Ако си цртате јапонски веѓи или си ставате свилени трепки, бирајте кај кого ги правите! Ипак цел живот си ги носите. И ставете си ја бојата приближна до вашата. Иначе не дека не ви се сиви веѓите со ваши кафеави влакна.. Башка ако ве прашаат кажете си, не се вадете на глупите фори дека ви се цртани со моливче или имате вештачки трепки. Мислам не сме глупи, има разлика.
Остава некој тинејџер слика на фб. Коментари: Татко му: Најубав си јунаку Детето: Фала тато Чичко му: Лепотан на чичо Детето: Фала чичо Мајка му: Најубав на мама Дедето: Фала мамо Мајка му (пак) : Ништо мамино тоа е реалноста. Реалноста е дека сме ПРЕГЛУП народ, драга мајко што оставаш глупи коментари! Блазеси им на паметот!
Како можеше баш денеска да се разболам, баш кога огинче се пали, што баксуз ќе бев не ми се верува Морам да оздравам што побрзо, за да искочам
Скопје е бело прекрасна е оваа зимска идила,нека си врне цел ден снег.Да се израдуваат дечињата што никогаш не осетиле и виделе снег,дури и јас сум заборавил како е да вее снег
Шефе спиеш? Ако шефе, поспиј си, што убаво време за спиење, па кога ќе станеш напиј си се чајче, кафенце, супа...полека де, голем е денот. Уствари не е, ама што е важно ако ти лежи на душичката денес да си поспиеш. А најблиску живееш. Ако де, еве мене ми лежи сега да си пуштам една песна, па да си завртам едно орце овде од мерак, додека ти спиеш. И на фемина да си пишам И ја би да си спијам дома на снегов, ама кој како си ја наредил Еј снег луѓе. Многу снег. Да почекаше до викендов барем. Ќе си играм со моја мецана, ќе се валкаме и бркаме и правиме снешковци што она ќе ги јаде. Моја мецана наполни 10години да ја служи здравје уште многу Два дена во Скопје и пак кашлица. Скопје, зошто бе златен вака? Знаеш колку те сакав пред години? Сега си како пренашминкана девојка. Вештачка. Ги барам твоите убавини во сеќавањата, ама во маглава ни еден со друг не можеме да се видиме. И јас пак ќе те сакам, ама не со иста јачина. Сега сме како во една драматична љубовна врска која всушност ми штети на мене. Би ти напишала уште болки, ама кафето ќе ми се олади Во кафево имам многу балончиња, нели очи што сакаат да ме видат
Вее снег, спремајте се за поларни студови... јас и екипата сме спремни. Нова година, па снег, па Божиќ, па пак снег, па 14-февруари Св.Валентин и Св. Трифун, па пролет, па 1-ви мај, па лето и летни одмори, па есен, па зима и оп 2018 тропа на вратата. Па-па-па супер план за 2017. Спојлер Let's fucking do it! ✓
Утрово ме пречека кафенце и тост, но тоа не е се. Се симна и да ми ја исчисти колата од снегот за да влезам на топло.
Комшијава прв тука иначе се вика Наполеон и од македонски знае да каже само "добра вечер" па така секое утро додека тој пие чај на тераса, а јас излегувам да тресам чаршафи, се поздравуваме со добра вечер. Денес сабајлечки кога ме виде со куферите повторно се испоздравивме со добра вечер. Обожавам такви луѓе без никакви предрасуди. Ми испрати чај за дома. Душа човек е..а ниту име ми знае. Заминав. Со полно срце и уште пополни куфери. Си дојдов со еден, се враќам назад со два. Јас и евритинг ис посибл. Некогаш мислам дека не го заслужувам и дека покрај се што правам е многу помалку од она што тој го вложува во нас. Но го љубам силно со секоја срцева издишка одделно, чисто, искрено и детски себично. Колку сите длабочини и сите височини на светов. Сакам само да е среќен и јас да го правам среќен. Да не му недостасува ништо. Се истоварив од траект. 2 саати во еден правец. Како работат преку море и патуваат по 4 саати со траект дневно..како не им иде да скокнат еве не знам. Мене гзов печурки ми фати од толку седење. Вечер пред полноќ сум дома. Се читаме од Македонија Имајте убав ден!
После целовечерно размислување од денес спроведување на дело Ако издржам 3-4 месеци ќе си честитам сама на себе
Ова веројатно треба да оди во општи прашања, ама ај. Има ли поголеми сељаци од оние од Фото Рекс (Охрид)? На планетава, некаде, има ли? За да не се чувствувам очајно што баш во мојот град се најголемите. Што е оној турбо фолк кој ечи од кај нив на сред чаршија, секоја факинг година? Зошто? Зошто? Зошто? ЗОШТО? Па и еден јаден дедо мраз меша на турбото, некои од страна застанале и потпевнуваат. Зини земјо, голтни ме, туѓ срам ме изеде. *си пее (завива) во фолк mode* Седнуваш да пиеш кафе во омилениот кафич, ммм добро музиче. Прекинуваат на сред песна (за беља, Леонард Коен беше, луѓе, го прекинаа на сред реченица)! Зошто? Па турбо фолк требало, за забава. Зошто турбо фолк за забава? Па Нова Година де. Адет е? Народен обичај? На лошо ќе тргне годината без тоа? Што? Не разбирам, стварно. Другиот ден менуваш кафич. Кафе послужено покрај езеро, сонце пука, идилична атмосфера. Овие покултурни - во позадина Здравко Чолич дами и господо. Сељачана. Цела година траат, па за празниците да го извадат сељачкото од себе. Кој сака нека се навреди. Сељачана е. Факт. И така, бидна и првото мрчаторско мислење за 2017. За убо, за арно.
Редно беше да падне снег во Скопјево, не ко вчера завчера туку вака убаво снегче. Имајте убав ден, утре и задутре се празници со многу здравје и среќа поминете ги. Изволте на кафе
Најубаво Божиќно расположение ever ! Си слушам Божиќни песни, си гледам како пламенот танцува помеѓу дрвата во камин и чекам да ми се исуши лакот. За два дена роденден. Не сум возбудена како кога бев помала но сепак looking forward to it. Среќни празнци.
Пред 20 години врнеше метар и пол снег без најава и остануваше со месеци, мразулците беа до земја, живеевме како ескими на -30. И пак службите го чистеа снегот од улици, граѓаните од пред куќи, продавниците беа снабдени со леб, аптеките со лекови, медицинската помош достапна. Ни кризни штабови имаше, ни апокалиптични прогнози. И сите преживеавме, освен по некој што задремал на клупа в парк со шише ракија до него. Денес предупредувањата се сензационалистички, опасни по живот, па демек заседаваат кризни штабови, се ангажираат социјални служби, армијата е на готовс, се советуваат граѓани да не излегуваат од дома без потреба( а кој излегува надвор без потреба?)...Чиниш само што не нé бомбардирале. Веќе видено. Се создава психоза кај луѓето за да се испрчат институциите како спасители кои се грижат за животот на своите граѓани. А пак чудно е зошто истите тие институции во исто време со месеци комплетно ја игнорираат вистинската катаклизма - енормно загадениот воздух. И на крај пак Македонија Пат ќе биде изненадена од снегот, механизацијата ќе ѝ затаи, општините ќе се амнестираат од одговорност, ќе се направи сообраќаен хаос, ќе снема сол за улиците и лекови во аптеките, села ќе се отсечат од светот... Затоа што веќе го нема она најбитното - професионалната етика и чувството на одговорност. И затоа што заложбите не се искрени и плански, туку стихијни и популистички. А тој поларен бран, сибирски температури опасни по живот, оркански ветрови и снежни наноси, жолти и портокалови фази и не знам уште што, до пред неколку години со еден збор се нарекуваа - зима.
Реално, со малку недостатоци, си ја сакам работава. Во вакви моменти идилична, кога со чај до мене (добро, повеќе пати вино) можам да се опуштам без надредени до мене. А денес, после неколку години, за прв пат уживам додека го гледам снегов. И додека пуштам поглед надолу од тераса да ги видам децата што викаат и се лизгаат по белинава, ми доаѓа да се ја земам дебелата, црвена капа и единствените чизми што се минимално прилагодливи за снег и да им се придружам. Да бидам дете пак за кратко. Некако во последно време потешко се соочувам со фактот дека не сум дете, дека животецов си оди. Можеби затоа што секој месец има ново купче сметки, или затоа што секој ден се соочувам со нова борба за опстанок, кредити над глава и чудни болки. Ми треба барем еден ден да се вратам со мокри панталони и исфлекан џемпер од улица. Поцрвенети образи од студ и разлетана коса. Ќе го направам тоа. Само да ја завршам работата за денес, само да се врати маж ми од работа, само да испазарам за дома, само да ги испеглам алиштата... И уште неколку „само“ да бидат довршени снегот ќе се стопи. Ќе дојде пролет и повторно ќе сакам да шетам меѓу дрвата. Само да ги завршам обврските.
Денес ден за пеглање на бебешки алиштенца . Пред некој ден го испразнив плакарот на малата и перев се што беше големина 56-62(за новороденче). Останатото скалдирав во вакум вреќи, почнав да раскревам и да правам место во плакарот и детската за новиот член. Како грутка да имам во срцето. Како да и кратам од просторот за играње, од шкафот каде беа само нејзините алишта...како да ја изневерувам што ќе сакам некој друг подеднакво силно и јако како и нејзе . Почна нешто да ме дрма, во позитивна смисла се надевам. Делумно од возбуда, делумно од страв, делумно од нетрпеливост а највеќе бидејќи чуствувам како срцево расте, односно љубовта во него . Па и триста мисли и прашања. Да ја земам или да не ја земам со мене во болница. Да не и кратам на внимание и љубов ако ја оставам дома, или пак на комоција доколку е принудена во една болничка соба 4-5 дена да седи со мене...уф. Алиштенца еден тон. Секое буди сеќавања кај мене за некоја насмевка, плачка или покакана пелена . Постов може беше за во мајчини муабети. Не знам. Го видов гифов сабајле и се насмеав. Па да посакам на сите повеќе секс и прегратки во 2017.
СДК дека сум подетинета Цел ден денес место да мислам на ова за што сум платена, јас мислам како место нос морков ќе ставам, како имам едно старо шалче па како ќе го виткам.... А имам и тенџере за на глава. Едвај чекав снег да заврне, да се наиграм. На чело 45-та ,,теглам,, а во душа уште сум дете