1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Кога сум во период на добивање кај мене се спојуваат сите временски непогоди.
    Земјотрес,торнадо,поплава,циклон,ерупција...
    Почнувајќи од ерупција па натаму.
    Бегам од сите и сакам само мир,соба,филм и пуканки. Но нешто ќе променам и тука.
    Добра ноќ
     
    На Kukla994, senza.parole, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Прави добрини. Со секое добро дело ке осетиш топлина на душата :inlove:
     
    На Aleksandar1212, ЕденЧлен, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    19.618
    Пол:
    Женски
    Некои приjaтелства завршуваат заради одредена причина. И тие ни се дел од минатото. За некои од нив не жалам. Дури ми е мило што завршиле. После извесно време гледам со кого сум си имала работа, и од оваа гледна точка (после неколку години) не жалам што завршиле.
    Е сега има две приjателства, кои радо би ги вратила назад. Искрено завршиja пораьи глупи млади изговори. Ти реков, ми рече, рекла казала. Да ми беше овоj памет тогаш (пред повеке од 4 години), не би реагирала така како што реагирав тогаш.
    Што е до мене, ке се потрудам да видам што прават тие две другарки, иако помина време. Некогаш не вреди да се вракаме на минатото, ама барем знам дека сум пробала.
     
    На Anabelle.Amorette, Mr. Right, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.331
    Пол:
    Женски
    Ah be dedo ... Na golem den bilo sudeno da ne napushtish ... Se tesham so toa deka se pojaviv navreme vo tvojot zivot , i barem tebe te izraduvav so malite prevnucinja ... Shto se sluci odednash ? Od vesel covek , koj go shetashe svoeto prvo prevnuce , se pretvori vo covek koj nemoze da stane za casha voda ;( Dobro e shto te posetiv za posleden pat ;( ... ti ne me vide , ama znam deka go oseti moeto prisustvo ... Prosti mi ako nesto sum ti zgresila .. Ke se vidime na drugiot svet koga ke dojde vreme ... Pocivaj vo mir ;(
     
    На Lady Phoenix, ЕденЧлен, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.516
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тивка ноќ. По преубавата вечена прошетка во светлината на белилото, кренати ролетни и вперен поглед во прозорецот како во најубава уметничка слика. И единствена чии бои се прелеаа од темнината на ноќта украсена со белилото распослано по гранките во нежноста на утрото и блесокот на денот. Осветлен дом од сите страни и проектирање во други сфери и простори,А на прозорот безброј гулаби и радосно очекување на нова среќна вест за подобри денови.
     
    На Lady Phoenix, winter flower и КикиМаус им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.586
    Допаѓања:
    79.097
    Пол:
    Женски
    Гледам кој каде го фатил крстот денес и што ќе видам... минијатурни базентчиња, некои повеќе на џакузи личат. Не ги собира внатре да застанат сите а не па уште крст да им се фрли, ќе се потепаат... каква мизерна држава сме. Условите под ниво. :|
     
    На "Zoki", winter flower и Згодно Момче им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Модерен свет и Европа, што?
    Pv2ol4.jpg
     
    На Lady Phoenix, Anabelle.Amorette, mssuniquee и 19 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.121
    Пол:
    Машки
    Самото фрлање и скокање по крстот нема ништо христијанско во него. Тоа дека фаќањето на крстот носи среќа и благослов за оној/онаа што го фатил е чисто суеверие. А тоа што градоначалниците нудат телевизори и лаптопи за тој што ќе го фати крстот, тоа пак додава и материјалистички мотиви за оние кои скокаат по крстот.
     
    На eloves, Anabelle.Amorette, Mr. Right и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Бог се јави. За многу години нека е празникот.
    Нека Светиот Крст ви донесе многу здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во вашите домови !
     
    На Aleksandar1212, ЕденЧлен, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Денес на менито - како да се „описмените“ во 21-от век? |(

    Така што ќе се научите да користите пребарувач, да си најдете тоа што треба и да си го прочитате! Срамота е, а богами и жално, да кажеш дека не знаеш нешто што може да се најде на Интернет. Отвораш Гуглето, куцкаш што треба, маваш на ентерот и воала!

    Од телефонски броеви и адреси, речници, блогови за се' и сешто, форуми, групи за поддршка, туторијали, па се' до тоа како да склопиш градинарска масичка или како да го исчистиш вентилаторот на рерната... се' си пишува. Сакаш пребарувај како да си го смалиш носот со контури, сакаш пребарувај како се чисти снег најбрзо, сакаш пребарувај кога умрел Киро Глигоров, ама се' си пишува. ]:)

    Само кој да прочита?!

    Не се чита, не се мисли, не се користи мозокот, ставени на авто-пилот и глупи и тупи прашања, одново и одново.

    И после - од кај ги знаеш сите тие работи?
    Еве не знам, вчера ги сонив.
    Привидение имав.
    |(
     
    На Оленка*, julie77, Kukla994 и 46 други им се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Бог се јави , навистина се јави . Нека ни е честито и вековито Исусовото крштевање Водици , за многу години сега секогаш и во вечни векови АМИН .♡

    Иначе луѓенца во понеделникот бев да ми пишат тоа десетката во индекс и си реков ај ќе одам пешки демек шубо времето еј...какво убо какво време...кога излегов турваше корнеше снегој..добро са не турваше до толку многу ама сепак и ајде сега ко сум тргнала не ќе се враќам пак и ај ојдов...се покајав пешки шо тргнав јас шутарката...наместо да си зеам такси и да шибам јас пешки...кој нема во глата има во петицине...и одам пешки по тоа нивата(ископанио тротоар) со снег над колена и на нецели 100 метри ко бев блиску до факсо и ко ме шлапна еден копук со тоа колата ме напрај како да се борев со свиња во кал.Ќе опцуев ама ај си реков...ај то еми одам на прав пат и не ја видов таа полуизвадената плочка и за малце ќе залетав како Бетмен стајл нешо така и оп ред бул ти дава крилја работата.Многу стабилни ни се патиштата,тооо муцеее!
    Тие шо се од Битола ќе ме сфатат шо сакам да кажам дека кога ојш по Широк Сокак на црните плочки има опасност да напрајш шпага или да направиш балетски движења и да падниш,па затоа најубо е да се оди по снегот каков таков...
    Месецов ни е полн со изненадувања-МАКЕДОНИЈА ПАТ:makeup:
    П.С.
    Врне врнееее врнееее
    уште малку и снег ќе не покрие
    врне врне врнееее
    пато ''арен'' ни е
    бар Мак пат така ни вели еееееј
    врне врнеее врнееееееее
    уште малку мај ќе дојде
    и снего ќе замине ееееехееееј
    :bow:
    Have a nice day guys(heidy)
     
    На "Zoki", Tan4ence, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    :rofl:@My name одиме денес на победааа!!! На празник никогаш немаме изгубено
    IMG_4981.GIF
     
    На cresa-jagoda, kala21, "Zoki" и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат се разочарувам од професори на државниве факултети.
    Професор да не дава на вонреден студент да полага бидејќи немал присуство !?!?
    Па за што воопшто е вонреден ако треба да присуствува на предавања? :^)
    Па жалења кај декан, па закани дека нема никогаш да положи и да дипломира...

    Дали има институција која ги контролира професорите што прават или чим стигнале да бидат професори ниедна сила не ги допира? :?:
    Just asking.... :drunk:
     
    На biGirl, Lady Phoenix, Anabelle.Amorette и 24 други им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Најмногу ме иритира тоа што луѓето знаат да забележат марка на облека, шминка и чанта што ја носиш на себе ама не знаат да ги проценат туѓите чувства, ниту знаат да разликуваат лутина, тага, разочарување и осаменост.
    Среќата и љубовта на секое лице преубаво изгледа, се познава по сјајот во очите и убавата насмевка.
     
    На julie77, eloves, winter flower и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Можеби не забележавте дека сама седела на сепаре...
    ...ако не сте забележале, сама ќе си каже, без гајле.
    И без разлика на територијалните поделби, тоа што си фатила сама сепаре ти е исто ко да си фатила 7 паркинг места со една кола... Култура е во прашање тука, не родното ни место.
    Нека ти никне кур за да ја испразниш нервозата шо ти се собирала додека тебе ти го закачувале, ваљда така ќе ти се излечат комплексите и ќе почнеш мирно да спиеш.
    И пазете, дрога тураат во пивото.


    http://www.zivamegjumrtvite.com/ako-ne-sum-masko-ne-znaci-deka-ne-mozam-da-ti-go-zakacam/
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Жива меѓу мртвите,го прочитав поледниот одговор кој беше поврзан за неа во темава па ми текна да кажам,пред 1-2 години со мојата другарка и имавме коментирано на нејзин статус,каде што се пошегувавме меѓусебе.Не можам точно да се сетам што беше,но девојката толку лошо се испонаша и толку грди зборови употреби што не можам да поверувам од личност што го имаше напишано тоа можеше да излезе таква некултура.Ние нормално не изреагиравме на тоа,и одговоривме со краток одговор.Од тогаш не ја следам на никоја социјална мрежа но откако и излезе книгата се заинтересирај и ја купив.Начинот на која таа ја има пишувано ми се допадна,па тоа ме натера да ја отворам и нејзината страна (или блог),објавува цитати на млади девојки,момчиња според мене не толку зрели да напишат добар цитат,ме разочара што сите тие цитати беа објавени,насловите беа катастрофа,употребувањето на неубави зборови.Мислам дека треба подобро да разгледува кој што му праќа и да поработи или даде некој совет како може тоа да изгледа.Не мислам со ова да ја искритикувам или навредам,само го искажувам моето мислење!
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Освежувач за простории.
    Освежувач за автомобил.
    Освежувач за правосмукалка.
    Освежувач за фрижидер.
    Освежувач за гардеробер.
    Каде исчезна потребата за природен воздух?
    И што следно треба да очекуваме?

    Можеби ќе пронајдат и таков, кога ќе готвиме, наместо мирисот на варен грав од садот да почувствуваме океанска свежина.
     
    На julie77, eloves, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ на тема грав и домаќинство, варам грав од 2ипол и уште не е сварен.
    The fuck am i doing wrong? :| :sweat:
    И да, цела куќа ми мириса на грав. :D
     
    На biGirl, Lady Phoenix, Crna Dama и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Не му ја менуваш водата, затоа. :D
     
    На Lady Phoenix, JollyGirl, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Провери дали си го уклучила шпоретот.:lol::rofl::rofl:
    Се зезам следен пат прибирливо бирај од каде купуваш грав, се случува и да ти го измешаат па пола сварен пола не да биде.

    Друг ми беше муабетот на двете новоотворени теми подголтнав кнедли и се расплакав.;(
     
    На cresa-jagoda, elimkd, galapce и 5 други им се допаѓа ова.