Една од најглупите работи кои ги слушам секојдневно во мојов живот, е тоа дека вегетаријанците и веганите јадат само трева. Абе ајде?
Веќе 8 години како не ја славам новата "традиционална " година на 31 . Ја честитам на луѓе кои знам дека им значи, но за мене нема никакво посебно значење. Денешниов ден го чувствувам како наша Нова Година, па ќе искористам шанса на кратко да ви посакам искрени од срце честитки на сите православни христијани тука. Да ги сумираме сите моменти кои не одминуваат, каде што згрешивме, се она убаво што ни се случило, да се сетиме на сите сакани луѓе што сме ги изгубиле, на новите кои ни влегле во нашиот живот и ни го разубавиле со своето присуство. Време е да кажам дека во старата година станав позрела, поискусна а притоа научив и по некоја животна мудрост Време е да кажам дека сватив дека за ситници не вреди да се нервирам а за големите одлуки треба да се бориш до последно. Ако се пуштиле по која солза во претходната година и нека сте...и тоа е животот. Ако се смеевме премногу...нека сме дај Боже да има се повеќе насмевки а помалку солзи. Ако здравјето не служело добро е, ако не значи дека тоа можеби била и некоја опомна да сватиме колку во суштина треба да го цениме нашиот живот и дека здравјето е најголемото богатство, па редно е да се сменат некои навики, да живееме поздраво, попозитивно и да се вратиме на свое. Да ги сакате ближните, зошто е убаво чувството дека не сте сами , дека имате некого кој е секогаш тука за вас. Немојте да бидете себични и да мислите само на вашите задоволства. Немојте да живеете по принцпот " На комшијата да му цркне кравата". Животот не е трка, ниту натпревар. Ако некој има повеќе од вас, па добро сигурно го постигнал тоа со својот труд и го заслужил...ако некој има повеќе од вас а не го стекнал со својата пот ќе го заслужи кад-тад зошто правдата е спора но достижна. Ако некој нема а вие имате, дајте, зошто вистинските луѓе уживаат во давањето. Немојте да бидете пакосно завидни, подржувајте ги луѓето, делата, нечија креативност, хуманост... Со омразата се мразите себеси, зошто од себе правите монструм. Сакајте го животецот, луѓето... сакајте го секој момент. Давајте по некој топол збор, помогнете некому, направете нешто поубаво, одвојте време за драгите личности и покажете на дела колку ви значат. Ова навистина не се фрази, ова се причини поради кои постоиме. ...и да знаете , животот е убав кога се знае како да се живее, не барајте премногуќе иате се. Ви посакувам на сите од срце Среќна Стара Нова Година, здравје,големо срце и позитвни мисли. Кога ова го имате тогаш сте исполнети со љубов а кога имате љубов тогаш сте најбогат човек...
Sakam da kazham Sega si odam od rabota,zastanuvam da go ishisham luster a eden komshija,ladno e vremevo za luster ama nema gajle,nie takvite naucheni sme. Paa odam da otspijam malku,kako nekoja maka da me vladee,sigurno od mn sedenje narabota
Еден од најголемите знаци на зрелост на карактерот ми е вреднувањето на квалитетот повеќе од квантитетот, во што е можно повеќе сфери од животот...
@Ketchup Леле Кечо, пред некој ден прочитав следното: Колку сакам мирис на пржена сланина, веднаш ми се пријадува, се прашувам дали се вака отвара апетит на вегани кога почуствуваат мирисот на свеже косена трева? Морав да се нашалам
Сите имаат сродна душа. Кога ќе ја најдеш својата, тоа е како чувството што го добиваш после првиот голем пад на снегот. Трчаш надвор, одиш на најлизгавата стрмнина што ќе ја најдеш, чукањето на срцето се забрзува, се потиш иако од надвор си замрзнат. Следно што знаеш е дека се спушташ надолу смеејќи се и плачејќи во исто време и никогаш не сакаш да заврши. Така треба да изгледа правата љубов и никој не треба да се спогоди за ништо помалку .
Човек никогаш не е задоволен, секогаш има се нешто што ни фали не влече и не става на мисла, секогаш има нешто што копнееме му се радуваме.. па тоа изминува низ времето ..избледнува и следува нешто друго и друго и друго.. Живот. Навика. Воздишка. Дојде едно поминува и следува друго а на нас се нешто ни станува досадно клише и изживеано па се стремиме кон зборот "даље".. Така и со снегот. Сабајлево веднаш истрчав да го почуствувам и да го видам, ми се отворија очите од ладнината и белата чистина, го фатив бидејки знаев дека за час два ќе го нема и тоа малкуто што сите не радуваше а најмногу децава. И да .. го снема. И секој вели дека се би дал за малку снег и студ ама нема. А кога би имало пак мислите ќе би биле подруги, факт. Така е и со летото и со сонцето па и со морето и плажата. Изживеаност. Човекот е среќен само ако доживува и живее во различни светови постојано, променува навики и живот и живее секогаш со нови интетесни чудесии од животот. Факт е.
Jas sum covek sto zivee so depersonalizacija i derealizacija sakam da kazam no badijala ke kazuvam . Cuden e ovaj zivot, I nemam kirilica na telefon .
Што ти значи детска насмевка и среќа. Бевме испаднати до супермаркет и сосема случајно со погледот регистрирав едно девојче на возраст од околу 10 години. Си ги врзуваше врвките од патиките. Помини замини околу рафтовите а она пак тука и ги чачка нешто. Со толку внимание и љубов...радости беше да ја гледа човек. Кога плаќавме ја здогледав повторно. Го напушташе супермаркетот со мајка и, а погледот им беше вперен во патиките. А тие златни со некаква интегрирана ламба на гумата која ги менува боите при чекорење. Ќе ги памти цел живот. Сигурна сум. Секое дете заслужува барем еден пар такви патики.
Многу, многу сакам да одам во "мојот" град. Не знам зошто го ставив во наводници, зошто уште како мала го чувствувам како мој! Како мала, седев по петнаесетина дена таму, шума, чист воздух, ладовинка, нашата куќа - стара можеби 150 години, баш иста таква како на народните приказни. Кога одевме накај неа, застанував по пат и влегував по туѓи дворови да ги галам јарињата, тогаш не го сметав тоа за престап. Ама и луѓето не ми се лутеа, бабичката ме прими дома, ме понуди дури со бонбончиња, ме прашуваа од каде сум, чија сум, нели главното прашање. Ама искрено се радуваа кога некој ќе дојде во нивниот веќе запуштен град, скоро и никој да не го посетува, а младите постојано се отселуваат во друг град на истата држава, или пак бегаат во друга.. Кога ќе се вратев од таму во Скопје, секогаш бев со здрав тен на лицето, со заруменети обравчиња, пресреќна бев! Таму пиев домашно млеко, јадев домашно сиренце и кајмак. Дури и како мала, се чудев зошто толку многу го сакам тоа место, си велев, што може да е толку поразлично од градчињата/селата во Македонија? И тие имаа шуми, селски патчиња, животни. Ама овој град ми беше посебен, имаше посебен дух што ме освојуваше се повеќе како што одев таму. Ми се чини дека таму ги поминав најголем дел од детските години. Баш со една другарка преска се заправивме муабет, и самата ми предложи да вози она до таму. Ептен се израдував, само чекам малку да се затопли, уште од сега испланирав каде ќе ја носам, ќе ја прошетам низ неколкуте улици на градот, а после ќе тргнеме накај шумата. Искрено, мене воопшто не би ми пречело да го завршам факултетот и да се преселам таму, ќе си најдам некој ерген и готова е работата. Шала на страна, ама нема ништо повеќе што ме исполнува од природата, ми дава можност да си ги средам мислите, да се одморам. Којзнае, можеби и ќе ми се исполни желбата.. ако доволно ја посакувам?
Не сум љубител на споделување телефонски бла бла муабети и не можам да кажам дека некој ми недостасува до тој степен. Но, има една личност која секој ден го очекува мојот повик за добро утро исто колку што јас посакувам да го слушнам нејзиниот глас за да препознаам добар ден. Единствена е по се. Мојата мајка...
Иако има само една година, син ми на кого ова му е втора Василица, по втор пат ја добива паричката Верувајте во чуда! Тој е моето.