Денес по улициве имав осмех кој самиот снег ми го исцрта на лицето. А Kапиштец онака магичен како од секад.... Дува премногу ама најубаво ми е!
Бев до теретана и назад. Бидејќи беше подмрзната Партизанска возев споро. Имав прилика да видам дека речиси на секои 200 метри имаше запалено оган и луѓе со греана ракија во рака, ечат патриотски песни, кафански, некаде Дино Мерлин, некаде дури и нешто помодерно. И покрај тоа што МПЦ јавно забрани верниците да палат огнови, сепак мнозинството само се насмеа на ова и си ја направи традиционалната веселба. Мое мислење е дека во онаа верска суштина, мнозинството македонци не се православни по убедување, туку се народ кој сака празници и повод за веселба. Тоа е напатен народ кој рмба работи за некој минималец и едвај чека да дојде празник да се провесели малку, да се најаде, напие. Дури и славите не се за да се слават светците, туку да му се даде чест на тој што ја има славата, да се има повод да се отиде на јадење, пиење, на честито. Какви попови, какви забрани, апели и сл. Мнозинството не веруваат во попови, туку во својата лична вера и фамилијарните традиции. Луѓе одат кај попови само за венчавка, крштевка и погреб. На првото сам одлучуваш да одиш, а на вторите две други те носат
Да се надеваме дека постов над мене е пратен во 2002 преку интернет експлорер, а сега стигнал Друго објаснување нема
Запомнете секогаш - општеството нема право да ви влијае на самодовербата поради индивидуалното темпо на искусените доживувања, ниту пак ви дава за право заради истиот критериум да (пот)цените некоја друга личност. Тhis, this... this!!!
Си пијуцкам топло чоколадо у 3 сабајле, а требаше на диета да бидам од јануари. Татко ми дискретно ни посочи на мене и на брат ми дека треба на диета да се ставиме. Ни купил и на двајцата пижами 2 броја поголеми од што носиме и ни вика „се надевам нема да ви се точни, ако ви се точни не знам што да ви кажам“. Башка на мојата пижама има сликичка од крава, посуптилно од ова не може. Ај од утре салата.
@Sanjichka007 е затоа моите не се ич суптилни. Ме видел татко ми од прозор дека се враќам дома и и рекол на мајка ми: Еве иде дебелкото!
Сдк се решив конечно да ја сменам бојата на косата, купувам утре прво колор шампон, да видам како ке стои, и дали ке стои, што сие сигурно, сигурно сие прво со колор шампонот. Ај среќно
Дојде денот да испробам кои од новите чизми се лизгаат на замрзнато , или дали вредеа сите дадени пари. Патем, мразам снег, откако почна да паѓа се грижев да не снема струја или нешто Ама добро излезе на крај. Засега, барем.
Не сум дома сеуште. Знаете зошто? Зошто во државава ништо не функционира, затоа. Зошто заглавивме вчера помеѓу Велес и Катланово скоро 3 часа, па го испуштив и последниот бус за дома. Зошто од Неготино до малку пред Скопје имаше страшна вијулица, а ниту еден камион да чисти пат ниту да фрла сол. Нели 2 недели се најавуваше овој снег во ударни вести? Пак ли сме изненадени што заврна снег во Јануари? Во Август ли треба да заврне за да не не изненади? Сликите од вчера мислам дека ќе ми остават траума за цел живот. Толку многу камиони и цистерни заглавени на патот, па дополнително отежнуваа премин на сите други. Коли и комбиња кои се лизгаа на сите страни за да одржат баланс и да останат во линија. Снегот не покриваше додека стоевме, па многу заглавуваа во место и не можеа да тргнат. Па се подаваа лопати, се ринеше снег. И секако тука беа и оние "совесни" возачи, кои во тоа невреме менуваа летни со зимски гуми и други кои поставуваа ланци, претпоставувам претходно со најавите за невремето не нашле за згодно да го направат тоа. Колку што беше страшно, толку беше трагично и тажно, зошто знаеш дека од државата треба да чекаш да се смилува за да ти помогне, а не направила апсолутно ништо од она што е нејзина должност, да превенира такви ситуации кои веќе беа претходно предвидени. Ова ни на Сибир го нема... Среќа па другарка ми не го напушти Скопје порано, па имав каде да преноќам. Немав јадено од вчерата и скроз бев дехидрирана. Ми напраи топла супа и ми стопли крофнички. Најдобра е. И додека јас се мислам дали денеска ќе успеам да фатам некој редуциран автобус за конечно да си одам дома, се надевам и молам за сите заглавени вчера насекаде низ нашава напатена земја, дека ќе успеат да стигнат на време за бадниковата трпеза и да ги поминат празниците со семејствата, зошто знам јас колку сакам да сум со моите сега. Сите помолете се за нив. Ќе им треба. Се чувствувам како во онаа народна мудрост "на слепото пиле и Господ гнездо му прави"! Нашава земја е очигледно пиле со многу инвалидитети, па нас навистина "некој" и "нешто" не чува, зошто тој што треба.. не баш. Само здравје и малку повеќе среќа за сите посакувам. Имајте убави празници со најмилите!
За Нова година имаше мислиш пролет е, 4-5 дена подоцна снег до колена и ќе оди уште нагоре. Толку е луда и непредвидлива зимата што стварно ја хејтам from the bottom of my super warm Летото си е каде каде поубаво, што има врска ако е многу топло - уживаш, се сончаш, се бањаш, минимална облека на себе, а сега... сега прогласувам вонредна состојба и polar bear mode! Bonus Спојлер
Добро утро, сеуште не можам да се оправам како што треба, на крај и температура качив, не ми се верува. Мислам дека се разболев само од времево, доволно беше ладно, мислам дека треба малце да се стопли. Ова више не се издржува..имајте убав ден
Многу често сум инспирирана од децата и ме потсетуваат каква треба да бидам за да бидам среќна, ме потсетуваат кои особини се најважни во животот. Вчера цртавме заедно со внукот. Ме воодушеви детската имагинација, тој фантастичен свет во нивните глави. Да му нацртав две обични линии, тој ќе видеше во тие линии улици, ќе видеше и дрвја покрај нив, автомобили, бандери, луѓе како се движат, животни. Но тој од една случајна точка на листот направи таква слика, што ме натера да се запрашам: што се случи со нас? Зошто го дозволивме тоа? Се изгубивме во морето на адолесценцијата...
Сакам да кажам - цел ден пред банкомат пеам коледе=леде и ништо ... да се посмееме малце Срекни празници дечки, бидете ми среќни, живи и здрави, не е се во пари.