Пак забегав со животинчињава на јутјуб... Абе од вакви видеа, жими се и бувче ќе посакам да чувам! Да ми се сите до мене и ништо друго не ми треба, цел ден би ги изгњавила од гушкање. Нема послатко, не-ма! http://www.youtube.com/watch?v=zavEZSOI3ps
Денес малку си поспав,станав кај 12часот. Имав некако премногу мамурно утро,премногу негативно,не ми се зборуваше ич незнам ниту самата зошто така. Премногу негативна енергија,негативни мисли низ мене. За среќа денес во семејството имаше смеи,шали но се чувствуваше дека се искрено односно моите не се преправаа во нивниот разговор. Со баба ми денес се изнасмеав цел ден си разговаравме и опет као и увјек-дечко да си фатиш бабе,ако не си фатиш дечко сега ќе одиш стара мома. Цел ден го преседив пред компјутер,онака слушајќи музика и малку муабет на скајп со еден колега кој што морам да признаам дека ми се допаѓа. Добив некои идеи,но како и секогаш некако среќата слабо да ме прати до крај, т.е воопшто не ме прати. Малер бе,малер сум. Сите викендот ме прашаа што има ново, јас им одговарав само за факултетот пошто приватниот живот е ептен нула. Кога ќе ти ѕвони телефонот не кревај,сигурно им требаш за услуга. Имајте убава понеделничка вечер а утре имајте убав работен ден! Ве поздравува Вестлајф.
хелло мајј деарр како сте? Се изгубивме , ама љубов , празници шо да се прави... утре ме чека шопинг и после тоа се дружиме....Се надевам убаво си ги поминавте празниците.... се најубаво....Чао од мене
За мене најубавото нешто е Неговата насмевка.Она кога на глас од срце и душа се смее додека се витка и се држи за стомак. Од секогаш најпривлечни ми биле оние мажи кои не се срамат да се окезат од 8ца до 8ца наспроти оние здрвенине сериозни кои ме потсеќаат на класични посматрачи. Маж кој се смее толку заразно па и да ти е најтешко во тој момент да не можеш покрај него да останеш рамнодушен и тмурен. Ете таков е совршениот маж. Насмеан.
Малага он мај мајнд. Душа полна радост. Исполнета желба на зајдисонце. Индиго утра со него кои преминуваат во розенило. Како што среќата, така и грижата те прави жив. Жив си и кога правиш нешто вредно. Како на пример искрено да сакаш.
СДК.. нешто што сфатив денес.. Ако нешто многу посакувате не чекајте, веднаш дејствувате. Just do it !! Многу често ми се случувало нешто толку многу да го посакувам. Поради тоа што сум била несигурна, сум се двоумела дали да го направам првиот чекор... Сум чекала предолго...и некој ми го земал. Ако нешто сакате да ми кажете на некој, не чекајте го совршениот момент за тоа да го кажете. Направете го тоа, направете го тој момент совршен. Имајте убав ден.
Новата генерација робовладетелско општество. Засегната класа- Балкански домаќинки. Бракот е заедница во која одлуки се носат заеднички и вие имате право на глас. Вашиот сопруг не е ваш сопственик, дури и да сте на било кој начин зависни од него, вклучувајќи финансиски. Колку пати ќе слушнам -" Маж ми не ме пушта да се исфарбам така, да ја скратам косата" , или, - "Несмеам да одам на кафе со пријателките, да носам кратко" , "Ми рече пресоблечи се, бев облечена пристојно ама не му се допаѓаше, гостите ќе гледале во мене" Неможи, оти јас така реков - е одговор на се' ? Кај се бе овие батиња со метросексуални претензии да ги фатам на шамари ?? Од кога средовечен маж со избацен пивски стомак, во карирана кошула од на пазар има толкав сенс за мода и право да ја ограничи вашата слобода ?? Да ве прашам , да не имате daddy issues па вас ви е рационално да барате дозвола да го бушите ушето два пати ?? Не разбирам и нема да разберам зошто и како некоја жена си дозволува вака да биде третирана. Најмногу што ќе го прашам маж ми некогаш за некоја промена од тој тип ќе е Дали мислиш дека убаво ќе ми стои ?, а не Дали смеам ?. Нема што тој да дава мислење таму кај што не му е место, односно да наредува. Многу сум сигурна дека вие заедно не одбирате масло за колата на бензиска ниту пак го засега вашето возачко искуство или способноста да одберете подобро. На жената местото и било во кујна, него на каучот со далечинското во рака, ама тој има секаде да се меша а вие молчите.
Мислам срцево 200 на час ми чука. Тато се јавува на мама и и` вика: „Купив кола, онаа што ја гледавме!“, мама ми кажува и скокам од радост. Пресреќна сум! Морав некаде да пишам. Првпат се фалам во јавност (и општо многу ретко се фалам) Додуша не е важно тоа сега.. Отидов јас да се порадувам уште малку.
На другарка другарка детето си го кристила Каталеа. Уште сум во шок. Ова е она буквално - многу гледаш филмови.
Ноќта е второто јас на смртта во замаглено огледало. Зарем можно е да биде толку убаво нешто злобно. Прелива со свежина и магични соништа расфрлани насекаде, во секој дел од воздухот. Ах темнино моја. Обои ме во твоите бои. Однеси ме таму каде што копнеам да бидам. Исполни ми ги соништата. Затоа што денот тоа не го може.
Ахх колку ти е се поубаво кога некој ќе те израдува со убава вест. Еве само што влегувам дома и брат ми ме израдува, многу, ПРЕМНОГУ. Конечно доби работа, конечно. Иако му има останато уште само еден испит, тој успеа да најде работа. Прерадосна сум, исто како јас да сум успеала, премногу си го сакам и премногу сум горда на него. Целиот живот е со мене, ме подржуваше, во многу ситуации секогаш прво него му се обраќам и секогаш сум сигурна дека ќе ми помогни, на било кој начин, за било шо и да се. Секогаш бил мој идол, гордост, секогаш сум се угледувала на него и сум научила многу од него. Не ми се верува колку брзо пораснавме. Еве дојде и тој ден кога брат ми се осамостои, најде работа, почнува од утре. Додуша не е на таа позоција на која тој целеше кога прв пат се запишуваше на факултет, но нели преку ноќ директор не бидува? Со многу труд, работа, учење успеа и стигна до овде, а не се ни сомневам дека така и ќе продолжи, дека ќе напредува. Го скапав гушкање ко дознав, до сега го тормозев и еве го остај малку да здивни и додека и кажува на мајка ми преку телефон, јас дојдов тука да се пофалам, блескам од среќа, едноставно БЛЕСКАМ Имајте прекрасен ден девојки, мојов знам подобар од ова не може. Поздрав
Моментот кога отидете на кафе со немажена пријателка на ваши години и од многу лица,во полно кафуле, твојот поглед се закачува на сликите по ѕидовите.И тогаш шокантно откритие - има пајажина на секоја од нив.Просто ти доаѓа моментот да се размаваш со крпа и да ги тргнеш тие привлекувачи на внимание. Второ за пријателкава ми беше збор,како низ годиниве се намалуваат критериумите за мажи.Едно време беше да биде висок,црнокос,образуван ситуиран а сега ми вели дека е доволно да има маж до неа кој нема да ја срами.Е сестро моја среќни се тие жени кои не биле посрамени од својот мажјак на било кој начин.Дај некој од твоите роднини или пријатели ми вели.Вртам со главата тие што ги познавам ни за непријатели не би ти ги препорачала. И не знам зошто луѓето чудно ги гледаат оние кои во некои зрели години бараат љубов и внимание.Ми доаѓа да ги протресам и да им кажам дека потребата за љубов и секс е иста како на 20 така и на 40 години.Единствена разлика е само обемот на телото се друго е исто. И така си го одмарам телово кое од празниците баш фино за заоблило,очиве ги одмарам на Пинтерест,музика за уши ми е крчењето на маж ми кој е на боледување,облечен во пижамчиња како во бенкица,инаку се уште е во фаза на приумирање.Ама ќе помине и ова, се поминува...
Дивјаци насекаде! Овие осмолетка осмооделенки од нашето училиште се вистински дивјаци. Се прашувам кој е поженствен, тие или некој кактус. Во соблекувалната зборуваат за размножување, дури помислувам дека ќе почнат и практично да објаснуваат. Можеби и почнаа.. Полека, полека. Денес во училиште игравме кошарка. Со поголемите. Не ми се верува дека во првите десет секунди една од нив биквално се фрли врз мене и јас се спружив на земја. Што сте бе вие, сумо борци? Сега целата десна страна ми е „расипана“. Мене никогаш не ми се случило да се фрлам врз некого, па сум победувала. А оваа после тоа уште два пати ме турна, но не паднав. Дивјаци! Цел клас се како неандерталци. А мислев дека јас не сум женствена.
Во некоја нормална држава, со современ образовен систем и добро развиен пазар на труд, луѓето на дипломата гледаат како на поголема можност за вработување или поволност за унапредување. Само кај нас во тоа се гледа прилика за да се собере некој денар од роднините. Правиме муабет со колешката до каде сме со магистерските, а таа ми вика: Абе ќе гледам да ја одбранам до крајот на јуни, за да фрлат некој денар стариве, да можам да одмор да отидам летово. Колку убав мотив за себенадоградување си имаме.
QueenElena Смешна си ми затоа што твоите текстови овде навидум изгледаат во поетски и уметнички стил а всушност нивното значење е што ти се случило денес. Пример: Денес бев на училиште. Закаснив на први. Наставничката ме запиша. Се извинив. Но не ми го прифати извинувањето. Соученичката ме бутна. И паднав. Ме болеше.
Би сакала да сум некаде на планина, да вреснам силно и се што е собрано во мене да излезе. А потоа да се наспијам и да испијам едно кафе во тишина. Ете толку!