Дали некој го има забележано ова? Општо, на било која социјална мрежа. Не дека е нешто којзнае колку битно, ама едно Добро утро или feeling hungry да добие повеќе внимание од научно сознание или инспиративен и длабок текст... нешто не штима тука.
Повторно снегот не изненади, ама баш буквално не остави од отворени усти. Веќе 2 саати кај баба ми нема ни струја, ни вода... Сообраќајот запрен! Ветер и виулици... Како е можно ова во јануари? Па и грипот дошол порано... Требаше да ви се јави грипот дека ќе иде? Како е можно ова во јануари да се дешава? Јануари изненадени сме од тебе... Не отсече од светот... Тотално неспремни не фати... Срам да ти е Ех, тоа е мојата...
Не, не се клише.. овие денови се полни со топлина, традиции и адети кој што со текот на сите овие години ни имаат извезено и проткаено ред редум преубави спомени и мината на секој од нас. Седам и размислувам наназад со години колку сме се радувале колку ли само сме пееле и сме се смееле.. И денес ко денес се истите празници со поразлична магија, поразличен и инаков свет, се останува исто од трпеза и од празниците освен ние, ние се менуваме и поинаку ги гледаме и живееме работите кој што порано сме ги доживувале различно. Тага и мака е кога човек се оддалечува и не чуствува многу голем дел од тоа што правел, израснал со нешто и некого.. Денес.. денес ко денес почнав да перам, да пеглам и да се занимавам со ситните работи на нашето малечко, веќе не е сон туку едно јаве за еден нов член во нашиот дом. Еуфорија и измешани емоции, празници, мир и топлина, милина и многу љубов .. Конечно фатив во рака се она што одамна сакав да го фатам а беше релативно рано, денес со голема радост ги средувам тие мали минијатурни ракавички што не стојат на жица, им се блуам и радувам.. Колку клишето и да е тешко за сите новопечени мајки јас едвај чекам да живеам и да се смеам со и за моето мало срце. Коледе, бадник... празници за љубов.. не за традиции и пиење ами за љубов и топлина меѓу сите нас.
Пред малку добив порака од најдобрата пријателка Мажот и ја прифатил работната понуда за Швајцарија и ќе си одат.. во понеделник дава отказ Прво се израдував, ми идеше да скокам до таван.. После ми текна на сите убави денови што ги поминавме и ми дојдоа солзи на очи.. Една од двете најсакани и најскапоцени "сестрички" оди далеку Една од двете за кои би отишла на другиот крај на светов ако треба...проклета да си Македонијо, ми ги избрка сите што ги сакав! Кога ќе ги видам повторно, а??? Кога? Кога ќе се потсетиме на сите кризи од средно? Кога ќе се потсетиме дека секој втор ден ти носев копии од материјалот дома? Кога ќе се потсетуваме на сите тешки моменти што ги поминавме заедно? На букетот од цајканот на голем одмор за кој што лажевме дека е за мајка ми? На тостот со секси компири? На Мирче математика и кецовите што требаше да ни ги стави?! Кога ќе се присетуваме на девојачката вечер? На свадбата? Господе, само дај им здравје и сила. И чувај ги. Многу чувај ми ги, си ги сакам премногу
Се будам и пога погледнв низ прозорецот низ просторот надвор се беше бело, навеано снег. Добро, се пуштам на инстаграм и таму гледам слики од просторот надвор покриени со снег. Си викам ајде може така ми се чини, се пуштив тотоа на фејсзбук и кога да видам се е со слики од просторот надвор со снежна белина. Одам во дневна и мајка ми ме прашува виде ли снег има надвор ? ... Татко ми гледа вести информираат за колку снег навеало и уште колку ќе вее во наредни 64 часа. Целото мислење ми е натрупано со снег. Ве молам зачистете малку за да прочитате. ПозЗ3³ ®
Моментот кога добиваш натприродни моќи и покрај стомакот со големина на еден баскет(или можеби два), почнуваш да трчаш. Мајка ми и вика на малава бабе што имаш во раката, што зеде од фиоката кај мајка ти, дај да видам не бегај. Што да видам, дурекс паковање во жиж боја. Детето во раце со се паклото и ништо ништо... Можеше и полошо де
Mnogu ubavo si vrne sneg pa i redno bese decava da se poraduvaat ne deka i vozrasnive ne ............
Најголем подарок кој можеме да си го дадеме себеси е да живееме чесно, да даваме љубов, а со тоа имаме мир, спокој и чиста душа.
Колку грозен ден. Пред мои очи еден сирот старец се лизна и падна на глава, многу силно ја удри. буквално крв на сите страни. се потресов. Викнаа итна помош, што се случи понатаму не знам но цел ден пред очи ми е таа слика. Како што многу си го сакав снегот, денес напротив ми се одмили за сите години. Па и јас паднав покрај другото, се прекршив се ме боли. проклетство. Струја нема. Телефонот ми цркна... Уште еднаш ќе речам, колку грозен ден...
Како што гледам, само јас не му се радувам на снегот. Ок е да седиш дома, да пиеш какао и да го гледаш низ прозорец, ама кога треба да се излезе... Тоа е, не сум нешто расположена денеска, на сите дома им мрчам нешто, па ајде и тука.
Слушам се замарале со тоа каде сум била,што сум правела, требало да ме интересира. Јас пак ќе кажам многу ми е гајле што вие се замарате со мене.
ми дојде една слика од пред две години Јас со малата и бебуш во количка, застанавме по гевречиња во лебарата, пред нас поминаа маж и жена и одеднаш мажот се струполи на земја. Почна жената да плаче, да го вика по име, се собра толпа, викнавме брза помош... го зедоа и заминаа со сирените. Утредента нови плави некролози, го препознав по името, по ликот. 40 и кусур години А си одеа по леб фино лепо луѓето утрото
Како се создава петиција и ајде сите да се потпишеме за да го укинат Мој термин. Мислам, дечки стварно ние што сме од другите градови освен Скопје имаме проблеми заради Мој термин и треба да чекаме со месеци за преглед доколку прегледот ни е во Скопје. А и општо хаос е поголем направен отколку ред. Преку нешто може да се пројде ама ова веќе е претерано. Сакав во државна да си закажам ама термин што мене ми одговара и од тие понудените е дури во февруари а не одам само кај еден лекар па треба повеќе пати да одам и да се враќам наместо се да си завршам во еден ден. Значи од лани чекам празнициве да поминат за да одам на лекар, сега пак мој термин нема... може до 2018 ќе завршам работа Спојлер и очигледно компјутерот ми фатил вируси
Ne gi razbiram lugjevo ... alo bre treba li na delo da se vidi koj e folrant koj ne e. E, surprise !!!! JAS NE SUM FOLIRANT, foliranti igraat poker, ja ne sum pokeras, so mene samo ruski rulet, eden pistol i eden kursum ako ne si cist so mene ne fakjaj rabota poarno.