Затоа, пролет и есен Во парк на земја, по фармерки, кожна јакна и старки, со пиво во рака. Прекрасно.
Ехх, што ти прават две-три чаши винце!! Таква сила да си го отвориш душичето пред некого. И иако ти е матно пред очи, некои нешта стануваат кристално јасни. In vino veritas
Денеска ептен сум радосна и срекна, добив преубава вест, братучедка ми со малото ангелче штотуку ја пуштиле од болница, и едвај чекам да одам да го видам малото сонценце мое Нема ништо поубаво од тоа да станеш тетка, а јас денеска сум најсреќната тетка на целиот свет Се гордеам со моите внучиња, нека ми се живи и здрави, господ само убавини, среќичка и радости, и насмевки, нека им дава секогаш на нив и на нивите семејства Среќна сум што ги имам моите ангелчиња тие ми се све во животот
Денес ми беше толку ладно што зедов правосмукалка да усисувам за да се згреам. После некое време повторно се пожалив дека ми е ладно, па маж ми кажа да усисам уште еднаш Ах живот... никогаш не е и нема да е совршен, оти па и ние самите сме несовршени. И мада студено надвор, во срцето ми е воглавном топло, освен по некој подотворен прозор што стои внатре, па ми прави промаја. Ама ако, јас ќе се скријам накај оние прозорци кои се цврсто затворени, кои ќе ме заштитат, па можеби некогаш, во иднината, ќе успеам и тие раштимувани прозорци да сменам, за да имам подобра изолација од "надворешните" влијанија. И на крајот на денот седам, со шоља топол чај, после топол туш, со исфенирана коса и налакираните нокти од брзосушечките лакови, во потполна тишина додека децата безгрижно спијат, во новиот најдебел џемпер со крзно со кој маж ми ме изненади вечерва за да не морам пак да усисувам ... И сепак мислам дека во моментот животот не можеше да биде посовршен. Тоа се тие ситни нешта што го прават таков.
Вие ѓубриња од луѓе, што ако видите бездомник ви спие во влез или подземна гаража и ги бркате тие луѓе, излезете седнете на клупа да испушите една цигара во 12 навечер, само на 10минути, и додека брзате дома да се стоплите замислете како би било спиење на таа клупа секој ден, години уназад и зими едвај преживеани. Ако не се помага, барем да не се одмага. Немој да ги бркате! Ќе поминат брзо нискиве температури, никој не заслужува да изгуби живот ради студ!
Попуштам за мене да ми е полесно и за низ глава да не ми прелетуваат мисли за луѓе кои не вредат. Не вредат едноставно, токсични се и ми ја крадат позитивната енергија. Еднаш еден човек ми рече дека ќе ме повреди најмногу за никој да не може да ме повреди после него. Се сетив на овие зборови, но тој човек заборавил дека времето не учи да ја потиснуваме болката, а после неколку години може да се јави нова налик на старата, слична која боли повеќе ако повеќе си сакал и си се трудел. Ќе се сети некогаш на мене, но времето минува пребрзо и се' се заборава. Со крената глава и Холивудска насмевка смело одиме напред, кон успех, среќа и љубов.
со оглед на тоа што во изминативе 48 часа сум спиел само 2,5 часа, логички е да ми се спие....ама што е денеска логично па да бидам и јас.... наместо да спијам вчера запалив цигара....само една... денеска со чаша шток во рака гледам како врне нов снег... може утре ќе заспијам.... имајте убава ноќ....
Почнав преку глава да се покривам со јорганов. Само носов ми е надвор, да можам да вдишувам кислород. Со помин нека е...
Сдк Почитувајте ги рацете на вашата мајка. Со нив таа не одгледала, не хранела, не облекувала, не учела да одиме, не израснала, ни го покажала животот, денеска сме човек благодарение на тие раце. Една е мајка
Утрото кога се будиш со главоболка од синоќешното вино и прва мисла која ти доаѓа на ум - лелеее требаше уште тоа да го кажам вчера И пак се потврдува мојата теорија - понекогаш зажалуваме за нешто што сме направиле или рекле, ама за она што сме го пропуштиле или премолчале - СЕКОГАШ!!
Убаво е кога ти е ладно и смрзнуваш.....ама да има на кого нозете да му ги бутнеш во скут да ти ги топли Убаво е кога ти е тешко и плачеш.....ама да има кој да те теши и да ти брише солзи Убаво е кога скапуваш од работа....ама да има кој да ти помогне Дури и тишината кога ја делиш со некого ти годи Убаво е кога имаш да се потпреш на некого и кога некој се потпира на тебе. Тогаш ни студот, ни тагата ...НИКОЈ ништо не ти може. За да го напишам горново ме инспирира животниов сопатник. Да не е анонимен форумов би го истакнала со име и презиме за да се знае јавно, јасно и гласно колку е вреден и колку му дава смисол на моето битие. Заљубена сум, дефинитивно.На целото ова белило и студенило околу мене, јас се топам
Кога ке почнат луѓето да се сменуваат се сменувам и јас кон нив. Останува само да видам до каде ке оди оваа промена ...
Завист дека си битен мртов пиксел на екран, жолчноста да си виден се болест која кога тогаш ќе те мрдне во целост. Колку треба да си ненормален некому да судиш за здравје и да носиш заклучоци од малиот мозок? Кој си ти? Господ? Ти си само една тажна мизерна и очајна точка... Безкруполозен психопат кој мисли дека е важен и голем, но нели е само психопат. Знаете што е психопат па и искомбиниран со нарцисоидно растројство?Уф...подготвен да гази преку моралот и етиката по некои свои извитоперени правила и заклучоци само да испадне нештото во нивна корист. Освен дека те тепале ко мал друго објаснување нема. Попразно и позлобно од несакан човек нема! Да не си сакан и да не си виден, а тоа ти е насушно кп водата е рамно на лудило.Сешто ќе измисли дека е некако за да си олесни, ама на крајот од денот повторно е ама баш никој... Ако нешто научив низ се што поминав е дека синдромот на вечна жртва е лудило. И сакаш другите да ги гледаш како жртви зошто ти се осеќаш грандиозен или барем прави да се осеќаш ко таков, па според твојот извитоперен ум тоа е начинот кој го одобруваш како туѓо однесување, инаку не е исправно и неприфатено. Да ти се згади...
Правила кои МОРА да ги почитувате кога се возите во јавен превоз : 1.Ставете антиперспирант!!! Колку и да ја сакате вашата "природна миризба" немојте да ги труите другите околу вас! 2. Не разносувајте храна како печени ќебапи со вас, има некој околу вас што е готов да повртати од одвратниот мирис! 3. Не кашлајте ко коњ со расчекната уста, ставете рака за да ги заштитите тие околу вас од одвратните вирусни честички кои штотуку ги исплукавте! 4. Не јадете лук или кромид непосредно пред возење, живот ќе спасите! Затворам очи сега,и се молам да преживеам до дома!