Сдк си го вратив профилов и шо да видам... си ги читам старите мислења и се смеам самата на себе....неее не е можно тоа да сум го пишувала јас неее Ве молам старите мислења запоставете ги, од сега натаму ке пишувам разумно
Помина и попладневната прошетка по ливадите и сега сите во кревет. Некој да дремне а некој душа да збере. Денес ги фативме и козлињата и овците Спојлер: Меееее Радости. Така е кога добри другарчиња долго време не се виделе па имаат многу да си кажат . Моево козле бозле испушташе некои недефинирани звуци, тие уште погласни, а јас снимам . Денес со апаратот во рака ми помина денот. Џабе професионален апарат кога го немам талентот за сликање , па чкрапав чкрапав да ја сликнам малата околу елката...ама некако резултатот не беше најнај. На крајот највеќе им се радував на сликите од телефонот, со кој се чуствував далеку поудобно при ракување, а и оние каде што е во движење и се смее, макар и нејасни или малку заматени. Едвај 2-3 испаднаа на нивоУ. Дома да ја сликам ми има некако повеќе топлина и подобро ми ја доловува целата атмосфера иако квалитетот на истите а и позадината не е како кај професионалните студија. Работава ем не ме бива ем фурам направи сам стил .
Добредојде вразумена Да не спомнеше, можеби никој немаше да ти ги гледа старите мислења. Ама вака сега сите ќе ги копка чекај што толку смешни и „неразумни“ мислења пишувала девојкава
Моментот кога ќе ти текне дека децата родени во 2002 веќе имаат 15 години и пишуваат во темата Дали сум бремена, а бебињата родени во 2007 веќе имаат 10 години... Секој буквално СЕКОЈ (дури и Груевски и Заев) може да одвои 5 секунди за да се јави или да ти пише (како си или што правиш) само ако сака...ама ако неќе...пушти го...не вреди да вложуваш труд во тоа другарство/врска. Ако простиш некому, сам се лечиш. Ако го пушти нештото да си оди, созреваш.
Додека девојките во фамилија бркаа дечковци, јас читав во библиотека. Додека тие одеа на шопинг, мене ме очекуваа утакмици кои требаше да ги одиграм. Додека тие одеа по забави, јас одев на работа. Кој проживеал повеќе?
Denov mi bese lazy i mrtov se dodeka ne dojde mackata da se gali od mene i se dodeka drugarka ne mi dade kompliment ja izvadi malce narcizoidnosta od mene
Тие го проживеале тоа што го сакале, ти си го проживела тоа што си го сакала. Зошто се потребни споредби и како точно да измериме кој проживеал повеќе?
Да во право си ама нели така сакале или ни ги ''поставуваат'' работите. Дури и фејсбукот малтене е да се покаже кој колку "проживеал" - не си се чекирал и шернал исто ко да не си бил и не си напраил исто ко да немаш живот значи кутриот ти во очите "нивни" си непроживеан.
Ке ти се случи сцена ко од шпанска серија, со се паѓање, со се собирање документи од под а ти баш тогаш МањО ке изгледаш ко цунами да те ифрлило. Еден ден ненашминкана ке отидеш и со соберена коса во репче, ке сретнеш нова симпатија, и старите воедно, и бившиот, и нивните сегашни девојки, и слаткиот музичар од седми спрат. Е живот тоа ти е. Утре кога ке се скоцкам ке ги видам само пензионериве од зграда.
Постојано слушам муабети од рандом луѓе на пример: Немој да купуваш микробранова, штетно е тоа, зрачи Леле читав тоа мобилните колку биле штетни, зрачеле многу, било штетно знаеш А да ги прашаш какво е тоа "зрачење", е тогаш не знаат, ама битно слушнале, прочитале негде. Ај вака некој низ муабет да ти рече и не е до толку. Ама некој што благи везе нема јавно да промовира нешто и 80% народ да му верува веќе стварно Она на пример што беше PXD биопирамидата, потоа јонизатори на воздух... Абе сфаќам да не си едуциран доволно од некоја област, ама толку па да си лековерен и да убедуваш некого со сила нешто што ни сам не знаеш што е, не разбирам. Други пак упорно ти тврдат, не јади ова - предизвикува рак, не прави она - предизвикува нешто трето...Трети - оние што живеат според фактот дека сè што ќе скинат од земја е биологија и е здраво, а сè останато е хемија и треба да се избегнува. Да беше сè така како што се зборува - па немаше да нè има до сега. Истите тие веруваат во некакви си чуда и во јавност кажуваат за некои алтернативни методи на лекување што треба да си глупав за да поверуваш дека делуваат. Некогаш не ми се верува какви луѓе постојат А за воздухов загаден во меѓувреме нешто да направевте? Спојлер: Fun fact Бананите зрачат. Спојлер Ама сериозно
Цела дискусија произлегла овде од еден пост, а прашањето ми беше реторички поставено. А за тоа дека сум правела тоа што сакам, па не во целост.
Толку најави за сибирски температури, невремиња, врнежи...и пак, ударна вест на дневник, ко и секоја година на првите неколку сантими снег, ќе биде - не изненади снегот!! Сериозно!? Во јануар??
Секојдневно треба да учиме лекции од луѓето кои се во нашето опкружување. Ако се добри, внимателни и љубезни личности треба да учиме од нив, да ги присвоиме тие нивни карактеристики во себе. Ако се злобни себични, лоши треба да научиме какви НЕ ТРЕБА да бидеме, како пријатели, другари, партнери, соседи , колеги итн. И покрај злобните намери, лоши зборови, случки и безброј разочарувања се уверив во тоа дека добро и искрено срце заедно со љубезноста кон другите отвара железни врати. Новиот шеф за ова кратко време константно се труди да ме напумпа со морал, како што билдер се пумпа со стероиди и тоа го прави за мое добро.Морам да научам да разграничам кога да бидам фина, до каде се границите и прагот на толеранција и најбитно кога и во која доза да бидам дрска и безобразна нормално се во име на успехот и парите. Оддеднаш се некои чудни фаци ме аднуваат на фб и ја фино лепо како добар ученик на лекциите од шефот ги прифаќам и во нив гледам потенцијални златни странки, договори, парички ама они мислат дека сум ги прифатила дека се убави па ми се допаѓаат.Недоразбирање левел 100. Оваа година после толку ропаци од додворувачи, после тројца кретени од бивши критериумите за дечко ми се високи до врв на Ајфелова кула и со право. Знам што сакам и што заслужувам и воопшто не ми е во план да се задоволам со трошка љубов и пропалици! Сакам убав, згоден паметен и успешен маж до себе! И таков ќе имам.