Сакам да кажам, кога се одговара во теми, се пишува АКО имаш искуство со тоа што е наведено, а не да се полнат оффтопици со одговори од типот на "Не." "Не сакам" "Не знам" "Немам пробано,така да не знам". Ако не знаеш ќути си,оди пишувај во други теми кај што имаш познавање. Туу па више
Koga ima anketa dali ste imale analen seks na pr.glasaat DA ili NE i so dole ne smeeat da pisat nemam ama sakam ili ne i ne sakam ili nz sto protiv pravilo/zakon e ?
Сдк сакам да запознавам нови пријателства да, убаво мие кога запознавам, со нив се осекам како да ги знам целиот мој живот. Ама некогаш ми фалат и старите пријателства премногу, не можам да ги заборавам никако, затоа што цел живот беа со мене кога ми беше најтешко. Што ми текна денеска на ова да го кажам не знам ни самата, изгледа премногу сум емотивна денеска нешто.Кажувам и што треба, и што не треба, море пуд под ноге факам и ова е мојот последен пост денеска во темава.
Никој не се родил паметен. Во животот човек ќе помине низ се и сешто. Особено важно е што ќе помине низ многу непријатни ситуации. Многу порази. Многу неприлики. Ќе пролее цела река од солзи. Некогаш ќе се срами од себеси кога ќе погледне назад во своето минато. И тоа е во ред. Човекот, всушност, што ќе научи ако не погреши? Човекот треба да погреши, да ја види својата грешка, да знае да ја препознае и никогаш пак да не ја повтори. Животот не е совршен и залудно е да се трудиме ние да бидеме совршени и никогаш да на направиме погрешен чекор. Тоа не е возможно. Но, она што треба да го направиме е, да припазиме малку на нашите чекори. Да ги земеме за пример некогашните грешки. Ако имаме лошо минато, не значи дека и иднината ќе ни биде таква. Ако имаме лошо минато не значи дека треба целиот живот да го поминеме така што ќе се помирме со тоа и ќе продолжиме да живееме правејќи ги истите грешки или пак целиот живот да се жалиме за тоа. Не. Тоа треба да ни биде пример и мотивација да бидеме подобри. Да докажеме и покажеме дека можеме да бидеме подобри. Да застанеме на нозе исправено и цврсто да газиме напред. Можеме и мораме.
@biGirl Не знам за тие анкети и одговори, не дремам во секс темите Како што кажа Мацка, одговара само со "НЕ" во 10 теми се со цел да се набилдаат повеќе мислења или што? Образложи зошто не итн,не така недокажано. ^Тема за четка за коса : "Не знам немам таква четка". Ок, остави нека коментираат тие што имаат иста па да знаат што да очекуваат од тоа. За новите членови се однесува, а и не е против закон секако
Денеска ми е фемински роденден Си полнам дури 6 години дружба на форумов. Не ми се верува кога помина толку многу време, како вчера да беше кога почнав прв пат да пишувам по темиве и колку интересно ми се виде. Јас многу си го сакам катчево, убав начин ми е да си се изразам онаква како што сум, да си споделам мислење и искуство, да ве читам вас и да се збогатам со многу корисни информации. Посебно во периодите кога анксиозноста ме убиваше и не можев да излезам од дома, а успевав да си ја задоволам социјалната потреба тука. Виртуелно запознав многу прекрасни личности, со кои се смеев, соочувствував, бев мотивирана и инспирирана и искрено јас со форумов пораснав. Преубаво искуство ми е, и се надевам дека ќе ве дружам уште долго, овој пат поактивно од минатата година. Ви праќам гушки на сите, и нормално мора едно роденденско частење.
Секој вид музика има моќ со своите звуци за момент да те пренесе некаде далеку, или да те натера да посакаш да се наоѓаш на друго место... Еве дури и турбофолкот музиката на пример, ќе те натера ако си во можност моментално да се оддалечиш од слушното поле, или пак ако поредовно ако си изложен на истата - ќе ти разбуди желба и да му ја летнеш од цел Балкан кадешто е распространета...
Сдк...близок е оној на кого можеш слободно да се потпреш на било која страна...Оној со кого можеш слобoдно да се исплачеш...да се радуваш... и да ја одмориш душата .
Знам, знам кажав дека не шопингувам до пролет.. ама што вика мајка ми, ме боцкаат парите се додека ги имам дур не ги потрошам. Боцка... моли.. плаче да го потрошам секое денарче. А јас таква, лесна за убедување одма попуштам, посебно ако сум во некој мол.. I'm unstoppable!! Нема пари на светов што Јованти не може да ги потроши! Имам некоја ситна заштеда во тегла под кревет додуша, можда се собрале до сеа некои петшеесет денари, одамна не сум проверила. Може мерките на штедење ми се погрешни, шо знам... Кај шо не се доволно ни за влошки, бар мастики може да се купат. Зошто секој денар е битен!! Убав саботен ден. Сега ќе се опуштам под вода и миризливи свеќи наоколу, вечер филм. Да заборавам на се она што уште можев да го купам ако земев малце поише пари со мене... Вака.. ќе морам пак да се малтретирам по молови. Едит: ми дојде комшивчето планот се поместува за подоцна.
Денес низ интернет ме сретнуваат само НАЈГЛУПИ наслови...значи толку се глупи, што ти доаѓа да си извршиш самоубиство во секундата....толку се глупи што почнуваш да се ежиш од што ти е незгодно На пример: 1. Женските со овие имиња ќе забременат оваа година!!!!! (И сега ти треба да кликнеш на веста, и да си го бараш името....да видиш дали ќе забремениш) 2. Овие три хороскопски знаци ќе имаат катастрофален викенд!!!! (Треба да кликнеш на веста и да дознаеш дали воопшто да излезеш од дома, пошто ако си Вага може метеор да те погоди) 3. Бездомник бил прободен од својот цимер!!! 4. Проверете дали според бројот на мобилниот си одговарате со партнерот!!!!!!
Сакам да кажам, ужасно ме нервираат луѓе што не го ценат туѓото време... Значи, ако сме се договориле дека денес ќе се видиме во 20 часот, ќе се видиме, а не да ми откажуваш во "5 до 12", сите имаме обврски, откажи на време ако не може да се видиме, да си испланирам нешто друго! Се ежам од овие луѓе!
Колку што се имам заозбилено во одредени работи, толку сум неозбилна во други. Ни сама не можам да си се сфатам како функционирам. Не мора да се оправам, ок е, ама барем да го знам механизмов. И знаете што? Најкриво од се ми е што немам можност да ја истурам инспирацијата на секоја моја муза. Де време, де простор, де околности... секогаш се наоѓа по нешто да ми се измеша у штипки. Ништо, останува да им се радувам на повремено украдените 15-минутни дремки во текот на денот чиј бенефит го вложувам у многу повозљубената потрошена енергија . Туку вие по дома како сте? Сичко хубаво? Со љубов, ваша М,
Шо е финтата со Тоше брат ? Во средата преплавија со статусите на фб ? Шо бе само за роденден и такви прилики го сакате . Епа коќе видам 9 годишна објавила статус Среќен роденден ангелу засекогаш во моето срце ? Шо бе ти знајш како изгледа мори не беше родена Не не сфаќајте погрешно ама не се сака човек зсамо еден ден тој што го сакаш се сака засекогаш
Si pravam edno kafe i si sednuvam i jas sum covek koj e za kafe neka izvoli ima za site i blago ke najdam da si znaete