Ако си со некој/а што си има резерви покрај тебе, за секој случај, не ни вреди да го трошиш своето време на него/неа. Резервите покажуваат колку брзо ќе те замени, а оној што брзо те заменува само површно гледал на тебе.
Секоја година уживаме во разните циркузи за фрлањето на крстот, ама мислам дека ова е врвот http://off.net.mk/lokalno/razno/vodici-kakvi-shto-nemate-videno
Понекогаш се што ми треба е ноќ со другарка ми, добар разговор, музика и малку алкохол. Живели за другарките кои знаат како да расположат
@ЕденЧлен И јас сум таква. Само за разлика од тебе се воздржувам да ја зачувам платата и за други работи. Свесна сум дека имам драгоцено задоволство помалку Жени / Мажи...
Ете не ми влегува во глава, на мажот да се подарува плејстејшани, часовници, цели парфемирани колекции, шалчиња, ова она, а тој неа апарати за домаќинство. Па одозгора уште една радост Купил нешто што им треба и на двајцата . Најверојатно тие се, од тие мажи што велат дека миењето садови е женска обврска, а жената од специфичниот вид "Ми помага околу детето" единки.
Сакам да ви кажам феминки мои дека ние, силните жени никогаш, ама никогаш не смееме да заборавиме колку сме силни! И никогаш ама баш никогаш не смееме да дозволиме некој да ни ги променува гледиштата на животот, на љубовта! Оти ние се правиме поинаку, помоќно, пострастно и поискрено!
@theowndemon сакам да ти кажам дека не играм ЛОЛ воедно и да ти заблагодарам што ми го упати поздравот. Личности што се искрени ме радуваат и ми го доразубавуваат денот.
Конечно и јас да направам неочекувано добро дело Излегував од продавница, а така малку подалеку од мене за дома си одеше помало комшивче. Ја вадеше раката од џеб и воедно и падна нешто, ама пошто беше подалеку не ни видов што е. Кога дојдов поблиску видов дека се пари...700 денари, плус фискална. Ги зедов и тргнав накај нивната куќа, а девојчето веќе си беше влезено дома. Заѕвонив, ми отвори мајка и и се чуди што ме гледа...Здраво...здраво...И викам: Ана дома е? Да не изгуби нешто по пат? И таа ваљда се сети зошто така викам, па ми кажува: -Тука е, ете ја плаче, се секира го изгубила кусурот, па сега баба и ќе одеше по улица да бара. Им кажав дека ги најдов парите. Па колку се израдуваа кутрите...Ми кажуваше што купувала, за доказ да видам на фискалната....Па баба и ме гушкаше од среќа....Па девојчето така цела со солзи од плачењето, почна да се смешка...Па сакаа да ме частат...Па ме викаа на кафе... Им го разубавив денот и премногу ми е мило. Тие три сами живеат и не стојат баш добро финансиски, така да, тие 700 денари ПРЕМНОГУ им значат Среќна сум што токму јас ги најдов парите
Влегов во дискусија на тема што е фантазија а што идеологија.... Се согласувам дека фантазија е сопствено креирање на правилата додека идеологија е правилно спроведување на правилата.... Па се начна тема за тоа дали идеологијата сама по себе е наука. И така...нешто ме сепна, ме замисли и ме остави така со подзината уста... Не можам да оформам став веднаш, морам да прочепкам малку...впрочем за тоа и е животецот. Да учиме секојдневно нешто ново, секојдневно да размислуваме на нови и нови топици и да разменуваме мислења, идеи, карактери....
морам со некој да зборам морам морам мораааааам !!!!!!!!!!!!!!!!!! ......... има некој шо ќе се смили?
Кога 15-годишни на Фејсбук си честитаат роденден уз честитката што почнува во стилот "Срцка само ја и ти си знаеме низ се што сме поминалe", па си викам, бреј алал им на тие деца, после низ се што поминале, па види ги, уште се држат, живи се Гасете Интернет, ште ве помоља
Да си жива и здрава фала што ме потсети...ќе му кажам на мојов да спрема за април една машина за садови евентуално правосмукалка
Чуднo денес сo другaркa ми шетaвме, видoвме штрк. Штрк и гo гледaвме дa видиме дaли е нaвистинa, вo oвa време, стoиме и кaкo прв пaт дa гледaме штрк се чудиме. Другaркaвa вели мoже нештo суевернo дa е, некaкoв знaк. Штрк вo јaнуaри не ми де верувa нo видoвме. Ах, мoјa чудеснa земјo