Толку многу ми смета неправилното користење на зборот "осуди", се осеќам како некој да ми брца во око! Осуда, да осудиш, да се осудам....со значење да не одобриш нешто, да осудиш некаква постапка. А се користи во замена на зборот од српско потекло "усудио" кој има сосем друго значење. 90% од форумов го прави ова. Она што ние, или поточно вие треба да го користите за да го има правото значење на тоа што сакате да го кажете е да се ОСМЕЛАМ! Па побогу луѓе зарем си го заборавивте својот јазик???
Немој никогаш да завидувате на другите луѓе, својата енергија насочете ја за остварување на сопствените сонови. Живејте за себе, а не да живеете за да им се допаднете на другите. Кога гледаш да им се допаднеш на другите секојдневно, почнуваш да се губиш самиот себе си. Забораваш кој си и што си. Живееш во свој свет и веруваш дека сите ти завидуваат.Растргнат си помеѓу реалноста и својот свет. Сум имала околу себе луѓе кои биле завидливи кои секој твој успех правеле да биде минимален, никаков. Затоа што според нив, тие би го направиле десетпати подобро. Тие луѓе денес не се околу мене, а јас се радувам и на најмалиот мој успех заедно со оние кои ми значат. Радувајте се на туѓите успеси, нека ви бидат мотив за и вие да успеете.
Размислување на една "страдалничка" : - Маж ми не ме смета за жива дома, исто ко да не постојам за него... Плус ме изневерува со кого стигне... Душата ми се кине, ама не се разведувам... Што ќе рече народот и комшиите? Да се ситат душмните не може... Море јас да го најдам мажот ќе го однесам во јавна куќа да си купи проститука, плус ќе го частам ручек и пиво колку сака... Таква мисирка кога нашол, нека си прави што сака. Народот комшии душмани Мисли светот се врти околу неа. Наместо да си ја побараш среќата на друго место, со друг маж, ти седи тука ко невидлива за комшиите живеј страдалничке!! Башка што немаат уште деца... Причина плус побрзо да замине.... Ама нееее, чеекајте другари, комшиите е битно што ќе речат
Господе те молам дај ми еден милион не за себе,него да ги земам сите бездомници,и сите животинчиња што се на студов,да ги згрижам во топли собички,со топла храна и топли напитоци.Ахххх срцето ми се кине,а неможам да помогнам офффф. Бидете ми здрави и живи,бидете задоволни со топлината што ја имате во својата куќа,бидете среќни што не сте на улица и што имате какво такво едно јадење.Затоа што некој немаат ништо,небитно е зашто немаат,но едноставно за жал немаат.
Ако не знаете нечии желби, тогаш не претпоставувајте дека ги знаете и не ни посакувајте нешто на некој. Ако навистина добро познавате некого, тогаш океј, но ако не е така, тогаш не претпоставувајте дека знаете што сака. И воздржете се од поривот да му посакате нешто, нешто што тој можеби воопшто не го ни сака. И потиснете ја потребата за правење на претпоставки. И прекинете да ја проектирате сопствената замисла за нештата потребни у животот врз другите и со вашите желби преќутно да им ја наметнувате. Не секој кој е сингл сака да си најде некој побрзо или по секоја цена. Не секој кој е у врска има цел да се омажи што поскоро. Не секој кој е у брак сака да има дете – што побрзо или воопшто. Не секој кој има едно дете сака да има две – или повеќе. Не постои универзална формула за среќа во животот – различни нешта усреќуваат различни луѓе, а патот до сопствената среќа е нешто што секој човек самиот треба да го пронајде. А вашите „добронамерни“ и дужебрижнички желби не помагаат. Just sayin’.
Двапати денес, двајца различни луѓе на работа ми рекоа: - ај па оваа година со дечко да те видиме. Фала. Фала многу.
Морам нервозата тука да си ја излеам. Не знам зошто се` уште владее мислењето дека е ок да се коментира колку некој/а е слаб/а. И притоа со, за мене, навредливи епитети. Едно е да покажеш загриженост, друго е да употребуваш зборови како скелет, даска, неухранета итн итн. Јас не сум личност што особено ја засегаат туѓите коментари ама понекогаш знаат да претераат, други и оние од кои не очекуваш. Исто, сосема исто како за некој да коментираш колкав вишок има. Јас барем не гледам разлика. Понекогаш станува збор за одредена градба на телото, и тешко е тоа да се промени, дури и невозможно. Не е можно сите да изгледаме исто. Нема да дозволат да ми се наруши самодовербата иако не располагам со раскошни облини и т.н. атрибути по денешниве стандарди. Знам да го носам со гордост она што го имам, притоа внесувајќи повеќе храна во мене само за појадок, отколку некои во текот на целиот ден. Барем во тоа е предноста. Ете така
Некогаш кога ќе видам како се однесуваат со нов член ептен ми е неубаво.Култура никаква Не знаат сите како функционира форумот,и кога се зачленува гледа само да го постави прашањето и да добие одговор. Се познаваат троловите веднаш,ама сите не се тролови има и такви кои залутале овде и навистина бараат совет. Ако не знаеш да помогнеш и одговориш ич не напнувај со офф топици и исмевање.
Почетната точка на некое достигнување е желбата. Таа е како светлина во тунелот која е вклучена и кога другите не ја забележуваат. Не познавам некој кој кажал дека го живее моментот на успех и би си дал минути на издишка. Најголем успех е оној кој сами сме си го признале.
Како рече Кукла пред некој ден.. од толку чекање чекална ќе отворев. Бар да отвореше, па сите ние што чекаме нешто или некого да се приберевме заедно, побрзо времето да ни мине. Да знаев како, ќе отворев тема - чекална. Па да си отвориме душа сите ние што сме во исчекување. За сите оние што чекаат да одат некаде, и оние што чекаат некој да им дојде. Некој чека повик или пораче, некој зелено на семафор. Некои чекаат попусти и намаленија, други летен распуст. Некои пак чекаат бебче, а други двете цртки на тестот, трети прстен. Некои чекаат нова сезона од омилената серија, други оваа бура да заврши. За сите оние што чекаат на бугарскиот пасош и сите оние што чекаат заглавени по автобуски, железнички и аеродроми. За сите оние што чекаат да бидат повикани на интервју, оние кои чекаат унапредување или плата... За оние кои чекаат алкохолот да се излуфтира или оние кои чекаат инфузијата конечно да истече.... Патем, нели сите ние чекаме нешто... некој... некое подобро време... Сите ние помалку или повеќе сме заглавени во временска чекална и чекаме нешто да се смени.. нешто да почне или заврши. Нешто што ќе ни разбуди чакри и ќе ни стопли душа, што ќе ни насмее очи па лице ќе ни избрчка. Јас вечерва чекам лаков на ноктите да ми се исуши и кафево да ми се олади, па стомаков да го почастам.
Да се надоврзам за желбите и на некого да му се посакува нешто ама на тој што му посакуваат не му се допаѓа,а бре сите не сме исти и неможеш некого да го спречиш што да ри посака,на крај краеви секој си има свои желби,а другите кој како си милува нека си посакува,јас понекогаш на шала им викам пази што ке ми посакаш може тебе дупло да ти се врати.
@prominent И кога ќе ти речат "ама знаеш машко сака мевце да фати" како да целото мое постоење е за машкото мевце да фати Океј е, нека си крева самодоверба колку сака, ама нема сигурно да дозволам на моја сметка тоа да биде. Ако се сакаш себеси, и другите ќе те сакаат патем. Еве јас понекогаш си помислувам како ли Ники Минаж спие на грб, ама сигурно нема тоа да ја прашам Се шегувам Жени, после толку години борба за еднаквост, сами себеси сме си непријатели. ----------------------- Денес не ви кажав дека мразам зима и дека сеуште сум болна. Толку ми е смачено што сум болна, што сама себеси би се затепала. Ќе станам или повеќе бела или некој тон на жолто ќе фатам. Си ставив кармин, да се чувствувам евентуално, можеби, не верувам подобро во врска со себеси Знаете, денес пак налетав на некој твит или слика што ли беше, од оние мислете добро и ќе биде добро. Нешто како животот многу е драгоцен, сменете се, бла бла... знаете веќе, во шаблон се. Одлични се патем, зошто да не, ширење позитива и се тоа, ама... дајте бре луѓе нека биде со точки, цртички, линии, триаголници ватевер. Пишете го планот, мапата на мозокот која води до тие мисли, кои водат до тие постапки, кои водат до тој живот. Мај ес! И вие сте фул ов булшит како јас. Само што вие додавате и слики од градини и полиња на зајдисонце во позадина со текстот. Да се биде храбар е навистина една посебна карактеристика на која им завидувам на луѓето кои ја имаат. Знаете, не знам зошто секогаш се обраќам со знаете. Па ако знаете, нема што да ви кажувам јас Знаете е различно од знајте, ама знајте не ми звучи литературно, а и покрај тоа звучи како некој разглас. А јас па се утепав пишувајќи литературно Забегав од темава, мислата ми беше, во овие погоре наведениве сликички пише -биди благодарен за тоа што го имаш, некои луѓе немаат ни половина од истото-. И тоа е точно, кога гледаме назад каде сме биле, или од аспект на општество кое е поназад од нашето, социјалниот статус и слично, да, навистина сме благодарни за тоа што го имаме и искрено го цениме. Сепак, човек не може да опстои гледајќи "назад". Тоа што не води во животот е сознанието дека може повеќе, дека некој успеал повеќе, дека некој има повеќе, дека некој направил повеќе. И тоа не е завист, тоа е само поттик да се оди, да се работи, да се креира и да се живее. Па така, трчаме. Ми се оди на некоја свадба
Грозно е чуството кога една другарка ја оговара нејзината најдобра другарка која ја познава од мала..Знаеш дека после некој временски период истото ќе се случи и со тебе.. Зошто е вака, зошто некои луѓе постојано се трудат да се нагласуваат колку вредат? Зошто толку оговарање во детали? Океј е, и јас имам другарка која едвај ја трпам, згора на се цимерка, ама никогаш нема да ја оговарам така детално. Просто е, глупо е, едноставно не ми е интересно оговарањето.. Ме заболело мене ако другарка ти рекла дека сум глупа, ако сум ти значела толку овие работи ќе ми кажеше порано, а не сега..не ми значи, ништо не ми вреди во животот. Ми помина времето кога се замарав за луѓето што мислат за мене.
Деновиве им честитав празници на роднините, повозрасните. Добив безбројни совети за лечење кашлица. Еден ми вели да намачкам свинска маст на весник со дупчиња и да ставам на гради, оти прабаба ми така ги лечела. Друг ми вели прегорен шеќер полиен со ракија и црн пипер. Јас???
И мене. На твоја (свадба) опа нина нина нај нина на нааај....рам там там, цреша се од корен корнешееее....
Koga imas 20-30 god. mnogu ti e vazno sto drugite mislat za tebe, na 40 rabotite poleka stivnuvaat i pomalku ti e vazno, na 50 voopsto ne ti e vazno, a na 60 i ponatamu veke nikoj ne razmisluva na tebe. Ako uspeete ovaa granica da ja pomerite znaci ste uspeale da ja najdete tajnata na spokojnoto ziveenje.
Рани утрински часови. -10 степени, улиците покриени со бела покривка, а будните сонувачи со ќебиња за real feel во позитива. Мислите пуштени на најјако ги прекинува само по некој изненадувачки звук на кршење мразулец надвор... Пред мене на екран во морето креативности што ги скролам, по не знам кој пат наидувам на мислава - „дали некогаш сте помислиле дека целиот живот всушност е сеќавање, освен моментот во кој се наоѓаме и едвај воопшто и го фаќаме во таа брзина во која минува?“. Си помислувам - годишните времиња и бројот на година во која спаѓаат, одбележани со вакви маркантни температури незапаметени долго време во градов и државава - секогаш се поврзуваат со некои спомени и се спомнуваат во тие убави муабети што ги слушаме од постарите околу нас... Па, се прашувам како ние носталгичните души ќе се присетиме некогаш на оваа зима 2017? Каков спомен на нашиот карактер и на сегашните мислите и чувствата од иден аспект, ќе ја придружува оваа студена снежна слика..? И часовникот ме враќа во реалноста, во фактот дека фантазииве треба конечно да ги продолжам со затворени очи...