Откако почнавме да купуваме готови теста за пица, мајка ми престана да меси домашна, па немав нешто такво јадено со години наназад. А бидејќи мајка ми е таква жена што не ја држи место, дури и кога е на боледување, вчера решила да нè изненади и да замеси пица. Не можам да ви го опишам моментот кога после напорен ден влегов смрзната дома, а таму ме пречека топол мирис на нешто многу вкусно Во истиот момент како да го симнав целиот ден од снага и одма седнав на маса на која ме чекаше тепсија, тазе извадена од рерна. И вистина, пицата ја немаше ниту идеално кружната форма, ниту совршено тенката кора, ниту пак врз неа имаше некои необични вкусови на сирење или декоративни ливчиња. Ама имаше нешто особено вкусно во неа и со сласт го изедов парчето на кое мајка ми специјално за мене ставила и маслинки, зашто само јас ги јадам. И си помислив, немам подобра пица пробано во животов Ама сериозно!
Се откажувам од билдање стомачни мускули. Кога ќе легне на мешето, кога ќе ја стави главата таму, треба меко да му биде, како перниче а не бетон.
Луѓето или ме сакаат до степен - ајде да паѓаме во несвест од смеење или не сакаат да ме видат. Буквално и апла. Ама јас сум таа, ако те сакам - викни ме во 2 сатот по полноќ и плачи ми на рамо, нема врска, нели пријателите се за тоа? Ако не си ми ``мил``, бидејќи не мразам луѓе - едноставно не ми е некој по ќеф и толку, ако не си ми мил - маче шетај. Не ме гледај, речи ми едно добар ден и чао пријатно. А во денешно време отскокнувам. Лице правам само силум прилике, секој си знај со мене точно на што е, на овој или оној начин. Не знам поинаку. Дволичноста ќе ја ограничам на она ``правење лице`` пред другите. Инаку не, не се замарам со лоши ликови кои се замислуваат дека се принцови и принцези во нивниот филм, со таквите знам како, и оп им паѓа круната од главата. Затоа другите не ме сакаат. Затоа не сум соодветна за ова време. Ама ми е баш гајле. Јас имам со кого да леам солзи од смеа, имам со кого да се тагнам на локација и да не се лутам ако ме спомни ``со пијаниците``. А ти?
Edna lichnost koja sakam mnogu povekje da e zapoznaam vo zhivotov,denes e zdrava i zhiva.Ti blagodaram gospodi za toa,i sekogash pravi da bide se vo red so nea.
За годината што помина, затоа што секој сака да чуе збор, два за крај. Цели 12 месеци се чини дека тапкаш во место. А сврти се да видиш, ништо не е како порано. Нешто си постигнал, нешто си изгубил, малку си се променил, ти си на ролеркостер. Од добро подобро, од лошо лекција. Си запознал луѓе, си раскажал приказна, си дал вистина и на тој кој не заслужил, не си се поднесувал ни во своја кожа понекогаш. Си сокрил болка, си признал болка, па сега си ветуваш дека во оваа година тие грешки ќе се минато. Си се заљубил, си заборавил, си простил, емоциите се поретки со годините, можеби и си видел се што ти е судено на овој свет. Туѓи проблеми беа твои, кажи ми дека се каеш за секоја минута нервоза заради туѓи нешта, требаше да се гледаш во огледало почесто, да се потсетуваш колку прекрасен човек си. Требаше, требаше многу работи. Не требаше, не требаше многу работи. Оваа година ќе сме попаметни? Нема потреба. Не дај Боже да бидеме од порцелан. Оваа година да бидеме посреќни. Ете само тоа ако може. Оти сме млади. И здрави. И добри луѓе кои понекогаш прават лоши работи. Но тоа не е страшно. Тоа е доволно. Таман за среќа е. Среќна нека ви е! Циркуз е светов и онака. Бидете си циркузанти понекогаш. За душа ваша
ПАдна снег, залади неколку дена и одма сите кукаат. ПА треба да биде ладно зима е, како зима без снег. Мене баш ми е супер Си се шетам, си уживам во зимата. И како се развежбав сега баш, ме болат стомачните не можам да се смеам,а толку ми иди за смеење П.с една порака и тоа како можи да те расположи, дури да ме разнежни.
Она кога ќе погледнеш лик во очи кои јадел гурабии за друг, а потоа му го излижал гзот - непроценливо. Те гледа тужно и со поглед ти кажува - кукавица сум бе, кукавица... Ех Пиги, Пиги си викаш и си одиш по патот. Ситни кукавички души. Лицемерни секако, а дали нешто човечко имаат во себе? Па, да само кога они самите се во прашање. Ако имаат потребштина од тебе, лигите во злато им се претвараат. Ретко да сретнеш стандарден човек, другарчина, све според потреба и порачка. Дали тука или ин ријл лајф, сеедно. Тука па како гледам... се поодвратно станува и баш ги гледаш работите во суштина, па ми станува се понеудобно, не од соживеаност, туку од желба да не верувам дека сепак тоа е сржта. Само со еден чесен исклучок. Василопита порачана. Шопинг чека во ред. Да се истера ручек и ќе се излезе. Денес бидна ден за частење, некогаш нема нема, и оп ете ќе ја бидне работата.
Секогаш пред да кажете некој психолошки факт за некого, размислете прво што можеби преживеал тој што ве слуша. Иако кажувате општо, без да посочите, не знаете кого ќе навредите. Постојано слушам за денешнава младина колку е расипана, колку нема почит кон постарите. Потоа слушам некој пример за девојче од 14 години кое земало лекови за смирување. Заклучокот е веднаш дека преувеличува, љубовни проблеми, бара внимание... И некој тоа го кажува со таква лицемерност, а можеби тој што го слуша го правел истото. Како процениле дека се демек љубовни проблеми? Епа 14 е, што може друго да е нели... Да ви кажам? Загуба на член од фамилија, болест на близок, чувство на отфрленост поради физички недостаток, семејно насилство, живеење во дисфункционално семејство, отфрленост од блиски, силување...И други работи кои не бираат возраст, кои можат да му се случат и на дете. И знаете колку можеби некого го боли да слуша дека ако некогаш претрпел нешто во детството, кога ќе пораснел ќе бил насилник или немало да има нормален живот? Има и такви примери точно, но човек може и да се избори и израсне во добра личност нели? А баш тие најхрабрите и најсилните пред вакви зборови се чувствуваат најпонижено, зошто сепак според другите не постојат две страни, туку само онаа според нечие ограничено размислување. Не е сè онака како што е општо познато меѓу луѓето. Оние кои се исклучоци од ваквите размислувања не секогаш можат да се искажат зошто и за нивното минато и за она шти моментално го трпат ќе има осудувања. И не ги терајте да зборуваат ако не сакаат, доволно е вие да не кажувате пред нив кој каква личност можел да стане, ако не знаете што им се случува. Кога не можете да ги разберете зошто молчат, како тие да очекуваат да ги разберете кога ќе зборуваат?
Минус и минус дава плус, you know that, don't you? Ако вчера било -15 и кажеш денес ми е за -5 степени потполо математички тоа значи. -15 + (-5) = -15 - 5 = -20 Во случајов нема минус по минус даје пљус ама сепак... математичка зезанција и курташак. Anyway она што мистерот сака да го каже... Снегот т.е. начинот како се справуваат 100% паразитските нефункционални државни институции е причина плус да се емигрира за тие што мислат да останат овде цел живот. Прво, ваквото време е “траума“ за сите пошто ваков “снег еднаш во 10 години“ ја парализира цела држава и не можеш од дома да мрднеш со кола пошто ќе се излизгаш од коловозот и ќе одлеташ во freestyle. Ако излезеш пеш, пак си на ризик да се лизнеш и да скршиш глава во најлош случај, во најдобар случај кршиш рака хаха. Второ, со прст не е мрднато откако падна снегот, џабе лажат фрлаат сол мижи асан да ти баам, значи чекаат снегот да се стопи сам по себе! Трето, this is a failed state. Доста се мачиме и глумиме држава и дека нешто работиме. Не само кога снег ќе падне, туку низ целата година. Цело време нешто се работи и никогаш ништо не се сработува. Четврто: Само знаат да проповедаат да не се излегува од дома без потреба. Па кој излегува од дома ако нема потреба? И петто: f**k this s**t I'm done with мрчењето. Ова е некој си мој “проглас“ за одбрана од Сорос што го пушти снегот само неколку дена после “мегаинтервјуто“ на “мега“ малиот цар Николае. Малку сарказам на крај!
Порано се чувствував многу лошо и погазено доколку правам се' за некоја личност, тука сум секогаш за неа, ќе и направам услуга за нешто што многу го сака... И ќе дошло момент кога јас нешто ќе посакам да направам, да отидам некаде, и ќе побарам нечија помош па ќе ме "извисат". Искрено, денес многу го имам сменето мислењето. Најпрво, затоа што знам дека за се што сум сторила, сум го сторила со своја волја, не ми ставил никој нож под грло, јас сум сакала да направам нешто за некоја личност и тука не треба да очекувам ништо за возврат. Иако природно е кај луѓето, да си го помислат тоа, еј јас секогаш сум тука за него, тој не ми помогна тогаш за тоа и тоа. Не треба така. Правете нешто зошто сакате да го направите. Другата личност го има целосното право да ве одбие за нешто ако пример не и се оди, или не и се прави тоа што сте и го кажале, не треба на вас да ви го прави атерот. Јас во најголем дел од времето сум таква личност што ако некој ми е многу близок, и ме замоли да одиме негде а мене местото воопшто не ми се свиѓа, ќе отидам таму ама нема да и го извадам после тоа на нос, ее јас пред 5 месеца пошто бев со тебе таму и таму, сега ти треба мене да ми правиш друштво за да се видам со некој, лупам. (А имав ваква другарка... Среќа ја немам веќе. ) И право да ви кажам, многу поубаво се чувствувам вака.
Сакав да ти кажам, да ти преречам, да ти отпејам... И оставив. За навек. Спојлер: "Нешто не ти кажав" - П.М. Андреевски Колку висок оган те изгоре однатре, само ѕидовите празни да ти останат, кај ти покапа месото, светлината, твојата стрмна кожа, оптегната и проѕирна, како вода што не може ништо да ја набрчка: кај ќе ce скине, таму ќе ce состави. A и облеката на тебе што зборуваше cè што можеше твоето тело да помисли; твоето тело, замавната сабја и секира, сонце што можеше отсекаде да угрее и до кај сака зимата да ја одложи, прв ден Велигден, и прво Величество, луња што спиеше во мојата постела... И, ако не знаев, ако не го запознаев, можеше cè да ми остане непознато. Кога боледуваше ти го криевме огледалото, да не ce видиш таму, да не те видат оттаму, но во огледалото ти ја сретнавме душата: ти го зеде лицето и назад не ти го врати (дали лицето беше твое или од оној што дојде по тебе?) и, за да не ce мачиш, ти ја држевме раката и те слеговме долу, те состанавме со земјата, кај што првпат слезе и на нозе ce исправи и, неми ние сите, нема вода те напивме, a молчевме, зашто плачот го криевме да не ти ce потплаши и преполови душата, да не ти остане ни горе, ни долу. Една змија постојано ce буди, ce поткрева во каменот што го допирам над тебе (како да ја менува, преслекува кошулата и така си ја повторува младоста) ме фаќа ко пијавица, ме полазува, ко морница, ce излева во мене, посекаде ме студенка и студот со твоето минато го дополнува. Зар смртта е покривање на ладно со студено? Кога умираше огнот го изнесувавме и го криевме (го чувавме ко бадник што ce чува) куќата ни бегаше, вратите ce отвораа, собите излегуваа од собите, кокошките седеа, зимата не стануваше, платното во разбоите не ce полнеше (ко погледот, сликата и солзата твоја) млекото ни ce губеше в планина, a во нас рикаше, ce одѕиваше и првнеа јаболката, дуњите и зарзаватот и некој рече: „времето ќе ce растури штом реката бучи и на рамно“. И тебе, полека, cè те забораваше. Осамен човеку мој, прими ја и мојата осаменост како своја, разблажи ме барем во нешто некаде, оти сум сенката твоја што остана, што не знае ни кај оди, ни од кај иде, како и секавицата што не знае кај и’ е коренот, a каде врвот, крајот на нејзиното смирување. Кажав, о боже, колку изнакажав, но нешто не ти кажав, a не знам што не ти кажав.
Само понекогаш... како денеска... ќе те мавнат некои убави минати времиња со снежна топка директно во срце. Па за момент ќе ти заледи се внатре, па снеговите во душа не се топат... а раните се отвараат уште повеќе... гнијат и трулат. Па смрди. А мелемот изгледа толку невозможен... Само понекогаш...боли внатре. Нечујни јауци и хаос од неми врескања... а тој момент трае предолго...
Во каталог на Еурофарм ставиле хороскоп, на преглед докторот ми даде верски календар... Абе луѓе, да не треба да тркнам до некоја црква да ми стават инекција?