Она кога некоја нова песна од прво слушање велиш дека нема врска, и потоа цело време ти се врти во глава... Shape of you Ed Sheeran СДК Денес е посебен ден за мене. Се случи нешто најнеочекувано и пријатно сум изненадена. Во чест на тоа.
Ти им збориш загадено е бре , не се дише, се гушиме ,реагирајте , тие ти викаат епа и у времето на Сдсм беше загадено... Деца малоумни ни ја водат државава.
СДК не сум човек кој лесно настинува многу па затоа неможам ни да спијам. Таман се решавам да одам кај доктороца за да се проверам колку здрава сум - наеднаш не сум. Ама навреме си ојдов вчера зошто ако би останела подолго ќе тупнев на сред бар.
Стара народна бапска прикаска: СДК дека кога ни ,,игра,, окото, не се кажува на никого Без број пати ние сме ,,играле,, ама окото не прикрило, не не издало Тоа еднаш ќе затрепери , ние одма го издаваме
Ни беше идол и секогаш и ке ни останеш,човек кој не израсна и не чуваше како свој деца,се грижеше за нас како свој деца,беше цел живот со нас и покрај сите војни и сите препреки кој ги имаше во животот беше со нас,никогаш не сакаше да слушнеш за лекар и болници,и тој твој инат направи да те загубиме.Премногу ми е жал,срцето ми се докрајчи,не ми се верува дека повеќе те нема.Секогаш ке те паметам и секогаш ке те имам на ум,едино што можам сега да го посакам е,Господ да ти даде мир на небото,и да ти даде најубаво место во рајот,затоа што ти беше човек кој помагаше на сите,и мислам дека заслужи таму горе да имаш мир и спокој.Почивај во мир
Не сум носталгична за детството. Не сум носталгична за деновите кога одев во основно ниту за деновите кога одев во средно училиште. Да, убави времиња беа, кога се присетувам на нив ми се развлекува насмевка на лицето. Сум слушала луѓе: Ех да можам да се вратам во времето кога имав 18 години...или некоја друга возраст. Да замислиме дека е можно патување низ времето. Јас не би се вратила ни во тој случај. Ма и пари да ми нудат, не се враќам назад. Не затоа што тогаш било лошо туку затоа што сега ми е добро. Се сакам себеси сега, се сакам ваква, борејќи се за себе, за оние што ги сакам. Го сакам начинот на кој го гледам светот, го сакам начинот на кој се радувам на некои нешта, начинот на кој се грижам за другите, начинот на кој сега се смејам, начинот на кој сега живеам. Ја сакам мојата сегашност и уште повеќе, мојата иднина. И за ништо тоа не би го променила.
СДК луѓе апелирам до сите да почнете да споделувате постови, слики, статуси и било што и да можете за да има некаков ефект и за конечно да се преземе нешто во врска со загадувањето. Не сум од Скопје, но тука студирам и секое вдишување на ваков воздух мислам дека ме убива. Зарем не го чувствувате мирисот на смог, на загаден воздух? Сеедно ви е дали ќе живеете здрави или болни? Не сум политички определена и ова не е ниту против оваа, ниту пак против некоја друга власт. Ова го пишувам за себе, за сите нас кои сеуште останавме во нашава мила и многу загадена Македониичка. Ве молам бидете гласни и споделете #ДенНаВоздухот
Зашто се некој ни е виновен?Загадувањето на воздухот е одамна 1984год знаете ли какви магли имало,ама тогаш никој не мерел колку е загаден,а зашто ние граѓани не превземеме сами мерки против загадувањето на пример да не се грееме на дрва,фабриките да си ставаат филтри,да не се возат автомобили постари од 5 год,и многу други мерки,ама нас секогаш друг ни е крив.
Скоро секој ден сме во контакт со луѓе, познати и непознати, фини или дрски.. Некогаш и самите сме виновни за третманот кој што си го добиваме, некогаш само не им бил денот...се тешиме. Има луѓе..и луѓе.. Бидете љубезни со луѓето додека се искачувате нагоре, затоа што може да ви бидат потребни кога ќе паѓате надолу... Животот е толку непредвидлив, а толку предвидлив..
Извадок од епот "Отишла да доџе", Замфирова З., стр. 57, Part II: -И така пред едно време кога имаше доста снег и беше -50 надвор, излегов во дворот да си поиграм со мачката. Ова нејзе и беше прв снег, па ловење топки, па правење салто и триста чудесии. Радост невидена. Ама еден момент наидуваат постар пар, а таа како што е чукната како мене, ги виде и се сокри зад дрвото. И сега испадна, седнала Сунчица, една крава во паркот и сама си прави срциња во снегот А ова како да не беше доволно, бев и во лилави пижами, Милка слика и прилика Беше како некоја сцена од шпанските серии, од тие кога шетаа по ел маникомио Ај ем сори фор д капл
http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/46878-zosto-mojot-soprug-go-sakam-povekje-od-moite-deca Ми се бљуцка од вакви текстови. И ова треба да предизвика аплауз на нозе со солзи и сите да коментираат, леле фала што го кажа ти, јас цело време го мислев? Не... значи не. Престанете да ги правите нормални сите соципатски и себични однесувања, аман. Прво, едната со другата љубов НЕ СЕ ИСТИ, НЕ СЕ ВЗАЕМНО ИСКЛУЧИВИ, НЕ СЕ ГРАДИРААТ ЕДНА СО ДРУГА, НЕ СЕ СПОРЕДЛИВИ. Колку треба да си глуп ова да не си го сфатил, а да пишуваш текст како тоа ти си ја сфатил љубовта?
Само во МК може Коце за дозволи бесплатен превоз во ЈСП а ниеден возач и контролор да не е известен за тоа Да и се плукнам на државата
Виц ли е? Или не Германецот има жена и љубовница, повеќе си ја сака жената. Французин има жена и љубовница, повеќе ја сака љубовницата. Македонец има жена и љубовница, повеќе ја сака мама!
#Mисликоимемачат Дали Миа Костова, Ина Многу фина, Тамара Тодевска и слични ми ти од утре ќе се возат со јавен превоз? Или све тоа е шминка и лигушење за себепромоција? Што го љубам градов бре...
@veteruska бидејќи претпоставувам дека со постот за загадувањето се надоврзуваш на моето мислење и ми се обраќаш мене, ќе ти одговорам Како прво јас не сум живеела во 1984 и не знам како било тогаш, но затоа живеам во 2017 година и знам како е сега и знам дека не треба да биде вака. Како второ не велам дека ние како граѓани на државава не треба ништо да направиме, секако дека има начини со кои би можеле да го намалиме загадувањето. Но, што се случува со дрвјата што се исекоа во центарот на градов и на нивно место не се засадија нови? Кој го направи тоа и каква вина имаме ние за тоа? Не сакам да навлегувам во подлабока дискусија бидејќи веднаш ќе бидам политички етикетирана, но ако нешто се измени на подобро и ако конечно започнеме да дишеме чист воздух сакам да верувам дека барем малку сум придонела за тоа Р.S. Ако не ми се обраќаше мене тогаш не ми замерувај за постов
Каде прочита дека тебе ти се обратив @Purplelilac ?Муабетов ми е дека само од државата се бара за све па дури и воздухот,нели треба ние самите кои живееме тука сами да превземеме чекори да не загадуваме колку што е во нашите можности нормално,а тоа да не возиме автомобили,да не се грееме на дрва колку е тоа можно нормално,покрај дрва се и сешто се става за да се загрееме во овие ладни денови затоа и мириса на чад,потоа фабриките или нека ставаат филтри,зашумување а тоа се прави секоја година нели имаме ден на дрвото,но тоа кај нас никој не го почитува,и сега што може тука владата или државата да направи ако ние како народ не сме совесни?
Во автобус само легенди се возат. Прва ситуација. Двајца пензионери седат напред, а позади нив седи дете и постојано мобилниот му прави динг-динг... динг-динг...ваљда пораки му стигнуваа. И едниот пензонер вика: - Де бе овој не прекина више... цело време ми дрнка над уво Втора ситуација. Имаше многу гужви...Двајца пријатели си правеа муабет со надвикување. Едниот застанал кај скалите, а другиот на врата...помеѓу нив имаше река од народ. Првиот: -Абе слушна каква кола купил Аце? Вториот: -Кој Аце? Првиот: -Аце бе Аце...Александар...како кој? Вториот: -Не знам де...нема еден Аце (се запира радиото, настанува тишина) Првиот: Е Аце курето...како не го знаеш (цел автобус по земја) Замисли прекар да ти биде куре бе Џоли курето, лепотица една како не ја знаете п.с. Кога веќе се превземаат мерки против загадениов воздух, не е лошо и бесплатно дезодоранси да делат по улици. Надвор од загадениот воздух колку и да погинеш-ќе се спасиш, ама во автобус од загадена човечка мишка- тешко дека ќе се спасиш