Шефов два пати ми пушта проекти што до сега ми ги пуштал исто... прв пат мислев дека ме тестира, еве сеа по втор пат истово... Да испарафразирам само и да му ја шутнам така?
Ех бре јуначишта! Пулени МакедонЦки, внуци на Александрета! Одма споменик за вас, ко за Ќосето, нека се вика Прасето. Постигнавте убиствен рекорд. Со голи пушки и очи "совладавте" 20 крмаци. Какво достигнување, олимписка норма имате на дофат. Плус тоа, арно им напрајвте, оти се свињи, оти се дрзнале да претрчуваат во шумите кога ќе им текне и да се прејадуваат со желади. Но, нели една слика илјада зборови, да оставиме сликите на Pelagonija.mk да зборуваат за вашиот невиден успех. Мене само не ми е јасно дали идиотите се раѓаат како идиоти или општеството ги претвора во такви? Со кој ум бре се глорифицира масакр на диви животни? Психопатологија до степен на болка. Наместо да дадат некоја приказна како група луѓе прихраниле изгладнети животни поради јаката зима и ги спасиле од сигурна смрт овие зборуваат за рекорди во истребување. Нешто навистина не е во ред со психата овој народ. Има ли закон за заштита на дивите животни? И се води ли сметка кој што промовира по идиотскиве сајтови? Маќедоња!!! http://pelagonija.mk/nov-rekord-vo-makedonija-lovdhiite-sovladaa-19-divi-svini-vo-prespa-foto/ Спојлер: ФОТО http://pelagonija.mk/wp-content/uploads/2017/01/16402186_10211774293093877_1721141430_n.jpg
Некои денови се песна од Тоше. Денес оваа некако... Си ја дрнка. Пианово е век старо. Покрај него колку пати играв и израснав, гледајќи го во хотелскиот хол, додека во корнев каменот од естетскиот столб...и еден убав сончев ден, го искорнав. Го памтам погледот на мајка ми од другата страна на салата за ручање. Ууууу... скери. А наоколу нејзини поштовани колеги...така се одеше на одмор на времето. Нејсе, не верував дека д лав оф мај лајф ќе го гали...така нежно. Всушност тоа се две први љубови. Што спомени спијат во него... на пианово. А јас спијам на него и во него, како год и да ме сфатите, не ми е гајле, го љубам... многу го љубам. Особено кога е во музика целиот. Мојата чест е поретка, но далеку од неприсутна. Мислам дека предизвикот тука падна... И да сме тажни, ние сме распеани. Сонувам за бебешки релаксатор на пиано и твинкл твинкл... Денес викам, плачам, се смеам...донесувам одлука, очигледно. Се гушкам сама со себе и другиот дел од јас. Ноторно си фалам на себе си периодов. Лута сум, многу сум лута. Денес пола фамилија отерав у три лепе по телефон. Сите нешто бараат, а јас се држев за сламка, еден не рече - еј ... може ќе те нема, ок ли си? Како проаѓаш? Може фак оф? Фала.
Предност е да се има некој покрај себе во поларните денови... Додека едниот ја живее предноста, другиот во грч го чувствува летото
Стандард ритуал: си се гушкаме со баба. ,,Во право беше мајка ти дека си станала едно котле со месо. Оди в кујна да видиш што има!" Опасен тандем се. Не можам со нив. Едната ме оговарала, а другата ми спремила бурек и варела костени специјално за мене. Спојлер: подолго сдк На дедо: Денес баба ме пречека со костени. Да беше по старо... Ќе ми ги одбираше најблагите и пред мене ќе направеше мала планина од нив, а после со весели очи ќе ме гледаше како ги јадам. Во главава уште можам да ти го чујам зарипнатот глас како најубава песна: ,,Ии-вО де-те дии-вО! Полека јади ќе се задавиш." И се смеам. И плачам... И се сеќавам: Се сеќавам како ме пречекуваше со чинивче полно јагоди и малини, а ме испраќаше со грозје. Ми текнува и на сливата што требаше да ја калемиме баш таа пролет и срцево ми се пара. А ми текнува и на единствениот пат кога ми се налути: тогаш печеше ракија баш до истата слива, а моето рунтаво мече од балконот доживеа несреќен слободен пад директно во ферментираното грозје. Знам дека секогаш ќе се сеќавам и ќе те спомнувам. Поинаку не може. А како ми велеше: ,,Луѓето се како трендафили: вода си примаат ама им треба малку светлина и топлина за да процветаат. Биди нивно Сонце, сонце дедино." Е па ти беше моето Сонце. И уште грееш.
Си била симона Земала оценка Слегва по скали и не видела една скала Праејќи се модерна носела чизми на штикла и се сопнала едно 10 метри скокнала во таков залет каков ни бетмен нема видено Ајде застанала не скршила гла фала богу 3-4 ја видоа Симона напрај театар за без пари Симона e резил Следен ќе слегва со падобранец за посигурно Симона е резил невиден Наравоучение: не биди како Симона
Сдк ја гледав новата серија на тв сител " Вљубениот Ерген,, кога ја видов Дефне баш станав вљубениот ерген, почнаа пеперутки да ми летаат во стомак Љубов на прв поглед
Значи кога гледам како се им се ,, помага ,, на уличниве мачиња и кучиња кај нас, ми се крева притисоков. Прво, собира здрави и прави животни од надвор, да не живееле на улица, и се обидува да ги вдоми, притоа хранејќи ги со специјална храна за расата. И се тоа барајќи донации, и кукање дека никој ме сакал да изнајмува стан за чување на билион животни, ( не оти ќе се усмрде станот, па нацка потоа изнајмување) и како никој не бил хуман... Ма дај не ме јеби! Прво, со собирање на здрави животни од улица, кои 99 посто од нив, никој нема да ги доми оти се возрасни, и не можеш да ги научиш на свој ред, само ги правиш неспособни за живот, кога ќе ги фрлиш пак на улица, оти ќе нема кој да ти ја плаќа киријата и Вискасот. Ај рането животинче, па да го собереш додека да се оправи, разбирам. Али после пушти го, ако за тоа време никој не го вдомил. Не му го отежнувај уште повеќе животот, а и не е толку неспособно да си живее надвор - не е човек тоа. Друго, ги ранат со купечка храна за мачки / кучиња... Абе ај? Па ја мојата мачка не ја ранам со тоа, ти сто ги раниш, па уште и донации ти дават. Со тие пари, ќе ги раниш пет пати подолго. Никое животинче не умрело од паштета или виршла со леб. Вискас, абе стварно? Вискас?! Тие по канти лушпи од банани јаделе до вчера, па Вискас... И трето, се даваат само у домашни услови... Ај куче, разбирам... Али мачка?! Па мојов ќор го пронајде прозорот, ја искина мрежата и избега... А само две недели од својот живот прошол надвор! Најбитно е да е нарането, и да се грижи некој за него, а ако си шета по надвор, па животно е, жити се! Од толку што се сака да се помогне, уште поголема штета се прави. Прво се учи на мазење, па на редовен мрсен оброк, на топло и сигурно катче, и на крај фрли го на улица оти никој не сака да го земе. Мислете малце, а не само херои да испаѓате. И искрено, со толку пари за кирии и Вискаси ( за лекови за ранети и болни не велам, не ме разбирајте погрешно), за здрави и прави животинчиња, кои супер си се снаоѓаат и надвор, само понекогаш некој треба да им фрли лепче или коска, и да се стават картони со стари ќебиња, за да спијат во нив, можевте на човек кој спие на улица да му помогнете.
Во секој период од животот си велиш,ете заврши комфорната зона. Кога правиш ретроспектива,вака некако му доаѓа. Тргнуваш во градинка,нема веќе Мамо 24/7. После иде школо,домашни...уф колку тешко со задолжителни обврски. Малку да скратиме. Готово,мома сум,дојде циклусот,па иде полнолетство. Леле факултет, измеѓу или по а може и пред,маж,дете. Дете? Нема " комфор". Од денес за оваа среќа неизмерна,завршува живеењето во кое приоритет си самиот Ти. Од денес е тоа мало скапоцено .
Какви професори се овие што праќаат материјал за учење, а материјалот ем огромен, ем со 500 печатни грешки. И тоа грешки од типот “не смее“ пишано “ несмее“ , па зафати пишано завати, па материјалот пола латиница, пола кирилица, па милион редови празни беспотреба оставени, па без празно место после запирка... Страшно, цел саат се мачам да поправам и сигурно кога ќе учам уште грешки ќе најдам. Е се изнервирав, не знам дали дека сум перфекционист и вакви работи од такт ме вадат или дека баш таа професорка се прави дека најмногу знае, најпаметна била од сите, најстрога, кај нејзин час како било и какви не глупости, а на крај ја гледаш скриптава и сфаќаш само колку појма нема.
Сдк во последно време почнав сите турски серии, и шпански серии да ги гледам, што ми стана не знам. Убаво не ги гледав едно време, мирна глава ми беше. Ама серијата вљубениот ерген просто си ја обожавам, доста убава и интересна серија е. Можам да кажам дека една од најубавите и омилени серии ми е Да не го заборавам и ергенчето
Идам денес накај работа така тмурна замислена успана јер нели пред 8 станата и си седам таква во бус ... карши мене седи мало девојче со даунов синдром беше и албанка беше си седеше такво со баба и и ја гушкаше и бацуваше наеднаш се врти накај мене ми се смее и мавта и таква јас среќна и враќам коа девојчево станува и ме гушка и бацува и баби и вели вика дека имаш убави обравчиња ...јас тука се стопив дефинитивно ми го направи денот убав ми фалат такви моменти во животот деф..Од секогаш сум ги сакала дечињата со даунов синдром секогаш се такви ти доаѓаат да те гушкаат да те бацуваат сакаат да се дружат