1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Секој човек е капетан на својата душа и господар на својата судбина. Не заборавајте дека имате моќ на избор. Изберете ги животот, љубовта, здравјето, среќаата!
     
    На Chica.Loca, fallenangel, IronLady и 22 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Придружи ни се во темата позитив вајбс!!
     
    На Bebulleee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Женски, без навреда ама така сум се изнасмеал денес на едно место кога прочитав "Се бараат девојки за работење", напишано со пенкало, да пиши "се бараат девојки за работа"сфаќам, ама првово на нешто друго ми даде асоцијација :)
    Ќе повторам, без навреда:D
     
    На Priroden, Mr. Right, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    3.281
    Пол:
    Женски
    Забарот : Без страв, само малку ке стругнеме.

    Јас: Ок.

    Немав страв само ваква бев одвнатре. large (1).gif
     
    На Chica.Loca, IronLady, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.729
    Допаѓања:
    145.108
    Двајцата малишани ни се црно и бело, ден и ноќ. Иако растени во иста уторба со разлика од само пет минути, уште при првата средба се гледаше нивната голема различност. :)

    За да седат умни мора да имаат некоја зададена задача да ја извршат. Во спротивно го прават се она што не треба и на крај завршуваат со плачки, евентуално ,,борба,, меѓу двајцата. Прави мали ѓаволчиња се.:devil:

    Најмногу сакат да цртат. Па ќе земат боичка и лист и само прашуваат А сега што да цртаме. Готови се нормално за две минутки и пак настапуваат со прашањето. Повеќе немаше животно што не е нацртано, сите можни играчки , куќи и облаци. Па задачата им беше да го нацртат најубавото другарче.

    Додека едниот е скроз сентиментален си го нацрта брат му -за него брат му е најубавото дете.Другото најголем нарцис си зема огледалото и си се нацрта сам. И гордо си чекаше да го пофалиме.:angel:

    Толку се спротивни, а сосема се надополнуваат, во секоја ситуација. :f:
     
    На Chica.Loca, kankus, IronLady и 32 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Се се случува со причина, но за многу работи сеуште ја барам причината, зошто се такви какви што се...
     
    На fallenangel и Liu им се допаѓа ова.
  7. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Да ви пишам после долго време. Ми треба малку форумов, да се искажам. Имам доста нешта што сакам да ги кажам, но ќе одвојам само малку од тоа...
    Се повеќе губам надеж дека ќе си ја исполнам желбата.. некако се повеќе препреки имам во врска со тоа и не знам што треба да направам следно. Колку е грдо кога не знаеш по кој пат да тргнеш и не знаеш што да избереш. Барем знам дека не сум сама.. тоа е доста важно.. човек да знае дека не е сам.
    Се трудам да најдам начин да ги преминам овие препреки но ништо не ми текнува...
    Сакам сама да си го скројам планот за животот а не други да ми кажуваат што и како.
    И во вакви моменти, кога не знам што и не знам каде, само сакам да се помолам и ништо повеќе.
    На крај краева, се е во Божји раце. Како Тој што е, никој не е. Тој ќе одлучи за секого од нас. :)
     
    На cresa-jagoda, purple..m, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    ООООбазезно
     
    На Bozica1980, purple..m, Summerlover и 2 други им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    IMG_5252.GIF
    За победата на Федерер, да се множат
     
    На Bozica1980, melnicanecot, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Сдк ми треба одмор малце неколку дена од све, и од форумов, фб, вибер-бибер. Гасам све и да ме нема. Ке се видиме за неколку дена се надевам :hai:
     
    На fallenangel, cresa-jagoda, Petar80 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Најубавите моменти од нашите животи никогаш не стигнуваат на социјалните мрежи. :)
     
    На Chica.Loca, fallenangel, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.894
    Допаѓања:
    81.160
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ме фасцинирале големи филмски љубови. Всушност, никогаш и не сум сакала да преживувам некоја таква љубовна врска; cо романтики, благо-патетични потези инспирирани од книгите на Спаркс и телефонски разговори кои ќе завршуваат со „те сакам“ - толку досадни со злоставувањето на тоа фамозно те сакам, што дури и станува напорно.
    ...сосема доволно ми е мојот човек да ме држи со силен стисок за смрзнатата дланка, дури се обидувам да чекорам нормално во штикли на подледено тло.
    Се воодушевувам и кокорам очи на реални и опипливи нешта, на истиот тој начин ми течат и мислите, а и дејствијата. Па така, те сакам, е секое „дојди од оваа страна, затоа што тука патеката е стакло-смрзната“; те сакам е секое „убава си ми“ кога се чувствувам како пеплосано го*мно кое си корне поштено од километри, а те сакам е најмногу во моменти кога си молчите и сепак секој знае на што мисли овој до него дури му гледа во застаклените очи и си го преведува замислениот поглед.
    Не постои појасно (а и погласно) те сакам од нечие присуство и безусловна поддршка во добро и лошо.
     
    На macka91, cresa-jagoda, bella96 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Дали навистина се плашиме од смртта или само не плаши фактот дека ќе бидеме заборавени?
     
    На cresa-jagoda, "Zoki" и elimkd им се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Од смрта не треба никој да се плаши затоа што:Секоја секунда може да ни биде последна па дури и додека го пишувам ова,тоа значи дека нашиот живот така ќе помине во страв никогаш нема да живееме лабаво,опуштено,среќно.
    Дали ќе бидеме заборавени?
    Сигурно тие во сегашниот свет што не не заборавиле нема ни тогаш да не заборават.Едно од што треба да се плашиме и внимаваме е какво лице ќе оставиме на овој свет,моето мото е: Подобро еден да ме памти по добро отколку сто луѓе по лошо.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога ќе си изградиш еден свој свет. Ќе си изградиш една тврдина и внатре ќе ги ставиш сите што ги сакаш и се што сакаш и ќе ти биде убаво. Се друго е од надворешната страна и не може да се пробие низ високите и цврсти кули и ѕидини. Не постои никој и ништо што може да ти го уништи твојот убав свет, твоето царство. Ете така треба.
     
    На Abeja, fallenangel и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    Ако оставиме поколение позади нас нас и добри дела ќе има кој да не памти, а тие што заслужиле по лошо да не памтат ама уво не ми чуе, барале добиле.
     
    На cresa-jagoda и "Zoki" им се допаѓа ова.
  18. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    (y)Тие спаѓат во групата на отпишани луѓе(не се замарам со таквите што мислат тоа се вика око за око, заб за заб него намерата ми беше тие што сега не ме заборавиле да не ги повредам да оставам лице кај нив останатите не ни помислувам дали ќе ме паметат или нема нивни проблем :rofl::rofl:
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    Повеќе памтат вторите хахахах и бегаат, се е за ум хаххаха
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Со среќа нека им е на сите матуранти со проклетово екстерно, особено на оние кои во моментов стојат со главата потпрена на рацете и на кои им врие сè од внатре како мене.
    Таман си реков уште оваа година да ми се погодат предметите, ама ништо...
    Не влијаело на просек, ама за упис на факултет ќе влијаат оцените. Не е врат, шија е, што би се рекло.
    Ми се бега од државава поради овој никаков систем...
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, elvittta и 6 други им се допаѓа ова.