Сакам да кажам здраво на сите, долго време ве читам (од 2013) но конечно решив да му се придружам на ова весело друштво. Со вас ми поминуваат и веслите и тажните денови, се надевам дека добро ќе се дружиме. Среќни божиќни празници
Congratulations! The virus has been successfully installed in your home. Again. Како ми беше тешко денес, ама не сакав да се предадам. Ме влече кон кревет, а јас не, не и не. Ќе правиме вежби, шпаги и чуда, ќе јадеме многу (дури и премногу) ама не легнувам и не. Греана ракија, греано вино, ментол ликер, греана ракија, вино, ликер, раки... Мајче вели земи дезинфекција. И така се дезинфицираме денес, не се даваме на апчињата. Оваа недела како што се имам поднапиено, лани цела година немам испиено. Не е оваа кравче многу по алкохолот патем, ама нешто така ми тргна годинава. Мислам дека собрав 5килца плус во мене оваа недела, уште да бев поактивна... морж сум. Излегов денес да се прошетам, ни пиле ни човек надвор. Само бавни возила по едно на пола саат. Ич не сакам зима. Сакам сонце, сакам боси нозе и сакам поглед на вода. Сакам да живеам покрај езеро или моренце. Охрид е убав, бунете се колку сакате Охрид е најубавиот во оваа земја. A зошто дојдов всушност? СДК или Драга Фемина или онлајн социјален дневник. Грлото конечно ми ја затна устата. Сега само јадам и се наливам. Блах, оди си зимо.
Пак нешто сдк,а не дека не знаете. Чудна нација сме. Не изненади снегот сред зима а секој втор збор ни е,мене веќе ништо не ме изненадува.
Сдк... Знаеш кога овците не ти се на број кога кризираш за благо, земаш еден куп работи пред себе ... ..и ти станува јасно дека го изгуби апетитот
Се будам утрово среќна, задоволна, благодарна! Иако скоро цела ноќ бев будна, како и повеќето ноќи со години наназад, сепак наутро будењето ми е најубаво, ме будат три пара насмеани очиња Лани, на овој ден, станав мајка по трет пат Почетокот на едно убаво патување за цел живот! Најубавата улога на светот - мама!
Ме нервираат муабети од типот: Па не се мн платени мед. сестри, зашто пак да учиш од ново? Кај ке работиш? Врски имаш? Ок, кхм. ЉУБОВ. Сте слушнале за зборот? Не а? Дами и господо сите душебрижници на светов има нешто што се вика љубов кон професија. Непознат збор скоро, ама да. Имам љубов за мојава професија. И немам намера да се правдам зашто баш тоа. Зашто не работам негде за некој што одвај ке ми дава 12 илјадарки... Си знам ја зашто. И да, работа на е исто работа, не ми треба некој да ме зафркава за минималец ок, тука вадам толку колку што ке сработам! И така, добро утро иначе. Денов цел испунет ке ми биде, па почнувам со учење Вие феминки здрави и среќни денес да сте ми.
Ме учеле да не плачам, па и јас самата не паѓам на солзи. Ме учеле да бидам силна, па не сакам слабаци. Ме учеле да бидам искрена, па бегам од лажговци. Ме учеле да бидам своја, а не нечиј потрчко.
Останав со подотворена уста додека го читав постов. Особено овој дел, првиот пасус ќе го истакнам. Точно така, потполно се согласувам и одамна си велам дека не треба да гаиме негативни емоции во нас оти така не му наштетуваме на другиот, туку си наштетуваме на самите себе си. Тоа ни внесува немир и горчина во душата, не загадува однатре, а кога ќе простиме и кога ќе ја пуштиме работата со која сме се измачувале, се чувствуваме слободни, а тоа ве уверувам е едно од најубавите чувства. Инаку, не верувам во Бог, би рекла дека сум агностик но и во тоа не сум баш најсигурна, но цитатов многу ми се допадна. Ќе споделам уште еден цитат од Библијата кој ми е омилен и доста често го споделувам и со другарките:
Добро утро ваков студ, и ваква зима не памтам да имало бог знае од кога ,не е нормално времево, ни можеш да искочиш ни ништо. Лето кога е се жалиме жешко ние, бараме сенка за да можеме да седнеме, море и 45 степени нека биде ова лето нема никогаш да се пожалам дека мие жешко, и онака од никогаш не сум ја сакала зимата. Подобро жешко, одколку да се тресеш. И патем да додадам ми дојде другарката од шведска и едвај чекам да си ја видам, ме израдува кога ми кажа дека е тука И фала му на господ денеска сум малце подобра.
Навистина голем студ зафати што не се памети. Колку слоевито и да се облекувам- пак суди, не можам да се згреам. Ако не работиш во просторијата каде што е затоплено- не можеш ни да работиш. Се мислам утре како да одам на работа и дали да одам воопшто не ми се излегува од дома. А времево си врви, еве изминаа и празниците,а цела зима е пред нас, само што започна, а убаво ти е вака до огинчево . Си пуштиш, си гледаш некој филм, зимски . Со чајче и медче...
Сакам снешковци, сакам снежни разгледници, Божиќни филмови ама во реален свет не гледам никаква убавина во зима, снег, мраз, санки. Еве не знам што е убаво во времево, ладно е, смрзнувачка, водата дома ни замрзна, две улици погоре има цевка пукнато,бездомници се на ладно, врапчиња, мачиња, кучиња исто премрзнуваат, повеќето се гладни, некои семејства немаат греење, други останале заглавени по патишта, трети се по болници од грипот, кои од повреди при паѓање на мраз, па верижни судири на автомобили, одреден дел од население остана без струја и што ти уште не. Ама сите запнале со тоа арно си е времето смрт за вируси, бактерии, инсекти, змии не знам што, па снег со години немаме видено, па се радувам како мало дете.Иди бегај молимтеза која снежна идила зборуваш, да сме во Швајцарија да признаам идила, ама сме во Мк патишта катастрофа, улици исто, па кога ќе се раскашави снежнава покривка преку ден кал ќе газиме, навечер на тенок мраз ќе одиме. Од утре ко ќе се сетам дека треба од едниот крај на градов до другиот пеш да тргнам за да стигнам до работа, многу се нервирам. Сакам пролет, сакам ,сакам расцутени дрвја, сакам цвеќиња, не сакам ниту лето плус 40 степени ниту есен дождлива.