Браво! Многу убаво склопено, се пронајдов во секој збор, ми даде утеха дека не сум единствена. Ете само сакав да кажам ...
Апел до брат ми: Супер што патуваш во странство, ама молим те научи се сам да си пушташ машина и да си пружаш алишта. Неам време три машини да ти пуштам и да ти сушам.
Сдк1. Се испотресовте за Трампови. Ко демек Обамовци се сами постигнаа. Се знае дека огромни тимови стојат зад нив. За брзо и Трамповци ќе се поднаучат што и како треба и што и како не треба.. почекајте малце. Кога имаш некој нон стоп над глава да ти виси и да те подучува од носење битни одлуки, до најмали ситници, па да те облака и ред други дрнданици секој може да биде претседател и прва дама. Демек тие сами се носат со титулите, прашање е дали во целата таа функција напишале еден говор или донеле една одлука самостојно без милион консултации и анализирања. Пихх... Што не поминало.. и Трампови како и останатите еден ден ќе бидат екс. Секое чудо за 3 дена. Да не случајно верувате дека Доналд ќе реализира бар пола од неговите налудничави изјави дадени на митинзите? Посебно па не сега со милион советници околу него, официјални и инкогнито. Божем така се носеле одлуки плукни - залепи. Сепак, ретко кој пар функционирал така добро во јавност и успеал да одржи таква хармонија (јавна) пошто само они си знаат како им е зад спуштени завеси. Е да де, на Обама фемили мислам. Нешто посебно шармантни никогаш не ми беа. Посебно не Мишел, и нека е сметана за каква сака модна икона во фаца ми е ко коњ, Буда ме опрости (се извинувам на коњите). Додека пак Меланија ми е згодна. Е сеа имала злобен поглед... демек оние со бамби поглед такви и навистина се. Богдачува. И ако не се фокусирате на пластичните детали на нејзиното лице како појава е ВАУУУ! Додуша Иванка ми е пута 5 ВАУ! Туку овие нашиве со напишани говори, како еднашка не ги видовме да ги имаат научено, а да не ги читаат, да ми ги објасни некој.. Сдк2. Конечно најдов средство во Македонија со кое ја светнав плотната од шпоретот и тоа многу ме израдува. И воедно напраи да се осетам многу старо. Ете на што почнав да се радувам Па уште кога ќе ми текне дека за мање више 2 недели од сеа ми е роденден.. ми иде да си поплачам...така малце.. Сдк3. Од почеток на Февруари почнувам со курс во нашата ни метропола. Со последните поскапувања во јавниот превоз, излегува дека само истиот ќе ме чини малтене исто колку самиот курс, а плус превозот до Скопје. И нормално, без џепарац нигде не се оди... #животеимашлидуша Очигледно оваа земја останува само на оние 5% богати граѓани. Ние сиромашните како и до сега ќе си бараме чаре надвор. Имав повеќе "сдк" за кажување, ама последново сдк ми размати памет..
@duffi Да си кажам само дека на ризик го земав, зошто нигде не прочитав дека е конкретно за плотни, туку дека е за секоја површина што може водено да се чисти освен загреан алуминиум. Па дури и за облека и ткаенини, и да не се користи само ако е некој деликатен материјал. Сеа може многу од вас го знаат, ама јас денеска го открив. Ризик јак мила душа, ама ја светна плотната како нова Спојлер: За домачиците
Ај ова, ама и тоа што не се редовни. Точно дека поради снегот има некои проблеми, ама нека се организираат некако автобусите кога гледаат каква е ситуацијата. Има луѓе кои одат на работа и во школо со автобус и доцнат поради тоа. Вчера 7ца која ја има на петнаесет минути, ја чекавме пола саат на автобуска. И оди после нека ти поверуваат дека е до автобусот кој го има на секои пет минути што се вика.
Пред некој ден бевме во ИКЕА. Јас малку бавна, малку поеќе де, па пооди - одмори па пооди - седни на некое столче . На крај си се наличив во ресторанот и реков толку беше од мене. Оставив малата во делот каде си играат децата и додека со едно око пазев да не направи беља, со другово чачкав телефонот. По некое време се освестив дека имаат и вифи, па да не останам покусо и да не ја фатам гагата се приклучив. И како што е редот да видам што има на фемина и оп Јас срамотилоци сум сакала да гледам/читам а не сум ни била свесна
Пак некои одлуки треба да донесам, универузмов не ме остава некако да одморам, му се брза некаде... Ми треба знак од горе, ми треба да ми каже кој пат да одберам и што да одлучам....
Тој со шлаканиците треба да изеде уште многу векни леб за да биде фактор кој може да не врати назад...зедно сме посилни, нели...
Отсекогаш во темата Фрли нешто на другиот, сум сакала да напишам "камен по глава" Некако природно ми доаѓа со насловот А и јебига, у смс сум
Сакам да бидам мајка! Да! Сакам да бидам мајка,да се жртвувам за дете,да трчам по него кога ќе падне,се ама баш се за на крајот тие рачиња убави да ме погалат по чело и коса со поглед полн љубов.
Пробувам нешто да напишам, но не ми оди. Изборот на зборови никогаш не ми доаѓал како нешто тешко, секогаш течеле слободно, но не и сега. На моменти, а во последно време се почесто и почесто, сакам само да се стуткам во еден ќош, неподвижна и со тап поглед низ прозорот, и да посакувам да се врати времето. Сакам да бидам сама постојано, и ужасно ми пречи кога некој ми го нарушува тој едноличен "мир" што го имам кога сум сама со себе. Личностите што до вчера ги сакав со сето срце, денес на некој начин ми пречат. Не сакам да се гледам со нив, без некоја особена причина. Си велам, чувствувам како врските што ги имам со луѓето ми пропаѓаат се повеќе од ден на ден, а јас не сум доволно моќна тоа да го спречам, а не ни сакам. Еден ден, и тие луѓе ќе се откажат од мене, и ќе престанат да ме бараат, дали и тоа навистина нема да ми биде воопшто важно? Сфатив некои работи. Променив многу работи. Може да се рече, дури и цел начин на живот. Се чувствувам како за еден месец тотално да се променив, како да созреав на некој начин што во исто време и ми се допаѓа и го презирам. Колку брзо минува времето... Гледам филмови со тематики во кои главниот лик се враќа назад во времето, или променува некоја работа во неговиот живот што е клучна за развитокот на сите други нешта понатаму.. И си мислам, како ќе беше тоа да беше навистина можно. Што ќе направев јас, дали ќе променев нешто или само повторно би ги проживеала истите работи? Сепак, мислам дека е второво. Не знам дали е ова одлика на секој човек, минатото секогаш да му се чини подобро и поубаво од сегашноста. Можеби за неколку години од сега, ќе жалам за времето што сум го пропуштила денес, живеејќи во минатото. Но, не верувам. Кап, кап, кап. Тоа се моите солзи, што никако не паѓаат.
На крајот од денот секој со својот карактер и своите дела ќе си замине во кревет. Ако можеме да се погледнеме во огледало и да не се засрамиме од себеси, сме направиле добра работа. Утре да се потрудиме да се гордееме со себе, а за тоа треба навистина многу. Добра ноќ