Имам навика за секоја реченица да пишувам нов ред. Точно, малку е смешно. Ќе се потрудам да го сменам тоа.
^ Te читав и не ми изгледаше како навика затоа што сега брзо го почна тоа со точките и почнувањето нов ред. Порано ти беа спастрени и личеа на текст со зборови што му наликува на изгледот на текстот. just sayin'
Се се ама на 15-16 години да се омажиш од ''љубов'' е тоа неможам да разберам бе Заради толку голема љубов да се жртвува образование,тинејџерски живот,другарки и сите убавини, она ќе се мажела затоа што неможела да живее без него глупачи
Велигденските празници полека,но сигурно остануваат зад нас!Ми беше многу убаво,имав полно гости,си ги честитавме празниците едни на други,со еден збор,сите убаво си поминавме!Но,останаа еден куп шарени,и наши и подарени,велигденски јајца,коишто мораме уште да ги јадеме бидејќи се многу на број,а греота е да ги оставиме да се усмрдат така и потоа да ги фрлиме во канта за ѓубре!Само,по се изгледа дека од толку многу јадење на јајца,уште малку,па пердуви ќе ни никнат и ќе почнеме да кокодакаме:Ко ко ко ко дааааааааааа како кокошки некои!
Она што го посакувате бидете сигурни дека еден ден ќе ви се оствари, само е потребна искрена и длабока верба и надеж кон она што го посакувате.
Зошто сега,за првпат,го гледам животот пред мене како можност,како инспирација за да скројам нешто што ќе остане? Требаше да биде вака одамна.Пред барем неколку години.Требаше да бидам по слободна,по самоуверена,по сигурна.Сеуште не сум ништо од тие три,но полека одам натака. Не,не велам дека сум среќна.Туку дека барам некого чии внатрешни демони се компатибилни со моите. И ќе најдам.
Ненајавени гости. Тоа е проблемот. Ви кажував еднаш, за таа кремата зелена што ја ставам, на бубуљичките. И јас така дома, скроз ослободена, некоја ѕвооони. Леле кога ми текна.... во детска немам огледало! Додека да отидам до веце, гостите ќе влезат. Кога сум почнала да се бришам, со се' што ќе ми се најде на патот. И од толку триење, цела црвена излегов на врата. Ај... подобро црвена него ли зелена. Среќа барем што не им се појавив по шорцеви. Кај мене почна летната сезона. По кратки пижами си седам дома, си кулирам. Ме пукнаа: - А бе Елена, не ти е ладно? Дете, облечи се! Елена, само што те гледам, се мрзнам. Аман, што сум ти јас крива, што ти се мрзнеш под туѓо влијание? Тоа не е МОЈ проблем, јас сум си психички подготвена.
Секогаш кога имате потреба да кажете нешто,кога чувствувате дека треба да кажете,КАЖЕТЕ.Верувајте последиците се јаки.Тие последици можат само очи да ви отвораат.Ќе увидите кој е на ваша страна,кој го потврдува вашето мислење,а кој е против.После таква ситуација ќе увидите кој ви е пријател,а кој непријател. Дека децава на 14години одат нашминкани мислиш тетки се.Деца бе ,родители бе.Гледате што се случува?Ќе ти дојде времето за шминкање.Толку сакате да пораснате? На многу мои врснички целта им е да се омажат богато и да раѓаат.ЗАПРЕПАСТЕНА СУМ Многу е лошо кога ќе ве стават да бирате помеѓу две личности кои многу ги сакате,а уште пострашно е кога тој/таа кој/а сте го/ја одбрале да ви врати со лошо.Многу лошо. Сакам да прашам:Зошто ние всушност постоиме,што сме ние всушност?
Утре за мене претставува нов почеток.Нов живот.Нова јас.Овојпат ке биде.Не се откажувам.Ке покажам дека можам.Денеска пред очи ми ја ставија вистината,која ке ја променам,покрај се. Доста ми е веќе.Од се.Доста ми е од лошата вистина.Ке ја направам добра.Од утре си ги ставам карактеристиките издржливост и упорност,а денеска ја присвоив карактеристиката решителност.Доста веќе беше болката од злобниот свет.
Може да го имате целиот свет, но ако не сте со личноста што најмногу ја сакате, тогаш светот ќе биде само едно досадно место
СДК се осеќа кога некој нешто крие, се срами да каже или се осеќа човек непријатно, па и како нешто да му смета.Иако тоа не се говори јасно и гласно.Страшно ги осеќам луѓево некогаш, не знам дали она што ги издава е начинот на говор, начин на однесување и сл.Оној момент пример како кога човек е нервозен и сака да избувне , но го крие тоа или народски речено се стега да не избувне, ко темпирана бомба делува и како да секој момент ќе експлодира.Некогаш и не е само за нервоза, за што и да е.Осеќа се страшнисимо :geek:
Ако сакате да си умрете од убаво, гледајте ги сите можни видеа со зајчињава. Кјутипајс!!!! http://www.youtube.com/watch?v=5WpaYrKb ... MpNhFZDqzq
Спојлер Ќе умрам од нервоза господинот има девојка неверојатно човекот што сака само секс без обврски има сериозна врска ми доаѓа да се отрујам Сите ми велат уживај,среќна си имаш се што сакаш,ништо не ти недостасува...Некогаш посакувам да имам амнезија и да заборавам се...Не ми се прави муабет со никого,не ми се јаде,не ми се спие,не ми се работи Лута сум си сама на себе што изгубив многу време со него
:смајли што се крсти и има испакнати очи од неверување колку е пропаднат светот со интернетот и општо од други работи: :смајли што има панталони на рацете и блуза на нозете: Е вака,по моја логика сакаш да кажеш дека за нас членките на форумов,фемина претставува наш живот. Епа не и за мене. А си слушнала за вистински живот? Или си му ја заборавила лозинката?
Еден е татко ми. Не е совршен, но тој е мојот татко. Каков е, таков е. Ме почитува, ме сака, сѐ правк за мене. Кога бев помала се случуваше сред ноќ да се разбудам со неподнослива кашлица и гушење. Тој веднаш ја палеше колата и правец-болница. Никогаш не ме оставил кога ми е најтешко. Никогаш. Дури и кога е презафатен. Денес го докажа тоа, повторно. Отидовме во Куманово, за јас да се дотерам, но не најдов штикли. Си велев:"Ако не најдам никаде сега, за полуматура па воопшто нема да има." Виде, не виде човекот, на сред пат:"Ајде деца, одиме во Штип." Баравме, баравме, одбрав едни, малку има простор, па не ги зедов. На крај ги купив тие затоа што немаше друг за мене, но, покрај тоа што го изгоревме сп сестра ми од пари, тој ни рече:"Ај да си купите и балетанки." Хах, тоа е мојот татко. Секогаш дава 1000% од себеси за да заработи доволно за нас, за ние да можеме барем три пати дневно да јадеме и да купуваме сѐ што ќе посакаме. Знае понекогаш да каже нешто што нема смисла и да не поткара затоа што не учиме, често вози побрзо од она што ние сакаме, но, тој е мојот татко. Поради него постојам, поради него често останувам изненадена без реакција, тој е единствениот татко кој го имам. И не ни го заменила никогаш.
... моментот кога се' ќе ти стане сеедно. Поубаво е вака, секогаш е било. Секој да си знае кај му е местото.
Имам тројца вујковци, најмалиот ми е како татко, постариот ми е онака, човек од кој можам да слушнам многу животни приказни и мудрости, а најстариот е оној со кој најмалку сум блиска, но е оној со кој најмногу можам да се шегувам. Кога бев дете тој најмногу не играше со сестра ми, дечар е, а и деновиве успеав повторно да го видам како расположението му е најубаво кога е со дете. Во село кога ќе се соберевме цела фамилија, тој ќе распалеше скара и ќе ме викнеше до него, ме научи кое месо е убаво, како би требало да ја спремам скарата, а и секогаш најубавото парче одеше кај мене. Се радуваше што како дете јадам и јагнешко, па секогаш чуваше едно бутче кое тој самиот го спремаше кога ќе отидевме во село. Но, со него никогаш немам разговарано на теми што сакам, што посакувам, никогаш немаме зборувано за животот, за битни теми. Вечерва ме изненади многу пријатно. Ме познава многу подобро од сите што ме познаваат. Знае што сакам и за што ме бидува. И најважното, има страшна верба во мене и во тоа дека можам да си го исполнам сонот. Деновиве се почесто сум изненадена од мојата фамилија. Позитивно! Благодарна сум за тоа.