@JoanaS Гледам прилично нова си, добредојде, не се плаши па ти од пар расправии, вака нешто доживувај ги
Јас сум зависник од часовници,значи сите пари на нив ги давам ахх,ке помине ли некогаш оваа луда работа
Има денови кога од утрото ќе ти почне муабетот убав со позитивни ведри и насмеани луѓе кој знаат да се опуштат во граници без предрасуди и злобни мисли за било каков разговор. А петочки кога ќе ти почне сочно денот викендот мора да биде топол и влажен.
Бегам од негативни луѓе, мислам дека ако сум до нив ќе ми ја пренесат нивната негативност. Има такви негативни луѓе и на форумов што само што ќе им го видам никот ги прескокнувам, па и љубовна поема да напишале.
Частенка: На алкохол никогаш не сум штедела, храна ми остана премногу од вчера... па наминете на мезе и дојадување. #именден п.с. Некој погоре пишал да им се фрла трошки на врапците во овие ладни денови. Е и ја така со години секоја зима, додека пред некој ден гледам на ТВ една женичка упатена во тоа, кажува дека никако не смеело да им се дава леб каков ние јадеме затоа што квасецот им правел многу полошо отколку што ние им мислиме добро. Затоа исклучиво пченица кој има. Убав ден људовиииии!!!
Како кога се качуваш во авион да леташ прекуокеански, па качувајќи ја последната скаличка во тебе одекнува: навистина ли сакам да одам? Грешам ли? А да се стрчам назад? Моите уште се на аеродром. Само ќе се стрчам и ќе си одам дома. Налет и авион и се'. Ама... На другата страна ме чекаат други, непознати убавини. Толку долго сакав таму да појдам, како да избегам сега? Грешам ли? Еднаш во вистински авион ја голтнав кнедлата, плачев и ја поминав последната скаличка. Ми фалеше мајка ми и ми фалеше татко ми. Беа на паркингот на аеродромот а јас толку далеку. Сега нема авион. Ама неколку километри се чинат како неколку универзуми. Кој да знае дали грешам?
Сите богати и славни викаат Money can`t buy your happiness а пола од нив кажуваат за себе како доаѓаат од сиромашни семејства и биле многу несреќни се додека не се прославиле и им се остварил сонот. Не иде тоа така!
СДК дека мноооогу години (поточно пред 27 години) на овој ден првпат дечко фатив. Тој - еден беше и маж ми стана подоцна. Сега го листав календарот да видам дали има уште неработни празници, па ми текна на датумов. Го славев овој датум некогаш а денес ми е ден за да се присетам на една пропадната љубов. Многу го сакав и од љубов се омажив за него.Никој неможеше да ме разубеди дека сум млада за извршување функција: сопруга/мајка/снаа/золва... Ми удри животот шамар од кој и ден денешен ме пече образот...но решив да не го вртам и другиот за да ме удри и по тој. Животот мора да се превземе во свои раце и да не се остави стихијно да се решаваат ситуации сами од себе.
Друже Trump честито претседателствување со ЈУ ЕС ЕЈ. USA бе! Убаво се сеќавам пред точно 8 години во јануари 2009-та година кога беше инаугурацијата на Обама, а јас тогаш бев детенце штотуку тргнато на факултет и ги спремав моите први испити во јануарската сесија. 8 години подоцна... светот многу се променил, а и јас исто така. Или можеби јас сум се променил, а светот отсекогаш си бил ваков каков што е. Има и во тоа нешто вистина. Пораснав како и да е! Навистина брзо лета времето. 8 по 8 по 8 години и животот си поминува. Затоа живејте со полни бели дробови јер овај живот је кратак и прозуји за час! Ме инспирираат вакви големи настани на светско ниво (важи и за светско првенство во фудбал, олимписки игри итн.). Добар момент да направиш пресек и да видиш каде бил светот пред 4 години, а каде е сега, каде ти си бил пред 4 години во животот, а каде си сега и каде сакаш да бидеш за 4 години од сега!
Убавината на снежната покривка како дел од зимска идила, ме асоцира на душата и карактерот на некои луѓе. Мека и кревка, со својата едноставна чистота ги покрива сите пречки и несовршености... а со блескавата белина го впива, рефлектира и истакнува секој зрак светлина. Е, ваквите личности ценете ги и не дозволувајте никогаш вашите стапки по нивната добрина да станат дел од оваа метафора... туку блискоста со нив чувајте ја како во снежна кугла, која често ќе ја протресете, ќе ве разнежни и ќе ви ја врати вербата дека постои многу внатрешна убавина во човештвово!
не мом да го поднесам поќе ....а за мајка ми најмногу ми е жал....КАКОВ ТАТКО СИ ТИ БЕ, КАКОВ ЧОЕК СИ ТИ БЕ!!!!! МЕ СЈЕБА У ПМ ГНАСО ЕДНА КОПИЉАК ЕДЕН НЕ МОМ ПОЌЕЕЕ
Им благодарам на сите форумски пријатели кои во текот на моето членување беа тука да ме прочитаат и да ми дадат подршка, макар и преку овој виртуелен свет! Оние кои ја знаат мојата борба ме разбираат најдобро. Сега морам да продолжам сама! Особено поздрав до омиленото катче +/- 40 . До некои подобри времиња
Zal mi e ako e toa sto mislam tebe i uste mnogu drugi so zadovolstvo gi citam ,nekoj ne znae da ceni sto ima vo zivotot guskajsi gi deckite tie bezuslovno ke bidat so tebe pozz