Лошо е чувството кога ќе дојде петок а ти знаеш дека тој викенд ти е работен,а баш тој викенд времето ќе биде убаво јзк
Кога детето греши се очекува родителот да има разбирање и да прости. Но кога е обратно се е поинаку.. Затоа се вели дека единствено љубовта на родителот е незаменлива и безусловна.
Страшно ме нервираат луѓе кои не знаат да си гледаат за себе; кои, веројатно сметајќи се себеси за најсовршени во цел универзум си земаат за право да се дрзнат да ги оценуваат другите. Не ти стои оваа боја на кармин, не ти е убава вака косата, обетките не ти одговараат на облеката... Да е кажано од блиска личност, навистина би го сфатила како совет. Впрочем, и сама некогаш знам да побарам мислење од пријателка, дали ми стои ова, дали да го носам ова или ова. Ама кога добивам ваков коментар од личност која ја гледам втор пат во животот и која едвај ме знае... Епа ме иритира. Може е до мене, којзнае... Али стварно не сфаќам, која е поентата, и која е таа да ми кажува што да носам и како да носам. Па уште и тонот со кој тоа го кажува Никогаш ниту сум се осмелила, ниту ќе се осмелам, НИТУ САКАМ да се осмелам да критикувам нечиј стил. Свесна сум дека не сме сите исти. Исто, и свесна сум дека сум многу глупава што не знам соодветно да им возвратам на ваквите. Во името на пријателот/пријателката која нè поврзува, најчесто само се насмевнувам. Нели, да нема замерки и караници. Ептен ретко ќе дадам некое коментарче „во самоодбрана“. А не е тоа во ред. Треба да им кажам дека не треба да им е гајле што јас правам и како тоа го правам, дека го правам тоа што мене ми се свиѓа најмногу. Треба да им кажам дека не ми е гајле што мислат тие за мене... Тие таквите луѓе (сигурна сум!) такви се и со мене и со секој друг. Само, се прашувам до кога ќе се такви? Сè дур не се најде некој да им го покаже местото? Или можеби цел живот ќе си останат такви, само околината ќе треба да се навикне на нив? Негативности уште од сабајле. Така ми е штом сè уште им дозволувам на овие ваквите да имаат влијание врз мене...
На радио Металика со Анфоргивен вау, е тоа одамна го немало. СДК луѓе, нас англискиот не ни е мајчин јазик, па ако не го знаете, не го знаете, може не сте имале прилика да го научите. Ама зошто упорно го користите ако не го знаете? Хаштагот на инста ништо не ви значи, ако зборот не постои. Има гугл транслејт, има проверка на пишување на зборови, има гугл се'. Само желба да се отвори не Пишете си на македонски, сигурна сум дека и во нашиот јазик може да ги најдете соодветните зборови
Брзоплетоста, краткиот темпр и вечниот перфекционист длабоко во мене ќе бидат мојот крај. Но како бе да се воздржиш и да останеш смирен кога некој со борина си го бара?
Баба ми е најслаткото бабе што сум го видела. Собирала ситни пари во едно ќесе и сабајле го вади ми вика „знам дека сакаш да шеташ, па еве ти собрав малку може ќе ти се најдат да прошеташ“. Жал и паѓа што од дома не излегувам за сама да не остане, пробува со пари да ме залаже да искочам. Знам дека подобро не може да биде, само се што сакам е полошо да не и биде. Ако постои некоја сила во универзумов, неа нека ми ја чува, ништо друго не сакам.
Дооолго време не сум начекала цртани на тв...па ме фати мерак и ми текна да си пуштам на cartoon network............ииииии, се разочарав!!!!!!!!! Ајде да го оставиме настрана фактот што сум веќе повозрасна и не ми се интересни цртани, ама ова бре е катастрофа Летечки бебиња, борбени девојки, трансформери, лоши момчиња...Абе што им е на луѓево? Само насилства, само тепања...буквално срање во боја Па каде се легендарните Том и Џери, Пинк Пантер, Мики Маус и дружината, Каменковци?????? Што се случува со цртаните ЗА ДЕЦА? Колку време ме немало на земјава? Кој век сме? ЗНачи ги уништиле и цртани, и програмите за цртани, и се е катастрофа Маша и медо...Дора....Телетабиси??? Тие ги сметаат за цртани во денешно време?? Страшна работа. Или јас порано на се сум гледала со розеви наочари, па затоа ми било убаво, среќно и исполнето...или сега стварно се е пропадната инвестиција. Ах...кој знае што не очекува во иднина....
Ама... ама... Телетабиси ми беа целото детство. Јас „бев“ Лала, не знам за вас. Спојлер Инаку најдобрите doodles се цртаат во аглите на страниците кај што решаваш некоја задача што ти ја вади душата. Не во ќошето, во аголот, ќошињата се во простор. Океј, ќе си легнам.
Хаха како ме потсети...Cartoon Network како тинејџер (2002,2003,2004,2005) освен MTV ми беше втор најдобар канал пред да одам во школо: Power Puff Girls, Dexter, Ed, Edd n Eddy, Courage the Cowardly Dog најомилен ми беше Johnny Bravo "Heyyyy baby you smell pretty, wanna smell me?" "This is not good... for my hair!" Cartoon Network сега е тапа со се Boomerang, но ок пораснавме...
@fighter Фајт, поарно уфонјер да напишел Предупреџење, увертира у мрчаторски пост: СДК: А јој, поглуп ден здравје Болна, изгрипосана, мислам да дојде некој со летва да ме измава, пофино би ми било А тек па месецот? Ах леле, тој Јануари душата низ нос ми ја извади Нити празници ниту Крисмаси. Оваа ми е прва година у текот на мојата животна кариера во тој празничен период да ми било од никакво по никакво, а тек па период после тоа. Едвај чекав Февруари да дојде, а сега се прашувам дали че да доживим да го видам? Среќа, голема среќа па постои нешто како благото и музиката