Сакам да кажам.....ми иде да влезам во фрижидер и цел да го изедам, не дека сум гладна туку дека ми е забранет. НА ДИЕТА СУМ
Денес на тато му е 50ти роденден. Му се јавија пола клас од средно за да му честитаат. Порано стварно биле други генерации, еве на мене сега не ми честитаат, а не па кога ќе иам 50, нема да знаат која сум. Овие кај тато и уште се дружат и се во контакт шо и баш ми е за пофалба. Смешен ми е вика “веќе срам ми е да кажам колку години имам, не па да славам, славете си роденден дур сте млади“. За мене секогаш ќе си биде младич, па и 80 да има. Туку не знам дали е до мене ама кога вежбам на Орбитрек така како од себе да си ја вадам цела негативна енергија. У себе ќе си испцујам се и сешто шо ме изнервирало дур вежбам и ќе ми помине нервозата.
Колку shady people ми се оние по темите кога на некое прашање одговорат: "Знам се за тоа, пиши ми во лп", наместо да пишаат директ у тему. Ја бре, си мислиш ќе паѓа договор у кој мрачен ќош ќе ги дилаат тие три грама Норлеви
Вчера пишав за луѓе што ти ги палат нервите, а сега продолжувам за ПРАШАЊА што ти кинат нерви. 1. Колку плата земаш? - Еве сега ќе ти ја дадам картичката, па оди провери. Или повели број од газдата па јави му се. 2. До каде си со факултетот? - Еве го индексот и види... Специјално го носам во ташна за тебе. 3. Имаш дечко/девојка? Кога планираш да фатиш? - Имам... Го чувам во подрум скриен! Одма до левата полица, кај што чувам туршија. 4. Кога ќе раѓате дете? - Стварно? 5. Кога ќе правите свадба? - Еве за кум тебе те чекаме 6. Како се осеќаш после смртта на (некој близок)? -Евентуално. Феминковци... Не бидете вакви
Или: - Де бе па ти уште не го заврши? - Па што ке ти е уште еден? Абе загрижени луѓево Џоли па ти, еее не гледај све негативно, се секираат за твој/нечиј живот
Она (глумење лудило ) кога...: Седите со колешка на факултет, колешкава за да прочита мислења околу нови предмети што следат нареден семестар и да види како иде со предавања/каков е професорот - ја отвара темата на Фемина за факултетот и катедрата... и така, таму во последните страни додека ти покажува и чита што пишале, уствари стигнува и до некое твое мислење...
Чуството кога го гледаш како спие, а толку е невино и мило, мирисот на спокој, на среќа, на долговечност и хармоноја.. тогаш стануваш и сваќаш дека цел дом мириса на бебе.. мириса на едно "се" во животот твој. И тогаш држајки го и гледајки го како мрда со очичките сваќаш дека животот небаре денес започнал и си велиш зошто не порано и како порано животот и немал некоја смисла без него. Не знам.. зборот мајка не се опишува, зборот мајчинство е еденственото најсвето нешто во животот што никогаш не блендее.. а таа душа невина ти е цел свет. Не е клише, реалност е.. кога човек ќе почуствува тогаш и сваќа што е тоа блажество и мир во душата.
Не им верувам на премногу фини, мили и добронамерни луѓе. Не, не може личност која има свое ЈАС да биде во совршени односи со сите, да се согласува со сечие мислење, да биде премногу културна, тивка и насмеана. Јас тоа го нарекувам лицемерие. Почитувам самоуверени личности кои точно знаат што сакаат во животот. Почитувам луѓе кои умеат културно да спуштат некого на земја, без ниту еден навредлив збор. Почитувам луѓе кои во група знаат да се истакнат. Едноставно е, некои луѓе се родени лидери. Почитувам луѓе кои се индивидуи и не зависат од никого, ама баш никогаш.
Спојлер WHAT THE ACTUAL FUCK DID I JUST READ. Okay, moving on. Не е среќа, ама среќа е. Коинциденцијата може да биде интересна ствар, кога коцките неочекувано сами ќе се наместат во твоја полза. Е во тој случај сум оставена без зборови. Сеуште сум под импресии од вчерашниот настан и од луѓето од кои и со кои имав прилика да ја доживеам таа атмосфера, притоа и да имам удел во создавањето на истата. "Земјотрес" беше земјотрес во вистинска смисла на зборот. Не само во поглед на музиката, туку и во поглед на публиката. Сите тие луѓе во движење, создадоа очекуван бум. И нѝ се случи земјотрес. И уште ми е земјотрес. Поздрав добри луѓе, се гледаме во некоја наредна прилика!
Една категорија граѓани се чувствуваат рано пораснати, иако не се толку големи колку што мислат дека пораснале. Другата категорија се оние што одамна пораснале, но не се однесуваат како големи. И едните и другите пропуштиле дел од времето во свое време. За пропустите нема попусти...
Се додека луѓето ја гледаат рската во туѓите очи а не си ја гледаат гредата во своите очи нема да не биде како народ.
Ако сакаш да те мразат луѓето и да создадеш маса непријатели биди успешен. Хм колку само точно, само не знам зошто.Зошто не сме луѓе што ќе не радува некој успех, на крај краева сите имаме можност да одбереме пат каде ќе бидеме успешни, сите за нешто не бива, наместо да си ја трујат душата со тоа нека поработат малку на себе. Не знам, но имам страшна интуиција или емоционална интелигенција нешто од овие две, па ги читам без проблем луѓево. Настрана што ми љубоморат за третманот од дечкото. Имаат дупла причина за да ме сакаат или мразат, ама повеќе ова второто.
ПМ-10 честичките добиваат субвенции од Власта. Друго објаснување за гасната комора во која живееме нема.
2017 и уште мислат дека се посебни пахулиљици ото изјавиле дека не сакаат свадба.Извини што ќе ти го пукнам меурчето во кое живееш ама... Види, не си ништо посебно прогресивна што си одлучила да правиш што сакаш со твои пари, твои пари-твои правила, за нас другите еден трошок помалку за поклон. Ако толку сакаш да си нешто посебно оди прави кошници од прачки или плети шалови и ракавици за деца без родители, вака колку треба да ти е медиокритетен животот да мислиш дека си многу понапреден во размислувањата од другите оти не сакаш оро да играш во невестински фустан? Колку повеќе сакате да се издигнете над македонскиот менталитет, толку повеќе се закопувате во него, а замислете секој да прави како му е најубаво?Mind blown, знам.
Дојранско го сркаат со лажица, а водата во Охридско се намалува. Тоа се тие магични ситуации во нашата најмила земја. Всушност, мал милион ситници магични се случуваат секојдневно на ова мало парче земја, на овој средно голем континент, на овој неверојатно шарен свет. Слобода? Зарем не е слобода чувството да живееш без страв? Ех таа супериорност... Таа супериорност што гази врз човековите права, таа супериорност што му вдахнува живот на робовладетелството, таа супериорност што може да гради, а руши. Баш таа супериорност што сами себе си ја давате, а всушност сте мали незначајни плашливи човечиња. Што мислите дека туѓата раса, боја, религија е помалку значајна, помалку интелигентна од вас, а сепак стоите како марионетки, леснотија за манипулација и балон полн глупости. Слобода? Ние рушиме мостови, некои се радуваат за банови на држави, нации, за "чистење" на светот. За проклетата коза на комшијата, да му умре. Ете баш такви сме. Виртуелно зборуваме за подади рака, кога ќе застане човек со пречки во развојот да ве праша за час, бегате како од ѓавол. Ќе ви се искриви фацата во некој грч, што ли е тоа? Тоа не е слобода, тоа е страв. Затоа што колку и да зборувате, умот ви е некако затворен. Или погледот тесен. Или живеете во бескраен круг на предрасуди. Затоа што не сфаќате дека тој што стои спроти вас го чувствува истото. И тој мисли дека едната страна од реката Вардар за него не е безбедна. И тој мисли дека е супериорен над вас. И тој знае да се грчи во страв. Затоа што во суштина, вие двајца сте комплетно исти. Луѓе. СДК се прашувам, ако некој погрешно ме разбере, дали е тоа негова вина или јас погрешно се изразувам? Има разлика.
Се направија некои мерки против загадувањево или јас уште не знам за нив? ВеМеРО зборуваше дека СДС не правеле ништо во градовите каде што се на власт така? Хмм да видиме што самите направија за Скопје на пример... Спојлер Скопјево наше сликано со дрон денес...