Можно е да сме другачки @Mishela се поднапиваш малку, чашката нека е полу празна, излегуваш демек на воздух, продолжуваш накај дома, најбитно е да изгледаш кул Така излегуваме друштво од клуб и другарка ми се смее и вади чашуле мало од текила, славата кратко и траеше оти јас од чанта извадив огромна чаша од коктел нека не ми замеруваат ама многу се смееме
Докторска изјава на Алфа: Нема пострашни повреди, пациентите обично идат со скршен колк, нога или рака. Пф, ситница. По две ги имаат и онака.
Шоферот кој ме вози низ град во последно време е еден од оние луѓе кои многу сакаат да раскажуваат вицови. Ама, за жал, е и од оние луѓе кои не знаат да раскажат виц, а и од оние кои ги раскажуваат најнесмешните вицеви евр. До толку е работава што човек не знае кога вицот завршил, ниту кога треба да се насмее. Ама, немојте да мислите дека тоа го обесхрабрува. Кога ќе стигне до крајот на вицот, ако од вас нема реакција, прво ќе ви ја објасни поентата – затоа штонели, ако не се смеете, мора да сте премногу глупи за да го сфатите вицот – друго објаснување нема. А потоа, ако сеуште не се смеете, ќе ви ја повтори значајно последната реченица од вицот неколку пати, нагласувајќи го секој збор посебно и смеејќи се како печен – како последен обид да ве натера да се насмеете и вие. Спојлер: ЕДЕН ОД ВИЦОВИТЕ - Еден поп имал 2 многу убави ќерки, ама бил и многу богат, и имал слуга. - Мхм. - Ама слугава многу мерак им имал на ќерките. Рекол, „Морам да ги ебам, што сака нека биде“. - ... - И, еден ден, отишле со попот заедно да копаат на нивата. - Аха. - Ама, земале само ашови. И почнале да риљаат. (Драмска пауза од 1 минута.) - И риљале, риљале, ама земјата тврда. Не им иде работата. - Добро. - И на слугава му текнало, „Попе, а да идам да ги земам мотиките, полесно ќе ни иде работава?“ „Иди,“ му рекол попот. - Мхм. - И слугава отишол до куќата и им рекол на ќерките: „Слушајте, татко ви ми рече да ми дадете“. Ама, не им кажува што да му дадат (ме гледа значајно, се смее). - Мхм. - Сфаќаш, да му дадат. - Да, да. (Продолжува со раскажувањето, разочаран од отсуство на реакција кај мене.) - „Ако не ми верувате, прашајте го попот“ им рекол слугава. И еднава ќерка викнала – куќата инаку била блиску до ниваа, на 100 метра – „Татеее, и двете ли?“ А попот викнал од нивата „Двете, двете“ (се смее). - ... - Сфаќаш, он мислел на мотиките. - Да, да, те сфаќам. (Се чуди зашто викам дека сфаќам, а не се смеам.) - „Двете, двете“, повторува и се смее, гледајќи во мене. - ... - „Двете, двете“, пак повторува, смеејќи се као зелен. Пошто гледа дека сеуште не сум почнал да се ваљам од смеа, ја продолжува приказната, иако вицот практично е веќе завршен – у надеж дека ќе успее да ме насмее. - И, овој ги натегнал и двете. И после... (се смее и упорно ме гледа). - ... - И после, џом да го нема, баталил и работа, и нива, и попот, и све. - Мм. - Битно, он си завршил работа. - ... - Ти, да не го знаеше вицов? (Пошто, тоа е единственото објаснување зошто човек не би се насмеал на него, особено кога е вака маестрално раскажан.) Си го сакам назад шоферот кој ќутеше и рокаше 104.4.
Твоето опишување на ситуацијата е посмешно од вицот. Навистина е! Земи слушалки за телефон и глуми демек слушаш музика и не го рецкај ни 0.05% овој луд шофер (taxi driver maybe?). Колку само откачени таксисти имало, печени за Бардовци! А замисли вицов да го кажувал на некоја девојка. Ваљда не е толку луд.
А бе, на страна од вицовиве, океј си е човекот. Него, обично у вакви ситуации знам да им направам на луѓе да им биде премногу awkward и да прекинат да го прават тоа што ми смета. Али, со овој не ми успева. Not yet, anyway.
Луѓето кои ве мразат се само ваши тајни обожаватели... кои не можат да разберат зошто сите други ве сакаат..
Отидов на фитнес,мрзнев пола час додека стасам до теретаната,кога конечно стасав и гледам немам катанец за шкафот,сум си го заборавила дома.Викам ќе помине еднаш и без него,паричникот со мене ќе го земам.Се прсоблеков и на крај гледам немам патики за вежбање,и тие се заборавени. Се јавувам на мм ако има желба да ми ги донесе со автомобилот и нормално како што и очекував вели не... И така си се профрцкав во полна теретана до соблекувалната и назат.Срамот додека да излезам не се јадеше. Сега пак си мрзнам и чекам трам за назад :/
Кога имав 20 години мислев дека толку брзо сум пораснала што низ мала врата влегов во светот на возрасните. Денес кога имам двојно повеќе и се уште ги учам животните лекции знам дека потрагата по клучот од најголемата врата не е завршена. Но, затоа пак го завршив обидот за разоткривање куп "добри" луѓе.
@poenta, фина поента. Сите се добри луѓе додека не се открие дека не се добри. А најлоши се оние “добрите“ т.е. волци во овчја кожа. За такви само ова. Спојлер @Bender Rodriguez јако пукаш хахахa. Потрагата по клучот вечно трае. И на последниот ден кога ќе ја напуштиме планетава ќе знаеме можеме уште повеќе, ама толку време ни било дадено. Затоа never stop pushing! Never stop questioning! Never stop learning! Yeah yeah добри филозофии ај не е ни време ни место сега да пишувам есеи.
Се полошо и полошо мислење имам за машките што стојат по цел ден со телефонот во рака. Одма подобар впечаток ми остава машко кога ќе видам дека држи книги во рака, или фотографира, или решава крстозбори, или едноставно прави муабет со луѓето околу него...едноставно живее во сегашноста... Тие првите ги зеле телефоните и само гледаат во екран ко хипнотизирани...ко теле во шарена врата...ко ништо друго да не знаат, и ко ништо да не ги интересира...ко поглупи да се некако... Разбирам дека сите сме зависици од интернет, и сите двоиме време за да поуживаме закачени на некоја социјална мрежа...ама за тие им нема спас. И девојки има такви, не викам не....само што тие не ме интересираат баш, па не сум им обратила внимание. Па момци, ако сакате да оставите добра впечаток кај девојка, баталете мобилните на некое време...верувајте дека секој чекор ви е следен и одма поинаков впечаток оставате доколу сте подалеку од тоа чудо. Факт е дека станавме робови на технологијата.
BIG LIKE потполно си во пρаво не обзема технологијата ама моρа нешто и да се пρочита на нет лели не пρетеρано сега да одaм по улица и глумам тρагач на злато со телефонот ама сепаκ се пρонајдов во твојот пост теле у шаρену вρату таκа си је и κоρисен е советов данκе бите big jolly girl
Имам еден предлог. Покрај полигон, градска и теориски часови ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се полага на снег и мраз!! Луѓе бе, вас што ви се брза секогаш, не ли размислувате дека во некоја од колите пред вас/до вас има дете/бебе? Не ли сте ставиле прст на глава дека не секој е способен да вози на снег, дека некој се плаши, дека некој е тазе возач? И покрај тоа што возите со летни гуми па на кружни и кривини правите акробации како на рели дакар да сте, идете покасно кај 3-4-5 сабајле возете што сакате правете. Искршете си ги колите и главите ако сакате! Ама ко за беља секогаш вие сте читави, а невини страдаат. Друго што сакав да кажам, ова со картичкиве од ЈСП што направија е тотална утка! Немаат ли размислено дека некој доаѓа од другиве градови, дека не знаат каде треба да се обратат, дека итно мораат на лекар пошто се појди-дојди обично? Башка што секој нема 150 денари за едно,две возења. На некој и денарот му е броен! Да ви се плукнам во лоповите!!! Уште малце ќе издржам тука, само уште малце остана и одам тамо где вечно сунце сја!
Секој родител му мисли добро на своето дете, тие имаат право да се однесуваат лошо, што и да прават, прават само за негово добро, потоа имаат право и на ќотек, ама детето треба да ќути. Еднаш прочитав коментар од некого - Што ако се однесуваат лошо? Ете биди среќна што сепак те одгледале, значи не те оставиле во дом Така? Не мислам баш... Зошто децата не можат никогаш да бидат во право? Зошто тие секогаш мора да бидат задоволни само бидејќи имаат за јадење и облека? Што е со достоинството? Што е со она шти тие имаат да го кажат? Ама не, секогаш се оди со она дека постарите се поискусни и годините се мерило за зрелоста. Па ќе рече некој, како може дете да знае повеќе од родителите кои за него прават сè. Проблемот е што ретко некој ќе го праша тоа дете некогаш како се чувствува, што мисли за одредена ситуација, затоа што родителот знаел најдобро. На пример зборувам за родители кои децата си ги обвинуваат за своите брачни проблеми, ама пак се тие самите во право. Родители кои еден депресивен период на детето го сметаат за лигавење и пак тие знаеле најдобро што му е, без да му дозволат да се искаже. Родители кои сметаат дека родителската грижа е само да му обезбедат храна и облека, а чувствата и блискоста со детето и не е толку битна. Познавам и луѓе кои без срам, за да си го задоволат егото, психички би се изживувале врз едно дете, а тоа ако посака да избега од таквите луѓе - разгалено било, абе дете е што знае... Сфаќа некој дека ако една личност одгледува дете, автоматски не значи дека таа личност го мисли најдоброто за него? Не сум родител да зборам, да. Затоа сум нечие дете кое не секогаш имало прилика да се искаже...