Мајка ми оди во продавница и прашува да не ни треба нешто... И викам и така одиш земи влошки, ми требаат итно... Таа вика: Добро ќе земам, друго нешто ви треба?... Пак јас: Ништо друго, само да не заборавиш тоа што ти реков... Ок... Доаѓа дома со две кеси... купила од пиле млеко, мандатот за формирање влада, Јеховини сведоци, фикус... А влошки никаде...
Моментот кога од премореност и 3 чаши вино те фаќаат и не можеш да возиш.... И сдк.. Се заљубувам ...во снегов де Снешко правевме, без тенџере, без морков..сиромашев снешко хаха Ииии..го видов бившиот мувач
Сакам да кажам дека .. Не знаете што сакам да ви кажам, ако не ви кажев дека не знаете дека сакам нешто да ви кажам, немаше да знаете дека не знаете дека сакам нешто да ви кажам. Make sense !? Падна снег 10цм, македонија вечн(о)а (изненадена) Хорхе му доделеи на Грујо тоа за составување влада Јас после 2 дена фаќам пц Моите 4 миленичиња се викаа: Април, Мај, Јуни и // ? Зарем мислеше дека е Јули ? 5. Не знам по која логика оваа реченица ја ставам под ред број 5, кога и онака не набројувам ? Провери дали е 5та нова реченица во низа од горе на надолу ? Епа не е .. Бев нешто болен, сега сум подобар, и се стремам да сум уште подобар. Имам многу за учење иако тоа не ти менува многу .. АКо ти кажам дека ќе оздравам побрзо и полесно ќе го совладам материјалот ако ми ставиш лајк на мислењево, ќе го направиш тоа ? Wow, вака прават фан страниците или во коментари на јутуб, sub 4 sub .. Доста е ајде поздрав .. Do whatever da fuck you wanna do !! ПозЗ3³ ®
@Bitter-Sweet Не знам, не можам да проценам. Ти увиде нешто ? Инаку кога те означував имаше уште еден профил со исто име како твојот ама без цртичка помеѓу зборовите. @bittersweet еве го де
Ова лето дај боже + 45 степени нека биде, абе сенка нема да побарам, во најжешкото ќе искачам, и нема никогаш да се пожалам, и да кажам дека мие жешко уште еднаш...летно време сум родена да си го сакам летото највеќе овој пост сега што го напишав ќе си го памтам, и кога ке дојде лето пак ке си го прочитам за да си знам што си кажав.. зимо одиси више.. лето дојдими што побрзо
Сум пролупала.... мислев на една конкретна задачка кај што имаше нешто kaj што прво се множи па со загради... не можам да ја најдам. Како и да е, се разбираме. Прво множење и делење па собирање и одземање.
Најјаки ми се тие родители: а бе паметно детето, ама тој кретен професорот математика, не сака двојка да му стави. А и што ќе му е да знае да дели, во Влахов. Сироти деца со такви родители. После на 20+ години со превисока самодоверба, а неоправдано, и проблем. Епа проблем.
Јас можам да се борам со студов. Ќе се наоблечеш, ќе одиш под ќебе или ќе застанеш до грејно тело и ќе се стоплиш. А на топло што? Летово да можев кожава да си ја соблечам и неа ќе ја соблечев. Летово се топев. Буквално. Спиевме со дм на различни кревети со вентилатор да дува во нас цела вечер. Клима само не помагаше. Ставав маскара додека вентилаторот ми дуваше во фаца па така исушив 4 маскари во 1 месец. На кафе? Под вентилатор. Луѓето што стануваа после пијачка имаа огромен круг на гз. И такви си шетаа. Јас се пресрамував за сите нив, а тие немаа гајле. Прекрстував нозе на 2 минути и мењав страна, за да не ме задеси исто. Топење. Абе ајде. Златна зима. Кога ќе ми текне дека треба да живеам таму ми се плаче. Имав гостинка до сеа. Сум ви зборела за комшивчево од карши. Поклон за мене не си купив ама затоа и донесов на неа. Скромно ама од срце. И без разлика што бев преуморна од патот што требаше да трае 10, а траеше 16 часа, и ги дадов поклончињата само што стигнав дома. Мерак ми е. Многу е мила, мала умница. Дојде да си игра со мачкава, а мачкава ич нејќе деца.. Сеедно, ја истормози асално па на крај на двете ни даде јасно до знаење да ја остаиме на мира. Ептен е природна, ми побара сендвич, ми кажа со што го јаде. Се осетив многу возразно додека и спремав.. Па си поприкажавме како најдобри другарки, а сум можела да ја родам. Со деца е најубаво. Најискрено. Најневино. Па си ја земаа дома.. после доста неуспешни обиди. Мачкава ич не беше среќна да видевте фаци само ама затоа пак мене ич не ми смета кога доаѓа. Се надевам наскоро ќе ми тропне пак на врата.
12 години, слика од пред огледало и текст од српска турбо фолк песна. Младите се нашата иднина И мама става лајкче и праќа емотикони со срценца во коментар. Sigh... Јас сум ви редок посетител на социјалните мрежи. Кај мене на фејсбук има од вакви млади девојчиња што сакаат да бидат жени, многу бебиња и во ист сразмер количина на лајкувачи на икони (најчесто мајки на првите) и политички ориентираните. Всушност, ние живееме на интернет. Тоа е таа појава на денешното време. Тагни се, чекирај се, сподели, искоментирај, лајкни... може и ќе кажеш нешто, па овде некој друг ќе го препише како да е негово ама дер из ноу креативити. Се прашувам, а што всушност створивме ние? И така лесно доаѓа да му направиш анализа на карактер и на семејно стебло на било кој... Ова е тема што се влече со години патем, сеуште актуелна. Интернетот е стварно една фантастична алатка, огромен посебен свет од каде можеш да прибавиш информации за речиси се. Можеш јазик да научиш, професија, да ја прошеташ планетата земја, да дознаеш се за секого, култура, раса, религија... Отворена карта со прекрасни можност. А сепак, ти се реши да ставаш лајк на икони и да цитираш турбо фолк песни. Аххх, чај по милионити пат. Ми се гледа некој мјузикл. Мјузикл или 80+ епизоди од The Empress of China. Зашто ми се допадна книгата, ама тоа се проклето многу епизоди Ви имам кажано колку лош глас имам за пеење? Необјасниво, ама пак пеам
Ах и уште една категорија на луѓе што ме нервира: - Лесно ти е тебе, види детето мое се мачи, не може работа да најде па седи дома по цело време. * ти се утепуваш од работа, а детето од 29 години спие до 4 попладне. * - И ја читав на глас лектирата, да не се мачи детето, деца се, треба да играат. * детето има 12 години, не прочитало само ниедна лектира во животот. * Ама за критикување други луѓе се сите први. Се некој не чини, па од кај му се парите, па којзнае со кого легнала, па неговите биле богати, на сите други им е прелесно во животот, само нивното чедо се мачи. А, бе, да си потповратиш во уста.
Ако ти го заборавиш оваа што си го кажала јас ќе паметам. Јас сум во пролет родена ама зима обожавам,летно време сама не се поднесувам а не пак некој друг.Од дома неможеш да мрднеш од што е пеколно жешко,се тушираш и истовремено се препотуваш,како човек неможеш да се облечеш затоа што потта веднаш остава траги гол да можеш да шеташ пак жешко,напиј се ледена вода се потиш,напиј се топла уште ти е жешко,ручек правење над шпорет нема шанси,неможеш да спиеш... доста е да не набројувам повеќе ќе ми се налути некој Познавам луѓе кои многу сакаат лето и не им сметаат високите температури и секоја чест на таквите што преживуваат како ништо да не е