Пред да го ставиш да се вари, стави го да отстои во ладна вода. Првата вода со која ќе зоврие, истури ја. И на крај можеби ти ќе бидеш иноватор на новиот освежувач
Прочитав вчера дека истата ноќ се отварало небото и се замислувало желба. Јас замислив Македонија да тепа ракомет Епа исто како да победивме. Денес ми е слава и на овој ден секогаш се гледа ракомет, секогаш е жустро и на Водици секогаш тепаме. Кога само ќе ми текне за лани...леле леле... Оваа година сум посебно горда на себе. Мајка ми немаше време па спремав се сама. Освен месото кое го однесовме во една кафана и кифличките се на тетка ми. Тоа што никогаш не научив да сечам барем приближно исти парчиња торта оваа година не ме потресе баш.. пошто сум преморена. Овие неколку денови се исфорсирав.... Повелете на закуска (уште некои ствари фалат ааама почнаа луѓето да пристигаат, па побрзав да сликам Среќна слава и среќно име на сите што слават денеска Спојлер
Mozebi e jazicna bariera vo prasanje. Ne sekoj znae angliski. Nisto ne e cudno. Imajte vpredvid deka nesto sto znaete Vie ne znaci deka cel svet znae, ama pa zatoa nesto sto znaat Tie, Vie sigurno ne go znaete. Poveke razbiranje narode.
Кога ќе се сетам од кога се немам насмеано онака од душа, на глас... смеа што дури преминува во хистерично смеење како што постојано се смеев порано, страв ме фаќа искрено. Воедно и жал и тага за тие убави времиња, што ми се чини беа многу одамна. Пред другарките важев секогаш за таа лудата, откачена, со чукнат смисол за хумор, сега пола од тие другарки го изгубиле епитетот "другарка" а со другите, што знам, не е како порано. Некако, тогаш ко да немаше грижи, се беше детско, лесно, искрено, сите се дружевме, имаше и препирки и закачки ама за работи кои веќе до после се забораваа. Најубавиот период во животот е детството, тинејџерството. А најлошата работа која може да ти се случи е да пораснеш, но за жал и неизбежна. И ова го мислам буквално. Секако, дека можеме да се обидеме да го сочуваме детето во нас, но никогаш нема да успееме до крај, секогаш ќе има нешто што ќе го "загади" или уништи потполно. А и едно е да си вистинско дете на 12, 15, 16 години а друго е истото да го носиш во себе...
Имам разбирање, верувај некогаш и повеќе од потребното. Hence ваквите постови. Последно што проверив, Гуглето функционира и на македонски јазик. Не оспорувам дека резултатите се оскудни, ама на српски, хрватски, српско-хрватски и бугарски има и повеќе од доволно. А и Гуглето има едно фино опцииче, што го користат и кога треба и кога не треба, а кога им е потребно - не. Е, тоа се вика транслејт, па колку-толку ќе ти склопи некое речениче, колку да се снајдеш и да прочачкаш тоа што те интересира... дека некој паметен програмира и Гуглето пребарува keywords со алгоритми, па такви информации и ти „исфрла“. Нели сега се' е срч енџин оптимајзд, што би рекле од странција. И не е за јазикот толку, колку што е за немукаетноста и мрзливоста да се користи пребарувач или опцијата пребарување. Впрочем, како и на форумов. Па по некое време навистина замара кога некој форсира и тупи нешто одново и одново, без да си го помрдне и ножниот палец. Ама кој сфати, сфати. Кој не...
Ти, дa, ти! Дaли сoнувaше нештo? Бивши мoј, бaр дa спoменеше нештo штo ми oдгoвaрa мене ххх Нештo немaм кoндицијa нит желбa зa ништo и никoј. Штo ли ми се случувa и зoштп секoгaш нa прaзник сум нерaспoлoженa,зooштo? Штo ли е прoбл.?
https://www.dailypetition.com/Punish-thugs-that-cut-dogs-ears-off-and-posed-for-photos-t-745 Потпишете!!
Стремете се секој ден да учите нешто ново, нешто со кое ќе ја надградувате вашата личност. Нешто со кое ќе се усовршувате. Сте рекле ли: Денес сум помудра од вчера, а утре ќе бидам помудра од денес? Денес се искачив значително погоре, неколку скалила. Животот е борба, не со другите, со себеси. Кога мислиш дека веќе не можеш, баш тогаш најмногу мораш. Да кренеш глава и да докажеш дека си борец.
Животот не' искушува! Постојано. Заблудени и несвесни паѓаме на краткотрајни задоволства, кои често оставаат вечни последици и секогаш грижа на совест. Најубаво чувство е да си легнеш навечер безгрижен и спокоен. Исполнет, мирен. Можеш? Може ли некој? Не ретко она што не' насмеало денес, утре ќе не' расплаче и обратно. И секогаш, животот носи болка. Има болка која не' повредува и болка која не' променува. Колку и да ме повредува оваа моја болка, јас ќе се променам, јас се променувам!! Кој знае уште колку утра ни остануваат. Што ако оваа ноќ е последна??
Попот во некоја држава замалку ќе се удавел кога го фрлал крстот. Во Бугарија се тепале со боксови за крст, прво го фатила некоја девојка, го поништиле, па втора рунда - тепачкаа. Во Скопје Охриѓанец го фатил крстот, Скопјанци ќе го тепаат. Се сте се ама сеуште во душа ја имате онаа сељачка жичка. Дефинитивно човек не сте. Да сте живи и здрави сите.
Брат ми и рекол на “девојка му“ (читај, симпатија од забавиште) секогаш да си ги носи наочарите јер без нив малава немало да може да ја види неговата лепота Мене срам ме фати
Ден на жалост. Се изеде и последната тегла ајвар за оваа година.Шмрц шмрц Како и да е, како шлаг на се, ме убива половината од болки,не можам да се движам.Не знам што да праам неподносливо е уф. На повидок е уште една непреспиена ноќ.
Samo sto go citav dnevnikot zaboraven vo skolskiot ranec.. Se potsetiv na se, isto ko da se vrativ vo toa vreme..prvata platonska ljubov, prviot baknez, prviot decko, razdelbata..preboluvanjata I povtornoto zaljubuvanje. Sum bila tolku neiskusna I naivna, zatreskana do beskraj..Sfativ, me izmenile mn.nesta ama edno ostana isto, sekogas sum ocekuvala lugjeto da me razbiraat bez da im objasnuvam, ednostavno nemozam lesno da iskazuvam cuvsta.
Му кажувам колку подобра личност станав во периодот во кој не беше дел од мојот живот (зашто останав сама и морав да си ја најдам силата), колку работев на себе, дека конечно научив како малку повеќе да се сакам, дека не го пуштав назад, за да не чувствувам емоции како сожалување и вина, во превод бев себична за својата среќа, а единствено кое ми го рече е - "Ми иде да те бакнам што си го постигнала сето тоа, се гордеам со тебе!" Ако ова не е љубов, не знам што е.
ПМС и традиционалната несоница. Имам проблем со складирањето време во последниве години. Све си носам. Да ме праша некој каде ти е лани, мене лани ми е веднаш позади мене, вчера е уште во мене со сите емоции што биле. И се се трупа до следната здравствена глупост. Нејсе... Секогаш го сакам до бескрај, но некогаш, го сакам така чудно како да утре нема да се видиме пак. Љубов со страв, го мислам... го мислам секој час кога е некаде по снеговиве. Нова работа го чека. Спремен е, ќе ни донесе многу убави промени. Нова работа ме чека... ама тие промени ќе бидат големи, не знам дали ги сакам, одлучувам. Можеби затоа не ми се спие, дури и кога спијам размислувам. Мачето лудачки се плаши од правосмукалка и фен. Фенот сум го оставила на под. Направи толкав круг да го заобиколи исклучен, за да излезе низ врата, многу ми е смешно. Правосмукалката исто само што ја гледа исклучена паѓа во несвест и не може да се смири.Колку што е смешно, па и тажно е... И така си изнапишував неповрзаности, ама да ја испразнам главава барем малку...
„Македонско девојче” во џез изведба на англиски и шпански јазик https://www.facebook.com/RepublicMacedonia/videos/1525658910795408/ Спојлер чика де мацедониа
Аман бе луѓе колку сте настроени за кавги и расправии..како секој момент да го чекате нешто да излези за лом да се напрајте...па и веќе кога прочитав дека се спречкаја на толку интересна тема како што е Последен филм што го гледав каде што секој треба само да си даде став..толку значи морав ова да го искоментирам..размислувајте што кажувате ниту се знаете ниту се познавате а одма непријатели