Одамна не сум седнала асално да ја прочитам темава, бидејќи последниот период некако беше досадна. И морам да кажам дека форумов одамна не бил вака добар и со интересни постови. Ми се допаѓа што сите сте позитивни и расположени, така и треба. Туку еве јас по подолго време сакам да напишам нешто малце подолго можеби, а и прв пост за годинава во оваа тема. Последнава година ипол откако почнав средно ми се случија многу работи, се смени се, друштвото, локациите на излегување, моите размислувања.... Направив голема грешка, верував на личности што искористуваа тоа што сум добра, спремна да им помагам кога било и за што и да е. Сигурно ви имам и пишувано дека бев „заљубена“ во еден кој шо ми беше нешто ко најдобар другар од клас. Никогаш во живот не сум запознала толку користољубива особа. Да ти ги користи слабите точки, да те искористува колку што може повеќе, да очекува како паразит на тебе за се, за тестови, за пари, постојано да се извлекува со глупости. Како што растам, навистина почнав да се среќавам со секакви особи, ова беше нешто ко припрема за се што понатаму ме очекува. Ќе излажам ако кажам дека уште немам некои чувства за него ама си ветувам дека ќе биде нешто што последно сум го напишала за него и за сите тие што ме повредија последниов период. Потоа една другарка, за која мислев дека е многу добра, почнав да ја сметам за најдобра, и ги кажував сите тајни и на крај ме предаде за ново друштво, за да биде популарна и слични глупости. После тоа и друга другарка, со која се здружив откако прекинав да се дружам со првава и таа сметајќи ја за многу блиска се префрли во друго училиште, планирала со месеци, а ја требаше да дознаам дури откако си отиде. Во многу моменти се осеќав осамена, дури немав ни со кој да седам еден период, па ме седнаа со една која ни уста не отвара, немаше некој на кого можам да верувам. Одев во школо, се враќав дома и плачев. Колку пати и помислував да се префрлам и јас некаде, но струката беше единственото што ме држеше во школото. Среќа се промени тоа, сега имам две другарки со кои се дружиме веќе подолго и барем за нив сум сигурна дека нема да ме напуштат така и дека ќе продолжам и после средно да се дружам. За новава година си ветив дека ќе пробам да не ме погаѓа се, дека ќе пробам да ги исфрлам сите такви личности кои што ме бараат само од корист, кои не ми се вистински пријатели и можеби ќе ми останат малку пријатели, но барем ќе знам дека вредат и дека навистина ми значат. Навистина станувало се потешко и потешко откако ќе пораснеш, а ова е само почеток... За крај имајте среќни божиќни празници, мене ми поминуваат прекрасно во кругот на семејството и многу е убаво вака кога сите сме дома заедно.
Христосовата светлост нека ви го осветли патот,среќата нека ја победи тагата, Бог нека ви го подари она што го немате и нека ви го зачува сето она што го имате. Христос се роди!! За многу години !
Луѓе, сум зела да бришам пријатели од фб, избришав околу 400 непотребни во 1 час. И сама се чудам од каде сум ги нашла и зошто некои воопшто сум ги прифатила. Како што иди времето, се повеќе и повеќе фејзбукот ми станува здодевен, се исто па исто, колку што гледам не само мене туку и на повеќе од корисниците. Користењето ќе го сведам на минимум, сакам да си ја задржам и ценам приватноста. Некогаш баш се опуштав со објавите и сликите, сега стигнав до тој степен да не споделувам ништо. Од сега ќе ми служи само за најблиските, и оние подалечните кои си се контактираме од време на време Бајдвеј, среќни празници
Животот е моменти и мириси. Мирис на лабелото со макадамија. Вино. Слоу моушн движења, од еден до друг кревет. Дожд, снег, магла. Силни емоции и чоколадни делиции и мирис на портокал. Навлеченост на серија, сајлент муд на телефон. Кварт, квинт а сакам и терца ама ми иде на живци. Барање на песни, кои толку многу ми легнуваат на срце, па ги рипитам по 70 пати. Барање на книги, кои не ги испуштам од раце. Запознавање на занимливи луѓе, конекција и допирање на стаклени чаши. Морска сол.
Драги мои, на ден како овој пред се да се потсетиме кои се нашите највредни особини како христијани и како луѓе и да се трудиме да ги негуваме секојдневно - сакајте ги вашите најблиски, насмевнете се и разубавете го некому денот, вашите желби и молитви нека бидат скромни но длабоки, вашите срца чисти и отворени! Проштевај те, радувајте се, верувајте.
Христос се роди! За многу години празниците и до година посреќни. Сакам да кажам дека за човек кој ја обожува зимата, годинава не ми се излегува од дома. Немам некоја голема желба и се ми е онака сталожено и буквално еве веќе неколку дена после Нова Година, само лежам дома и минимално излегувам од дома, по потреба, а ако потребата е мала - воопшто. Божиќ ми е омилен празник, ден кој сум најсреќна, денес ми е како да не е Божиќ туку некој друг ден. Да, сакав бел Божиќ, и ете кога се исполна неможам да се стоплам дома. Останете ми поздравени.
Пред малку налетав на една прекрасна вила у Швајцарија, и ми текна дека би било кул од париве што работам да си се почастам едно патување таму. Отварам букинг све тоа убаво и најниска цена е : само 700Е. епа швицарска бе мило... епа поглед убав... епа... да.... и така си решив ке си седам дома... јер дома си е дома нели?
Другите зборуваат за мене. Го искажуваат своето мислење во врска со мене. Не зборуваат со мене, но дофрлаат меѓу себе зад мојот грб. Некогаш ми се обраќаат директно. Преку смеа ми кажуваат како не сум доволно добра и како не ме бива за некои работи. Како не знам и не можам. Луѓето не знаат што прават. Не знаат дека колку омразени погледи ми даваат мене, толку повеќе ги добиваат од другите. Не знаат дека колку „негативни“ зборови ми кажуваат мене, толку повеќе ги слушаат од оние што им значат. Не знаат ниту дека ако ме мразат и критикуваат мене, ако шират омраза наместо љубов, животот тоа им го враќа и тоа што го даваат на светот околу нив, тоа и го добиваат назад. Јас не верувам во казна. Верувам во емоции. Каква емоција би имал човек што би повредил некого, што би понижил за да се истакне себе си, што би ги расплакал некого и му ја срушил самодовербата? „Негативна“ емоција. А негативните емоции не носат убави работи во животот. Затоа, не им се лутете на овие луѓе. Знајте дека оние што најмногу напаѓаат, тие се најранливи. На оние што повредуваат им треба најмногу помош. Можат да изгледаат силни, самоуверени и борбени однадвор, но она внатре им е темно, кршливо и празно. И не се виновни. Имајте на ум дека и тие биле повредени, и нив некој им ги кршел крилјата секојдневно, и тие плачеле навечер. Можеби изгубиле некој сакан, можеби изгубиле надеж, можеби се изгубиле самите себе. Затоа се такви. Затоа ве напаѓаат. Чувствуваат несигурност, немаат доволно љубов за себе, чувствуваат ниска самодоверба и желба за издигнување над вас. Знам дека некои луѓе ве повредиле многу. Знам и дека не можете никогаш веќе да ги сакате. И тоа е во ред. Не ни морате. Но, простете им. Не зашто што сте добар човек, не затоа што сте подобри од нив, ниту пак поради што кажале или не кажале извини, се каат или не, сеедно. Простете им зашто вашата душа заслужува мир. А сега да се вратам на она туѓото мислење во врска со мене. Јас знам дека сум прекрасна. Јас сум свесна дека сум единствена ваква душа, јас сум уникатна и имам свои дарби и таленти. Јас можам да направам било што, доколку имам силна желба за тоа. Јас сум добар човек, јас не осудувам, јас ширам љубов насекаде. Универзумот ме сака и јас сум многу важна. Јас сум одговорна за своите постапки и јас одлучувам како ќе ми изгледа животот. Јас не верувам во судбина, јас не верувам во пекол или во некаков одмаздољубив Бог. Јас сум чиста енергија, јас сум доволно добра и се движам кон подобар живот и посветла иднина. Јас се трудам туѓите ставови и постапки да не влијаат на мене, јас имам свое мислење за нешатата и силно верувам во него. Луѓето Исус Христос го нарекуваат Бог. Јас повеќе сакам да го нарекувам учител. Еден од најзапаметените учители што некогаш чекореле по земјава. Не знам многу работи за него, ниту знам дали е вистина она што другите го зборуваат, но мислам рекол нешто во што јас лично верувам и ми претставува водич во животот. „Ќе биде по верата твоја“- рекол Исус. Како верувам и како мислам, така е. Среќен Божиќ.
Кој е следниот чекор, откако ќе си го истуриш срцето врз парче хартија? Чекаш, ги оставаш црнилата да се разлеат, чиниш земаат здив, а тие всушност проголтуваат сѐ пред себе. Кој е следниот чекор, откако ќе ја пуштиш душата да ги испее сите зборови кои ти останале на врвот на јазикот, неискажани, неисплачени? Кој е следниот чекор, и знаеш ли на каде? Разликуваш ли исток-запад, или бегаш нагоре, повисоко, подлабоко? Кој е следниот чекор? Спојлер Ноќва ти плетам црна плетенка- тешка ко безвремен сон, да ја носиш ко китен гердан, да ја носиш ко јаже. Да ме носиш со себе, до себе, во себе...
Случајно налетав на една статија кај што родители се жалат за денешното образование во земјава. Сега барем преку фб можат да искажат незадоволство, ами во мое време? Знаете кои трауми беа читанките и букварите? Образованието беше права ТРАУМА... Во букварите имаше раскази за тоа како некоја мајка станала птица (т.е. умрела), кога децата не и давале вода да се напие...Таа работела по цел ден на нива и ги молела вода да и дадат, а тие не и носеле, па таа се претворила во птица и летнала горе во небото А децата боси трчале по неа и крвови им течеле од нозете... Друг расказ, во бродолам заглавени татко, мајка и дете...На штица пловеле низ езерото, ама таткото не можел да ја издржи тежината од сите тројца, па мајката си го жртвувала животот и се фрлила во езеро Детето со солзи гледало како мајкта се дави.... ЗОШТО ПОБОГУ, ЗОШТО? Знаете ли кои трауми ни беа тоа? Сите си ги баравме мајките... Знаете дека цел ден после тие раскази јас бев тажна дома? Знаете колку деца од класот плачеа додека го читавме тоа ѓубре? Или расказот за сестрата што се направила тажна врба братчето силно го гушкало дрвото, а по врбата течеле солзи ТИЕ МАЛОУМНИ АВТОРИ, САКАЛЕ ДА НЕ УНИШТАТ ПСИХИЧКИ ИЛИ ШТО??? На 8/9 годишни деца, ова се чита бе? Да тибам глупото образование
Секогаш добра утеха кога е во недостаток. Меѓутоа реално зборувано... само дома си е дома. Нема Балкански (пациентски) менталитет никаде по светот.
Колку се убави овие празнични денови, моменти на дружење со семејството, полна софра, чашка-две алкохол, потсетување и спомнување на најмилите кои прерано не напуштија, навраќање на минатото со реченицата: Ти текнува кога бевме мали... Ми текнува, на се ми текнува и кога во училишната книшка си допишуваше четворки, но си заборавил да избришеш недоволен, ми текнува и кога ми ги откриваше сите тајни на мама и тато, ми текнува и колку ќотек јадев од тебе, ми текнува секој втор ден крвав беше во носот оти не научи ни да паѓаш ко што треба.... За многу години феминки, поминете си ги овие денови со семејството
На вакви денови кога во минатото си имал се,а годинава ништо сваќаш колку животот бил вреден и колку повеќе значи духовно да си исполнет него ли материјално
На денешниот ден простувај, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ, погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди, тогаш тивко кажи Христос се роди!
Џабе ти високо Ајкју,ако устата ти е погана. Устата ја презентира и душата. И постапките исто така. Ти можеш да мисиш дека се прекриваш вешто,постапките твои кажуваат Се.