Бегајте подалеку од луѓе кој што знаат само во животот да тапкаат по рамо,од такви рамово ме боли и ми е модро.
Повеќе луѓе имаат среќа да се разбудат со повеќекратни оргазми, само јас се будам со повеќекратни кошмари пропратени со емоционално и психичко осакатување! Зар уште не е измислена таблета за блокирање на соновите? За се и сешто има апови, освен за да си ги спречиш соновите. Ако го чита некој ова што се занимава со апчиња, еве ти идеја (тебе драг човеку) да создадеш ново апче
Стани, среди се, испиј го утринското кафе. Осети го вкусот, мирисот, дозволи да пројде во сите сетила. Обврските стави ги на чекање, издвој ден само за себе. Ден во кој нема негативни мисли и што би било кога би било. На пример ден кога сонуваш со отворени очи се што сакаш да имаш. Сонувај за исполнет живот оти ти тоа го заслужуваш. Секој од нас го заслужува, само верувај и пушти да тече. Ако проблемот има решение не треба да се нервираме, ако нема џабе се нервираме. Затоа постојат мал милион можност и шанса за нов почеток.
Некој тежок период ме мава во главата. Навикнав на све едноставно во животот и да губам драги личности, и сакани, да ке си признам ме боли душата не викам не, и секогаш ке ме боли за некои луге што ги изгубив, мека особа сум па знам да простам и на оние што многу ми згрешиле во животот метната на татко сум, и ако знам дека не треба да простам, ама ете од што ги сакам ке простам. Еден ден ке ми дојде памет за сите работи во животот и почнува да ми доага до душа. Сестра рече еднаш оние луге што те сакаат и почитуваат никогаш нема да те остават и да си заминат од тебе, напротив секогаш ке бидат со тебе и во добро и лошо, а оние што не те сакаат ке си заминат и во право била. Без секого се може во животот не се може само без семејството тоа си го ставив во главата. Уште милион пати ке кажам овде дека ме боли душата многу за тебе татко мој, денеска највеке ми требаш. Ах се надевам и се молам секоја вечер да биде подобро. Некогаш не можам да издржам ама изгледа јака личност сум што до сега не сум се предала за ништо. Останува на тоа секогаш. Ке се борам, ке издржам за секоја моја болка во животот.Научив не ми е потребен оној на кого сум му потребна јас. Срекна сум што видов кој е тука за мене секогаш, кој никогаш нема да ме остави. Е за нив вреди, за нив вреди човек да живее и да си ги чува секогаш. Ке си се пронајдете овде. Ви благодарам за све, срекна сум што ве имам во мојот живот и што ве знам ве сакам највеке
"Се додека ова, се додека она.." ... Да ви кажам најискрено, од тоа, само останавме ние малкуте да си се нервираме, а сите останати си го прошетаа Парис.
Одамна не сум се приклучила на форумов, ми текна да ве посетам пред неколку дена и едвај си го погодив никнејмот и пасвордот... Тука пред 2 ипол години ги поминував моите најтешки денови. Кога ме остави дечкото бремена, кога станав самохрана мајка. Но, никогаш не жалам за таа одлука, животот ми се разубави од тогаш, си имам прекрасна и преубава ќерка која е цела копија на мене. А и некако среќата ми се насмевна, коцките ми се наместија запознав личност која што ме сака премногу и мене и моето дете и воопшто не му пречи тоа што ќерка ми не е негова вистинска ќерка, ја сака премногу Сепак навистина после дождот, доаѓало сонцето
Сакам да кажам дека барам повеќе од пола саат модератор за да ми помогне и неможам да најдам Нив ли ги кријат или јас неможам да ги најдам
Те паметам кога се појави тогаш овде и кога бараше совети,кога прашуваше се и не знаеше што понатаму. Искрено мило ми е што се врати а и што ти се вратила смислата за живот. Не за џабе е кажано дека после дождот доаѓа сонце,ти посакувам да си среќна и ти и твојата лепотица. Туку сакав да кажам дека месецов ми е еден од поубавите. Само си велам дека секој нареден ден можеби ќе почнат да се редат коцките и се ќе тргне кон подобро. Додека имам безусловна љубов од него,почит,разбирање се лесно ќе пребродиме знам.
Многу често мислев на тебе,проверував дали си пишала...те читав цело време кога пишуваше..последно кога се роди малата....се радувам за тебе..ти ја посакувам цела среќа!!!!
Колку е убаво кога човек се радува на туѓата среќа. Се смее и се весели, слави со оној што има некаква причина за тоа Јас сум таков тип, се радувам за другите повеќе од колку што тие се радуваат за себе... И убаво ми е кога некој се радува за мене, кога е среќен кога сум среќна и јас. Токму поради тоа што знам какво е чувството, гледам што повеќе да се радувам за другите, да им правам да се чувствуваат и тие убаво Имајте убава вечер...
Од небитни работи, имам приметено дека на форумов сум зачленета точно во 23:00 или 00:00 часот (Амди Бајрам апрувс) и при секоја промена на сметање на времето, ми се менува и датата на регистрација. Шест месеци сум на 30ти јуни, шест на 1ви јули. Ех...
Згодно Момче ноќва полни точно 2 месеца на форумот Фемина.мк. Напочеток се чустував изгубено како пред 10 години првиот ден на факултет незнаев кај се наоѓа просторијата за студенски прашања, ни кај е амфитеатарот, ништо ...така и тука, ни кај се менува аватар, приватни поднесувања, кај треба да пишувам, во која тема, дали и како ќе бидам прифатен од феминките тука, но тек на време се усовршив. Посебна благодарност би сакал да упатам за подршката до: @Someonespecial @Summerlover @Dust
Да ти се множат ------------------ СДК Кога најмалку очекуваш, ќе те мавнат некои мисли за работи и луѓе од пред 3-4-5-6години, па си го враќаш филмот назад, па анализираш, размислуваш што би кога би.. Па се трескаш од земја.. Ги поминав низ глава мнозинството од лицата што ги запознав последниве 6-7 години и можам да кажам, дека сум среќна личност... Среќна не затоа што запознав премногу добри луѓе, туку затоа што ги селектирав вистинските... А вистинските се оние што се со мене откако памтам за себе.. И оние што се пократко, но секој момент покажале дека вредат ... тие се оние - "да ги грабнеш и да бегаш" вредни и сакани лица А најсреќна сум затоа што ги разбркав сите "штетници" ... La vita e bella
Знаете, Ј. Кореја има многу специфичен начин на сметање на годините. Па така, кога ќе се родите автоматски добивате една годинка, иако 9 месеци не прават една година. Дополнително да биде комплицирано, со доаѓањето на новата година вие повторно добивате година плус, иако роденденот може да ви е на крајот на годината. Или најкомплицирано да биде, ако сте родени на 31ви декември вие имате една година, а на 1ви јануари веќе две. Ај да ве слушнам сега да се жалите од земјава И јас така, со доаѓањето на новата година веќе почнав да си се сметам за година повозрасна, најмногу затоа што крупнава бројка не сакам да ме шокира кога ќе стигне Чувствувам дека можев да постигнам многу повеќе овие претходни години, а сепак како да стојам во место. Сменив работна позиција, седев на две столчиња и кога комплетно не се фокусирате на нешто, се чувствувате како да не сте направиле ништо. А всушност направив. Тешко е да работите со луѓе кои не ви ги слушаат идеите, тешко е и да работите со минимален буџет, па си ги кратите крилцата секој ден се повеќе. Оваа недела решила да ме вози како на панорамско тркало. Како над Вардар да е. Се качуваш горе, почист воздух, некоја глетка, те симнува доле и се зашлапуваш во Вардар Да беше честа појава, ќе си речев краво биполарна. Знаете понекогаш ви е тешко, и си велите да си легнам, утре нов ден, подобро мора да биде. Е така јас, ама утрово повторно главоболки и слични веќе видени проблеми. Ве частам по едно кафе... не не, какво кафе, дрмнете си нешто жестоко. Скопје е магливо, да се сретнеме нема да се видиме
Сите имаме блиндирани влезни врати со пет клуча, сефови за накит, заштитени сметки во банка, аларм на колата, пасворди на компјутер, мобилен... а не сме свесни дека нашето најголемо богатство честопати го носиме со нас сосема незаштитено, држејќи го за рака претрчувајќи набрзина преку улица.. - нешето/нашите дете/деца!!