I am gonna make it. Има да си ја остварам идеата и ако порасне во нешто големо.. Ќе бидам пресреќна. Ама нека си спие прво, уште две-три недели. Да не ми беше олеснувањето во прошлиот пост на темава, може и немаше да се охрабрам до овој степен. Мора да се приберам. Најбрзо што е можно. Едит: Не верувам баш у хороскоп, особено не во дневниот, ама сега го читам денешниов и гласи: „Можам и ќе успеам“ – ова ќе биде вашето мото под светлината на младата месечина во вашата 10-та куќа на амбициите и постигнувањата. Ќе наоѓате задоволство во сè што правите и поради тоа ќе успевате да се издигнете над другите. И ај сеа?
Се чувствувам осамено. Една личност, која ми беше значајна, не е веќе дел од мојот живот. Но,наместо да се навраќам и тагувам,прашувајќи се зошто е тоа така, едноставно се водам по убедувањето дека во животот,ние сме креатори на патот по кој газиме. Честопати, ќе се сретнеме со одредени личности газејќи заеднички стапки по тој пат,но мора да прифатиме дека само за момент ни се вкрстиле патиштата и доаѓа време да се разијдеме. Нашите се разијдоа, можеби прерано, можеби непотребно, можеби навреме... Времето ќе покаже! И секогаш имајте на ум - она што е вистински наше, никогаш нема да го изгубиме. Колку и да се трудиме,колку и да грешиме!!
Ми се допаѓа опцијата " На денешен ден". Ама немора на денешните десет постови да додадеме сподели и дваесет од таму некогаш денешен ден. Доволно е сам да се потсетиш. Ете и нас за нешто,ама да ги видиме и другите кај биле денеска. Ферски,нели?
Се чувствувам гневно, изморено, разочарано. Личноста која ми беше се на светов повторно ме разочара. Од секаде ми висат куп проблеми, куп обврски. Ме мачат многу мисли постојано. Не знам како ќе издржам. Сакам да помине ова, да помине периодов. Изморена сум од се и од сите. Сакам да заминам некаде и да не мислам на ништо...
Се осеќам уморна, ама она психички уморна... Немам енергија више, све ме истоштува, и работата и стресот околу испитите и тој... Сакам да прекинам со него, не можам више ко тежина ми е а не сфаќа кога ке му речам дека сум уморна или дека имам обврски... Уморна сум, само брат ми ми’ е позитива. Чуствувам дека идат пак некои промени и дека кај и да е мора да донесам одлука у животов ми мој, а ја некако абер немам да одлучам си чекам онака до последен момент... Е вака се гледам периодов...
Знаете како си ги викаме муштериите на работаааа?! Пациенти... Е да, пациенти си ги викаме... Кога прашуваат дали работиме, а вратата уште не е отворена, а ние само штом сме дошле, под брк им викаме дека со пациенти почнуваме после девет, и книшките на шалтер да ги остават... Или пак кога се враќа колешката од по промет, па прво што прашува е дали имаме пациенти у дуќан... Пациенти, пациенти everywhere! Мрзам луѓе...
Оваа реченица мислев дека никогаш нема да ја чујам некој да ми ја каже, или пак јас да си ја кажам сама на себе. "Јадеш како вол, и треба да ослабеш!" Опасно се ближам кон 60ката, а цел живот сум имала 47-48 кила, максимум 49 што е и таман за мојата висина и градба на тело. Идејата всушност ми беше да ги здебелам нозете, зошто ми беа како стапчиња... Охоох, колку погрешна идеја. Мислам дека се' здебелив, само нозете не. Лицето ми има вишок на све стране, ко што имав дупла брада, сега ми се чини тродупла имам, од рацете сало ми виси, за стомакот и градите да не зборам, спојлери и сало everywhere. А нозете? Yep, same as always. А мајка ми убаво ми рече, дека сегде ќе се поправам и ќе станам ко прасица некоја, само таму не. А јас пустата се радував кога ги качував килограмите, си викав ај да стигнам до 53, ај сега до 55, и не осетив кога стигнав од 55 до ова сега. Кој што прави, Блу помини замини, ќе земе да си лапне нешто. Ко што јадев порано благо, сега дупло го јадев, а цело време улежана во кревет со телефонот во раце, епа коцки на стомак да не сакам, мајката. И ај, конечно се свестив дека ако продолжам вака ништо живо нема да ме собере, решив да се наливам со зелен чај (демек за слабеење) и да вежбам сто пати на ден, се додека не можам повеќе да се движам. Секако, и да намалам со јадењето кроце по кроце. После недела дена или можеби повеќе, јас самоуверена, абе пуна себе, си мислам дека вежбањето дало некаков ефект, се мерам на вага... пустата скоро 58 покажува, а последниот пат кога се мерев бев 56. Тука, мислам дека ќе се онесвестев и панично почнав да барам диети на нет... Сепак, се сетив дека тоа не е добра идеја, туку дека треба здрава и БАЛАНСИРАНА исхрана во мојов случај, а не апнување на секој пола саат и вежбање, се решив да намалам на шеќери во чај/кафе, да баталам благото за некој период, овошје, зеленчук... До летоска морам пак да се направам 50 кила и со рамно стомаче, не ја бива вака работата, почнувам да се преливам.
Одговорно тврдам : Не сум навредил никого на форумов. Ако тоа е сторено, банирајте ме. (само претходно испитајте).
Ајде смири се дете... Тоа ти беше само предупредување Писс СДК, неколку апчиња кркнав денес..ама сум смиренаааа
Девојко, ти си работела некогаш? Си погрешила некогаш? Не знаев дека е до толку срамота шифра да се згреши, најверојатно за една бројка. Отказ под идно, и никад да не се вработи повторно. Не дека може да се испечати точната шифра, или пак ако е веќе наплатено, да се сторнира сметката и да се реши проблемот... И пак услуга ти направиле, толку кашкавал за 40 денари е премија. Другото од плата ќе им го одбијат, пак ти си у ќар. П. С. Ми го памтите муабетот за пациентите...
Guess who's birthday boy today? Oбичнo велaм декa неделите ми се тaпa, aмa oвoј ден е пoсебен. Денес ми е рoденден. Втoр рoденден oвде нa фoрумoв, втoр рoденден сo вaс. Си пoсaкувaм уште мнoгу рoдендени дa ги пoминaм oвде сo oвие мили луѓе.