СДК дека ми треба емотивно празнење, премногу негативна енергија не е на арно, а во исто време се чувствувам празно................
Сдк Убаво е чувството кога човек ќе забега со паметот на моменти луда работа шуу да прајш На момент забегав на работа,да беше само еден момент колегата на работа се прсна од смеење,ми вика ејјј другар кај беше а јас таков збунет цел му викам тука кај бев,знам дека си тука, со паметот до кај беше кај отиде и ете ми беља одма песна за мене "А зоки са умом је скрено,,уште Пеџа да ми го викнеше да ми пее Добар е денот со позитивни луѓе брзо поминува мор Ви посакувам на сите убава вечер забегајте и вие
Прееска на ТВ начекав некои општи статистики за абортуси во МК. Значително зголемен број во последниве неколку години и да биде уште пошокантно, кај девојчиња под 18години. Најмалата имала само 13... Со устава до земја отворена останав. Деца ејј, да не навлегувам во тоа дека уште телото не им е развиено ко што треба, уште циклус треба да им се стабилизира... себеси не можат да се чуваат не па бебе. И нормално се наметнува прашањето, кај кого е вината? Кај тие деца што се впуштаат во тие води толку рано целосно неинформирани или кај родителите чија работа е да ги подучат во тоа? Зошто уште во нашава држава сексот го сметаме за табу тема ама од друга страна со раширени раце го прифаќаме она што ни се сервира од Западот - разголени слики, ексциплитни спотови и слично на кои всушност се угледуваат денешниве тинејџери? Потребно ли ни е задолжително сексуално образование? Ќе промени ли тоа нешто во мозокот на напредниве генерации кои сеуште лета и има пореметени морални вредности? До кога ќе трае ова и колку далеку можат да стигнат? Не е решение ни држење престрого на детето затоа што единствено што ќе се постигне ќе биде контра-ефект. Што намислило, ќе направи и дека му е забрането, само повеќе ќе му се зголеми желбата. И ќе биде ко пуштено од ланец после... Добро би било пријателски однос мајка-дете, нели, со одредени граници ама не се постигнува ова кога има родители кои за ќерката тинејџерка велат "ама што да и правам кога цел ден е со тој телефон во рака" и истовремено на 5годишната и дава таблет "да си заигра до ручек". Страшна ситуација и секоја чест на исклучоците.
Sve mi e ramno mislam deka da dojdat da mi kazat apokalipsa e trcaj spasuvaj se nema da mi bide gajle ke si ostanam vo krevet i ke si labavam.Mi se zivee labav zivot
Денес видов 5 балони надувани со хелиум, заврзани на контејнер. Од далеку се гледаше дека доминира розевата боја и си реков, ова некоја разочарана девојка од околните згради ги има добиено и ги има закачено за одмазда, cuz drama!! И кога се приближив, видов дека на 3 балони пишуваше It's a girl!! На останатите исто розеви балони пишуваше Congratulations!! Инстант болка у душа. Ми текна на приказната на Хемингвеј: Продавам бебешки чевли. Нови, необлечени. Денот ми се смени, ќе ми остане ова како една од најтажните глетки што сум ги видела.
Чудно е колку амбиции имам, а колкава мрза сум. И секој ден си велам дека од утре ќе е различно. Да де, секој ден ми е утре. И затоа толку многу сакам да добијам позитивен одговор. Ќе немам веќе изговори. Утрето ќе дојде конечно.
Оние луѓе кои упорно ве молат да им кажете што ви лежи на душа, кои ви велат дека морале да ви вадат зборови со клешти не се вистинските да им се доверите. Човек кој навистина може да ве разбере ќе ви дозволи да молчите, ќе ви дозволи прво самите да се изборите со бурата од чувства. Сепак, и тишината некогаш многу повеќе ќе ги искаже чувствата отколку зборовите кажани со сила.
@Оленка* Зошто одма на негативност си помислила? Може кога си оделе од болница за дома немало место во колата, па ги фрлиле балоните....или балоните се поклон од некоја не толку драга личност, па ги фрлиле....или седеле долго време дома, па собираат прашина, се дишат и ги фрлиле. Какви ви мислите, таков ти е живот. Замисли дека тоа бебенце е во ред, а балоните се рандом фрлени... Каква е реалноста само Бог знае, ама ти имај позитивни мисли Туку порано во времето на Тито убаво се знаеше...од понеделник до петок се работи, а сабота и недела викенд. Ама сега со 30000 приватни (па и државни) фирми се е газ преку глава. Два дена прва смена, два дена втора, два дека трета и два слободен Значи викенд може да ти биде вторник и среда.....или недела и понеделник....секоја недела различни денови ти се викенд Живот од бајките
@JollyGirl Yea sure, во град каде што еден таков балон кошта околу 500 денари, и на место каде болницата е многу блиску, од стоење се издишуваат, а за фрлање, сигурно прво би ги издишале па после би ги фрлиле, логично. Имаше милион места во околина каде можеше да бидат закачени. На оградата од скалите на влезот од зградата, на пример, кои се на едно метро од местото кај шо стои контејнерот. Баш гледам да сум оптимист, од се да извадам позитива, ама...
Дефинитивно треба да ми се даде награда за најдобра глумица. Изгледа толку добро глумам дека ми е океј, што никој до сега ме нема забележано дека се распаѓам одвнатре... Причината? Ни сама не ја знам.
СДК дека ми чури во глава од незаинтересирани професори што се умислуваат дека се богови симнати на Земјата и мора со потера да ги бараш и да ги молиш да си ја извршуваат работата! (за која се бај д веј платени)
Тешко ми е да бидам позитивна персона кога гледам дека сите околу мене се среќни и не прават ништо за тоа и го добиваат а јас работам на себе работам на работите да се средат и колку повеќе мрдам со прстот повеќе тонам и упропастувам а ако не мрднам со прст си викам види бе си дремеш и не правиш ништо да си помогбеш на себеси .... годинава деф.на сите им почна топ само јас стојам во место или одам надолу никако мене да ме најде малку среќа ....во исто време ми е мило за нив ама па и им завидувам
СДК дека повлеков нога годинава Јас бремена, папагалот си лежи на снесените јајциња,а и рибиве кај и да е ќе чуваат малечки Плодна година полна со мекици ќе биде