Зошто пушите цигари кога и самите знаете што му прават на вашиот организам и тело? Свесно да си наштетуваш на себеси... зошто? Голема штета а никаква корист.
Ги обожавам утрата! Моментот кога ги отварам очите и ми станува јасно дека она што блештело во ноќната темнина станува невидливо на денската светлина!
Сфатив дека нашето разочарување лежи во тоа што очекуваме некој друг да не направи среќни. Од денес мојата среќа зависи само од мене
Видов во центарот на градот питач,како им дава на гулабите трошки леб да јадат,душата ме заболе,човек кој нема ништо во животот буквално НИШТО,има поголемо срце од сите оние кој им е пружено све во животот. Господе не им простувај,знаат што прават.
Најголемата лага која лажгото ќе ви ја каже е " јас никогаш не лажам"! И без да биде свесен, ќе добие за возврат уште поголема лага како - " ти верувам"!
па јас разбрав дека не се дека реалност може да ти се, тоа што го гледаш на слики, во реалност може да го доживееш може и грешно да сум разбрала, плаба сум хихи
Па и јас, со сиот памет, отворив. Фатмир за 10 дена ќе има повеќе лајкови од блогерите/веб-сајтовите што пишуваат писмени, скоцкани и колку-толку интелектуални постови. Фатмир за 6 месеца ќе го продаде профилот сосе лајкови на некој блогер/веб-сајт и ќе земе паричиња или ќе му плаќаат за реклами. Фатмир треба да биде нашиот бизнис-модел за 2017. Тоа е децо, на тоа се пали рајата во нашата мила, мала, знаете-каква...
Луѓе. Ги гледаш одат, работат, пробуваат да преживеат и проживеат убаво колку можат. Трагедии, комедии... некогаш зависи и како гледаме на работите. Долу во зградава има продавница за бела техника и садови нешто. Газдата си е озбилен, професионален и со ред, ама прееска се погоди 15ина минути да треба да ја почекам мајка ми таму и сум умрела од смеа за сите пари. Фативме нешто муабет за здравје, ово оно, и знам се жалеше едно време татко му само болен бил, па го прашав како е. Хаос, вика, само болува, де притисок, де шеќерот, де не сум го сакал јас него, сум чекал да умре, а јас трчам по болници, со денови висам таму дури да се оправи, му држам легени да повраќа, го мијам, по цела недела седи во болница несвесен за себе... мене тука жал ме фаќа веќе, ама следи плот твист: а тој онојпат си побегнал (од болница) да иде кај швалерката. Збориме за деде од 86 години! Маки си имаат луѓево, еј. Вика сега нашол љубовџија да биде, трча по неа, по ресторани, по цвеќари, од пензијата едвај за леб му остава старката, секогаш со него оди во банка да му ја земе. И си викам иди бре, 80+ годишна баба врти мажи подобро од тебе. Јас саати сум чекала на смс да ми вратат, и овој до Сити Мол не можев да го убедам да ме дружи. После па си викам е ако де, бар се дешава нешто лудо. Подобро ова отколку лажниов идеален свет што го гледам кај нас помладиве. Се вреѓаат, се третираат ко стоки, па се лигават едно чоколатце ако им купил некој. Одма сликите од чоколатцето - хаштаг љубов, па трансови, па ај пред олтар замислување... Мене ми е природно да потсоберам од продавница нешто што најблиските го сакаат. Не го ни сметам тоа за некаков промислен гест. Повеќе ко рефлекс, али како сакате. Толку сме ѓубре од народ, што се радуваме на трошки.
Не чувствувам потреба да прикажам на целиот свет тоа што живеам јас,ниту имам потреба од потврда за нешто во мојот живот. Дека многу соништа и фантазии се остварија. Никого не слушам и баш ми е гајле што имате да ми кажете, тоа задржете си го за себе си и речете си го себе си пред огледалото дека се каете што сте збореле за другите. Нема стабилни луѓе.
Има стара поговорка дека ,,судбината ни ги дели картите,, Да..точно е... Ама ние одбираме со кого ќе ја одиграме партијата и дали ќе блефираме
Не сакам зима поготово па и снег тмурно е и депримимачки е..повеќе сакам пролет не затоа што сум роден во пролет, туку мирисот на мајката природа кога се буди, се цути околу
Не му правете на другиот нешто што вас не сакате да ви прават,кога секој би се придржувал спрема ова,светот би бил многу подобар за живеење.
12 илјади следбеници има. Повеќе и од некои што ги оговараме во Македонските јавни фаци. Дечково и посебна тема си заслужува.