Хахаха не зезај и во мое време имаше преглупи, ти текнува на дебилчињата Ed, Edd&Eddy? Поглупо нешто амин! Инаку Том и Џери ти се на Бумеранг Меѓу другото, Медо и Маша е одличен цртан филм на денешницата. Факт е дека како старееме сме позатворени за одобрување и прифаќање на нови-модерни работи, секогаш ќе си тежнееме кон она нашето од наше детство
Луѓе со изјава - не кревам на непознати броеви. Извини екселенцијо да не треба да ти се најави по смс прво кој е. Може некој сменил број, може некој што одамна не те видел ти нашол број и сакал да те чуе... може ќе ти понудат нешто работа.. не разбирам бре.
Внуками ме мрдна денеска дефинитивно хаха душа моја мала убава. Едвај чекам да се стопли времево од наредна недела и да ја шетам низ центар. Како другачка ми е, не се дели од мене
Нихао, дубуци и шеше. Тоа се единствените зборови што ги научив од кинеските серии што ги гледав. Ги запомнив затоа што најчесто се изговараа поединечно, а не во цела реченица. Тоа се здраво, извини и благодарам. Одлични зборови патем, одличен старт за учење на нов јазик, ако некогаш евентуално планирам да го научам иако на крај на памет не ми текнува моментално. Некои цел живот зборуваат еден ист јазик, ама пак не ги знаат овие зборови. Нешто денес се фатив со јазициве... Во зима ни стил имам, ни мода пратам. Да можам и со ќебе ќе излезам замотана, т.е. можам, да имав храброст.
Секојдневно се разминуваме на градското тло, разменуваме погледи, делиме издишки и забележуваме лица со секакви животни стории. Нашминкани и без интерес за шминка... Убави, тенки и елегантни... Темпераментни и зборливи... Нежни, тивки и културни... Помалку образовани и великодушни... Зад целосната слика се кријат детали што секоја ја прават поинаква од одминатиот чекор во динамиката на итање. Иста природа со различни индивидуални заложби кои се дел од колективната сила на духот. Несомнено е дека резултатите се потврда за случувањата. П.С. Нема граница за тоа што можеме ние жените да постигнеме.
Силна жено, ти посакувам еднакво силен маж кој ќе ја носи твојата болка на раменици исто како што ти ќе ги носиш на своите деновите кога ќе бидеш поголем маж од него.
што чуден е овој живот кога луге се отвараат пред личности за кои сметаат дека се доверливи а не пред оние кои се
Кога р' чи,вика подмрдни ме и речи ми да се свртам. Ко божемски на другата страна ќе запее како Роби Вилијамс.