Многу се нервирам кога некој ме бомбардира со прашања, како оди, сигурно за година и пол ќе завршиш, дали положи. Да бе ти сигурно знаеш кога ќе завршам или пак се најде да кажеш, може јас си имам и други приоритети, напоредно работам и на нешто друго, а не некој да ми води сметка до кај сум и што планирам во животот. Не дека тоа од грижа, ами од радозналост. Ретко некој да те праша како ти е, или да препознае знаци кои ќе го загрижат па да понуди помош или барем те сослуша, ама не само јас ова јас она, како светот да се врти околу нив. И тогаш сфаќаш не ти треба никој, сам си тука да си помогнеш оти никој не те сфаќа подобро од ти самиот, а и дека не те брига за мислењето на другите.
Срцата полни, а утрото ѕвони Со љубовен звук, еден за друг И како празник секој почнуваше ден Тоше, брани не од зло!
Сакам да прашам зошто луѓево дозволуваат еден од најголемите глупаци во државава да прави кловнови од нив, ќе дувам во брашно за некоја мизерна награда и притоа Драган Вучич ќе ме понижува, а ја ќе се смеам ко теле... не ми е јасно... да е до мене би забранила дозивотна појава на тв на вакви како него, дибек!
Раскитив во неделата. Толку се посветив да не заборавам ништо, што прво почнав од балконот. Нејсе. Одам да постирам слика во "што јадете во моментов" и откако ја постирав приметив дека новогодишното чаршавче на клубсково масиче заедно со свеќите сеуште се тука. Кревам глава исто и на големата, чаршафот и шишарките. Секое утро тргам се од масите, ги бришам и враќам назад по ист редослед и никако да ми текне дека место да ги вратам на масите, треба да ги спакувам заедно кај другите новогодишни ствари. Додуша и никој друг не ги примети исто. Еден памет е...
ѓУште сабајле ко излегов од дома ко да ми фалеше нешто со мене... Одам, рано рано на факултет, замислена што ми фали, а по улица замрзнато ко на лизгалиште да си. Пред мене оди една постара професорка и туку ни две ни три си падна женава ОП...Сад га видиш, сад га не видиш Кутрата се мачеше по мразот џоа срничка сега проодена... Па ајде и помогнав да стане, и ми се прибра под рака да ја носам....па си паткавме така ко пингвини од сабајле Туку продолжувам јас така кон факултет да одам, ама ПАК цело време ко да ми фали нешто...гледам индекс тука, новчаник тука, чизми и фармерки тука...па што ми фали мајката????????????? Стигнувам на факултет, отворам ташна и кога ќе видам, што ќе видам.... СКРИПТИТЕ И БЕЛЕШКИТЕ ми фалат Ги гледам сите колеги паничат...читаат... наоѓаат нови страни за учење... откриваат нови детали, а јас со пенкалцето во позадина си ја пејам... I have a pen, I have an apple. Uh! Apple Pen I Додуша јаболкото го изедов по пат али тоа не е битно...Битно се деси испитот па Господе помилуј! Амин!
Кога ќе видиш. Драган не ги влече од дома за да му бидат гости во шоуто, со цел памет сами си се пријавуваат. Во случајов не е Драган крив.
Сликава неколку поста над мене ме потсети на еден филм што го гледав. Главниот лик имаше некои моќи меѓу кои и времето надвор се менуваше во зависност од неговото расположение. Кога беше тажен врнеше, кога беше среќен цветаа дрвјата и во сред зима. Ех таква моќ јас да си имав, цело време пролет ќе беше, ако бива со сила убавина? Туку...а зошто всушност дождот ја претставуваше тагата? Па за колку луѓе во светов дождот претставува надеж и со нетрпение го очекуваат. Ете некои мисли пред спиење. И ден не знам кој е, ако не направиш еден пауза, останатите исти стануваат. Виртуелно прошетав неколку плажи, убави хотелчиња и полни трпези. Да не е интернетов дали гладна ќе беше душава, празни очите, или сепак полни затоа што гледаш само тоа што имаш? Како па да ја нахранив душава од слики... Заби, лице, сон и утре пак од ново. Заминуваат луѓето. Годинава веќе со неколку се збогувавме. Не одат напред само моите години. Годинава деценија. Кога се сетив за кратко ја побарав и старата назад.
Во моменти кога се осеќам празно, се сеќавам на работи кои покажале дека животот не е секогаш толку црн, но за жал, има некоја црна смисла за хумор да ги врти работите како не треба. Имам т.е. имав (за жал) еден другар кон кој секогаш имав некоја посебна љубов. Не зборам за ништо платонско-еротски, туку баш онака чиста, на некое ниво што не знам ни сама да го опишам. Соулмејт, слушател, поддржувач, десна рака. Ме знаеше и прифаќаше и во најмрачно издание... После 5-6 години дружење, ми призна дека 2 ме сакал. Душа ме заболе што не можев да возвратам. Сето тоа време некој да те слуша, трпи, па дури и советува како да си го средиш емотивниот живот. Кога прашав зошто толку време не кажал, ми рече „Мислев ќе си најдеш некој за озбилно, да бидеш среќна.“ И тоа е најнесебичното нешто што некој го направил за мене. Секогаш срцево ќе ме боцка на некој чуден начин од тие зборови... горко, со бран топлина. Не знам. Какви ли крилја ќе имав таа безрезервност ако идеше онаму откај што треба? Макар половина од тоа. Си викам, колку ќе беше фино да можевме да ги даваме емоциите на тие што заслужуваат, наместо да ги расфрламе во воздух, без идеја како ќе завршат. Ама пусто срце... р.ѕ. Гледам по нетов некои муабети у стил симпатијата ми се јави, ме бакна, ме запроси, дете ми направи... како е тоа симпатија бе? Во мое време беше знак прашалник симпатијата дали знае дека постоиш, а па веќе подмочнување беше да те погледне. Сега се испоонадија како стигнаа и уште си се симпатии. Не разумем...
Некогаш преголемото дадено значење на некоја личност за која мислиш дека е ок , на која и изразуваш нај пријателски чуства, која знаеш дека има проблем и сакаш да и помогнеш со разговор со поинакви теми од секојдневните за малку да и го отргнеш мозокот од секојдневните оптеретувања, да ја насмееш да ја развеселиш, испаѓа погрешен чекор или бадијала изгубено време бидејќи самата таа не сака да си помогне и не остава простор за поубав поминат миг, ден или час. Сивилото во луѓето ги прави колебливи самите нив, ако немаш доволно храброст да фатиш подадена рака и за мик да го избелиш сивилото, постојано тоа ќе те надвладува и ќе станеш уште побезхрабрена личност која секогаш ќе живее во сивиот свет гледајќи ги другите како уживаат во некој моменти кој им се укажуваат макар и забранети да се.
СДК1: дека има нова анегдота ,,СЕ ХРАНИШ КАКО ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК,, Бајадери, тортици, кафе, кока кола... СДК2:Некои толку слабо учеле , што математика не успеале да ја научат таблицата за множење.Па ни онаа -множење со нула