1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Не се пoмирувaм Јaс тaкa леснo...бетер oд Сизиф сум...
    Сaмo...некoгaш требa чoвек дa се зaпрaшa дaли е пoсaкувaн тaму нa врвoт...зoштo и тaму не се стoи aкo немaш сo кoгo дa стoиш
     
    На papillonP, Anabelle.Amorette, Lady Phoenix и 26 други им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Пријателството е како виното.
    Ако не е старо, не вреди ни пара.
     
    На the.vampire.girl, fallenangel, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Не,стварно.
    Што е тоа што толку ве исполнува да газете се пред себе?
    И се невино.
    Придобивка некоја?
    До толку е вредна? Мирно спиете?
    Нормално,иначе не би правеле така....си велам.
    За жал ќе се збие на недолжното,а вам ни тогаш нема око да ви трепне како ни сега.
    Освен кога нанесувате маскара.
     
    На purple..m, Anabelle.Amorette, fallenangel и 17 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.274
    Допаѓања:
    284.646
    Еднаш, пред многу години, една личност ми рече:

    „Знам дека е погрешно, знам дека е незамисливо, знам дека е лудо, но единствен начин да се чуствувам подобро е да те видам несреќна, тажна и скршена“.


    Тоа беше денот кога го свртев грбот кон оваа личност и го прекинав контактот.

    Не навлегов подлабоко во побудите или причините зошто го имаше избрано токму овој начин како средство за некаков вид на душевна храна и самоиздигнување.


    Еден збор, една реченица, еден настан, една постапка која дава сосема нова перспектива и димензија за односот кој си го градел со некоја личност.
    Нема потреба од изнесување нечист веш, нема потреба од плукање по оние, макар малку, заеднички моменти, нема потреба од некакви зборови и речник со кои во обид да деградира нечија личност се покажува сопствената некултура и некое лице со кое никогаш не би сакале да се идентификуваме.

    Само помислив колку е тажно да се живее во таков свет. Колку е тажно да си на негово место.
    Без осуда, без гнев, без фрустрации.

    Во моментот кога ќе воспоставиме хармонија и мир со сами себе и ќе се прифатиме со сите несовршености можеме да почнеме во потрага по некој со кој ќе го делиме животот, кафе паузата на работа или слободната саботна вечер во град.
    Никој нема да ни ги пополни несовршеностите ниту е тука за преку неговите ние да се чуствуваме подобро со сопствените.

    Нашето тело и нашата душа е како свет храм за кој само ние одлучуваме со што ќе ги храниме.

    Среќата се бара најпрво длабоко во себе.
     
    На papillonP, christinnn, purple..m и 51 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    femina.JPG

    Љубовна драма или семејно насилство? Не знаев дека љубов е некој да те претепа и остави гола на минус 20, напротив, сметав дека тоа е кривично дело за кое се одговара. Јбг, плавуша.
     
    На papillonP, christinnn, purple..m и 38 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Story of my life ....

    Првпат за оваа година дојде денот кога треба да си земам оценка по еден предмет на факултет. Уште на самото полагање беше потенцирано дека денес на 23-ти (понеделник) ќе се земаат оцени од 12 до 2 часот. Откако резултатите беа позитивни од полагањето со нетрпение го чекав денот кога конечно оценката ќе биде впишана во мојот индекс во празниот простор наменет за тоа. Јас инаку во последните 2 месеци си легнувам во 5 часот наутро и станувам околу 2 попладне затоа што учам преку ноќ додека сите спијат и имам добра атмосвера. Но денеска земањето на оцените ми се косеше со досегашната практика. Сепак, мора да се направи тоа и знаев дека ќе одам против моите навики. Бидејќи имам проблем со станувањето, ги ангажирав сестра ми и мајка ми да ми ѕвонат на домашниот и мобилниот телефон од нивните работни места за јас некако да успеам да станам за да одам на факултет како што налагаат обврските. Напорите беа успешни, иако незадоволен успеав да станам во 11 часот со тегнење во кревет едвај станва во 12. Се подготвив, на брзина излегов и правец накај автобуска. Како за беља ми избега автобусот кој беше планиран. Дишев длабоко, си велев дека нема потреба од нервози и го пребродив тоа трпеливо чекајќи го наредниот. Дојде другиот, и така итав кој факултет, премногу ми се одеше во тоалет да уринирам ама го прескокнав тој дел и се упатив кон канцеларијата на професорот, спремен да ја земам оцената, но на врата ме дочека залепен лист со известување дека земањето на оцените се презакажува за утре ( Вторник ) од 10 до 12.


    Диши длабоко Читко, диши длабоко ...!!!


    ПозЗ3³ ®
     
    На Kitten, purple..m, Stories и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.894
    Допаѓања:
    81.160
    Пол:
    Женски
    Никогаш не научив да памтам имиња и бројки.
    Кога велам бројки, мислам на години и глупави регулативи.
    Можам да напишам книга под наслов „Крштевање“, затоа што, навистина не знам колку само имиња имам испомешано во изминатите десетина и кусур години од моето школување.
    Измислив нови филозофи, нови катедрали, нови цркви, нови архиепископи, некои чудни ктитори и што ли уште не...
    Еднаш додека уште бев бруцош, ме имаше и на листа со „*“ и она добро познатото „студентот ХХ да се јави во кабинет“. Се изначудив, си реков - не препишував, не се „советував“ со колегите, што по ѓаволите ќе барам во кабинет?!
    Влегов ко покиснато маче, професорот се уби од крстење на моето глумење кума во тестот, а јас нормално - си преполагав.
    Ги погодив поголемиот дел од имињата, откако се убив од наоѓање асоцијации за полесно да ги научам.
    Уште ги памтам, иако поминаа речиси 5 години, ама пусти Боже - не можам да го запаметам тоа што ми треба во моментов. #ТраумиОдСтудентскиотЖивот :(

    Во средно се тешев дека барем задачи по математиките и физика решавам ко навиена. Сега, навистина не знам со што да се утешам.
    Можеби е криза на идентитет, а можеби само си будалеам...(tumbleweed)
     
    На Kitten, purple..m, Chica.Loca и 30 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.533
    Пол:
    Женски
    Значи... луѓе мои, поштована публико :D - дозволете ми да ви откријам нешто once and for all...
    Пред да заклучите дека некој некого брани и поддржува во скоро секоја ситуација, став, одлука само затоа што е близок со таа личност - прво помислете дека, guess what? Mожеби баш тоа што имаат сличен поглед на животот, е всушност причина што луѓето и се зближиле... 8-|

    [​IMG]

    :d:
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На purple..m, Chica.Loca, Anabelle.Amorette и 32 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Си викам попладнево дај посериозно да фатам да учам.

    Исклучувам телефони, лаптопи, им кажувам на сите да не ме замараат и влегувам во мојата пештера со илјадниците книги...

    [​IMG]


    Учам, учам, читам, читам, и во ум си викам кој знае колку време помина...Ајде доста читам да направам мала пауза....Ми изгледаше ко 10 години да поминале....

    Излегувам од соба во стилот на...

    [​IMG]

    Кога гледам во саатот поминале 42 минути....повторувам 42...
    :lol: :rofl: :rofl: :tmi:

    Сепак еве паузата си ја правам и си јадам ишлери (wtf)
    И додека го пишувам ова, тоа веќе што сум го прочитала почнува да се губи низ мозок...



    Туку имам приметено кога викам такси, ако се брзам за некаде тоа пустото касни над 20 минути, а ако одам онака лабаво, ете го доаѓа за 3 минути, и јас дремам најрано појдена :^)
    Епа како да истемпирам??

    ПрашањаКоиМеМачат пред испит :?:
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На christinnn, purple..m, Chica.Loca и 37 други им се допаѓа ова.
  10. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    83.771
    Пол:
    Женски
    Na MRT tipov e pejac sigurno drzi lekcii kako zdravo se hrani ,treba ubavo i slabo da izgleda bidejki bil javna licnost ,a kutriot odvaj mu se zakopcuvaat kopcinata od kosulata nabreknato mu izgledaat pa mozi moderno e taka :lol::lol::lol:
     
    На cresa-jagoda и "Zoki" им се допаѓа ова.
  11. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    83.771
    Пол:
    Женски
    (y)(y)(y)(y)(y) Bravo za kazanovo :hai::hai::hai:
     
    На mynameislove, "Zoki" и Crna Dama им се допаѓа ова.
  12. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Не ми јасно само како можете да не си ги сакате родителите, и да се срамите од нив...Еј на улица да и се дереш и да и викаш се срамам од тебе што си моја мајка, ццц а таа те носела 9 месеци во стомак, те ранела, те чувала, животот го дала за тебе, и за вака да им се врака..не знам што да кажам искрено за вакви луге срамота..А некој би дал све да ги има родителите, додека другите се срамат од нив.
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На christinnn, Kitten, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne e samo da stignes do vrvot.
    Tamu treba da te ceka i podrzuva cela garnitura.

    Zatoa luge ne si postavuvajte celi koj koga realno ke razmislis nemaat logika.
    Ne se toa zivotni slakanici (bas zvuci ocajnicki), toa se osvestuvanja ili razbistruvanja na umot koj prirodno te odbranuva od nesakan neuspeh.
    Nemoze so glava vo zid, treba malku i razumno da se razmisluva za da ne bide na kraj ona popularnoto na Femina
    'zivtec za koj majka za koj makea".

    Pred da se zaletate razmislite dali ima seto toa logika.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Штета е голема што некои луѓе не можат да се видат себеси колку се разобличени. Ах, колку би било поинаку кога во огледало би се виделе себеси како изгледаат со она што го носат одвнатре. Не викам дека јас не сум таква. Викам дека јас можам да го видам тоа кај себеси иако немам такво огледало. Имам осет и знаење. Можам да го видам и се борам со тоа во мене додека другите гордо си го носат несвесни како изгледаат.
     
    На purple..m, the.vampire.girl и fallenangel им се допаѓа ова.
  15. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Добро е што неколку дена нема нова статија за фустаните на Иванка и Меланија :rofl:
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.986
    Пол:
    Женски
    Јас и моите генијални идеи. :drunk:

    Бидејќи знаев дека ќе спијам само еден час вчера, решив да симнам аларм кој не престанува додека не решиш неколку задачи. :D

    Па дури и ги исклучив сите опции кои би можеле да ме спречат во тоа како можноста да го исклучиш телефонот на сред ѕвонење, или да ја деинсталираш апликацијата.
    И така сабајле во нешто по пет и пол јас се чудев како е можно да не можам да соберам три броја додека сирените сите ги разбудија.

    Можеби сепак стариот добар press-snooze-seven-times-before-you-get-up начин е поефикасен. :D
     
    На christinnn, purple..m, calliope и 15 други им се допаѓа ова.
  17. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.671
    Пол:
    Машки
    otidov da spijam,se nadevam deka ce se razbudam na nekoe drugo mesto,naka bide planina,dzungla.
    znam deka podobro ce mi bide i ce se chustvuvam mn opushten
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.284
    Толку околу мене негативни луѓе еј.
    Цицачи на позитивна енергија.
    ЈАс сум позитивна личност и толку ми смета ептен.
    Колку и да сум позитивна е такви личности ќе ме изнервираат.
    Имам и една таква другарка, ама таков црпач на позтивност еј, секогаш истото и викам биди позитивна, преземи нешто не кукај само, ќе се подобри...е не можам повеќе ми иди да земам и да се дистанцирам малку од се.:drunk:
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На Chica.Loca, Summerlover, Crna Dama и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ни недостигаат сеќавањата од минатото многу повеќе, отколку личноста што ни ги донела нив
     
    На purple..m, kjukli, Chica.Loca и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се погреши патот, обично треба да разбереме у кој момент сме скршнале од предвиденото, да направиме план, и да се вратиме назад слушајќи го планот и да продолжиме од таму кај што сме скршнале. Јасно ми е дека го утнав патот, и тоа далеку стигнав, па разбрав дека тотално сум го погрешила, почнав да се враќам, заборавив на планот, не знам ни што беше планот во суштина, па за да не размислувам лошо на последиците од заборавањето си разгледував околу, си ја вртев главата во наоколу ко Дороти барајќи го Оз или Алиса во земјата.. И заборавив кај треба да одам, кај скршнав погрешно пак, и такви ствари. Заглавив у сопствено проектиран лавиринт. Кукавица сум шо не знам од кај да почнам за да го растурам.

    Понекогаш се чувствував изгубено, на момент. Сега тоа чувство не може да избега, а и некако се навикнав да го имам покрај себе, како да сум прв пат седната во школска клупа па чекам учителката да ми каже кој е следен чекор и сите да тераме по концептот што го објаснила. Ама учителката ја нема. А ја сакам вечно прваче сакам да бидам. :rofl:
    И да ме искара мама за тоа шо го правам и ја да неам појма дека нешто праам лошо пошто уживам у тоа уствари, па после ќе треба да се извинам за нешто шо не ни сфаќам зошто треба да се извинам, битно треба.. Сеедно ми е се, поизгубено не посакувам на никој да биде у животот.

    Како бе некои од 7 одделение го имаат испланирано животот и тераат по тоа.. Како не се трефнав и ја нешто приближно на тоа.. ама па гледам и од друга страна.. имаат се освен живот..

    И не знам ни шо сакав да кажам, си го изгубив дневникот, па да не пишувам у ворд вакви глупости оти ќе ги избришам.
     
    На christinnn, calliope, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.