Кога ќе слушнам споредба меѓу Џеки Кенеди и Меланија Како можеш да ја ставиш Меланија во ист ќош со безвременската ПРИРОДНА убавина на Џеки, нејзината елеганција, инспирација за сите останати жени...
Мотивацијата ми е кога одејки се губам во огромната толпа народ со кеси в рака разгледувајки најразлични заменитости во историски град полн со архитектура. Не не се изморувам од толпата, напротив се полнам и гледам поразлично, повисоко на животот. Обожавам кога ќе сретнам во таа толпа секаков народ, секакви јазици и секакви луѓе, толку различни а сепак толку исти. А посебно обожавам кога ги гледам префинетите жени со огромна доза на специфичен стил.. сите оние перулини, капути кои се перфектни за овие зимски денови, односно ја раскажуваат зимската бајка на префинетост и вкус. Впрочем така е и со животот.
Сaкaм речaм,незнaм кaжaм. Тoлку рaбoти зa кaжувaње,a сепaк ниеднa. Гo сaкaм и не гo сaкaм.Мoжнo ли е дa сaкaш истoвременo и дa не сaкaш? Дa мoжaм сaмo дa исчезнaм нa некoлку денa кaде немa никoј.Нит дa ме слушне нит дa ме види. Дa се изнaплaчaм убaвo без дa oбјaснувaм зoштo. Дa мoжaм .... Реaлнoтo е штo немoжaм. Бaрем дa имaм кaмен местo срце. И пoвеќе хрaбрoст. Чинaм немoжaм.Немaм дoвoлнo хрaбрoст дa му ги oтвoрaм сите кaрти...Дa гo види реaлниoт свет.Еден ден.....мoжеби еден ден.
Дали си користољубив? Запрашај се заради што си со луѓето кои ги нарекуваш блиски,пријатели... Каков човек си? Погледни ги истите.
Плети, тргај, Да се не расплела. Да се не разврзала. Оти, ако се расплетеш- Ќе истечеш. Ако се разврзеш- Ќе осамнеш. А спремна ли си да се соочиш со себе? Очи в очи, Исконски? Ти, веќе го имаш тоа сторено. Само треба да се потсетиш. И потсети се. Истечи одново. Осамни. Свеж, нов ден, и ти.
Отварам некоја тема на форумов, сакам да напишам мислење и после неколку конзервативни и ограничени мислења се откажувам. Сериозно да си го бакнам дечкото е непристојно? Не знаев дека не треба да се искажуваат емоции во јавност. Или пак му смета на некој да види заљубен пар? До каде со гадењето од љубовта и погледите на емоциите како на нешто лошо и непожелно? А сите ги сакаат сцените од филмовите каде дечкото страсно ја бакнува девојката на сред плоштад/автобуска станица/аеродром и пред толпа непознати луѓе. Не сфаќам.
Морам да си реплицирам сам на себе !!! Денеска во емисијата "Во Центар" со Васко Евтов беше обработувана темата: Меланија Трамп и нејзината врска со Македонија ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА !!! Ах бе Македонци бе, што направивте ? СПИЕТЕ ЛИ МИРНО МАКЕДОНЦИ !!! Луге, ситуацијава навистина станува сериозна. за нас и нашето влијание во светски рамки. Ние треба да се освестиме малце повеќе и да превземеме нешто и да ја искористиме оваа шанса која ја имаме. Вразумете се, и заедно да се ибориме за промена на светскиот поредок !!! Мои предлог сериозни теми за истражување и обработка. На пример вака: - Како интимниот одност повеќу Меланија и Доналд ќе влијае на Македонија ? - Дали ако Меланија забренеми и притоа роди уште едно Доналдче, тоа ќе значи пад на наталитетот во Македонија ? - Ако Меланија Трамп има фото сесија без цензура за Македонско модно списание, ќе донесе нови странски директни инвестиции во Македонија ? - Релацијата Меланија-Македонија-Груевски, може да значи пад на системот и крах на македонската економија ? - Можно ли е новата прва дама на Америка, да вроди со плод и решавање на спорот со името со Грција ? DA ZIVEE >>MAKDONIJA>< IME TO NEGO DAVAME !!!!! ПозЗ3³ ®
Ова нема цена. Никој од тие што го прават делово немаат корист, може да се пројде во животот и без да го направат ова но тие го направија. За некого безвредно за некого цел свет. Луѓево не очечуваа ништо за возврат а заслужуваат многу. Има многу хумани дела но некои се издвојуваат. https://www.facebook.com/NYPost/videos/10158335921955206/
Спојлер Не е трансформација како што се зборува. Нормално дека ќе затегнува, секоја жена која навлегува во години и сака да одржи убавина би затегнувала ако може да си дозволи.
Понеделник сам по себе е тапа. Џастин пее у позадина ват камс раунд гоуз роунд или така нешто битно свакам поентата до некаде...Убаво за решење. Еспресово со два шмрка го испив турско е турско да пиеш у голема шоља па да се заборавиш дур не те прашаат НЕ ГО ДОПИВАШ ТИ ОСТАНА Иде ли некој на јога...Медитација...Искуство?
„Еј, Жабо, како си? Што правиш? Што има ново? Се' мислам да ти пишам, и се' некоја работа ми излегува.“ Последно си имавме пишано пред пет години. Буквално безвременски пријателства.
Понеделнику не си ми значаен денес Утрово кон работа решавав тест на базфид, според бургерот што ти се допаѓа каде ќе ја сретнеш сродната душа Глупавоста нема граници. Денес решив да си купам торта. Чоколадна. Ја заслужив. СДК и дечко да е, и сопруг, животот многу работи знае да донесе и однесе, останете во контакт со луѓе бре луѓе. Ако си ги знаат границите, дека не се пред се' останато, не знаете во кој момент ќе ви притребаат. Еден да е, пријател да е. Пред 10години трчав со една таква убава леснотија...кога ли запрев? Се прашувам, ако постојано трчаме, дали нозете едноставно го прифаќаат тоа како новото нормално и продолжуваат, па не знаеш да сопреш. На здравје утринско кафе
Чуствoтo кoгa мислиш декa ти фaли уште еден чекoр зa дa стигнеш нa врвoт и oдеднaш живoтoт ти удирa шлaкaницa и те врaќa три чекoри нaзaд...
Жена е највозвишено суштество. Толку нежна, а толку јака. Носи терет целиот живот, ставена е во незавидна позиција во однос на мажот, а се прашувам зошто? Како може некој деген да се дрзне и да не почитува жена? Како прво самиот е роден од жена. Жена ќе му роди. И покрај тоа што жената трпи огромна болка при раѓањето на детето, доживува хормонски дисбаланс, па и тежината која ја носи кога е бремена, одлучува да оди и на второ, па и на трето дете, знаејќи дека не ја чека нималку лесна работа. И ти да не ја почитуваш? Настрана што се претвора во супермамичка и работи покрај тоа. Ме вадат од такт такви мажиња, а ги има, ги има и те како, ама што да правиш комплекси, неизлезени од среден век. Жена е кралица и точка. Драги девојки жени не се задоволувајте со ништо помалку, жена е да ја сакаш и да и се восхитуваш. Ги има и таквите мажи, можеби се должи тоа на фактот дека биле одгледани во семејството каде мајка им била третирана како кралица.
Кога ќе ти удри шлаканица и ќе те врати назад, не потклекнувај. Стани повторно и бори се за врвот. Малкумина го допреле врвот. Многумина се помириле со ударот и го препишале на судбината...Слабаци.
Сакам да кажам дека некогаш заборавам колку сила имам во себе, и дозволувам мали луѓе, ниски теми, чудни приказни да станат претешки за моите крилца напеперутка ама за миг... И потоа... потоа ќе прочитам некаде: „ ах бе камен си, јас секогаш од тебе сила црпам“, „ те сакам само заради таа сила...“ И ќе се насмеам... зошто вреди летот да продолжи заради нив, само заради нив!
Ситен дожд и тмурно време... Внатре јас и другарка ми,како изгубени меѓу луѓето кои се околу нас,не не изгубени туку занесени. Пиеме чај,грицкаме суво овошје и правиме планови. Од една тема се враќаме на друга,неможеме да се докажеме како да не сме се виделе со денови а сме биле разделени само неколку часа. Во позадина почнува омилената песна,дечкото на смена од што толку добро не познава го пушта целиот албум од нашата омилената група,нарачуваме уште по еден чај,муабетот продолжува. Одложуваме предавање,и остануваме пола ден на местото каде што секој можеше да не најде,местото каде што се осеќавме како дома ,местото што секогаш ќе ми буди убави спомени од студенските денови... Ја слушнав песната која што тогаш се вртеше повеќе пати едно по друго,една песна колку убави спомени само носи,ах Ми фали таа,ми фали чашата полна со топол чај,ми фали муабетот со неа,ме боли што сме толку далеку и што не паметам кога последен пат сме седнале да зборуваме како некогаш...