Среќен празник на сите вие што го славите, убаво да си поминете, бидете најпрво здрави и многу среќни се друго само доаѓа.
Коледе леде власта се' ни зеде Владе си краде на Битола ништо не и' даде Парите в џепче нема за лепче Коледе!!!
Среќен нека им е празников и за многу години на сите форумџии кои го слават И кој тит ги заклучувате профилите Господе Боже ко божем влезна вратата од куќа Ви се па ќе Ви упаднаме на сред вечера Сакав само да Ви честитам празник на Вас верниците, воедно мои пријателчиња, со заклучени профили. Ај чао.
Зaтoa штo тaкoв е денoт и јa пуштив дa јa слушнaм стaрaтa визaнтискa песнa "Вечниoт Бoг". Слушaм и читaм кoментaри кoи ме згрoзијa. Зaрем нa вaкoв ден дa пoсaкувaaт немир и дa кoментирaaт декa сме идиoти? Зaрем? Кaде е чoвечнoстa, кaде е пoчиттa еден спремa друг? Кaде? Туку, нaминaв дa ви гo честитaм прaзникoт нa oние штo гo слaвaт денескa. Дa ви пoсaкaм пред сé здрaвје, љубoв и мир вo семејствaтa. Имaјте убaвa прaзничнa вечер. Христoс се рoди!
Конечно дома. Воила! Не знам што ми се увртело во глава дека беа скоро 3 часа блокираност, кога беа повеќе од 4.. валда дека посакував да беа помалку.. Патов до дома никогаш не ми бил подолг и помачен и попосакуван од сега. Автопатот Скопје-Тетово е исчистен, ама затоа Тетово-Гостивар само половично. Само оној од другата страна: Спојлер: Малку од малку.. Ај ќе почекаме да одморат од Македонија пат, кои лавовски се бореле со невремето (my snowhite ass) па да си ја дозавршат својата должност и обврска. Тоа што Македонија Пат не функционира како институција, тоа не значи дека ги омаловажувам работниците, верувам дека им е тешко и студено и на нив. На сите ни е. Заборавив да кажам дека шоферот од вчера, многу мил чичко Лазо, е најзаслужен што стигнавме безбедно. Си остана смирен, возеше како што доликува за временските услови и се понуди да помогне и помогна на сите кои можеше, а беа заглавени во невремето вчера. Му симнувам капа. И му посакувам убави пензионерски денови затоа што кажа дека ситно броел до тогаш. На станица во Скопје сите му пруживме рака. Луѓе како него ја враќаат вербата во хуманоста и човечноста. Додуша се помагаше доста вчера. Се подаваа лопати, се туркаа коли, и во целата мака, тоа жарче на хуманост беше она што топеше снегови. Знаете како викаат, пази што посакуваш, може и да се оствари. Па така јас, пред некој ден пишав дека во Македонија сакам да ме пречека снег и белина и така и би. Ме пречека снег и вијулици како од хорор филм, заглавен сообраќај, студ.. и се со ред со сите нишани. Желбава ми се оствари, ама малце поинаку од замисленото. Нареден пат богами пред да посакам нешто, ќе го разработам до детали. Како и да е, страшното помина. Сега веќе се радувам на снегот и белината. Никој и ништо на светот не може да ми го одземе тоа топло чувство во овој ладен ден. Спојлер: Хоум суит хоум
Си се тешам дека гумава на чизмиве се лепи за снегот и нема да се испружам некаде пред толпа народ. Ама па кармата е курва може и ќе ме испружи баш пред момаков, па има да си посакам да ме изеде земјата. П.С. Волшебно е нели, се е бело
Другарка ми вика сум била чудна, сум била единствената шо обожавам зима и ладно време. НЕ знам толку многу сакам јас снег, да си прошетам да ми крцка снег под нозе, да ја почуствувам зимската идила Ми се оствари желбата, ама јас настинав. Гледам сите одма сношти слики со снег, а никој не ја сака зимата и снегот пссс. Со температура излегов да се прошетам низ снегот, да го почуствувам тоа чуство. Ко дете, битно мене ме прават среќна едноставните нешта Сега чекам да ми го направи татко ми виното варено, да ја лечам настинакава Го обожавам овој период Среќни да ни бидат празниците, најсреќни!
Маж ако не те посрамоти тогаш кој. Еден од оние моменти кога он мисли дека е многу вицкаст. На каса во супермаркет натоварени како да иде крај на свет, дете во полн елемент, мене едвај ме збира во измеѓу просторот.... Вадиме вадиме од количката и го дофана и тоа лукот. Што ќе ни бил лук, нели сме купиле неодамна. Као божем он домаќинката кај нас па знае колку имаме и колку ни треба. Викам се троши, редовно ставам при готвење. Затоа ли гости не ни идат. Пусто девојче на касата стискаше колку можеше ама не додржа. Кога зеде да се смее. Ај да поставувам полека масата. На мени меѓу другото макало со лук.
После 17 часот се очекуваат слики по фб кај кого се паднала паричката.Сите чекаме.Со нетрпение.Ептен ни е важно.
Она кога сабајле на паркинг намсто колата, ќе те дочека ова: Truly, зимата е најубавото годишно време.
Пред некој ден еден постар човек што живее сам, си зеде едно малечко улично кученце за да си го чувал. И така тој бил сам дома и му било досадно, а на кученцето му студело па си го прибра на топло Не е свесен колку голема добрина направи... Во вакво празнично расположение ми текна на тој човек со надеж дека не е толку осамен кога веќе покрај него има кученце...а во меѓувреме ми текна и на моите баби што се сами....една на едниот крај од градот, а друга на другиот крај. Секоја година ги викаме на бадникова вечера ама двете одбиваат...и нашата покана, а и поканите од другите деца и внуци се одбиени. Ако имате некој поблизок што е сам за вакви празници, не заборавајте да му се јавите. Барем преку телефон разубавете му го денот, а кога ќе имате прилика посетете го. Со многу здравје, мир и љубов да ја дочекаме веста за Христовото раѓање. Пријатна бадникова вечера, и среќен Божиќ!
Biser od sin mi Jas nesakam parickata da mi padni, sakam nesto od stobiranka da mi padni. E gotovo nemozam... Sreken praznik prijatna vecera na site pravoslavni hristijani.
Среќен празник на сите.Навистина,прекрасна вечер и атмосфера.Среќникот оваа година бев јас,кај мене се падна паричката.Ви посакувам пријатна вечер...
Внук ми ме вика да гледаме цртан филм и вели: слушни ја сега, оваа, прчката (прчлата) како збори. И јас слушам и чекам, стандард, некоја гоооолема мудроштина да излезе од устата на прцулов и ми вика.. исто ко тебе збори. Well I'll be damned!
Se prasuvam sto li pravat kucinata skitnici ovaa vecer dodeka nie sedime vo topliot dom? Ne za covek da si treba mnogu , da ti se pluknam na drzavata skapana!