Незадоволството кое го имате не треба да го манифестирате во односите со другите луѓе околу вас. Нема да ви се реши проблемот ако со дождот од темниот облак кој надвиснал над вас ја испрскате првата жртва што ќе ја најдете на патот. Работете на себеси. Многу е полесно да оформите тело, за оформување на карактер е тешко. Уште потешко е за оној што не знае како...
СДК ние како деца неможевме да замислиме дома да седиме, се будиш сабајле облекуваш што ти се најде и леташ да си играш, за време на распусти од утро до мрак. Сега ја видов сликата и баш ми текна на тоа.
Чекавте цела година за да им купите на љубените нешто,за денот на вљубените?Па сеа ке прајте романтики?Па каде бевте цела година?Сакајте се секој ден,наоѓајте секојдневна причина да подарите на некому насмевка на лицето,бакнеж,прегратка,љубов.Не ги чекајте ваквите денови,денови измислени од луѓе за трошење пари и глупости.
Животот не е фер,за едни среќа,за други тага. Колку комплицирано,но сепак едноставно бидејки ти си таа личност што секогаш страда,губи некој,трпи болка,и се навикнуваш полека. Но времето ти покажува дека се е минливо,мора да се бориш,барем додека можеш.....и додека имаш сили...
Секавици од убавини во душа. Мала куќарка, трем и тој. Каде сонце ќе изгрева од рано утро и доцна вечер, од сите страни на светот. И каде зумбули ќе цутат цело време. Каде очи ќе топлат очи и раце ќе мрсат коси за никогаш повторно да не застудени. Каде Февруари ќе мириса на дуњи и зимата вечно лето ќе е...
СДК дека мерката време различно се однесува во различни ситуации. Не секогаш една минута трае една минута...знае и со часови да трае, а знае и само една секунда. Колку е погрд и понеубав моментот, толку времето побавно тече. Колку моментот е поубав, толку побргу минува.
За среќа се потребни само очите што ни значат се`... и допирот на саканата личност. Толку малку, а толку многу
Дека сакам композиција на црти од туркменски и монголоидни групи. Румени обравчиња и врапче. Врапче бе, малецко, на менѓуша или на украсна хартија за виткање книга.
Да си странец во сопствениот дом, е многу потешко од тоа да си странец некаде далеку во буквална смисла на зборот.
Со некои луѓе, секој ден ти е ко на меден месец; онака баш меден, ко небаре душата цела до врв да ти е потопена во огромна тегла мед, си ја густираш лека-полека, а таа пустата само нараснува повеќе и повеќе, ко сунѓер натопен во вода. Посакувам никогаш да не ми се стужи од толку медени задоволства. Среќа; убаво било, да.
Пред некој ден си спомнав за мојата голема платонска љубов од Србија, беше пред 4 години а се ми се чини ко сега да беше. Памтам дека во Activity log на фејсбук од 50 работи што сум ги отворила дента, 45 од нив беа неговиот профил. После почнавме да збориме, ама дечково глумеше hard to get и збореше дека некоја девојка треба многу да се потруди за да го добие него, ама јас тинејџерка паѓав во несвест на таквите муабети, и "мудрите" статуси што ги ставаше. Кога ќе ми лајкнеше некоја слика, скокав по цела куќа, мислам дека уште малку шампањац ќе отворев за да прославам. После отидов во Србија, се запознавме, арно ама не бидна ништо, иако знам дека вечерта кога се вратив ќе полетав од среќа, дури и напишав порака на другарка ми од македонскиот број, цел кредит го дотрошив. Кога се вратив во Македонија, знам дека зборевме уште еднаш, два пати, и после дечкото ме остави на seen и толку беше од мојата љубовна приказна со него.. После следеше периодот на депресија. Му напишав и песна, всушност откако се случи тоа почнав поинтензивно да пишувам, еве и ден денес си ја препрочитувам, сеуште ми се допаѓа, ме потсетува на некои убави времиња. Уште ми излегува на фејсбук, со истите статуси и фори од пред 4 години, 22 има сега а со паметот уште си е во четврта средно. Гледам и девојка фатил, и тоа баш таква каква што омаловажува во неговите статуси, ах и кола купил и секоја слика му е со неа, сликан е буквално над колата, под колата, до колата... Сите могучи пози. Кога размислувам за него, во исто време си викам побогу, кај ти беше паметот а од друга страна ме потсетува на некоја слатка, дамнешна заљубеност, ех...
Дефинитивно на некои никогаш нема да им дојде памет. А па и зошто би кога тато носи, мама меси. Тешко на тие после мама и тато...
Со колешката знаеме честопати терминот за пауза да го искористиме за разгледување фотографии од ентериери. Гледајќи ги новите се навратив на една што ми остана во глава. Ја прашувам: - Што видовме во оваа боја вчера? Таа ми одговара: - Џемперот на колегата. Ха, ха... Да, и тој беше во таа боја, ама јас мислев на тапетата. Се разбравме...