1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Знаете што многу ме заморува? :emo:

    Кога некој преувеличува, тупи, објаснува, се жали, се жали, уфка, туфка, леле мори мајко. Најчесто за некоја секојдневна работа, нешто што сите го правиме и што мора да се прави за да тече животов како што треба. Епа гес уат - и други го прават истото, можеби и во многу потешки услови, ама си ќутат и не се жалат.

    Ај што ќе те иступе, затоа што нели, заморно е да слушаш тоа па тоа со недели и месеци... ајде де. Ајде нека се олесни, ајде ова, ајде она. Ама на крај, кога ништо не се презема за да се смени тоа за коешто се жалел... јас добивам мал нервен слом. 8-|

    Или прави нешто со мерак и со алал, или не прави ништо.

    Или мрдни си го газот и смени ако нешто не ти се свиѓа или ќути и трај си.

    И не значи дека ако некој не се жали за нешто, му е многу убаво или му одговара. Не, туку тоа се вика живот и мали, тивки победи врз секојдневните предизвици.
     
    На Kukla994, Chica.Loca, Emy867 и 52 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.046
    Не можам со луѓе чии лични граници се многу тесни, па со нив одиш како по јајца и ти мора да си по нивниот калап, а границите кои себе си ги поставуваат према другите луѓе што можат да прават се широки до недоглед, па си дозволуваат да носат одлуки во име на некој друг, до коментари за нечии лични работи.
    Нивните услови за да ги исполниш се високи до небесата, а во твојот живот не треба ништо да направат за да се упикаат, а ако им направиш стоп носот до небо.
    Што ви е?
    Не е здраво ова...
    Ме уморуваат.
    Некој да ти кажува дали да родиш сега, дали попосле, дали да се иселиш, зошто живееш ко што живееш, а нивниот живот е гипсиран, па ако се потрудиш да дадеш совет за минорност они се увредени...
    Зошто не се венчаш, па ако се венчаш венчај се таму, па јас не би сакала таму и ти се озарува и ти вика ќе те убедам, па зошто сте купиле такви чинии, јас имам онакви, зошто носиш такви бои, носи онакви. Зошто ќе одиш таму, па таму не чини, оди таму и таму подобро е... И уште мал милион работи кои се директно насочени према тебе лично, те воспитува. Не општо, не заебанција, не ина многу фина, туку лично за тебе со лутење со све што си тераш по свое. Следно терање у курац...
     
    На Daydream, cresa-jagoda, CrazyOne и 19 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.789
    Пол:
    Женски
    Така сум исполнета со негативна енергија заради такви луѓе, што се плашам јас да не станам таква :D
     
    На Ketchup, Rebecca_R, Viktorijaaa5 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    ... И тогаш сфатив, во мене се роди ново чувство. Те гледав како дишеш, како градите ти се креваат и спуштаат, а јас како да заборавав да дишам. Се прашував со што заслужив да ми се случи таква убавина. Само сфатив дека ти си лекот за сите болки што ги имав дотогаш. Го следев секое твое движење и со секоја секунда што изминуваше ти стануваше се` поголем и поголем дел од мене. Ме обзема. Како јас и ти да станавме едно.
    Се` околу мене беше заборавено, времето престана да постои. Се давев во твоите очи што наликуваат на океани. Почнав да ги осознавам твоите навики, оние гестови што ги правив сосема несвесно, како со раката поминуваш низ косата и како се внесуваш во секој збор што ми го кажуваше. Па сосема несвесно, неочекувано, дури и непосакувано ти стана мојот свет. Мојот сон и сите мои непроспиени ноќи.
     
    На deskarada, cresa-jagoda, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Колку најтешка и најубава година почна.
    Како може така?
    Да ти биде и најтешко, срцето да ти се кине на најситни парчиња, а во исто време да си исполнета на друго поле, најсреќна. Неизмерно среќна, а сепак тажна.
    И не постои баланс.
    А толку ми треба.
    Остана да се надевам на најдоброто, а и да се тешам дека ’можеше полошо’. Многу лоша утеха, отсекогаш сум ја мразела, а дојде време сама на себе да си ја викам.
    Јас со мои 26 години, прилично незрела за истите, со никакви потешкотии соочена до сега низ животот, силна и самоуверена во себе дека никој не ми може ништо, осетив дека подеднакво боли кога на моите блиски болеста им може нешто. Ама ете, можеше полошо. И ништо не можам да сменам.
    Пак јас, со истите 26 години, живеам бајка и пекол. Да јас, таа, чуваното, пазеното, најмалото.
    И ќе речат, добро е кога лошото се меша со доброто.
    Ама луѓе, па и врз доброво влијае лошото.
    Хаос ми се мислите, како и овој пост што не знам ни дали некој освен јас ќе го разбере.
    Ништо друго не е битно, само здравјето. Здравјето е бајка кога го имаш.
    И ете, пак јас, сум решила дека ќе се мажам.
    Дека официјално ќе ја крунисам најубавата љубовна приказна со потпис и заеднички живот. Среќа за сите.
    Посреќна сум него што мислев дека ќе бидам. Тој ме прави најсреќна. Најсилна. Тој ми ги држи делчињата залепени. Тој плаче со мене, се радува со мене. Јас го држам да не падне, затоа што без него ќе паднам во најдлабокото.
    Не знаеш што ти носи минутата, часот, денот, месецот, годината.
    Ја молам оваа година да биде љубезна. Не барам многу.
    Не сакам огномети, не сакам спектакли. Само да е добро. Доволно добро.
    За да дојде среќата до израз.

    Здрави да сте ми феминки, Вие и Вашите најмили.
    Поздрав.
     
    На Mrs.Cuper, Daydream, duffi и 30 други им се допаѓа ова.
  6. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    ...15.01.2017 најубавиот за мене ден :) покрај честитките за роденден и бескрајните желби за убавини, се отвори и црвено кутивче со најпрекрасниот веренички прстен и протекоа зборовите Сакаш ли да го поминеш остатокот од животот со мене? и нормално солзички и едно најгласно ДА!

    Сите да си почувствувате! Ве гушкам!
     
    На deskarada, Chica.Loca, Mrs.Cuper и 39 други им се допаѓа ова.
  7. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    389
    Она кога ќе ти избега автобусот пред очи :clap:
     
    На Crna Dama и winter flower им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас сум жртва на манипулација од сопствените батерии. Како бе не ми текна дека сите може да се слаби, а цело време љубовта( тастатурата ја обвинував). Ете тука сакам да и се извинам и да ги прогласам батериите за виновни.
    Добар план смислиле, ама ете, им дошло крајот. Аххх колку убаво чувство пак да си штракам на тастатурата...^_^
    [​IMG]
     
    На Crna Dama, "Zoki", prominent и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Све почесто низ градов гледам луѓе кои шетаат со „маски“, што прави да се осеќам као да живеам у некој дистописки сф-филм, од типот на Блејд Ранер.

    Е сеа, као човек кој со години работи со маска и во посебни услови, морам да им кажам нешто на маскираниве – не само што изгледаат глупо, туку маскиве и не функционираат!

    Прво, нешто за хируршките маски, кои до скоро ги гледавме на сликите од Пекинг, а од неодамна ги има и на скопските улици. Дали знаете дека намената на хируршките маски е да се заштити пациентот, а не хирургот? Да, хируршката маска ги штити сите, освен носителот на маската – и предвидена е за носење во стерилна средина, каде само здивот и плунката на оној кој ја носи се всушност нестерилни – надвор од болница или операциона сала е целосно бескорисна. Евентуално, корнисна е ако човек има грип, па сака барем делумно да ги заштити оние околу него.

    Второ – „маските“ со кои изгледате како Шкорпион од Мортал Комбат – всушност не се маски, туку респиратори, со едноставни хартиени филтри, кои штитат само од штетни честички, но не и од гасови. Поради тоа што овие „маски“ не се ни приближно херметички поставени на устата и носот, а и поради тоа што хартиениот филтер не е ни приближно доволно софистициран, тешко дека ќе се заштитите од „страшните“ PM10 честички. А за PM2.5, тие што се уствари најканцерогени, и да не зборам.

    Пред некој ден на фејсбук ми излезе реклама од некоја аптека која продава Мортал Комбат маски, и гледам на прашањето „Колку често треба да се менува филтерот?“ одговориле „Доволно е на 2-3 месеци“. Молам?

    Колку за споредба, комбиниран филтер (за заштита од честички и од гасови) за полумаска има рок на употреба од 40 саати! За какви 2-3 месеци зборат луѓево? Не само што е бесполезно да се носи маска или респиратор откако пропишаниот рок ќе измине и филтерот ќе се презасити, туку е и штетно. Али ете, ова е само уште еден доказ колку се маскиве што се продаваат ефикасни и колку луѓето што ги продаваат се стручни.

    Така да, ако стварно сакате да се спасите од штетниот воздух, обидете се самите да придонесете кон намалувањето на загадувањето на некој начин, за промена. Или, ако веќе сакате да носите маска, носете ваква, со комбиниран филтер, и менувајте го најмалку еднаш неделно.

    А ако сакате да изгледате као гинеколог, хирург, Шкорпион или Sub-Zero, тогаш почекајте уште малце, ене го кај е 1-ви април.
     
    На Kukla994, Chica.Loca, Cka и 44 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Пази сега, ресторан
    [​IMG]
    Ха! Кој би рекол дека судбината ми била во моја мила и убава Македонска Каменица. Кој знае знае, кој не знае, мене М.К. на срце ми лежи. На големо жалење само еднаш ме одведе патот таму и тоа беше одамна. Се прашувам уште колку народ остана и уште колку убавина остана и уште колку ли ќе остане.
    Е сега, газдава женет ли е? Има ли син? Па кај бива ресторан Кај Говедото без крава? :rofl: Смислив и план. И така веќе некое време ми расте желбата да отворам ресторан, па зошто да не во М. Каменица. Кај Кравата. Ќе биде веднаш спроти овој ресторан, ќе му правам конкуренција. И во стилот на клише романтичните филмови, прво ќе се мразиме и бориме еден против друг, а потоа ќе се заљубиме и ќе го споиме бизнисот. Може ќе го прекрстиме во Штала или Стадо или нешто слично, или здравје боже Теле ако дојде и до тоа :D Туку, морам прво да го истражам пазарот, дали има простор за конкуренција, т.е. има ли муштерии ресторанов? Или наместо лутина, конкурентов мој иден ќе ми се изнасмее на глупавоста...
    Ајде нека дојде пролет, една екскурзија нема да е лошо да се направи. Не бре за муабетов :D туку за природната убавина :sun:
     
    На piglet1, Chica.Loca, Emy867 и 30 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.586
    Допаѓања:
    79.099
    Пол:
    Женски
    18:40 е а мене веќе ми се затвораат очиве.
    [​IMG]
    Па што ако си легнам порано. :lol: Ама претходнава вечер не спиев! :!: Само 45 минути сабајлево дремнав пред полагање, да не биде без ич.
    Добра ноќ, заминав да си го сонувам саканиот. |-)
     
    Последна измена: 16 јануари 2017
    На crazylady, cresa-jagoda, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. My name

    My name Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Денес не пишувам за арно...нели @elimkd ? Глава горе другари :)

    Ама ако!!! Наши си се, па и денес ќе си ги сакаме
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    IMG_5122.GIF
     
    На fallenangel, Quuen, My name и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Само Сунчица може да оди како стабилен пингвин цел пат и крај пред самата порта од дворот, со истиот тој клун, да го бакне патот. (facepalm)
    [​IMG]
    Ме потсети кога и велев на мајка ми, бидејќи мачката не ја пуштавме надвор, а ја касна пчела на терасата, и и викам, што смешно ќе беше, од дома не излегла, на тераса загинала :rofl:...Црн хумор де, не сум ја расист :wasntme:
    :d::drunk:
     
    На crazylady, Kukla994, Emy867 и 25 други им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    maxresdefault.jpg
     
    На fallenangel, Quuen, Avokado и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Во самата природа на човекот му е кога ќе постигне некој успех (дипломирал, купил стан, му се родило дете, добил унапредувања) сака кога ќе ја сподели веста, сите околу него да се среќни и да се радуваат со него.
    Сака кога ќе го пише тоа на фб, сите да му притиснат лајк и да му честитаат.
    Сака сите да му се јават и заедно да се радуваат на успесите.

    Не е свесен дека во тие моменти на некој не му е до радување...едноставно тој си мисли дека светот одеднаш е розев...мисли добил крилја и може да лета...а кутирот не гледа дека всушност на никој не му е гајле.

    Е тек после кога ќе му се јават нему да му соопштат туѓ успех, сфаќа дека и не било така радосно и забавно да се смееш со сила.
    Затоа убаво е да имаш да споделиш убави рабои со некој што искрено се радува за тебе...пример некој од семејството.
    :muscle: :~:



    п.с.
    Моментот кога си правиш планови и си викаш нема жива сила да ти застане на пат, си се радуваш и скокаш од среќа.............ама сфаќаш дека постои нешто што се нарекува ПРИРОДНА ПОЈАВА, и може за момент да ти сјебе се по список.

    Може некој да оди против природата? НЕ!
    [​IMG]
     
    На Chica.Loca, fallenangel, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  17. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Screenshot_2017-01-16-21-20-11-1.png
     
    На fallenangel, cresa-jagoda, split96 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Надвор бело е сеее :inlove:
     
    На ЕденЧлен, ♡BuBaLe♡ и "Zoki" им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    56.838
    Пол:
    Женски
    На daylight, piglet1, Daydream и 16 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Немојте да се плашите од луѓе што се закануваат.
    Тој што прво Предупредува заканувајќи се,најчесто останува на заканите и ги повторува.
    Друго што од нив можеш да очекуваш е нивното делување без потреба.
    Проблемот не е кај вас.
     
    Последна измена: 16 јануари 2017
    На crazylady, Chica.Loca, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.