Ај за да не мрчам објасни ми што претставува тоа стори? Шишка 100ка и става стори у сред центар? Треба аплауз за најврвно дебилство?
Читам: Машки. Како се справувате со нив?, a оно уствари било: Вошки. Како се справувате со нив?, ама па си викам, нели е исто? Енивејс, СДК, поединци кога се зачленувале, воопшто немале осет со креирањето на никовите. Рум Штангла, Кремче, Крофничка Are you aware дека на форумот постојат вечни гладници како мене?
Замисли спиеш преку ден, се разбудуваш после некое време и не знаеш кај се наоѓаш и што бараш во светот. Слушаш гласови од дневна и мислиш дека се само домашните дома... Излегуваш во претсобјето и сфаќаш дека зборуваат гости... Си се враќаш во истата стотинка пак во соба... Последно нешто што ти паѓа напамет е да се поздравиш со гости Јас не сум јас кога сум штотуку разбудена и гладна.
Alal da mi e sto vo rok od 1 mesec uspeav da nastinam 2 pati zdosadi veke zimava ladnovo mrazov snegov neka dojde leto
Од кај да знам бе не се замарам ич со тоа. И неааам Instagram профил. Сакаш ли да се караме, аааа? Чил бре! И стварно не ми е јасно што мислиш под тоа стори? На story ли мислиш? Нека одговори некоја искусна инстаграмџика/инстаграмџија. Еве најдов што е Instagram stories, ваљда е ова. http://blog.instagram.com/post/148348940287/160802-stories Мое видување е кој што сака нека си прави на социјалните мрежи, се' додека мене нешто не ми се исфрли или искурчи ок сум. Кој/а што сака нека прави, нека следи трендови и нека се глупира. Пијам уште едно ќе ми треба доста гориво за неделава.
Читам за тоа дека демек пушачите биле дискриминирани...А чекај, палењето цигара е потреба некоја па ајде да им ги олесниме условите?Леле греота, надвор мрзне на ладново да пуши... Ако решил да се труе себе и другите, ќе има и ограничувања. Кај ќе му текне не може, и не може некој да мисли нa нив, И на што угостителите да мислат бе? На нивната потреба да се трујат себе и тие околу себе? Значи толку групи на луѓе се дикриминирани, некој за пушачите се фатил
Го затворам денешниот лист и ја менувам програмата на размислување. Нештата не се толку лоши по својата природа колку што може да сами да си создадеме поинаква слика. Нека мируваат додека ги заспивам мислите. Утрото е помудро од вечерта. Во новиот ден ќе се чувствувам одморена, а тие ќе изгледаат подобро. Со нови сили до поголеми победи за реални очекувања.
Недела ден резервиран за чистење, мајка на работа, а ти имаш задача дома се да исчистиш и почнуваш со ред, уклучуваш машина за перење па сушење, тањири миење, прашина чистење, тоалет, паркет полирање, дрва цепење, мачорот бањање .... конечно седнуваш да отпочиниш, она се враќа и прво што забележува -цвеќињата ненавадени
Мене за разлика од тебе, кога се зачленив ме мачеше прашањето како е можно некој без пораки и лајкови да има 200 трофеи? После сфатив дека се добиваат трофеи за родендени и годишнини.
Ајде бе, ајде, дај да се скараме, да се затепаме, дај бре нека се пријави некој доброволец А? Не, а? Хахахаха Иначе ако не сте знаеле, кравите не препознаваат црвено, исто како и биковите...да да, оние на кои им мавтаат со црвено знаменце за напад. Добив добра вест, па се кренав малце од тешкото расположение што реши да ме надвладее. Ќе частам кога ќе бидне работата И не, ова не е знак дека треба некој пак да ми менува жици и испробува копчиња во главата.
Девојчето Incule направи rape на сите теми на фемина, не остави ни една тема, и претежно одговара со "Да" или "Не" повеќе ми делува на трол но ајде... Кај и да е Сашко ја надгледува внимателно и наскоро ќе и пише у пл, ќе ја седне на полиграф.
Откако се изначитав милион постови, од последниве два дена во темава само твојот успеа да ме насмее Самер. Веројатно затоа и никот ти е таков, затоа што си само positive vibes Ај и јас како бабине, да си ни здрава и жива Самерке и да не смееш на форумов почесто
Кафе испиено. Денеска походи ме чекаат. Неуморниов талкач во главава морам да го нахранам со некоја добра книга, откако ќе најдам дупка во простор да ја вметнам. Се радувам на себе и на него. Околу срцево имам плетка од божилак, па овие 2 зими не подмрзна. Остана стоплено и удобно, а јас жива и расцутена како рана пролет. Ќе да не постои зима кога во душа пролет носиш, и со секоја издишка нов божур никнува...
Прошетав. Снегов како да не се топи. Кога гледаш подолго време во бело па ќе свртиш поглед, па коа ќе ти се зашанта во глава. Уште не сум го "пробала" додуша. Сите имаат приказна да раскажат и се смееме. Јас се држам. На крај кога ќе се истопи, пак ќе се сопнам на прав пат и ќе паднам за да биде срамот поголем. Барам нова серија за гледање, ниедна не ми фаќа око. Ептен сум неодлучна периодов.
Оној awkward момент кога седиш во автобус на оние 4 седишта (лице в лице)....две седишта се правило, две наопаку завртени. Пред тебе (очи во очи) седи непознат дечко па случајно погледите ви се сретнуваат... ви паѓа незгодно, па несвесно двајцата погледнувате кон прозорот а таму на одразот од прозорот пак ви се сретнуваат погледите (кога е ноќе нели ко огледало е прозорот) Во паралелен универзум, ќе размените бројчиња и утре одите во матично да закажете регистрација... Во реалност дечкото поцрвене и си замина
Легендата бр. 15778721 вели дека: Некој некогаш и некаде кликнал на clickbait статија (без разлика дали наша или на англиски) од типот „Откако ќе го прочитате ова, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА да јадете/пиете/користите/гледате исто на тоа и тоа“ - и навистина ја прочитал цела, озбилно ја сфатил и после тоа се откажал од некоја највообичаена ствар против која се збори во истата. И така, истиот тој некој, после кликање неколку такви параноични статии - си ги собрал куферите и си живеел happily ever after во стаклено ѕвоно надвор од цивилизација, без никаква храна за која некаде се спомнало дека е штетна и без ништо од ѓаволската технологија на новото време...
Денес ако имавте барем 5 минути во кои некои луѓе ве извадија од кожа, прочитај те и потсетете се!!!!!!
Одиш да вадиш заб, се молиш, се крстиш си викаш Бог да ти е напомош. Се тресеш ко трупче, раце, нозе се, се препотуваш Зашто моја црна главо си правиш филмови???? За да седнеш за тап тап и оп за 1 секунда да се извади Благе везе си немаш мори Бубо аман. Си направи филмови, ќе останеш на стол,температури и болници. Бог да чува, какви мисли ме окупираат. Златна да си докторке, Бог здравје да ти даде, ништо не осетив освен во стомак.