дека ништо не може да ми го расипе расположението. Дури се осеќам добро и после она "да останеме другари" од негова страна. Така сакаш, така нека биде. I'm fine buddy Се фокусирам потполно на моите цели и не запаѓам во не знам, некои си депресии Животот продолжува, а нешто подобро знам доаѓа и едвај чекам да видам што се ми носи годинава Се додека среќата не ја наоѓаме во малите нешта, само залудно го трошиме времето кукајќи и жалејќи се. На пример јас сум благодарна и среќна што имам фамилија, топол дом, неколку блиски пријатели и тоа што сум здрава. Уф, па ова се многу причини за среќа Останете ми во прекрасно расположение
Абе мажи, џабе ја носите капата ако ушите не ги покривате. Стварно не разбирам, толкава капа... некој инстинкт одвнатре ме тера да застанам и да ви ја наместам. Чувајте здравје. И малку потсетувате на она џуџето од Снежана
Нека си пукнат од мака кога немаат друга попаметна работа, такви се луѓето за жал кога си под нив ти се ситат на неуспехот, а кога си над нив љубоморат и гледаат како да наштетат на секој начин, ама само со гордо исправена глава терај си пред таквите и сврти се и посакај им во новата година се што досега они на тебе ти посакувале дупло да им се врати, нека се подзамислат малку,отвори им уште некој јадови
Мерки препорачани од град Скопје во врска со загаденоста на воздухот: Не проветрувајте често низ дома, не излегувајте без потреба и користете јавен превоз?!?!?! Дали се уште се лажеме дека загаденоста е од автомобилите?